Верувај последниве неколку месеци цело време покушавам да им дадам до знаење дека НЕСМЕАТ да се расправаат во моја близина! Ама не... Татко ми постојано продолжува и продолжува.. Дури извесно време не зборев со него.. Залудно, залудно, залудно.. Како и да е, фала ти на одговорот.. Имај убави празници
Оооо душо мала возрасните се тие кои треба да решаваат проблеми, али ајде.... Зошто пишуваш дека ,,порано,, одел по др. жени а сега не оди ?!?! Не е ни битно кога веќе си го упропастил семејството. Татко ти неможе да ја истера мајка ти од таа куќа, и следува правена е од нејзини пари и тоа е имот стекнат во брак. Таа треба да се соземе и да стави крај на насилството кое и го приредува татко ти. Подобро да живее во една соба со вас отколку да го трпи тој човек....таа си знае, голема е. И да има бебе татко ти од друга жена, како прво сигурно е бил во милиција да го признае и за тоа поседува документ, кој неверувам дека така лесно ќе го најдеш. А како друго, нека е и најголема курва таа како што велиш знак ? е дали го родила тоа бебе и ако е родено верувај ќе си бара алиментација која и следува по Закон Он може да негира колку сака, ама ако навистина има др. дете некаде, верувај кога тогаш ќе му тропне на врата. Тебе повеќе те јаде сомнежот што е и во ред да мислиш, затоа што навистина не е мала работа. Тоа што те мачи кажи и го на мајка ти, а таа е доволно зрела да преземе некои мерки.
Aнабела, не дека имам искуство зад мене или нешто слично, само сакам да помогнам ако можам. Се согласувам во целост со ВајлдЧери. Имаш и те какво право да знаеш дали постои некој кој има крв како твојата. За тоа направи се што е во твоја можност, ако има Фејсбук профил надгледувај го, проверувај му го телефонот кога не гледа.. Ова се знам, премногу е, ама ако неќе да ти каже со убаво, играј валкано. За останатото не се замарај. Кога се караат пушти најгласна музика и кулирај. Мора да имаш некоја блиска другарка, па можеш да отидеш кај неа додека тие се караат, можеш и да се прошеташ. Не им се живцирај толку на нивните проблеми и уживај во твоите најубави години. Се ке се среди, мора да се среди! Поздрав и уживај во празниците, Среќна ти Нова!
Да не се нервира кога секојдневно слуша караници? Да си пушти музика и да си кулира? Да се прошета и да не се замара кога живее во таква околина? Да си учи ко сите кои немаат домашни проблеми? Ајде бре, ве молам, што тропате! Од каде таа желба и волја да и се роди за учење со вакви проблеми? Јас не би можела, туку нонстоп би се секирала, ко она што прави. Па да трпела, и после да се надоградувала ... Мало сутра! Ќе оди на факултет или што? Со кои пари нејзиниот неодговорен татко ќе ја прати на факултет, кога сите пари ги прокоцкал во животот? Или можеби она сама да се финансира? Твојата мајка треба да е свесна дека во таква околина не е здраво да се растат деца! Тоа физичко и психичко насилство врз неа оставило последици, али треба да чека истото да се пренесе и на тебе? Па да станеш не само жртва на психичко, туку и на физичко насилство по некое време? Не оправдувам никакво ќутење тука и преправање дека се е во ред! Треба да се реагира. Сигурно имате пријатели, роднини, кои што би можеле да ви помогнат. Мајка ти ако е невработена, и зависите од татко ви, може да најде работа и да ве издржува колку толку. А татко ти, ако ја малтретира мајка ти, тогаш нека го пријави! Па толку реклами излегоа за физичкото насилство во бракот и некои жени уште се срамат од тоа и не пријавуваат! За доброто на сите во твојата фамилија, подобро е нешто да се смени, отколку да го трпите тоа. Мое мислење.
