Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.629
    Допаѓања:
    137.815
    Пол:
    Женски
    Сака да ја провери дали е достојна за да биде со него, прво да ја испита па после. БОг да чува, 7 деца заедно имаат и уште се траскаат од земја. Она 28 има 4 деца ( Кога успеала да ги направи алал да и е ) а он 45 години има 3 деца... И сеа ќе ја проверува бе...
    Ама кралица била за него.
     
    На PaLaVa, H.VAGA, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    18.449
    Пол:
    Женски
    Може пак некој си трола, го нема да се изјасни, избега.

    Сериозни теми, проблематични чувствителни ситуации, а некој тука си решил мајтап да си игра.
     
    На SummerGirl и nena2010 им се допаѓа ова.
  3. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    2.593
    Темава е доста актуелна деновиве, често има жени што на женет маж дури и дете им раѓаат, а тој останува во брак со жена му. А продолжува да излегува и да го гледа и вонбрачното дете.
     
  4. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    2.010
    Пол:
    Женски
    Па без оглед на околностите должност му е да го гледа
     
    На FlirtBerry, BlackNight, dromka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    7.565
    Sekoj zivot posebna prikazna. Vo kolku dvata partnera se dogovorat I se razumni vo odgleduvanjeto na deteto togash site se srekni. Vo sekoj slucaj e komplicirano I bara mnogu trud I ljubov. Deca se ragjaat od ljubov I odgleduvaat so ljubov kon niv. Mnogu zivotni prikazni se porazlichni od voobicaenite no ne se pomalku vredni. So vozrasta se mi stanuva prifatlivo I normalno. Neverstvoto e rezultat samo na nedorazbiranje I ne komuniciranje megju partneri koi ja zavrshile svojata prikazna.
    Ljubovta ima razlichni modeli I gradacii.
     
    На Andrijano31 и celineparis им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.973
    Допаѓања:
    157.775
    Пол:
    Женски
    Милица те инспирираше за прашањево?
     
    На naturally, LiquidLuna, Cherry333 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    4.806
    Пол:
    Женски
    100%… луѓето веруваат на се што ќе пишат новинарите(најглупавата професија денес)
     
    На Loreta989, BlackNight, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    2.593
    Знам 3 вакви примери што значи дека е доста често околу нас. Факт е дека на мажот му одговара тоа инаку не би бил во паралелна врска (нешто како во арапските земји со повеќе жени само што не живеат заедно). И дека станува збор за егоцентрични луѓе, јас лично најголемиот виновник гледам во нив, во мажите.
     
  9. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Ова малку не ми е јасно, неверство а завршена приказнава.

    Во ниту една врска не треба да се одобри неверство, лоша, слаба, климава, стаклена итн, значи ако не се разбирате повеќе прво ќе расчистиш со личноста па ќе продолжиш со патот, се останато е само себичност, абе јас да пробам ако не се погоди имам кај да се вратам!:puke:
     
    На PaLaVa, Panda00, Amore123 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    2.010
    Пол:
    Женски
    Вината е подеднаква.Не може никој да ме убеди дека не знаеш на кого раѓаш дете.Значи свесно го правиш тоа и ако знаеш дека тој веќе има семејство.Вината е најмалку битна.Битна е состојбата на децата и нивното прилагодување на новата ситуација
     
    На PaLaVa, Panda00, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.943
    Допаѓања:
    49.385
    Мене да ме вара мажот и да затрудне друга искрено патка ќе ме зaболе и за него, и за неа и за детето. Слободно нека се гонат у курац така фамилијарно.

    Едино ако иаме деца за нив ќе ми биде гајле и нема да дозволам имаат контакт со сидаш и трипераш што ги продал за 200 грама путка.

    А вие што ви се нормални вакви ствари и што праштате, после немојте да се чудите еден ден децата коа ќе ви пораснат со триста проблеми само оти демек ради нив сте останале, а уствари си глеате само за себе. Реков што реков.
     
    Последна измена: 7 февруари 2026
    На Medea., Youknow, PaLaVa и 35 други им се допаѓа ова.
  12. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    2.593
    Пола Скопје домаќинките глумат дека не знаат какви полови болести им носат мажите дома..
     
