Може да се згреши човечки е, али ќе те гризе совеста и ќе престанеш, ако ја имаш, али континуирано кога го правиш нештото немаш совест едноставно.
Дали мислите маж кој ја изневерува сопругата може да биде искрен и добар пријател? (Со пријатели општо)
Пријателство и љубов не е едно исто, така да сметам дека може да биде, и маж и жена, љубовниот живот е нивни избор за кој можам да дадам совет, се додека ништо не се одразува на нашето пријателство.
Не, дека го изневерува неговиот БРАЧЕН пријател/другар. Така да, не може да биде ни искрен, ни добар пријател.
Зависи од карактерот на личноста, може може да биде, може и не. Изневерувачот не е баба рога, имаш личности што договорени се да живеат така. Јас личноста би ја проценувала и оценувала според тоа како се поставува и однесува кон мене.
@Youknow Не. Таков кој не ја почитува, ниту е искрен ни со личноста што лежи до него, не очекувај дека ќе има интегритет како пријател. Да биде фин, секако. Неретко таквите се и најфини пред другите, кои не го знаат како тие дома.
Децата се изговор Развод постои,ама не секој може да се разведе. Прво поради тоа што е врзан за некоја угодлива средина,второ од страв дека после разводот ќе си ја бара жената пак назад,пошто ја сака,ќе нема кој да го пере,пегла,да му чисти ама сака и алфа мужјак да се праи низ град! И трето Жена му го изневерила,па сака да и врати на ист начин (оти по неговото размислување) “така заслужила” Имаат безброј доволни причини за да ве манипулираат,и да ве играат лејка у вир!!!! На тие луѓе не се верува Не се исповедува И не се троши време
Не изневеруваат само мажите и жените изневеруваат. Од се горе наведено има и мажи и жени исти.. Не секогаш мажите се лошите во врската/бракот има и жени такви, само што на крај скоро секогаш прстот се вперува кон мажот. Не оправдувам неверство без разлика од која страна било извршено и нема оправдување, се е само изговор, а неверството е затоа што така сака личноста која што го извршила..
Кога доаѓа тоа, не прашува. После тоа е тежок период, се вљубуваш и нема назад, па се ствараат нервози, па блокади секаде, а всушност и двајцата копнеат еден за друг. Тоа е веќе болка. Не е за оправдување, ама кога е љубов во прашање, нема врата кај што можеш да тропнеш за помош.
Секое изневерување има своја позадина која си ја знае само тој што изневерува. Изневеруваат и мажи и жени, тоа е факт... На крај краева секој ќе си ги сноси последиците и одговорноста за своите постапки Btw погоре напишаното од членот “шпански професор” @El Proffessor имам да изјавам само дека не можеш да сакаш две жени одеднаш Секогаш за едната ќе бараш изговор,за другата спас
Потполно се согласувам Јас сакам еден и ќе го сакам додека сум жива... докажано му е веќе,иако за возврат секогаш го добивам од "трите подолгиот" Тоа е........ мажи
Болка?? Ако имаш две во исто време ниту една од нив не сакаш... Ако сакаш некој искрено ти нема ни да помислиш на друга, не би можел да ја повредиш онаа што ја сакаш. И не не е во болка тој што изневерува, туку изневерениот.. Едит: На никој не му посакувам да осети какво е чувството да бидеш изневерен. На никој што искрено сакал и мислел дека е искрено сакан не му посакувам да свати дека можеби и никогаш не бил на прво место кај таа личност. Ако кон некого имате барем грам почит, немора љубов ако нема веќе љубов од ваша страна само почит или човечност, соберете храброст и кажете му го во лице на другиот завршете со него и после одете правете што сакате со друг/друга. Нема да му е лесно пак, ама сигурно е по лесно вака отколку да го изневерувате и лажете.