Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    2.297
    Пол:
    Женски
    @Mockingbird бидејќи имате малолетни деца секако ќе се вклучи и социјалната служба и ќе минете 3месеци низ процес на мирење. Ова е само формално, во реалноста ќе бидат само неколку разговори. Не знам дали воопшто ќе имате некаков бенефит од тие разговори. Доколку навистина имате некое позитивно искуство при тој процес би Ви била благодарна доколку споделите.

    За поздравување е колку стабилно и зрело се справувате со ситуацијата.Ви се восхитувам. Да не должам, само ќе кажам дека се согласувам со членката над мене, го делам истото мислење со неа.

    Среќно низ процесот, трпение читам имате.(fingers) :f:
     
    На Snowflake97, CameliaMiller, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mockingbird

    Mockingbird Нов член

    Се зачлени на:
    10 март 2026
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски

    Да, адвокатот ми сподели дека ќе бидат и социјалните служби дека ќе мораме да ги посетиме и дека генерално е формалност сето тоа. Дека всушност ќе сакаат само да направат проценка за тоа како функционираме како родители и каква е комуникацијата.

    Ќе споделам искуство за се здравје. Некако ме радува моментално фактот, што и на двајцата главната цел ни е што помала траума да им се направи на децава. Успеавме да се договориме и за имотната делба, што прво ми беше страв што ќе биде како ќе биде.. Но не знам ќе видиме се со време.

    Поздрав и повторно ќе речам ако знаете некој добар брачен советник препорачајте. Некако беше многу решен за да одиме сепак без разлика што се оставаме, па иако мислам дека е за џабе, ако тоа ми е некоја “гаранција“ дека ќе имаме поглатка комуникација, ќе се решам и на тоа.
     
    На JasBee11, Dentina, awkey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    2.297
    Пол:
    Женски
    немам лично искуство ,но познавам задоволен корисник на нејзините услуги.
     
  4. Slevin Kelevra

    Slevin Kelevra Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Искрено би те советувал да си поставиш стриктни граници дури и на хартија. Вака можеш да се доведеш во ситуација тој да прави што сака без никаков обзир за твои потреби и обврски. Башка со ова што го пиша погоре си ја отежнуваш работата за наоѓање нов партнер бидејќи тој треба да прифати да влезе во тој чуден еко-систем кај што партнерка му искача повремено со бившиот сопруг. А секако и без тоа ќе наидеш на потешкотии како сингл родител.
     
    На Mr.Limonko, JasBee11, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Машки
    Браво бе типче, жената уште неразведена ти и даваш совети за нов дечко што да пази :clap:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Slevin Kelevra

    Slevin Kelevra Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Најјако е што совет за граници и самопочит успеа да го претвориш во муабет за "нов дечко". Имам другарка која е разведена. Од нејзиното искуство пренесувам. Неа 90% од животот и е диктиран од бившиот сопруг ради непоставување граници. И се дешава да и се јави 2 саати пред договорен термин за оставање деца да и каже: пред зграда се јас отидов. Не дадов совет "за нов дечко што да пази". Советот е да внимава на сегашните одлуки кои ќе и го зачуваат менталното здравје
     
    На M&M, Panda00, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  7. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    158
    А што лошо и кажа на жената? Итоа како е точно ова што го пишал, треба да наведеш се до детали како ќе постапуваш, и со деца и со имот, и со нивно гледање, многу се менуваат работите кога маж ќе сфати дека жена му (бивша), ќе има друг партнер, и друг ќе му ги гледа и воспитува децата, кај нас на Балканов многу тешко тоа го прифаќаат, затоа се треба точно до детали да се наведе во разводниот процес (договор). Плус што е навистина тешко, некој нов партнер да ти прифати дека ќе одиш кај бившиот маж, да славиш празници, или да шеташ по еднаш месечно со него и децата, а да не збориме за викенди и одмори. Ако постои партнер, на Балканов посебно, што ќе прифати да му оди жената/мажот, со бившиот и децата по одмори, ручеци, итн. а тој/таа дома да седи сам/а, за сите важни настани и празници, јас ironmom не се викам!
    Советот е на место и се е така како што кажал членот погоре, сега вика дека му е исто, ама утре може ќе смени и ќе сака да си прави по негово, ако е така запишано во договорот, немаш повеќе права да се буниш.
     