    На Helena77, azelea, awkey и 5 други им се допаѓа ова.
  13. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    4.334
    Пол:
    Женски
    Да дознаам дека има си го пикано во друга дупка одма чао.
    Нема да го погледнам, магично исчезнувам.
    Ако имаме и деца во ваква ситуација ниту децата нема да дозволам да ги види. Мрш тамо, дур јас ги гледам ти ќе си го тераш кејфот, недај боже па кога ќе сум бремена да оди да ме изневерува.
    Нероденото дете ни на слика нема да го види.
    Од такви гнаси мажи не бидува.

    Ова плус.
    Да ми носи секакви красти дома одма цела гардероба низ тераса, нека си собира како што знае, резили нека си биде пред народот.
    Преку се ќе поминам, преку неверство не.
     
    На PaLaVa, Mumoftwo30, LadyD и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Најголемиот апсурд е дека ако имате деца, мораш да комуницираш со него. Има центар за соц.работа кој те обврзува да комуницирате околу децата, има така глупи закоини кои за се нешто и него го прашуваат врзано за децата. Исклучоси се насилниците. Пази..ако не ги почитуваш одлуките на центарот, на твоја штета е, и покрај душевната болка што ти ја нанел копукот. Тоа е тоа, ако има деца во бракот, се е многу комплицирано.
     
    На PaLaVa, riba79, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  15. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Мојот став отсекогаш. Пред да имаме деца мајка ми а и една постара братучетка ќе кажеа, чекај кога ќе имаш деца поинаку ќе размислуваш.
    Е па еве ме со две и погоди што, ни 1% не ми е променет ставот. Неверството е разорно до темел на секој брак кој бил склучен врз база на љубов, почитување, идеја за партнерство. Ако базата била обостран интерес тогаш и не би била шокирана ако изневерената страна свесно замижи и реши да остане во бракот.
     
    На PaLaVa, Gosh, tambelina и 5 други им се допаѓа ова.
  16. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    4.334
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам и пак ќе кажам, неверството е избор, не прифаќам да ми каже некој пијан/а бев, не знаев што правам.
    Секој знае што прави.
    Истото и мене ми го кажуваа, се ќе се смени, еве уште немаме деца нема ништо се променето, се си е исто, здравје да чекам деца кога ќе имаме па да видам што ќе се смени.
    Имав напишано некаде дека во мојот случај дури и е дошло до напредок. Мм дома е бил како цар, не е перел, не е пеглал, не правел ручек, еве од кога е во прак сите домашни обврски ги завршува кога јас не сум слободна.
     
    На Panda00, tambelina, LadyD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mockingbird

    Mockingbird Нов член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите членки, нова сум на форумов, па би сакала чисто душава да ја испразнам.

    Мажена, со две деца, пред година ипол му фатив муабети на сопругот како комуницира со колешка, разговорот без на hide на вибер, со тоа што кога го конфронтирав со ситуацијата, го избриша целиот разговор во милисекунда и после тоа нели се убедувавме година ипол дека немал ништо со неа, дека се било платонско хахаха. Земајќи предвид дека имавме две деца, не сакав да им го срушам светот на децава, бев решена да дадам уште една шанса, но за жал, повторно фатив и овој пат убави разговори каде што можев да си направам и сликички со некоја девојка каде што си пишуваат експлицитни муабети.. Овој пат немам желба за смирување, и по разговор со него, решив да си ја зачувам гордоста што ми остана и поднесов бракоразводна постапка. За некое чудо, најверојатно пошо немаше како да мота партали, се согласи на бракоразводната постапка.

    Прво се изненадив од самата себе, колку добро и лесно го поднесувам сево ова, но некако дури се плашам дека трупам само во себе, или незнам можеби потсвесно имав чувство дека пак ќе се лизне, и некако дали на толку зборување сепак се дрзна на вакво нешто пак, некако ми е чудна мојата смиреност. Немаме апсолутно никаква кавга сега за сега барем. Ниту се вреѓаме, караме ништо ништо.

    Закажав разговор со психолог ( за прв пат) наредна недела. Сакам да разговарам на темава со професионално лице, бидејќи сите други се генерално пристрасни за сето ова, и не сакам да ме полнат со негативна енергија.