^ Полека, не завршила средно па за факултет муабети. Во учењето засега ќе најде обврска за себе, а не да се концентрира на проблемите од родителите. Не може 16 годишно дете да натера родител да работи или да се разведе, или да направи било што ако родителот не сака. И што треба сега? Да реагира. Како? Она да ги брани при тепачки, да пријавува во полиција(кога реков да не биде полицаец дома на нив), и да им се придружи на родителите во хистеричното викање при кавги? Нека вика и она а, што ваму ќе ги слуша само. Реклами Ти вистина мислиш дека некои жени од срам не пријавуваат? Е, да, оти веќе комшиите не слушнале и не раскажале што се случува. Дали знаеш колку се мешаат роднините и пријателите во вакви бракови, и како се „подобруваат„ односите кај оние каде некој всушност се замешал. Тоа што јас тропам-си тропам, ама барем не замислувам како би јас кога би, па да советувам на таа база.
^^ Јас нигде не спомнав и она да вика со нив, или она да ги одделува или да се меша мегу нив . Она не е таа што треба да ги смени работите, туку нејзините. Татко и нема да се подобри веројатно, а мајка и одамна престанала да се замара како и е нејзе и дали она пати повеќе од нив или не. Али добро, бидејќи очигледно никој не треба да превземе нешто да се подобри ситуацијата на девојчево, мислам оти најдоброто е да си седи она пак така и да си ги гледа, со скрстени раце, па да си учи, да се преправа дека се е во ред итн Ако тоа е решение тогаш добро. Не, тоа не е решение, тоа е само неправење ништо. Но, некој ден и од неа ќе излезе таков гнев, самата си пиша дека е несреќна, избувлива и нервозна и за мала ситница, и дека се плаши од животот. Е тоа, јбг, не е средина во која треба да се останува. Не е битно дали од срам или од која било друга причина не пријавуваат, али битно не пријавуваат . И да, се ставам јас во нејзина улога и си тропкам и јас исто, од мала караница на моиве и мене ми се менува расположението и станувам нервозна ко нив, а не пак тоа да се случува секој ден и во доста поголеми дози. Тоа јас не би можела да го трпам, а девојчето сама си знае како е. Ако мисли дека може да го издржи сето тоа, во ред, нека си седи, учи и трпи.
Во најголемиот број од ваквите случеви срамот не е причина за повикување на полиција, бидејќи на жалост цело маало е веќе запознаено со фамилијарната состојба, нема останато многу да се скрие. Теоријата и праксата се целосно поинакви во овакви ситуации. целосно се сложувам. На жалост најчесто се чека моментот кога на мајката целосно и ''пука филмот'' и тогаш да се освести, а детето скоро ништо не може да измени.
Се сложувам. Јаки сме за давање совети, ама и ние ако сме во таа кожа ќе си молчиме и трпиме. Сепак знаеме во каква земја и во какво општество живееме. (и кои последици следат потоа). Ама насилството е....за кукавици бе!! Несфатливо!!! Маж да и` се сили на жена. Ама ме нервираат вакви изроди!!!
Девојки, верувајте дека го ценам секое ваше мислење, и што одвоивте дел од своето време да напишете нешто и да ми помогнете. Кој не мрази такви изроди, јас неможам ни да го гледам веќе. Кога го гледам целата се тресам а немоќна сум да направам нешто... Сега кога почнува кавга пробувам да го игнорирам, ама.. само пробувам.... Да не бидам досадна и да не одам оф топик, ќе кажам само дека ќе пробам да дојдам до неговиот моб некако и да прочитам некоја ,,интересна,, порака ако има. Ако не, да сме здрави и живи Исто приметувам дека последнава недела навечер оди некаде и се враќа во ниедно време. ( а никаде не работи, го издржуваме дома.. стокаааа ) И којзнае на кои курви ги дава парите наши.. Фала ви девојки уште еднаш, ве гушкам
Значи татко ти е ѓубре извини вака морав директно да се изразам.Мома има дома наместо да се среди он ...........немам зборови.Јака и душа на мајка ти.
