Колку што знам се плаќа 1500 ден. по дете алиментација. Неможе ни градинка да се подмири. Некако најправедно е една недела кај еден родител, друга кај друг. Ама па такво шетање за децата дали е ок
Не, алиментацијата зависи од висината на платата. А секако, една недела не е воопшто добро за децата, треба да имаат една средина каде што ќе им биде примарен дом, 2-3 дена во неделата, најдобро викенд според мене, да се кај таткото, се ќе им се направи каша-попара со ова по една недела, замисли и училиште, па друга населба ако е, па други другарчиња, сето тоа е премногу за децата.
Точно али трпи социјалниот живот на родителот во примарниот дом. Во овој случај членката е и изневерена и преокупирана со работа во домот и мајка и татко додека бившиот ќе има поише слободно време него додека бил во брак.
Е така е, ама децата не треба да се на трето место. А знаеш колку татковци кај нас на Балканов, се замараат околу оваа проблематика? Дали 20%.
не навлагам во тема какви се мажите какви се жените, да збориме од аспект на човек. Муабетот беше дека тој што се испосрал на бракот и на децата, треба да биде казнет. Вака бившиот ќе добие слобода за нови врски, многу веројатно ќе ги опсипува децата со подароци за да "ја купи" љубовта на децата ради ограниченото време со нив и со тоа пак негативно се влијае на децата
Фала ви на сите за советите и одговорите. Прво да потенцирам дека доказ за физичко неверство немам, емотивно неверство ( пишување), но во муабетите од последново имаше и муабети од типот ќе се видиме здравје итн итн. Мислам дека човеков не е свесен што се дешава, мисли дека иако имаме поднесено бракоразводна постапка, дека најверојатно ќе можеме да продолжиме заедно понатаму кога “ ќе спласне прашината“. Искрено не размислувам за дечковци или идни партнери, бидејќи моментално искрено ми се повраќа од самата помисла. Самиот факт каде што мислиш дека ете направил грешка претходно, иако не ми беше за оправдување никогаш, цело време си давав некои оправдувања за тоа срање, ама овој пат не можам да прегледам низ прсти, ни за деца ни за никој. Не можам да кажам дека иако сум доста смирена и сталожена, сепак срце ме боли, некако не можам да сфатам зошто пак вака би постапил, кога знаеше колку ме повреди и првиот пат. Факт е дека не ме ни сакал, штом пак се дрзнал, така што тоа е што е. Вака што можев да заклучам е дека препорачувате сепак да се стават точки колку дена во неделата тој ги зема. Некоја која веќе има некој план да сподели? Ко на пример два/три пати во неделата? Секој втор викенд да ги зима? Ај ако не ви е мака уште ова советувајте и тоа е тоа. Поздрав и фала уште еднаш
Инаку видов дека зборувате за алиментација. 9000 ќе му биде алиментацијата евидентирана во документ, што ќе мора да ја плаќа месечно за што се согласивме двајцата, додека не тргнат во школо. Адвокатот прво викаше малце е, ама искрена да бидам, финансиски сум стабилна и независна и реков нека биде 9000 за да избегнам некои други потенцијални проблеми од негова страна, но рековме дека после ќе мора да се зголеми од 200-250 еур нарочито штом се тргне во школо.
@Mockingbird да, се да наведеш јасно и концизно во договрот, не оставај на кажан збор, зборот не важи како доказ никаде. Според мене секој викенд од петок до недела, ако не може некогаш за викенд, нека се тоа и работни денови, ама немој помалце од 3 дена во неделата, треба да си научи свои обврски околу децата, и сосема сам да го оставаш со нив, мислам ти да не си присутма секогаш, тоа е мое мислење, од почеток да им покажеш на децата дека мама и тато се одделени, а не само дополнително да ги збуниш. Запиши се во јасни точки во самиот договор, преку ноќ може да се смени се што му е на збор кажано. Алиментација, ако е по ваш договор исто така пиши ја точната сума во договорот, добро е што сте се договориле околу тоа, иначе судот според неговите примања ќе одлучуваше. И да, малце се 9000 ден. целиот трошок паѓа на тебе, ама штом и за поматаму имате договор, и можеш да се сносиш со товарот, нека биде така пишано. И за имот заеднички ако имате, мораш да наведеш како би го поделиле, и што би направиле со него, не го заборавај и ова во детали да го пишеш. Ако треба нешто прашај слободно, побрзо да го завршиш сето ова, ти посакувам.
