Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    ^ Ама и жените на денешно време не се ништо подобри јас колку што знам.
    Какви аздисани госпоЖи има, ехехе.
    Така да, маж или жена да не реши да изневерува и да те прави будала. Само да не реши.
    Во спротивно отиде јабана и брак и завети на љубов и сонови за розева иднина и се.
     
    На ROSII му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wildflower

    wildflower Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Имелда доста гледаш романтични филмови...21 век сме!!!
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    Legally Blonde оваа вечер :lol:
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Imelda, ги почитувам твоите корисни мислења, но не се сложувам скроз околу вината на неверството. Има точно и во она од Windflorel. :)
    Имено, `таа` трета жена која би се замешала, не се замешува само во врската со еден маж, туку се замешува во една институција т.н брак.
    Мажот не е повеќе ерген. Женат е. Тој е во брак. Така да таа жена свесно влегува како натрапник во еден брак со свесно размислување дека може и да го растури тоа нешто.
    Секако дека мажот ако е верен, и Анџелина Џоли да му дојде нема да изневери, и дека мажот не треба лесно да падне на туѓа женска провокација.
    Иако има мажи, кои сами си ја бараат бељата, т.е сами се пуштаат по други жени.
    Е, пола вина има `третата` особа зашто со бара рогови каде не треба да бара и се замешува во еден однос.

    Како што пиша некој погоре, да не ги напаѓаме само мажите, и жените не се за мирисање.
    Се мажиле, родиле деца, па пак газот им шара настрана. Јас лично повеќе познавам жени кои изневериле, отколку мажи. :fubar:
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ете тука се сложивме. :)

    Не ги оправдувам ниту мажите ниту жените што се мушкаат кај луѓе во брак. Таму ми се некаде во исти кош на вредност со некој кој би ми ја украл колата. Ѓубре е тоа, не човек. Ама ги има, не можеме да ги игнорираме а и еве да ги отепаме не можеме. Затоа одговорноста на верност меѓу брачните партнери е меѓу нив двајца.

    Ако на маж ми му мрда газот, од мене е наивно јас да очекувам дека таа жена ќе има висока морална вредонст, прво да се цени самата себе и да не дели некој кога може да си најде слободен, и второ, да очекувам да го таа има она сестринското еве, за кое сите сакаме другите жени да го имаат во себе, нели не земај од друга и мисли на неа, како би ти било тебе тоа некоја да ти го направи, и сиот муабет на тоа поле. Значи и ако се нашла некоја да го одбие по таа основа, дека не оди таа со женети зарем маж ми ќе се откаже од идејата да најде некоја настрана? Ти не сакаш, ок, ќе се вратам јас кај жена ми.... оваа вечер! Ама штом веќе тргнал по тој пат, втората или третата со која ќе проба може нема да се води по тој сестрински непишан договор. И кој е сега крив?

    А да одговорам на wildflower без сарказам. Не гледам јас нешто исфилмано што во 21 век се очекува маж и жена да бидат верни еден на друг во брак. Ако сум јас заглавена во времето и се лажам дека тоа уште постои и може да опстои тогаш тешко мене, и на сите во брак, и на сите што размислуваат за брак со едно од најосновните очекувања од брачен другар.
    Прифаќам и тоа дека секакви бракови има, отворени, затворени, wife swapping :^) ама јас зборувам за онаа едника, традиционалната, може да ја речеме и застарената, без изопаченоста на модерните социјални движења(ако ова значеше 21 век сме).
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wildflower

    wildflower Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    За мене бракот е света работа.Но денес браковите не се тоа што биле порано.Понекогаш мораме да правиме компромиси.За еден брак да опстои денес мора да се има толеранција од двете страни,произлезена од љубовта што ја чуствуваат двајцата пртнери еден кон друг.Но треба да се постават и граници кај секого според нивните очекувања.Луѓе сме и порано или подоцна грешиме...Тоа е моето мислење
     
  7. Natka87

    Natka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    eve ti primer jas ne znaev deka mojot taka narecen decko e znet doznav duri posle 6 meseci vrska
    dri tipot mi idese doma se zapozna so moite
    sporet tebe dali jas ispagam osrospija??????
     