Тргајте му се од „патот“ кога ќе го фатат тие лудите ,не му узвраќајте на муабетите,кавгите и сл.тоа уште повеќе ќе го изнервира,ама ќе види-невиди дека воопшто не паѓате на негови провокации и (се надевам)дека ќе се „потсмири малку. А тоа ,за тие негови „ноќни прошетки“ -ич да не се секирате.Тоа е негов срам,негов образ и чест. За пари,ако не печали,нема ни да има во џеб(немојте да одвојувате од ваши уста ,за да он „маж во куќа мора да има некој денар во џеб“. За јадење и пиење-минимално купувајте за дома,нека осети,па кај ги дава парите таму нека јаде. Бидете си онака изкулирани,не му обрнувајте внимание,не му враќајте на кавгите,не го „рецкајте“-едноставно нека биде како дел од инвентар. Тој се храни со тоа што ве гледа како се нервирате,плачете,се дробите.Остај го нека јаде трици,земи си крпа в раце,бриши си прашина додека он започнувува да се кара-ќе види не оди,ќе си излезе. А таков човек не ви го треба дома,подобро нека скита некаде по сокаци ,отколку дома да ви јаде душа.
Stetoskop, фала ти за советите... Иако не е баш така лесно како што викате вие......Многу е тешко тоа да се постигне верувајте.. Башка мајка ми имала нешто неправилности со срцето и кажале сабајле на снимање кога била, и тоа се' поради него........Многу сум тажна Се молам само се' да биде во ред!! (извинете за офтопик)........
Имелда сега после толку време го видов твојот пост, фала ти цтварно ми зна4и како и на другите постови сто ми ги пишаа.Сеа сум стварно во такба фаза каде што не работам, финанскиски сум постегната. неговата плата сега е мала сега не можам да си дозволам толку многу обицно храната ја купуваат неговите во тој поглед ни помагаат, дали ме свакашч неговата плата е за други трошоци сто гима имаме, сега неидат на работа, преоптеретереност имаат,Аја сум малце таква избувлива, ако несо ми се спротистави одма се караме, па за некое време ни поминува.Незнам малце таква ми е ситуацијата а тоа со викаш сум го приметила дека е така се он да го омал зборот, демек неговото да се слуша, бла бла.Незнам некако несум толку финансиски мокна за да излегувам по4есто, незнам понатак како би се одвивале работиве се надевам и ја на подобро
ауф ама се измачив со оваа тема 4 дена ја читам и еве конечно ја дочитам се мислев дали да пишувам на темава или не ама ај ке пишам со мазот ми сме во брак еве десет години +4 години во врска.Додека бевме дечко и девојка имаше 2 ситуации кај што слушав дека се мува со некоја девојка.Тогас се случуваше да разберам и да се скараме па период кај шо ке се молеме колеме и пак попуштав и се смирувавме.Во еден момент кога бевме скарани јас случајно у кафиќ сретнувам децко постар 8 години од мене се запознаваме 2-3 пати се срекаваме во дискотека со друштво он се залепи за мене почна да се пуста и се понуди да ме испрати до дома на што јас прифатив и се слуци бакнеж утрдента ми се јавува друга ден исто доага викенд испагаме со друштво и се така некаде 1 месец.Етек после 1 месец дознавам дека уствари типот е женет со дете а ја толку зацепана у него немозам да се тргнам и така се гледавме усте 2-3 месеци редовно за да ја (фала богу)сватам дека со него нема надеж и едноставно нема сто да ми пружи и му кажав отворено дека ми се свиѓа ама немам иднина со негои фино лепо гуд бај се смирив со дечкото и по некое време се земавме па свадба па едно детенце па после 4 години усте едно и еве 10 години од брак но ниту еднаш не сум помислила да го изневерам макар сто сме имале периоди на финансиски кризи кавги со неговите и моитеи сега работи во странство јас си уживам дома со дечинјата он си доага еднаш на секои 3 месеци седи по 1 месец и пак заминува да спечали повеке пари за да може да имаме подобар живот сега бракот ни е уште постабилен,посигурен исполнет за желба да поминат тиа 3 месеци да се видиме ,гушниме страста повторно се разгоре и сега сме како тинејгери лудо влјубени по 24 саати на скајп најбитно од се е што не сум ни помислила да го изневерам бидејки се што ми треба го поседува он лекцијата е значи малку да сте раздлени и ке сватите дека се уште сте лудо зајлубени во својот маж ах заборавив да кажам дека само отворен,искрен однос со партнерот тоа е клуч на успешен брак значи разговарајте отворено за неговите и вашите потреби без да се срамите пред него да покажете било какви чуства А ЗА ТЕМАВА НЕБЕРСТВА СУМ СТАТУС КВО АКО НЕШТО НЕМАШ КАЈ СЕБЕ ТОГАШ КЕ СЕ СТРЕМИШ ДА ГО ДОБИЕШ ЗАТОА САМО ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА НА СИТЕ ТЕМИ
И јас го направив истото во брак бев 6 години се заљубив во колега, го сакав највеќе на свет. кога сфатив дека тој сака да го напушти семејство за мене, се покајав и му кажав да прекинеме. Уште го сакам, но ми е забрането да бидам со него. Тоа беше првапт да го изневерам мојот маж, али фатално за мене. Сега сум во беда. живеам с мажот ми а сакам друг човек.
