Може ли да прекинете да ја користите оваа клише реченица плссс? Ја научивте еднаш и не престанувате да ја користите во секоја ситуација.
Мене ми е јасно дека канти тропаат, тоа и го пишав. Ама дека ќе ја тапшам по рамо или дека ќе дебатирам овде кој бил светец а кој не, немам намера. Членката си има нарцисовидно пореметување на личноста, има и други симптоми, негрижа за финансии, зависност за финансии од друг, проба да не гаслајта тука дека ние светици сме биле, проба да се извади демек нека фрли камен кој не е грешен, го посочи прстот секаде освен кај себеси. Да ја дознае маж и, прво нешто што ќе направи е ќе се однесува со него како со најголем непријател, а не како човек кој црнчи за неа. И одма со швалерот ќе продолжи, затоа и него си го држи во орбитата и продолжува да се гледа со него. Лоооооол ќе сме цивкале. Никад не сум цивкала, ниту па ќе цивкам. Напротив, ја затворив таа врата и нема никогаш повеќе да ја отворам. И да, силна и алфа сум, не сите жени плачат за да се во врска или брак, па каков и да е. Поздрав.
Мене и за свекрвава ми е жал. Кај врата им отворила на возрасни луѓе во брак, оваа швалери ѝ носи дома, во таа дома што тебе некој те примил.
Изневеруваше изгледа и ти. Друго објаснување за ставовите нема. Само да не бидеш еден ден ти изневерената, тогаш изгледа би ги сменила ставовите.
Ја заборавив свекрвата,од 1001 место не знам зошто членкава го носи дома,или е измислена приказна или сака удар да добие жената од нив
А какво мислење да и дадеме, не разбирам? Ете дадовме мислење, нека се разведе и нека се ослободат и двајцата, ама не, си го сакала мажот ??? Не ми е јасно како вака не сакате да слушнете за развод, а за изневерување нема проблем, еднаш се живее? Ако е жена не значи дека треба да сме толерантни и да поддржуваме вакви избори. Јас лично сум видела свашта и баш ради тоа сум одлучила да бидам Богородица, пошто не сакам ниту јас да патам ниту да му нанесувам патња на некој друг. И никогаш нема да цимолам да не бидам оставена после неверство, јебига не има и такви што имаме самопочит и знаеме колку вредиме.
Јас дали сум изневерувала или не тоа е лична моја интима.Ни твоја ни на бате ни на тате Ако бидам бидам,не можам ја да си ја сменам судбината шо ме следи,ама текот на животниот процес можам. Нема да се репкам од земја,или мажот да го фрлам од тераса.