  8. wildflower

    wildflower Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Јас напишав за тие што веќе знаат,а се впуштаат во таква врска.Многу ми е жал што не си знаела толку време... :(
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Озбилно после 6 мес дозна дека е женет. :x :x
    Не си ороспија, не си...
     
    На Natka87 и soco им се допаѓа ова.
  10. Natka87

    Natka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    posle 6 meseci doznav deka e zenet i toa si idase doma kaj mene se zapozna so miote bez ni mala griza na pamet deka site lagi ke se doznaat
    nortmalna vrska nemase vo sto da se posmenvas deka toj vodi dvoen zivot ....
    koga doznav mislam deka sum se vratila od umrenite .. jas znam deka ne sum posto samo jas se znam samata sebesi vrskata e odma prekinata bas radi toa sto sum protiv takvite vrski pozz
     
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    2.148
    Имелда сега после толку време го видов твојот пост, фала ти цтварно ми зна4и како и на другите постови сто ми ги пишаа.Сеа сум стварно во такба фаза каде што не работам, финанскиски сум постегната. неговата плата сега е мала сега не можам да си дозволам толку многу обицно храната ја купуваат неговите во тој поглед ни помагаат, дали ме свакашч неговата плата е за други трошоци сто гима имаме, сега неидат на работа, преоптеретереност имаат,Аја сум малце таква избувлива, ако несо ми се спротистави одма се караме, па за некое време ни поминува.Незнам малце таква ми е ситуацијата а тоа со викаш сум го приметила дека е така се он да го омал зборот, демек неговото да се слуша, бла бла.Незнам некако несум толку финансиски мокна за да излегувам по4есто, незнам понатак како би се одвивале работиве се надевам и ја на подобро :$
     
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Девојки, навистина ми треба огромна помош од вас.

    Порано татко ми одеше со многу курви и со други жени. Дури во мобилен кај него имаше во именик една Ирена Курва потпишано. Мајка ми за ова знаеше, ама беше немоќна да направи нешто.
    Пред неколку години во неговиот моб прочитав сосем случајно една порака која гласеше вака : ,,Кога ќе доаѓаш купи и тест за бременост".. бев мала и незнаев како да реагирам, не кажав на никого.. Се до пред неколку месеци.. Изнесов се` на виделина.. Ова лето, и кажав и на мајка ми за пораката и на него му кажав како сум ја прочитала. Негираше, нормално.

    Мајка ми беше многу потресена, иако знаеше за неговите вечери со курвите и со другите екстра жени..

    Зборот ми беше, ако знаете и ако сакате да ми кажете како можам да дознаам случајно да не имам некој полубрат или полусестра?? Каде можам тоа да го дознаам, без директно во фаца да го прашам дотичниот, затоа што ќе негира :swear:

    Знам дека е предолго, но ВЕ МОЛАМ одвојте 2,3 минути прочитајте го и кажете ми некое решение како можам тоа да го дознаам. Би ви била ПРЕМНОГУ благодарна.