ПО ОВА НАПИШАНОВО ГЛЕДАМ ДЕКА ТИ СЕУШТЕ ГО САКАШ КОЛЕГАТА , СОВЕТ ОД МЕНЕ ИСКРЕН ЗЕМИ СИ ЕДЕН ЛИСТ И ПОДЕЛИ ГО НА 2 ДЕЛА НА ЕДНАТА СТРАНА НАПИШИ ШТО КЕ ИЗГБИШ А НА ДРУГАТА НАПИШИ ШТО КЕ ДОБИЕШ АКО СЕ РЕШИШ ДА БИДЕШ СО НЕГО И ВИДИ ЈА РЕАЛНАТА СИТУАЦЈА БИДИ СТАБИЛНА И ОСТАНИ СИ СО МАЗОТ И ГЛЕДАЈ СПАСИ СИ ГО БРАКОТ ПОСЛЕ ИЗВЕСЕН ПЕРИОД КЕ ГО ЗАБОРАВИШ МАДА ЕДНО МАЛО ДЕЛЧЕ ОД ТВОЕТО СРЦЕ СЕКОГАШ КЕ ОСТАНЕ РЕЗЕРВИРАНО ЗА КОЛЕГАТА ОД КОГА НЕ СТЕ ЗАЕДНО ?
Ово ти се вика ем ти иска ем ти стиска работава! Ако толку го сакаш колегата а тој сакал да се разведе за да биде со тебе, тогаш зошто не сте заедно? Секоја одлука да се прекине брак е тешка меѓутоа ако нема љубов, нема деца тогаш не гледам причина зошто го маткаш сопругот, ако не ти одговара, ете си нашла некој друг, остави го сопругот нека си ја бара и тој сопствената среќа, можеби ќе најде некоја што нема да му набива рогови. И згора на се внесуваш и невина жртва во целата мешаница....ццц крајно, крајно себично. Детето не е фластер да ти го спаси бракот, колку незрела одлука да родиш дете од некого што знаеш дека не го сакаш, го жалам детето што ќе има ваква незрела мајка Децата се благослов само таму каде што се посакувани од се срце.
Изневера Имам проблем и морам да ви кажам јас сум релативно нова овде па ако има ваква тема не сум знаела и веднаш во корпа. Имено, мајка ми го изневери татко ми со помлад како мене дечко не го познавам, и една вечер додека татко ми беше на службен пат, ги видов заедно, се разбира во која смисла. Мајка ми мислеше дека јас сум излезена но се вратив порано. Лежеа на креветот и не ме видоа. Дечкото орално ја задоволуваше мајка ми, ми се гади и при самата помисла на тоа. Не знам што да направам, дали да му кажам на татко ми ве молам за помош. Немојте да мислите дека тоа е некаква шала, бидејќи знам дека звучи како тоа.
Изневера Што ти преостанува друго освен да ја осудиш. Сувишни се искази и причини зошто го направила тоа да слушаш од неа, кога тоа е проблем нејзин и на татко ти. Твое е да решиш дали можеш да живееш во лажно семејство и да се помириш со тоа.... (Убав режиран холивудски филм неможам ни да замислан а не пак да се ставам во таква кожа)
Изневера незнам што би направила да сум на твое место не дај боже да се најдам во твоја кожа(иако мислам дека НИКОГАШ тоа нема да се случи, мајка ми е премногу совесна жена за да го направи тоа)