Ова изгледа лажна утеха е да си велиш еднаш се живее кога изневеруваш и/или те изневеруваат. Ако свесно одбираш да повредиш некој што те сака you're a terrible person idc. Морални вредности бетер од оние на улична мачка.
И да е вистина, не ме чуди. Во мое маало комшивката си го носеше швалерот дома додека дома беа децата, свекор и свекрва. Мене само не ми е јасно како може некој да се погази сам себе како членката, да го прибере дома да спие со него на креветот што го дели со маж и. Приказни како случајно беше, несакајќи беше се само приказни. Зрел човек со разум нема да си дозволи вакво нешто. Мој совет е да го оставиш маж ти, да не му го уништуваш животот, а ти наоѓај си "случајности".
Што да кажам, тука сум ама не сум конфликтна по природа. Вие очигледно тоа го сакате, не можам да ви удоволам, извинете.
Далеку од тоа.Не интересира дали размисли,дали одлучи што ќе правиш понатаму.Ќе продолжиш со двајцата?ќе го оставиш комшијата,ќе му кажеш на мажот ти
Ти според ова се водиш ако се однесуваш како најголем идиот кон некој кој ти верува и кому му должиш барем искреност? Еднаш се живее? Колку себично.
Да не го изневеруваш партнерот е најбејзик работа во врска или брак, не знам како тоа те прави Богородица. Ама пак ќе кажам денес е нормализиран курварлукот до степен да ако некој не го поддржува и осудува значи дека изигрува светец. А такви мислења ми делуваат само како лоша утеха. А типкава кога дошла на форум ќе добие секакви мислења, многу нормално. Башка што најверојатно е само еден трол со бујна фантазија, после едно мислење ја снема. Или па нема време да пише од терање кејфови со комшијата. Who knows.
И сега што реши? Ќе тераш со комшијата ( само аман пази болести, бременост и сл) без да зане мажот ти или ќе му кажеш на мажот ти и како би реагираа ако ти каже Ок и јас имам овде една таква врка дека млад сум и ми работат хормоните а разделени сме.
Искрено, не делуваше по коментарите дека ве интересира со кого ќе продолжам, туку само гледавте да си ги излечите фрустрациите и да ме нападнете што е можно повеќе. И те како сум свесна дека ова не е во ред, не е добро. Но, за разлика од вас кои немате храброст да се соочите со вашите тајни, јас не се плашев да го кажам ова. А, ако мислите дека ќе се прикажете сите како светици, обидувајќи се да ме омаловажувате мене, се лажете.
Јас би те советувала да се тргнеш од комшијата и нека тоа биде едно лошо искуство во твојот живот. Зачувај си го бракот, сепак него си го одбрала, а тоа е свето нешто.
Aко не па да ти ракоплескаме што се курваш додека маж ти заработува за вас. Да беше ти маж а жена ти да работеше во странство, ќе го јадеше тука од сите и никој немаше да те поддрже со еднашка се живее. Ќе се покаеше шо си пишал
Ма не треба ние да се прикажуваме.Девојче и сите други што се користат со зборот светици.Тоа што не ги изневеруваме мажите,и не се онадиме со комшии не значи дека сме СВЕТИЦИ.Се знаат кој се и прогласени се,така да не го користете зборот за ваша утеха и оправдание.И што сега треба да ти аплаудираме за храброста.Не ова не е храброст,ова е глупост што си направила,ова е толкава слабост да си паднала на првата препрека во бракот
Јас те прашувам: како би реагирала да дознаеш дека и мажот ти така како тебе несакајки легна со некоја таму и зашто не си била искрена со него дека сакаш отворен брак додека е во странство. Многу парови така жиеват ама тоа е почесно отколку ова твоето.
Ако ти е полесно да заспиеш со таа лажна утеха дека ние имаме мрачни тајни а изиграваме светици тогаш слободно. А за ова да го кажеш не ти треба храброст да имаш туку недостаток на срам. Треба да се разведеш ама не ти одговара тоа па по се изгледа сакаш на две столици да седиш. Ама пази, можеш и од двете да паднеш.
Епа, би можела сега да кажам сѐ, ама ако не се случи навистина такво нешто, не можам да знам како ќе ресгирам.