    На Ladyme, Panda00, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Slevin Kelevra

    Slevin Kelevra Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Дури и со запишани правила по договор, ЦСР мизерно работи и пак се можни главоболки. Мислам дека се работи за неискуство кај членот и затоа таква саркастична критика
     
    На Panda00, JasBee11, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    158
    Да, ЦСР со ништо не се замара, ама важно е да си има документ на кој јасно ќе пишува, кој е старател и кај кого ќе се децата, кога ќе ги зема точно кои денови, дали ќе е тоа викенд или раб ден, дали ќе преспиваат кај него, колкава да е алиментацијата по дете, итн. Секогаш точни и јасни работи да се запишани, така имате поголем физички доказ ако утре дојде до неспоразум, вака немате ништо, само на збор кажно.
    Ако не се испочитуваат правилата што ќе ги даде ЦСР, имате право да поднесете тужба спрема бившиот, и тие може да му го укинат целосното право за гледање на децата. Ова е само како пример кажано.
     
    На Forca, JasBee11, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    2.297
    Пол:
    Женски
    Тоа што цср го изготвува се вика решение за видување,и го прават во ситуации кога партнерите не умеат да се договорат, или имаат крајно нарушен односи поради семејно насилство. Не знам дали судијата ќе се согласи цср да изготви такво решение , можеби е можно доколку и таткото се согласува. Ова се работи за кои членката треба да се советува со некој добро поткован адвокат на кој му се специјалност овие спорови.

    Јас лично не би уредувала унапред хипотетички ситуации. Реално, кај нас тие договори не ти менуваат многу ако дојде до нарушување на односите,бидејќи и околностите се менуваат. Тие решенија се изготвуваат според моментални околности (возраст и потреби на децата, работни обврски на родителите , можности итн) а околностите и потребите со текот на годините се менуваат.

    Писмен адвокат и тоа е тоа. Препорака за адвокат немам. Мојот адвокат кој ме застапуваше премина во друга специјалност.
     
    На JasBee11 и Dentina им се допаѓа ова.
  11. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    2.297
    Пол:
    Женски
    Правото на видување може привремено да се ускрати и без тужба ,тоа го прави самиот центар. НО верувајте дека ретко кој тоа го спроведува. После низа неуспешни мерки можат и предлог за одземање на родителско право да поднесат,ама не се замараат. Јас би рекла -,,да не ви затреба!,, оти трнлив пат е тоа, за жал , најчесто, без позитивен исход.
     
    На Snowflake97, JasBee11 и IronMom им се допаѓа ова.
  12. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Машки
    Ти како да не живееш во реалниот свет (facepalm)
    Што ќе уредуваш во официјален документ, дека стариот партнер мора да прифати дека ќе имаш нов партнер и како да се однесува во негово присуство?! Кој ќе ја спроведува правосилноста на тој документ?
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Slevin Kelevra

    Slevin Kelevra Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Се согласувам сепак и при пријава на непочитување на решението, сум чул дека не превземаат ништо посебно. Да не идеме офтопик членката треба да си знае дека со согласување на се што ќе и побара бившиот не го спречува патењето на децата и само себеси си штети. Развод е, нема да биде ништо убаво. Децата ќе патат ама поради постапките на родителот кој извршил неверство. Ако таа не извршила неверство совеста треба да и е чиста и само да се помири со тоа дека избрала погрешно
     
  14. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    2.297
    Пол:
    Женски
    @Mockingbird не сум те означила
     
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.342
    Допаѓања:
    44.450
    Семеен и едукативен центар Алтернатива во Скопје.
    Немам лично искуство, но препорачани ми беа од особа во браншата за блиски луге.
     
    На M&M, Mockingbird, Madi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    158
    Ти си поминал низ овој пат, да знаеш како е?
    Знам што зборам и како било кај мене, кажав да си пише во документот кога да ги гледа децата со стрикни денови, стрикна сума за алиментација, стрикно кој ќе се води како нивни старател, а не дечко дали и треба да има. Ако пишеш по договор гледање, може кога сака да ги види и донесе дома, без твое знаење, а ако ти како мајка си нивни старател ти ќе бидеш одговорна за тоа. И препрочитај ми го пак мислењето, убаво кажува и дечкото погоре, и јас, очигледно не знаеш што пишуваме или не си поминал низ тој пат.
     
