Не е трошок тоа, алчноста е поголем трошок за поделба после. Тоа сакатото сака да земе од тоа способното и затоа си седат така.
Јас не сум по тепачкиСамо дискусија преферирам.Сега ќе се тепам за Yanа и нејзиното неверство.Утре нема да знам ни да памтам
Не е баш така секаде, знам жени шо одамна се разведени физички ама не и судски пошо немаат пари да поднесат за развод, оти скоро секој адвокат бара се да му биде исплатено. Кај ќе најде таа жена пари за адвокат со една плата, ми кај е ќиријата, кај е храната, кај се децата? А мажот се знае - они не се замараат да дават пари за разводи. Туку секогаш велам, благо на оние жени шо имаат родители кај да се вратат и кои ќе им помогнат. Ние другите за грев сме.
Да дојдеше некој маж и да кажеше дека има секс со комшиката во неговата спална додека жена му е на работа, мнооогу полоши коментари и епитети ќе добиеше од ова сега.
И на крај пак ниеден од овие одговори не е правдање или поддржување на чинот. Не го оправдува никој неверството, само реално гледам дека барем малку не има што имаме поголемо искуство во животот и сме свесни дека не треба да се расфрламе со навреди како дел од тука што правевте, курвање, неморална, и не ни ги памтам сите веќе.... небитно. И свесна сум барем јас како што веќе нагласив дека жена речиси никогаш не изневерува од туку така зошто и текнало, туку секогаш позади тоа стој некое длабоко потиснато чувство на незадоволство. Лесно е да се лепат етикети како 'курва' или 'неморална', ама никој од нас не е нечиј Бог да суди. Повеќе почитувам кога човек ќе покаже 'разбирање' отколку кога напаѓа од позиција на морална надмоќ. И она никаде не нагласи дека се гордее со делото, туку ако добро памтам кажа дека е збунета и не знае каде да се ориентира. Едит: не знам зошто не ми дава ама го цитирав делот на @Waverly Raven каде што кажува дека ја правдаме.
Тоа може да го има само кај некои категории на жени што ептен не се работоспособни и се во некоја тешка здравствена состојба. Апсолутно сѐ друго може да збира и преку година-две пари и за до еден достоинствен развод верувам дека ќе има. Тие што седат во брак најчесто им одговара и им е убаво, зашто им е обезбедено. Пари од небо не паѓаат, ама не и секоја жена е научена да си работи и да не чека од маж. Таа е реалноста, многу сакаат домаќински живот - притоа не можат да се носат со домаќинските работи (ова под услов мажот да е погоден) и вака од ноншалантност изневеруваат, ама и добро ќе го истресат (читај истрошат мажот). Многу нијанси има, пак жената е таа што знае како да влече. И добри мажи на карактер загазуваат, ама ним скоро никој не им верува.
Мене исто така ми е ќејф како ова немажениве ве шијат вас другите во вакви теми. А некои па на психолог ја праќате. Психолог е за луѓе што гледаат проблем и сакаат да го сменат. За другите ни свети психолог не помага. За изневерувачи па ич, ко божем они се жртви, ајде ќе ги оправаме.
Лоши постапки заслужуваат лоши коментари и осуди оти ради нив секогаш една страна страда. Ќефот не е и не смее да биде побитен од нечии чувства.
Нема врска. Не мора да значи дека постоело некое чувство на незадоволство, па затоа жената изневерувала. Неверството е одлука. Ако чувствувала незадоволство можела да разговара со сопругот. Вакви оправдувања не можам да разберам. И ете и да чувствувала незадоволство, како тоа го оправдува неверството и како тоа би го решило проблемот? EDIT:Вака би го оправдувала и твојот сопруг ако те изневери и швалерката?
Еве ти едно мислење, уживај и во едното и во другото додека трае. Кога ќе завршат, ќе му ја мислиш тогаш. Стандард паролата кога се прават глупости во животот: Еднаш се живее. Така да уживај во животот. Ти ја поддржа ова се твои зборови
Абе да само ти имаш искуство, ние другите живееме во стаклено ѕвоно. Не сме осетиле ништо на своја кожа, не сме посведочиле ништо гадно. Каков е овој аргумент жити се, на неколку пати го сретнав во различна форма. Која е логиката воопшто?
ама... Ако ова и тие погоре цитираните не се оправдувања, не знам што се... "Жена не изневерувала туку-така"... Зарем треба да има "добра" причина некој да изневери?! Ако ова се мислења на личност/и со поголемо искуство во животот, алал! Нема што повеќе да се дискутира...
Не си во ничиј дом, и живот да знаеш. Најчесто се имаат водено разговори и разговори... Тоа не го оправдува неверството, а проблемот и кажавме веќе назад како треба да постапи и да го реши. Мој зборови се. И тоа што јас сум и кажала така не значи дека бранам неверство. Туку кога веќе одлучила да вара, да ужива и во едното и во другото додека траат. Затоа што нема да трае вечно ни бракот ни аферата.
Абе овие шо ги знам, работат. Сами се со децата под ќирија. Ама пари не им остануваат за развод. А тие шо седат кај мажот иако се физички разведени, неможам да ги оправдам. Додуша, и многу ретки се тие.
Очигледно браниш.Ти и даде совет да продолжи и да ужива.Да аферата не трае вечно,ама некои бракови траат до смртта на еден од брачните другари
И? Ете и да разговарале, и ова е начинот? Како неверството би им го подобрил бракот? Многу лошо е кога оправиш работи зад грб на личност која ти верува. Ама изгледа и ти си изневерила, па затоа имаш вакви ставови.
Ама зошто мислите дека ние што не викаме уууууаааа,срамота,арам да ти е мори,курвање,итд,сме изневериле?
Никакво искуство, типично оправдување кога немаат што друго. Исти к секој пат, млади сте, не знаете, омажете се па видете. Ако ова е брак, ич не ми треба. Сами создаваат една одвратна слика за бракот, како да ти кажам *** Мислам, еве стварно кажете ми како толку ве боли курац за све во животот, како толку не ви е гајле за никој, ничии чувства, како совест никогаш не ве пече. Стварно не можам во глава да си ставам така да размислувам