А мене баба ми ми рече, внучке, оди прошетај свет, отвори хоризонти за да не си проста. Ова со јајцава го испушти...
Еееее, да земевме искрени да бидеме и да пишеме што ни кажале нашите мајки и баби кога им дошло на душата во четри очи да се исповедаат и да не посоветуваат, па и жени роднини, па и татковци, част на изузетци за мужи, брак и деца коа се у прашање, на грото мажи ич нема да им биде арно..
Тој што изневерува, изневерува од старт. Само не сакате да си признаете дека е таков па се главите со такви фраери.
Една работа не ми е јасна.... Како може да поминат некои преку тоа? Како простувате неверство? Зошто?
Јас се слагам дека партнерството е заеднички придонес во домот. Но, овде ќе прочиташ мислења во кои јадно се укажува дека на жените не им е гајле за мажите. Ако мажот има потешка и понапорна работа и е излезен од дома цел ден за да обезбеди за фамилијата, нема да ни падне круната ако му направиме ручек. Коментарот на кој реплицирав претходно ме потсети на едно видео каде жената му вика на мажот дека прави појадок за неа и децата, а ако тој сака да јаде нека си направи сам… и исто не сакала да се грижи за неговите деца, ама било во ред тој да обезбедува се за неа и нејзините деца…
А кој рече дека ќе ни падне круната? На мажите ќе им падне круната ако чуваат деца или направат ручек, не на нас. И плус вика помагам дома, а што не е твој дом па само помагаш, кај комшијата е па ќе помага? Не може се да е 50/50 постојано нормално, ама тоа не значи дека домот и децата по секоја цена се товар на жената и мажот треба да има дел во тоа.
Прво прочитав пораки , па видов стори . Нормално беше негирано тоа , па добив порака дека повеќе не сака да е со мене . Си продолжил со девојката од сторито и јас бев крива на крај .
Кога сме кај баби, најдобриот совет што баба ми ми го има кажано цитирам: "Кога јас во 1972 можеб да сменам 3ца и пола фамилија да ме отпише бидејќи не сум се омажила за првиот, ти денес можеш 30 се додека не го најдеш правиот." Од друга страна на темава, нема гаранција апсолутно ништо дали некој ќе те изневери. Ниту колку се познавате, ниту колку години сте заедно, ниту деца, ниту убавина. Познавам жени толку убави и згодни 10/10 изневерни од своите мажи со жени кои се 2/10 и обратно жени што изневериле. Што значи не е до изгледот. Ама од друга страна си велам, ако дојде до тоа океј. Знам дека нема да простам никогаш, имам подршка позади мене и знам дека во секој момент можам да се вратам кај моите макар и со 5 деца и без работа. Бескрајно сум благодарна на моите родители што уште од мала ме учат да не простувам насилство, неверство и навредливи зборови. Не сакам да си го трошам времето потресувајќи се што би било кога би се случило. Ниту да копам за да дознаам нешто. Живеам во толку мал град што за 24 се дознава сѐ, дури и да намигнеш на некого на улица. Не гледа потреба да се стресирам. Некако целото ова го гледам како патување во животот со партнер кој го сакам сега и убаво ми е. Дај боже да остане така, но и да не остане океј е. Можеби за 15 години ќе се смениме во други личности и нема да ни е убаво заедно. Едноставно го прифатив ова како нешто врз кое не можам да влијаам со притисок и да го спречам доколку дојде момент да се случи. Од моја страна не би се случило бидејќи не се сметам себе за евтина личност без самопочит и без само-љубов со што би си дозволила некому да бидам втора или да изневерувам додека имам партнер.