Фала ти за одговорот. Јас имав замислено пример, доколку за викенд не ги зема мора во неделата три дена да ги земе преку работна недела, ако останат викендот со мене, а таа недела што ќе ги земе викендот два дена да биде преку неделата по неколку саати и сабота/недела без преспивање. За имотот се договоривме, јас останувам во станот кој е заеднички и за жал со кредит земен кој јас ќе продолжам да го исплаќам, а он ќе ја земе колата и нешто ќеш како некое обештетување. Мислам дека ќе оди под кирија пошо не сака да се врати кај неговите ( не ме интересира, што сака нека прави). Затоа и се решив на пониска алиментација првично, пошо вака збореше демек за што треба ќе имаме компромис дополнително, а и бидејќи јас најмногу сакам да си останам со децата во станот, па цело време некако кружам околу за да биде горе доле нештото прифатливо и за двајцата, макар работела и во моја штета до негде, ама ако видам дека неможам сама, ондак тоа е тоа, ако не сака да додава пари самиот ќе му удрам натаму тужба за зголемување на истата.
Супер ти е околу земањето, напиши го баш така, како што го мислиш. Најдобро е да останат децата во заедничкиот стан, да не им се менува премногу средината на која што се навикнати, да не биде тоа дополнителен шок за нив. Алиментацијата ако сакаш да ја зголемиш мора со тужба, да. Зборни и со асвокатот околу целиот договор.
@Mockingbird имотната делба е засебна тужба од бракоразводната. Имотот на посебно рочиште ќе го решавате со друга тужба. Се надевам дека таткото ќе остане вака соработлив и понатаму. Сепак биди мудра. Околу уредување на решението за видување и двајцата ќе дадете предлози согласно работните обврски кои ги имате,доколу не успеете да се договорите центарот наместо вас ќе одлучи. Тука спаѓаат и летни/зимски распуст,боледувања, празници како Велигден,Божиќ,родендени,имендени,куќни слави... Некои несогласувања меѓу родителите одат до таа крајност што се решава и кај кој забар ќе одат,кој ќе им биде матичен лекар ,во кое училиште ќе учат итн. Висината на алиментацијата е очекувано да се менува бидејќи се менуваат и трошоците и потребите како што растат децата. Кај мене во решение за видување таткото имаше видувања секој втор викенд со преспивање бидејќи не живееме во ист град , детето тогаш тргна прваче. Родендени и празници не го интересираат. Алиментацијата првично беше 3илјади и после деценија ја покачи судот на 9.
Колку е добро кога и двајцата родители ги тргаат на страна брачните проблеми и се согласуваат околу грижата и добробитта на децата. Спојлер: мојот поранешен Мојот поранешен сопруг, пред да замине на службено патување имаше дадено клуч на трудна швалерка од нашиот семеен дом,домот кој заедно го изградивме,домот каде детето ни растеше. Каков шок и стрес беше тоа за нашето дете, кога швалерката ни го узурпираше домот,не можам да опишам. Кога читам вака разумни луѓе,како решаваат проблеми ,ми ја враќаат довербата во човештвото.
Мене ова ми изгледа, мислам на мажот, to gut to be true. Како и други што кажаа мене ми стои на манипулатор, нестабилна личност, во која не треба да има човек грам доверба, сепак прави работи позади грб, и тоа не само еднаш, демек лапсус беше. Бидејќи ако е спротивно нема скришно да се допишува и да лаже не една него повеќе жени вклучувајќи ја и мајката на неговите деца. Со овој се црно на бело со секоја точка убаво објаснета и напишана и подалеку од вакви, со сила глумење од време на време фамилија е исто непотребно.
