Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    За психолог и семеен психотерапевт Александра Петровска - Наратива. Ја има и на фб. Ти ја препорачувам.
     
    На Mockingbird му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Не. За случувањата и сомнежите со колешка пишував за мојот сегашен сопруг. Не беше до него ,туку до мене.Траумите кои си ги носам од бившиот,си го земаат данокот.
    Колку и да работи човек на себе, траумите никогаш не исчезнуваат.
     
    На Biljarkata, Amica geniale и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  3. Amica geniale

    Amica geniale Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    204
    Не поддржувам неверство, ако во бракот постои неверство секој треба да си отиде на својата страна.
    Балканскиот менталитет е многу лош,после разводот настанува војна помеѓу двајца,раскол,им се полнат главите на децата,не им се дозволува на децата да го видат едниот родител, јас познавам случаи каде мајката или таткото не дозволува никаков контакт со децата,ова е катастрофална грешка која се прави,од лутината и лошотија страдаат само децата. Сите роднини стануваат стручни лица .
    Без разлика каде е проблемот дали е во едниот или другиот родител,и двајцата мора да имаат човечки односи заради децата.
    Не им ги полнете главите на децата,не им ја отежнува те состојбата,биде луѓе заради нив,ако се мразите и колните и не сакате да се видите таа ваша лутината не ја искажувајте пред децата.
     
    На Mockingbird, st-el, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.472
    Мислиш дека само балканскиот менталитет е таков? Насекаде има непријателски разводи. И киднапирања деца и неплаќања алиментации и отуѓување. Нема територија ендемична за неразумни луге, секаде виреат.
     
    На Biljarkata, st-el, Madi и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Amica geniale

    Amica geniale Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    204
    Се согласувам со вас дека насекаде има непријателски разводи, разни и разни ситуации на разводи.
    Но овде на нашиот Балкан каде се сечи врската помеѓу родителот и детето,ние Балканците како народ сме си супер но кога станува збор за развод настанува меѓусебна војна,каде најпогодени се децата. Секоја чест на оние кои на прво место ги ставаат своите деца и после разводот животот со тече како што треба.
    Дури и овде на форумов прочитав во случај на развод мајката нема да дозволи на таткото да ги гледа своите деца. Некако се се врти околу личниот интерес.
    Познавам ситуации и ситуации каде децата немаат никаков контакт со едниот родител.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам некој да ми пише лп, по можност женско.
    Не е лично мој проблем, ама на некој начин сум вклучена во ова.
    Не можам тука да пишам затоа што мислам дека е премногу лично па да зачувам идентитет на форум..
     