    На Panda00 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  17. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    158
    Знам, се ми е јасно, затоа и пишав дека е како пример кажано.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.958
    Допаѓања:
    49.660
    Да, у право си требаше да предложи неколку манастири и бунари за секој случај.

    Нејсе, мене ми нема логика за брачен советник кога бракот веќе одамна го нема, особено што еве вака на хартија и двајцата сте разумни особи.

    Исто така, не гледам никаква причина да искачате со децата како семејство, кога тоа семејство веќе го нема и да ги буните уште повеќе. Ок, ако слават родендени, матури, свадби нормално да се каните еден со друг и да си одите, али повеќе од тоа јас не би советувала.

    Мене ова ми личи на манипулација од мажот уште да те има у раце колку толку оти знае дека ретко кој твој следен партнер ова би го прифатил, што реално и е така.
    И плус да ја намали неговата одговорност за растурање на семејството со тоа што децата ќе мислат ааа види мама еве седи на маса јаде со тато на некоја рандом Недела, па зашто уопште се развеле зашто не се смират. Најверојатно и ќе да те манипулира со тоа еее видиш како си седиме ко фамилија, па и децата сакаат греота за нив и ти наравно можда и ти би си рекла зашто не, иако вака се ти изгледа бајно и сјајно од негова страна. Не си ставај трн во здрава нога.

    И уште еден совет, што многу можда нема да се согласат, али мора да им се каже причината за развод на децата. Од почеток.
    Не мора директно ако се мали, па и у детали, али едно тато направил беља или ако се поголеми бил со друга тетка, оти 80 посто од овие гревови ако останат у контакт со децата, го искористуваат како ас да ги вртат децата против мајка им демек она го растурила семејството.
     
    Последна измена: 11 март 2026
    На mimiiiii, AlmaOculta, Panda00 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    12.860
    Пол:
    Женски
    Маж и секако сака да ја држи и манипулира. И ова што е сега фин и се тоа, за да се премисли.
    Не верувајте на маж, особено ако веќе два пати изневерил.
    Нему не му било гајле да оди со други додека она со деците дома, сега многу разумен и широкограден. Ахам да.
    У прв момент кога ќе сфати дека нема контрола врз ситуација, ќе се види правото лице. Сега се уште има надеж да ја поправи ситуацијата.

    Друго, се разведе ли еднаш, ако дојде воопшто до тоа, ќе стане ексклузивен со новата женска и после мижи митро и деца и средби и се. Ако воопшто плаќа алиментација, арно е.
    Од сите бракови шо се разведоа околу нас. И сите тарковци што наоѓаа начин еднаш во неделата да се видат со децата, и плаќаа алиментација и се, на крај после година-две -три сите фатија девојки и се преженија и добија деца со новите жени. Они оформија нови семејства, се убаво, ама поранешните ни една не се премажи и останаа со децата да им е и мајка и татко. Што не е ништо лошо пак, туку сакав да речам, едно се планови, друго е реалноста.
    Кажал шо кажал, глеј што направил и не се врти надзат.
     
    На mimiiiii, winnie02, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    158
    Ехеее, не да и прави со ова манипулација...
    Сам сака да си се заштити, и да биде прав пред децата со тие средби и фамилијарни ручеци. Јас не би одела на такви средби ама ич, дури и на родендени, ако сака друг ден нека ги земе, исти ден не сакам да го гледам околу мене, не па ручек со него на маса, море мрш! Ништо не ми треба.
    Алиментација треба и мора да плаќа, оди до крај со тоа, ако не исполнува услови 3 месеци, пак пријави го, досаѓај им на иституцииве, посебно па сега еве демек под стрес се и повеќе засегнати. :rofl:
    Не оставај да си ужива, а ти да гледаш деца сама. Терај до крај постапка и не му верувај на манипулации, добар демек и грижлив, а прва прилика да си најде жена, ќе видиш колку е добар и грижлив, кога ќе сфати дека те нема "во раце"
    Што побрзо спаси се од канџиве и манипулацииве.
     
    На Gosh и JasBee11 им се допаѓа ова.