    п.с Порано и парите од дома мистериозно ,,исчезнуваа,, и одеа кај дотичните на татко ми. :@ :@
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Драга Анабела,најпрво да ти посакам Срекна Нова година,и многу успех во неа.
    Боже мој,се стаписав кога прочитав :o .Па сега најпрво тргни од тој поим колку години си имала кога си ја прочитала таа порака,се сеќаваш ли од кого беше,ме сфаќаш,мора да знаеш поконкретни работи.Жал ми е што татко ти прави вакви работи,незнае да ве цени тебе и мајка ти :( .Можна идеја е мајка ти да поднесе молба за развод ,па да се разгледува подетално прашањето за евентуални твој полубрат или полусестра.Друг предлог ми е да го следиш татко ти,може да откриеш некоја трага.Барем сега со овие Балкански прељубници и превари,уште полесно.Не ја сфаќам мајка ти како трпи ваков сопруг,откога знае за љубовниците,како се носи со тоа :tmi: ?Подобро да се разведеле отколку и ти да се трауматизираш,што е многу болно.На денешно време ,има секакви луѓе ,промискуетноста е на завидно ниво,а ословувањето на татко ти за дотичните дека се курви,не е оправдание,затоа што и тој е курвар и тоа тежок.Извини ако те навредив,сепак ти е татко :$ .Поконкретно следи го,распрашај се кај некои пријатели,пробај да извлечеш некоја информација,се надевам дека моето мислење ќе ти биде корисно.
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    А, што ќе дознавате дали имаш полубрат/сестра?
    Што му се плашите на татко ти да му речете се` в лице??
    Тој си ги прави ќеифовите настрана со секакви неморални жени, троши пари на нив, може да и` закачи на мајка ти болест (ако сеуште имаат односи), наместо да се грижи за вас како татко, тој поминува време со нив, наместо да ве растел и да го паметите како убав татко, вие се сеќавате на неговите пораки...И СЕУШТЕ МУ МОЛЧИТЕ!!??
    Дотичниот татко, нека негира, вие во тесно ќе го ставите малку!!
    Не знам како мајка ти како жена, а и вие децата како сте му дозволиле до олку да си земе слобода???
    Очигледно човекот се женал ради реда и појма нема што значи семејство.
    За дознавање на полубрат/сестра можете исклучиво од него да дознаете, па нема да земете именик на курвите и да им се јавувате лично. Нема друг начин.
    Иако тоа вас ви е најмал проблем!!! А, и очекувано нешто....кога оди со други жени, ништо чудно дека би затруднал некоја...
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Каков брат, полубрат, полусестра ? Абе ајде ве молам.
    Таквиот човек (дотичниот) е обична кукавица.
    Тој нема храброст за такво нешто да биде глава на две семејства.

    Да прашаше каде можам да дознаам колку жени абортирале од дотичниот ќе имаше повеќе смисла.
     
    На emekreme му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498

    Фала ти, среќна нека ти е и на тебе!

    Сум ја терала мајка ми да се согласи за развод, меѓутоа таа несака. ,,Татко ми,, е многу неодговорен човек, така што не зема плата редовно. Беше протеран од првото работно место. После тоа држевме кафана и се задолжи многу, премногу! Додека ја држеше кафаната секој божји ден доаѓаше дома пијан! Моравме да ги продадеме сите недвижнини на мајка ми.. Земаа добра сума на пари.. Татко ми потроши се`! Многу се имаме карано за тоа! Вршеше психичко и физичко насилство врз мајка ми.. Врз мене само психичко.. Многу се потресував и сеуште го правам тоа. Сега имам 16 години и последиците од тоа почнуваат да дејствуваат. Јас на секоја мала ситница не се контролирам што правам. Избувнувам веднаш, плачам и се разочарувам. Немам воошто самодоверба.. Исплашена сум од животот. А тој, тој си нема гајле. Мајка ми неможе да работи, и повторно пред месец дена, продадоа некои ниви.. Пари земаа. Тој несака да работи! Дома зависиме само од парите од плацот.

    Зборот ми беше, несака развод заради тоа што куќата што ја направивме од парите нејзини се наоѓа во дворот на мајка му на татко ми. Ако дојде до развод, таа ќе мора да си оди од сопствената куќа заедно со нас.

