Нена со муабетов дека е од мало место во Скопје се удомила, не знам што сакаше да постигнеш... Што ако е од Скопје во мало место мажена? Како тоа само провинцијалките се желни за Скопје да се мажат и готово. Не ја оправдува ништо, ако сака и од Лондон нека е, не од семејство со затуцани вредности, што сака нека е, не смее и крај. И од кај тој муабет Гарант и маж и има некоја, од кај тоа, па не се сите мажи идиоти... Силум прилике и јас немав односи со мм 1г па ниту јас ниту мм направивме нешто такво, зошто сме возрасни и разумни. Ми има во тебе некој револт и бунт против мажите, скриен, прикриен, не знам зошто мислиш така ама не е така баш. Има и нормални мажи, со нормални нагони, со нормални семејства и со нормални размислувања и не се реткост апсолутно. Исто како што има и такви кои летаат по секоја суќна и прслуче над 85б корпа. Нит потеклото, нит семејството, нит ситуацијата во која е и се виновни, виновна е она и нејзината несозреаност. И не, не се случува несакајќи да извараш, се случува со умисла, со план, со разум.
Одма се пронајде во коментарот? Не зборам дека сите се такви ама какви има да бегаш подалеку.. не прифаќајте одма се лично, не е за вас напишано. И немам револт кон мажите, ама дека се е на курварлук свртено е. Мрдни малку низ градов па ќе ти стане јасно. А и што да помислам за некој кој пишува вакви постови дека се ренда со комшијата. Сигурно не е од манастир земена.
А што во момент на слабост треба да се онадиме со други.Каков е тој момент на слабост баш ме интересира?
Ми се има случено слична ситуација али у обратен случај. Комшија со вереница кој што бтв е пре - хот али сака да загледува други женски и да се пушта уште невлезен у брак во една ситуација во лифт надрвен му беше и што сеа требаше да прифатам и да му се наденам или да паднам на колена?
И мене искрено. Нели способноста да си го контолираме нагоните не одделува од животните.. ама некој изгледа не еволуирал.
Овој е разведен ќе речеш, ама ваквите и со женети ќе му ја легнат без око да им трепне само знак да им се даде. Па ако се погоди некој парајлија... отиде и жената и децата оваа ќе се удоми.
Тоа дека на секој може да му се деси е бедна и лажна утеха која си ја кажуваат оние кои изневеруваат. Вистината е дека не може на секој да му се деси, па дури и да е под дејство на алкохол. Тој кој е правилно воспитан да сака и да почитува, е способен да сака и не изневерува партнер.
Несакајки можеш да извараш само ако ти стави некој пиштол на глава и да те натера а и тоа е силување не варање. Така да се друго е со умисла и нема глуматање.
Може и мајка му, му титка на комшијата кога Јана не е дома, ние тоа не можеме да го знаеме. Жити се си титкале бе. Ко во 2007ма што праевме. Забавачиња.
Барај го одговорот во тоа што доведе такво нешто да се деси без разлика дали сопругот е покрај тебе или не.. никој не се пушта туку така фала богу сите си имаме комшии па не доаѓа до авантура преку здраво. Жално колку во денешно време вреди брачната заедница.
Ајде светици, ја утепавте девојката со вашите коментари. Ако имате човечки совет дајте и, ако не одјебите
Дури и да трола членкава, во реалноста се случуваат многу вакви ситуации. Треба да имаме критериум лојалност кај партнер, како да не е тоа веќе bare minimum. Не, не можи секому да му се случи да изневери, туку само на некој кој е себичен, не си го сака партнерот и не умее да си ги контролира животинските нагони. Најдолно мислење имам за изневерувачи, бидејќи возрасни сме и секој знае што прави, но некои свесно бираат да се pieces of sh*t. Страшно е ова што се случува, да ти е страв во врска/брак да си.
А што да помисли човек кога си напишала така... Ми е гајле мене дали се однесува на сите или не, јас пред да се омажам живеев сама и сама си плаќав ќирија 3г и мм ме побара во станот за кој сама си плаќав а не да одам да се вдомам некаде. Апсолутно не ми значи дали ти мислиш или некој на форум дека сум се омажила за да останам во Скопје, да се спасам од малиот град во провинција, али не личи муабетот. Па она не бара совет, бара начин како да остане со разведениот и маж и, не знам што не ти е јасно. Човечки совет е да се разведе, не го прифаќа. Инаку да, ако е свето верност и искреност, таа сум, нема да го изварам маж ми додека спиеме во ист кревет па крај на свет да е, пре ќе му кажам Извини не можам понатака да се разделиме се заљубив, отколку да ме пече совеста.
Лооооооооол момент на слабост било Се случувало алкохол пиела Како бе не завршила со некој 70+ годишен дедо во момент на слабост, како не завршила со жена, како не завршила со некој рандом човек, туку токму со тој што сакала. Не срцки (@FriendOfDorothy копирајт). Неверството никогаш не е импулсивно, или едноставно да се случи. Секогаш, ама секогаш е планирано, секогаш точно се знае со кого, и секогаш, ама секогаш има позадина која ретко е за задоволство. Се во животот е за секс, освен сексот, тој е за моќ. Емоционална, финансиска, социјално-општествена, сеедно. Она ако се средила, се издепилирала, се избањала, облекла секси долен веш, го викнала дома, е чиста намера, а не случајност. Мизерија од човек, па уште совети бара тука. Не знам еве што совет да и дадеме кога ем сака да се ебе со комшијата, ем маж и и одговара да црнчи за да плаќа кредит. Ќе си ги држи двајцата на кумплуг дури не си одлучи што поише и одговара па другиот у канта за ѓубре ќе иде. Мизерија, пу.
Ја не знам зашто ср најде ти прозвана да се правдаш како што. Сериозно не знам зашто одма скокаш. Ако ти не си била од тие, знаеш какви има?? Не е се за тебе на форумов напишано!
Да ама напишаното ти е многу општо, дека дошла да се скраси од мал град, демек сите дојдени овде од мал град исто прават. Ама апсолутно не мислам дека е за мене зошто не сум таа што го напишала тоа и не ме тангира ич, ама не изгледа убаво напишаното, како сакаш сфати ме.