Па не е спорно нека си мисли дека во ред е да уживаш со двајцата.Ама нека не вели дека не ја оправдува.Според напишаното ја оправдува
Прво не се расфрлај многу со претпоставки. Веќе назад на темава го имам кажано тоа. Друго не планирам да се вртам цело време во круг и да се објаснувам. Што имав да кажам, кажав. Ако за тебе и другите како тебе тоа е правдање, правдање е. Заборави изгледа оваа реченица да ја прочиташ.
Кое црно искуство ми е потребно за да не оправдувам неверство никогаш, а и да не помислам на такво нешто. Мајко мајко уште шо нема да прочитам тука.
Ми се погоди претпоставката. Ти си среќо текстбук нарцис. Ги имаш сите симптоми на состојбата, прво не ти е гајле за никого освен за самата себеси, потајно и "анонимно" на форум парадираш со швалерот како да ти е трофеј, нестабилна си и изневеруваш, а при тоа не гледаш проблем, не покажуваш каење и не ти е гајле. Ама ич. Да ти е, скроз поинаку ќе настапеше на темата. Имаш високо мислење за себеси, се самоуважуваш и не ти се допаѓаат критики. Кога ти го плеска некој во фаца одма стануваш агресивна и арогантна, наместо да прифатиш што ти се збори. Емпатија ич да не збориме, тебе тоа ти е мисловна именка. Човек што е емпатичен не го прави ова. Ако те дознае маж ти, пред да може да земе здив од тоа што се случило, ти више ќе си го парадираш новиот трофеј што го имаш. Иако канти тропаат кога зборам, пак ќе ти повторам, за на психолог си. Има причина зошто си ваква, ама тоа треба стручно лице да те опраи. А јас со цело срце посакувам маж ти да те дознае и да се спаси човекот, а ќе те дознае пошто сама ќе се издадеш. Интуицијата ќе му проработи, а таа никогаш не лаже. Се надевам човекот ќе си најде среќа без тебе, а ти прво најди си адекватна терапија, и прекини да уништуваш туѓи животи. И на швалерот препорачај му психолог патем, и он е со дијагноза.
Џабе се зборува ова. Некој што е свесен дека има проблем, сам ќе отиде без да му кажеш. Тој што не е, и на глава преврти се, нема да отиде
Исто како што повеќето тука мислат дека ние што не ја навредуваме членката,и што не го величеме мажот т.е не го правиме жртвено јаре сме етикетирани како со секој втор да одиме,така и ја мислам за поединци дека се само несреќни у брак,насекаде плукат по машкиот род колку се "глупи" и колку не можат да ги трпат кога им се клофнати дома,ама нели битно за џужда глупост први сте да ставите на тапет. Членката не е бебе Побара мислење,не побара најдобар судија за брза постапка на развод. Прво погледнете се сами во огледало,и вашите постапки
И да се надоврзам Сите што се правите многу моќни и алфа женички,први ќе цивкате и ќе молите да не ве замени мажот со друга,ако евентуално дознаете дека ве изневерува. Тие што најмногу скокаат најниско паѓаат. Бтв: не оправдувам неверство,ама и не оправдувам навреди и вреѓање на жена од друга жена за нејзин личен избор
Јас не гледам сама себе да се демантирам. И одлучна сум, само кој колку капацитет има да разбере. Тоа што она одлучила да изневери просто и кажав нека ужива во нејзината одлука. Додека другото е совет и реалноста како стојат работите.