    На Mockingbird и Dekoo им се допаѓа ова.
  7. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Јас мислев да не споделувам јавно ама сепак ќе се обидам во кратки црти затоа што навистина немам со кој да споделам, а ми треба некој да ме посоветува што да правам.
    Може и не му е местото во темава, ама не знам која друга е по соодветна, па ако треба нека го преместат мислењево во соодветна тема.
    Мајка ми го има изневерено татко ми, татко ми дознал и сега е хаос дома.
    Се договориле најпрво да останела и да и простел поради нас. Ама она како сега се однесува кон неа е според мене чисто насилство. Не оправдувам тоа таа што го има направено, ужасно е, ама не е начин да седат до сабајле и да се расправаат. Извадил сега листа на повици и за кој повик со тој човек се дере и прашува што и како правеле секој ден и што зборувале.
    Татко ми исто има неверство малку поодамна кое што траеше со години.. Кога се ова со мајка ми се дозна не собра сите и ни кажуваше како неговото било по добро и што се правеле со таа жена тогаш и како било друго, а ова било друго и како функционирале семејствата кога имало неверства, ама нејзиното не било такво, незнам ни јас веќе што има кажувано.
    Ги вмешал сите што ги познава, баба, дедо и сите ми зборуваат како мајка ми била лоша, како да стојам до него... Јас навистина не знам што да правам, сум и лута не оправдувам, ама сепак ми е мајка и ја сакам. Што знам секогаш од неа повеќе љубов имам осетно и помалку токсична била кон мене.
    Јас сум финансиски зависна, студирам, морав да ги продолжам студиите на нивна иницијатива затоа што неможам да најдам работа со тие што ги завршив или потешко се наоѓа, а нема шанси да работам и студирам, задолжителни ми се повеќето часови и некои денови сум по цел ден на факултет.
    Единствено решение ме е што планирам да се отпиша најдам работа, да најдам друг стан да им се изгубам од животот и никогаш да не ме најдат. Само не можам никако да соберам храброст за ова, незнам зошто ама јас многу се плашам од татко ми без разлика што сум во 20 тите, секогаш ми го контролира живото, а јас се плашам да се спротивставам, се плашам од последиците бидејќи не знам што се неможе да му текне.
    А ако останам на факс и тие се разведат, а големи се шансите не знам што би понатаму, сигурно татко ми ќе ме финансира ама нема да дозволува да ја видам, ако е обратно пак исто ќе биде.
    Нему му имам простено сепак ми е татко исто како таа што ми е мајка. Тие очекуваат од мене да им кажам што да правеле дали да се разведат или не, ако им кажам разведете се после јас ќе бидам виновна ќе им текне ама ние си се сакавме ти ни рече разведете се, ако кажам не се разведувајте ќе бидам јас виновна што се караат поради мене.
    Само за викенд доаѓам дома ама се тоа ме мачи во тек на целата недела, не можам да останам повеќе недели ск, затоа што се лути татко ми ако останам за викенди таму.
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    10.494
    Пол:
    Женски
    Тие двајцата се бетер од мало дете .Речи им квит сте сега,простете си.Најдобро периодот да ги избегаваш,ти не си должна за туѓи животи да одлучиш .Така кажи им,а веројатно ако се сакале многу и се уште се сакаат,бракот ќе опстане.Е како ќе тераат понатаму ќе е знак прашалник.Имаш ли брат,сестра,роднина ,некој друг да те поддржи?И така треба, родителите ти се едни и да простиш и на мајка ти .
     
    На senza.parole, Just_a_kid, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    9.743
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ти кажам дека во ситуација кога се караат меѓусебно родителите не е во ред да ги вмешуваат децата особено да ја префрлат на нив одлуката за тоа дали да останат во брак. Тоа е нивна и само нивна одлука. Колку и да се во хаос, како родители треба да ве заштитат вас децата (не сфатив дали си единка, извини..) и дури и да ви помогнат во тој период. Они се сега само во својот проблем преокупирани, сите други се во втор план дури и се користат па и манипулираат да се придобијат на својата страна. Тоа не е апсолутно фер кон никого, било пријатели, било роднини а најмалку кон децата.

    Ти секако дека ќе им простиш, ќе ги сакаш зошто и двајцата ти се родители. Што и да биде во иднина, дали ќе се заедно или не, ти треба да имаш однос со двајцата и ниту едниот ниту другиот не може да ти забрани. Можеби си сеуште во нивно домаќинство, зависна си од нив финансиски, но тоа нема да биде секогаш така. Утре ќе се вработиш, отселиш, ќе формираш свој дом и семејство и сигурна сум дека сакаш да имаш во иднина комуникација и со двајцата дури и ако се тие разведени.
    Затоа убаво кажи им дека нивните проблеми треба да си ги решат во 4 очи, да си одлучат сами зошто што ќе прават. Кажи им дека ги сакаш и двајцата и дека не е во ред да те растргнуваат меѓу себе или да ти префрлаат одговорност за своите постапки и одлуки.
    И фино објасни им дека треба да имаат во предвид дека ако сакаат детето да им биде во домот (што впрочем и ти сакаш), тој дом не може да биде воено поле. Дека ти мораш навечер да спиеш, мораш да учиш и сл. Речи им да се караат на друго место или во време кога се сами или дека ќе мора да прифатат дека и за викенди ќе си надвор од дома.
    Види како ќе реагираат. Не може да те држат како заложник да слушаш нивни глупости и да не ти даваат да се дистанцираш. Или нека си бираат они место и време за кавги, да не те трауматизираат.
     