    извини што го раздолжив толку :|
     
  17. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Како прво Среќна Нова година !
    Јас не сум правник ама знам дека мајка ти не треба да си оди од куќата ! ако татко ти ја малтретира твојата мајка зошто не го пријавите за семејно насилство ? потоа све што е стекнато во бракот се дели на двата содружници и на децата . колку деца сте ??? ако децата одлучат да живеат со мајката тој ке добие 1/3 или 1/4 дел од куката ! така да тој ке треба да се исели !
    Дали мајка ти има роднини како реагираат тие на тоа како се по наша татко ти ? како реагираат неговите родители ? зарем мајка ти нема морална подршка од никој? Разговарај со мајка ти во неа е клучот за расплетот !
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Анабела, се добро со советите што ти ги даваат, ама за жал ти сама ништо не можеш да направиш.
    Мајка ти е угнетена жена од неговото однесување преку годините, и кога си ќутела цело време кога знаела, и уште со свој имот го има поддржано, помагано, па затоа и тој си има продолжено со неговото однесување, реалноста е дека нема сега мајка ти одеднаш да се смени и да рече доста е веќе оти девојчето веќе убаво разбира и ми се нервира. Ако и беше нејзе до имотот за кој не би се развела за да не го изгуби, она немаше толку од тој имот веќе да продаде за тие пари да исчезнат од дома, па да уште други ниви продаде после тоа.
    И таа сигурно го чека денот како и ти, кога еден ден ќе се тргнеш од нив, да не мораш и ти да трпиш секој ден од неговите постапки. А она ќе продолжи да си го трпи каков што и е, како и досега што го трпела, дека енос ќе се разведе и ќе дели имот - не верувам.
    Не е здраво што си растела во такви околности и многу јасно ќе се одрази на тебе, ама ти имаш во свои раце колку ќе дозволиш да ти влијае, и како понатаму, дали ќе гледаш да им ги оставиш нивните проблеми на нив двајца, или ќе си ги носиш со себе цел живот. Татко ти не е татко на годината оти е растурикуќа ама и мајка ти не е мајка на годината што дозволила ти да растеш во таква заедница.

    Остави им ги нивните брачни проблеми на нив двајцата, не си должна и не е фер ти да ги решаваш кога они не ги решиле толку години. Вакви родители се сурови дека дозволуваат детето да им биде полицаец, социјален работник и адвокат дома на нив. Сконцентрирај се на самата себе, гледај си го образованието. Ќе помине некоја година, ќе созрееш и ќе си го гледаш и градиш твојот живот. И ќе видиш дека еден ден нивните афери нема да те засегаат толку како сега. А они како знаеле и како знаат така ќе си тераат. И не се нервирај за ниту полу сестри или полу браќа ако он ги направил, оти и ако ги има и ако ги најдеш, зарем мислиш ќе ги сакаш кога веќе знаеш како се направени? Не ти требаат девојче тие нервози на овие години, озгора на нервозите што веќе ги имаш.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Фала и тебе пред се!Сега вака:грешка на мајка ти што направила куќа на терен на татко ти.Се согласувам со другите дека ти си недолжна во оваа ситуација,и факт е дека неможеш многу да сториш.Мајка ти требало да се разведе пред да те измалтретираат тебе,сега е доцна.Ти веќе разбираш и ги чувствуваш последиците од нивниот нестабилен брак.Ќе се надоврзам на претходната фемонка,можеби ти сакаш да знаеш дали имаш полубрат или полусестра,но како ќе те прифатат они тебе?Во секој случај,ти си уште дете,сега си во пубертет ,растеш и се развиваш,немој да се нервираш многу ,и онака нема што да направиш.Ќе дојде ден ќе се омажиш,ќе создадеш свое семејство,не дозволувај родителите да ти го уништат животот.Доколку мајка ти го обвинила татко ти за прељуба, и те како ќе останеше тој без имот,но на кој да му текне?А дали би можело да ја продадете куќата,да ги поделите парите,секако за тоа би требало да се разведат твоите родители,претпоставувам ти ќе останеш со мајка ти.Тоа од мене :hai:
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ЈАс искрено во се ке се согласам со претходниве феминки ама со едно единствено неможам...
    Тоа, ако имаш полу брат или сестра имаш и право да знаеш. Тоа е дел од тебе. А како и на кој начин е правено тоа дете не е негова кривица. Нели ?

    Мое мислење околу ова е да си зборнеш со мајка ти, и да го притиснеш татко ти да ви каже. Не мора на крај краева да кажува кој/а е . Битно да е фактот дали имаш некој или не. После постепено, ке си дојде се на свое место веруј ми.

    Понатаму, околу брачните проблеми на твоите гледај замижи. Доволно се возрасни твоите родители за да си ги решат проблемите АКО :!: сакаат. Ти се што можеш да направиш е да им објасниш односно кажеш дека неможеш и нејќеш веќе да живееш во таква средина. Понатаму, ако се доволно свесни, ке си размислат, ако не татко ти барем мајка ти , и ке најде начин да те заштити од вакви трауми.