    Но сопругот ( наскоро екс сопругот) ме убедува да одиме сепак и на брачно советување. Не ја сфаќам поентата, бидејќи секако веќе се поднесени документите за развод, ниту имам желба за смирување со него, но мислам дека можеби добро ќе дојде, за да научиме да комуницираме полесно и подобро во иднина, поради децата.

    Дали има некоја прво чисто совет кои точки би требала генерално да ги опфатам при разговор со брачниот советник ( во врска за комуникацијата и грижата околу децата)?

    Дали имате некој добар брачен психолог од Скопје да ми го препорачате.

    Моментално одат работите глатко, но сепак сакам да бидам подготвена за не дај Боже..

    Фала однапред.
     
    На lilyen, Snowflake97, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. awkey

    awkey Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    4.753
    Пол:
    Женски
    Според мене, твојата постапка е разумна и за пофалба е начинот на кој си ги износила работите. Најважно е ти како се чувствуваш и да ги правиш работите онака како тебе ти одговара, а не да попушташ на неговите молења. Ако сакал советник, можел тоа да го направи моментот кога ја осетил кризата кај него во глава. Патење и трпи-трај не се решение, ниту за тебе, ниту за деца, зошто децата ги гледаат, слушаат па и ги чувствуваат работите кои се случуваат меѓу мама и тато и тоа е уше полошо, а не подобро за нив.
    Според мене, прво види се со психологот, разговарај, макар и неколку пати, па после види “каде стоиш” и дали сакаш да одиш на брачен советник. На крајот од денот, ако сфатиш дека не сакаш да се разведеш секогаш можеш да ја прекинеш постапката и да се договорите.
     
    На bookslover, _Nofilter_, Paula123 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mockingbird

    Mockingbird Нов член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Хај, еве кој рано рани ко мене :) Здраво :)

    Фала за одговорот прво.. Искрено не сакам да ја прекинам постапката, претходно сум му спомнувала за развод затоа што на некој начин сакав да ја сфати сериозноста на проблемот и колку пример тоа што се деси минатата година ме имаше погодено, но сметам дека не ме сфаќаше сериозно. Немам желба за смирување, не знам како да го опишам чувството. Можеби е точно тоа што мајка ми ми го кажа дека јас во мојата глава сум била разведена од него уште од минатата година па дека затоа вака сум смирена.

    Дури со него разговарав, и како ми рече имам неколку работи кои сакам да се почитуваат и во иднина без разлика што ќе бидеме разведени, демек важните празници да ги славиме заедно ( Бадник/Божик/ родендени на децава), и наводно барем еднаш во две три недели, да излеземе со децава заедно, за да не го имаат чувството на тоа дека цело време се или со мама или со тато. Се согласив без проблем за тоа, бидејќи не сакам воопшто да му оспорувам за децата. Кога сака колку сака нека ги зема, нека ги шета итн. Се уште се мали децава за да преспиваат кај него во иднина, но натаму и тоа ако се спомне, немам проблем ич.

    Стравот најголем ми е дека откако ќе се финализира постапката, да не се смени нешто. Сега мислам дека уште не го удрила реалноста, и дека можеби мисли со тој брачен советник дека нешто ќе се смени. Ние претходно зборевме веќе од Септември да почнеме со советување, амааа се деси ова што се деси, и сега не ја гледам поентата. Не знам..
     
    На Snowflake97, _Nofilter_, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  20. awkey

    awkey Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    4.753
    Пол:
    Женски
    Според ова, мн здраворазумски и возрасно од двајцата, искрено ретки разводи се вакви. Сепак- судот во пресудата ќе ги има сите работи за кои сте се договориле и во иднина недај боже ако се сменат работите од него страна нема да може ништо да направи без тебе, особено за децата. Во секоја бракоразводна постапка судот најмнгу гледа децата да ги заштити, дури поише и од вас. Најди си добар адвокат, распрашај се, и биди без гајле. И да, мајка ти е во право, но можеби и двајцата не ве удрила реалноста, затоа е мн важно да ги согледаш работите со психолог и тоа ти е мн добра одлука.
    Инаку, може и судот да ве испрати на советување пред да се донесе конечна одлука има и таква пракса.
     
    На _Nofilter_, Dentina, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.