Другарка се сомнева дека татко и има некоја , ми кажа дека видела случајно пораки ама бројот бил од друга држава, пораките личеле како изневерувачки не знае многу во последно време случајно видела во тел на татко и дека некоја жена пишала ми фалиш и викам да не го сфаќа многу сериозно тоа , бидејќи јас колку што знам секој може да активира на Вибер било каков број по интернет има броеви од сите земји достапни да не се зеза некоја со него (сакав да ја утешам , бидејќи мајка и ја знам злато жена е итн да не должам ) ми вика да и пише она на таа жена нешто и реков да не се меша подобро да остави да види како што , искрено не знам веќе што да и кажам , луѓе во години се нејзините преку 50 ,зар до овде дојде народов , што повеќе да и кажам пошто не сакам и јас да им се мешам
Добро си и рекла,да не се меша засега барем.Многу мажи изневеруваат ,така да и тој нема да е исклучок.Ништо не можеш ти,освен да и пружиш поддршка во такви моменти.Ако се утврди понатаму дека има индикации на неверство,нека и каже на мајка и .Ќе биде болно,но мора да се дознае вистината некогаш.Некој би премолчил на тоа , бидејќи се во игра родителите,за да нема повредени. Ама јас сепак не би сокрила од мајка ми таква работа како неверство.
Не му е ни прва ни последна, можно е мајката да знае. Многу работи во бракот на росителите децата не ги знаат..
Не дека нешто ме чуди ова , ама ...има некој што не изневерува бе луѓе што е ова , па уште кога ќе ми речат ајде да се мажиш, страв ме фаќа
Што има да и пишува на таа жена? Ако и пише што ќе одговори таа: Да, јас имам афера со татко ти? Не вреди да се замара со неа, ништо нема да постигне. Што планира да и каже: те молам остави го тато не му пишувај веќе? За неверство се потребни 2ца, не е само таа жена крива. Татко и е уште повеќе. Жално за девојчето навистина. Јас сум против нарушување на приватност и чепкање по туѓи телефони, ама јас да сум во таа ситација ќе го земам телефонот, ќе уклучам вибер на лаптоп и ќе проверам. Макар што, најверојатно нема ништо да најде - ако има некоја афера пораките ќе бидат веќе избришани.. А тоа дека било погрешка се чисти глупости, ако било грешка ќе кажел он до сега.. За жал мислам дека не постојат зборови со кои можеш да ја утешиш. Темава ми создава многу бес и револт. Не можам да разберам, како можат луѓе да изневеруваат. Па ако си некој маж бе или жена, и ако не сакаш веќе да си во брак, побарај развод како човек и секој на своја страна, па после што сакаш прави си. А не вака, каков пример остава на ќерка му? Срамота. Срамота. Знам дека не ни прв ни последен ама ставрно срамота за сите што изневеруваат и мажи и жени. По себични и поегистични од изневерувачи нема. Особено па ако има и деца. Ти не го не изнверуваш само мажот ти или само жена ти. Ги изневеруваш и син ти и ќерка ти. Не го распипуваш само твојот брак, туку ја расипуваш и идинината на твоите деца. И не мислам тука на рекла казала, што ќе мисли народот или што ќе каже. Ич не ме интересира тоа, туку на психолошките болки и трауми кои се создаваат кај деца/тинејџери па и возрасни каде што едниот или двајцата родители изнверуваат. Што ќе мисли таа девојка после за нејзиниот брак? Ќе се прашува дали секој маж е како тато, дали ќе ја изнвери некој и неа? Сепак мислам дека полошо од изненверување е да му простиш на некој што те изнверил. Бљааак, ќе повратам . Што ќе ти е бре таков или таква? Ако на такви им дошло до фамилијата немало да ја растураат. Без разлика по која причина дошло до тоа. Изневерување не се случува така случајно или ненајдено. Секогаш има нешто што не фукционирало предходно. Ама најлесно е да изнвериш, седни како човек и реши го конфликот или недоразбирањето или што и да не ти чини.
Јас би и рекла да се соочи со таткото, еве нека и даде да види цел муабет, ако е нешто посериозно да и каже на мајката. Може и некоја му се лепи а тој почнал некој муабет па не може да ја откачи, може не се работи за некое изневерување. Најдобро да се зборни со таткото.
И да зборува со таткото џабе е, нема да и е подобро живот јбг. Другарката си има свој живот тато и мама свој. Се се случува со причина.
Навистина и мене не ме е јасен тој изговор. Како тоа неможе да ја откачи? Жена му може да ја повреди ама неа неможел да ја откачи. Па прво има блок, ако продолжи и од други броеви и сл ете под претпоставка дека е незнам каква будала тогаш разговарај со партнерот, нели да е запознаен ако ништо друго. Пријави во полиција итн. За се има решение ама богами и за се има изговор.
Остави кај ги наоѓаат мажите... мене повеќе ме чуди фактот што како они како жени се вакви... Сериозно колку и некој нешто да ти прави позади грб и да немаш доказ, за мене е рамно на психопатски чин да одиш преку некој хакер да му влегуваш во телефон и во слики и контакти и да го шпионираш до тој степен. Дали сте нормални бре вие?
Постои нешто што се нарекува разговор.Мислам не знам како ви идат идеите да следите некој да влегувате во нивни телефони
А ти у врска или у брак беше? Те читавме дека си имал доста помлада девојка која кралица била за тебе, а сеа сумњаш у неа? Или у жена ти сумњаш? А за ова шо изигравате детективи, не знам шо вака имате потреба да се бламирате.