    На Малечка Малинка, Panda00, hermosa и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Машки
    Не вреди да си го оставиш факултетот, сепак тоа е твоја иднина, ако тие веќе ти ветиле дека ќе те финансираат треба да си го исполнат ветеното. Најголем процент на студентите кај нас функционираат така, реално скапо е да студираш и ретко кој може сам и да студира, да плаќа престој, храна... Може на некој од по не толку напорните факултети, ама штом ти се задолжителни предавањата сигурно и не е некој што се завршува со 3 часа читање пред испит.

    Што се однесува до нив не треба тебе да те користат за нивните проблеми, што се изневерувале се изневерувале еден со друг.. Детето им е дете и на двајцата и кога се во брак и разведени и венчани за други, ти не си виновна за ниту една нивна постапка.

    Јас повеќе не би простил тоа што мене ме користат и двајцата, отколку нивните неверства и не знаењето да си го одржуваат бракот.

    Не знам што бабите и дедовците се мешаат. :drunk:

    Не можеш ти никако да помогнеш нивен брак нивни одлуки..

    Ти нема засекогаш да си студент, ќе најдеш работа ќе застанеш на свои нозе, почитувај ги и двајцата, ако тебе тоа ти одговара. И ете преку нив ќе видиш како утре не треба да изгледа еден брак..
     
    На Panda00, Just_a_kid, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.349
    Допаѓања:
    40.911
    Пол:
    Женски
    Ти да им кажеш шо да прават на двајца возрасни луѓе не можеш.
    И ќе седнеш и ќе им го кажеш тоа - Јас ве сакам и двајцата ама вашиот брак е ваш. Нема зошто ти да ги оправаш. Не е фер од нивна страна да ти ставаат таков товар.
    Нека си ги решат проблемите на овој или оној начин ако сакаат да се враќаш во мирен дом затоа што вака само ќе те оддалечат од нив.
    Ако го сакаат тоа, слободно кажи им нека се понашаат ко мали деца - ама кога ќе се освестат да не те бараат веќе.
    Ти си моментално зависна од нив, ама нема засекогаш да си.
     
    На _Vera_, sparklie, Panda00 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    15.482
    Пол:
    Женски
    Една огромна гушка:l: Во врска со детето, ќе порасне и ќе сфати многу повеќе од што мислиш. :l:
     
    На JasBee11 и tambelina им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.008
    Мислам дека малку поинаков проблем има членката и совет во поинаква насока и треба.
    Татково има его-трип одмазда, неговото неверство прифатливо било, ама од жена поинакво било. Па мора пред публика да се казнува ,,грешникот,, па баби, дедовци, деца, сите мора да ја осудат. И не може избегавање на сцени, останување во Скопје, сите мора активно да учествуваат во судењето.
    Јас да сум, и сега и било кога претходно, би им рекла- очи вадете, слепи одете. Сигурно како возрасна особа, нема кој да ми одредува со кого да комуницирам, и сигурно нема да екскомуницирам мајка, оти така рекол таткото. Е сега моменталната финансиска зависност од татко, тоа не знам. Ќе допишам нешто ако ми дотекне, пошто уствари никаков совет не дадов.

    Пс. Не тераат они далеку. Ќе и ја вади душата, или ќе го трпи или ќе си замине. Ама во оправање не верувам.
     
    Последна измена: 6 април 2026
    На felisitas, sparklie, flawless. и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    9.743
    Пол:
    Женски
    Да, на тоа мислев и јас кога пишав дека во нивната кавга ги вклучуваат, па и користат другите. Уствари членката рече татко и тоа го прави, за да го поддржат него, да и свртат грб на мајката. Треба да си постави членката сама граници кога тие и ги газат, прво се родители после се друго.
    Така и треба да им каже- правете како сакате, мене не ме терајте да одлучувам за вашиот брак. И треба да им каже дека кавгите и сметаат до степен да посакува да не се врати дома, да избега буквално од дома. Тоа треба нешто да им каже на нејзините, а ако и после тоа не се свестат колку негативно и влијаат и продолжат со викање и драми до утро, тогаш се стварно себични родители.
     