Ауч леле не ми се верува. Епа баш поради вакви или слични стравови, одма му реков дека мора да се направи имотна распределба. Маж ко маж ќе најде некоја ќе се заљуби ќе ја остави трудна, па после ќе дојде тука дел ќе ми бара од стан, ма ќе го запалам станот попрво, кога знам со колкава мака и пот го имаме земено. Не ми се верува еј што прочитав, добро во такви случаеви не можеше да се реагира во полиција нешто? Сепак таа не му била ништо законско, можела и да речеме да лаже дека е негово, а на него курот да му се исечеше не биваше?! Аууу не ми се верува
Се работи за човек насилник, психопат, успешен човек,јака фамилија, навидум добар и успешен граѓанин кој е општествено добро прифатен (поради финансиска моќ,нормално)...локалното МВР (отпосле ги пријавив и дисциплински ги казнија на плата но штетата беше направена ) не реагираше со изговор дека женава имала клуч,а тој има ,,свои луѓе,, буквално во секоја институција и овој потег му бил планиран. Знаеше дека ќе го одберам детето пред куќата и ќе заминам,но и дека нема шанси да нападнам бремена жена. Згора на тоа ја жалев бидејќи и таа беше тепана и уценувана од него. Иако тие мислат дека ме изиграле, не гледам така на нештата. Тогаш бев преплашена,засрамена, и огорчена и бесна,тажна,разочарана,чувство на немоќ,вина...тон негативни емоции. Во тој момент само гледав да се разведам од насилникот.Имав поднесено и кривична (условно го осудија) ,и искрено најмногу стравував дека ќе ми го однесе детето бидејќи е со двојно државјанство.Имав и закани по животот,и кон мене,и кон мојата фамилија. Се изолирав од сите блиски , немав сведоци ниту во брако разводна постапка ,ниту во кривична, ниту во имотна, поради закани и ризик да изгубат работа или да им го загорчува животот на некој негов мизерен начин. Имотно правната делба не заврши како што очекував,но тоа е тоа. После повеќе од деценија,животот денес ми е исполнет со малкуте искрени сакани луѓе, добар сопруг,три деца (четврто на пат), куќа во изградба (ете и уште една ќе изградам ) . За жал траумите од насилство никогаш нема да исчезнат во целост ниту кај мене ниту кај детето. Тука-таму некогаш знае несигурноста и недовербата да ми прават сопки во брачните односи со сопругот,среќа што ме сфаќа па има разбирање и трпение и знае дека ми треба време да испроцесирам одредени ситуации. Најголемата борба ми е благосостојбата на детето, кое сеуште трпи психопатски вербални тортури од биолошкиот татко,психолошки го тероризира по пораки, но и тоа ќе заврши. Нема тој толку зло,колку што имам јас љубов и трпение да всадам во тоа наше дете. Можеби наивно е, но навистина сакам да верувам дека постојат и зрели ,разумни луѓе кои решаваат проблеми на цивилизиран начин, се надевам вие сте едни од нив. Совет , кога ќе разговараш со психолог консултирај се кога и како да ги информирате децата за разводот. Иако се децата мали ,ги чувствуваат промените и секогаш има соодветен начин да се разговара со нив за да се намалат траумите.
Жал ми е низ тоа што си поминала Многу ми е мило што си среќна сега Кога читам што се има, какви луѓе постојат од мажи ми се приповраќа, тоа се монструми
Тамбелина, детето твое има голема среќа што те има за родител, кога читам каков е другиот. Ми се чини неколку деца што ги познавам од семејства каде имало/има од овој тип проблеми, се постојано во некој мод на преживување, и невротицизам. Тебе не те скршиле, овде не е само партнерот, туку и сите кои го поддржуваат, му помагаат во изживувањето и слично. Познавам препаметна, преспособна жена која е толку истоштена во моментот што не му ги удира клоците на крлежот, овде за крлеж се работи фигуративен и скоро буквален, ми се чини животот го цеди од неа. Ни парите не се чак овде проблем, освен за него ако го остави, и децата за жал сфаќаат што се случува и се на страна на мајката, а тој користи буквално кагебеовски методи на следење, заплашување и топло ладно играње. Кретенот уште се чуди зошто не е сакан и посакуван. Од една страна нема место за директна интервенција, од друга многу малку сме тие што знаеме до каде оди неговото лудило. Нарцисоидните, ајде да не велам психопатите пошто овие имаат емоции, изобилно ги користат сите трикови во книгата, што иако знаеш дека ти прави гаслајтинг, сепак почнуваш и сам да се преиспитуваш. За жал, немаат милост ни ради децата да се престане со психопатење. Фала богу си се извлекла. Ако нешто научив од примери околу : од злото се тргаш, бегаш, не се докажуваш. Тоа е нивен терен каде се врвни манипулатори. Некогаш се чудам како да помогнам освен да сум пријател и да нудам пари иако парите не се проблем. Советите по еднаш двапати ги кажувам. Гледам да не тупам со непобарани совети. Само да сум морална подршка ама не знам дали е доволно. Кога не живееш близу некого е тешко нијанси да се приметат. Што ти помогна тебе најмногу од околината, извини што те прашувам. Вербална поддршка, практични работи, совети? Немам лично блиско искуство со префригани социопати, не знам што помага најмногу, само знам дека "системот" : не е тоа.
@Dentina најмногу ми помогна тоа што почнав нов живот,во друг град,нова средина, далеку од насилникот и се омажив по втор пат. Направив листа со приоритет на проблемите, и така ги решавав. За жал тогашната швалерка го зазеде моето место на секојдневна жртва,му роди деца... Првите чекори и одлуки ги направив и донесов претежно сама. Воопшто не беше лесно, сите институции не изневерија. Првиот адвокат ме изигра. Тој ден го допрев дното. Немав сила да си наштетам,сакав ама не можев, немав кому да го доверам моето дете. Немав избор , морав да се соберам. Моето дете ме имаше само мене,а веќе неколку пати ми висел животот на конец,јас бев хаос, морав да излезам од хаосот. Со мене беа ,една и единствена другарка која не ни живее во ист град со мене, потоа и мојот втор сопруг,тие двајца ми се најголемата емотивна,психолошка,финансиска,правна поддршка. И двајцата се рационални,трпеливи и исклучително сталожени личности. Покрај нив не можеш да бидеш хистеричен. Ниту еден од нив не зборуваше за насилникот,со мене зборуваа само за можни решенија на проблемите поради него. Другарката,многу ама многу ми помогна со еден огромен проблем (трговско правен проблем). А сопругот, сопругот ми е подршка секој ден, најмногу така што го засака и прифати детево како свое ,подршка ми е воопшто со децата, и со домаќинство, и со работа. Верува во мене. Ме почитува и цени. Секогаш кога се сомневам во себе тој е тука да ме свести дека можам. Тој ме научи на трпение. Ме прифати со сите мои маани и трауми без да сака да промени нешто на мене. Развод и кривична траеја околу 10месеци. Имотно правна разврска се влечеше 5години. Значи потребни се години трпение да ги затвориш сите ,,дупки,, од минатото и да се врати човек во колосек. Спојлер Тој оди кај првово на родителски ,јас сум била драма квин многу сум зборувала ,така вели тинејџерката. Абе дете си се огледува на него ко од него да е, ете толку е залепена. Некогаш плачам,ме боли што нејзе ја боли, иако маж ми прави сЕ како татко ,сепак не е доволно. Детево знае да каже,, зошто не сум и јас негова ќерка,, а Е, во ништо никогаш не ја дели. И тогаш сфаќам дека копнее биолошкиот татко да биде ТАТКО,како ,,чале,, . Уште таа болка да можам да и ја земам ,да не ја повредува ништо повеќе. Си велам ќе порасне,ќе созрее, ќе разбере и ќе и помине...се сомневам.