    На azelea, Just_a_kid, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.008
    Ама луѓето се обично себични, зошто би биле поинакви како родители?
    Јас, пошто сум магаре (отсекогаш сум таква) би ги седнала да ги превоспитам. Да им објаснам, особено на машкиот родител, дека не е неговото помало или поголемо невераство, дека не останува во брак за никого, особено не заради деца, туку евентуално ради комшиите и оти неспособен е да живее без жена. Да си го стават двајцата прстот на глава и ако стварно им е гајле за бракот, да разговараат зошто воопшто дошло до неверство. Ред солзи, ред мрсули, пар психо-терапии, не дека е невозможно за решавање. Ама тоа со некои разумни луѓе, спремни за решавање проблеми, не за пикање под тепих.

    @Just_a_kid не знам како татко ти ти го контролира животот и зошто се плашиш. Што имаш да изгубиш освен финансиска поддршка? Што ќе се случи ако не си одиш дома секој викенд, туку почнеш да прескокнуваш? Пиши ми пп, ако мислиш дека би можела да дадам совет што ти има смисла.
     
    На sparklie, Cosmic Girl, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите, да не ве цитирам сите вака ќе ви одговорам.
    Не сум единец имам брат, тој работи ама уште живее со нив, баш тој си заминал од дома на неколку дена после се вратил, ама тоа баш и не делува како да помогнало нешто или да ги загржило.
    Се согласувам со сите вас.
    А зошто се плашам ни сама не знам, може така ми останало од детството. А живот на сите дома го контролира зошто не знам, постојано мора тој да знае кој каде, што прави, да се јавиш на тел истата секунда ако не почнува да паничи по сите што ги знае да ѕвони, еднаш нешто имав проблем со тел и нешто со звучникот и имаше за рок од половина час имаше најдено број на цимерката.
    Свесна сум дека постапките не му се во ред и дека не треба така и дека бракот не им функционира одамна последните неколку години беа океј 3-4год и сега пак истото од парано, не им е прв пат на нив, ама мене ми е прв пат кога сум свесна што се случува и кога ме мешаат во ова..
    Ако почнам да раскажувам за да објаснам би требало цел живот да си го прераскажам тука, ама не би сакала поради приватност.
     
    На Angie1432, Cosmic Girl, Mr.Limonko и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    31.453
    Пол:
    Женски
    Ако добро те разбрав, ти си на студии во друг град и не сте постојано заедно? Ако е така, избегнувај ги и поретко враќај се дома. Студиите не ги напуштај никако, еден ден ќе ти биде многу криво ако го сториш тоа. Тие може да ти донесат подобра работа и заработувачка. Ако има шанси и сега поработи нешто на скратено работно време. Не мора ни да им кажеш за тоа, напрај си некој денар плус. А они нека прават што сакаат. Нема што да се мешаш, сами нека си ги решаваат проблемите. Двајцата изневериле, двајцата имаат вина. Тебе ти се двајцата родители и не е ок да заземаш страна.
     
    На Cosmic Girl, Panda00, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.008
    Ова ми личи ко еднаш во основно , уште ни телефони немаше, бевме кај учителката дома и татко ми некако успеал да ме најде кај сум. Не беше ни полицаец ни ништо, разбирам загрижен родител, ама сега ко ми текна, не можам да си објаснам, како му успеало. Мојот родител беше само загрижен, никогаш не ми ги контролирал животните избори. И беше тежок човек ама, и многу тврд и многу мек истовремено.
    Пробај да го анализираш родителот како човек, независно од тоа родител, можеби ќе ти се каже, каков пристап во комуникација да избереш. А пошто првпат си доволно возрасна и свесна, првпат имаш прилика и да се однесуваш возрасно, да си изградиш став и идентитет.
     
    На sparklie, M&M, Cosmic Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека ти е тешко и чувствата ти се валидни.
    Ама искрено не мислам дека можеш нешто посебно да направиш, не можеш да смениш двајца возрасни луѓе со формирани карактери.
    Можеш да разговараш со нив, ама знак прашање е што би сменил тој разговор. Можеби моментално би ја смириле топката и би намалиле со тензиите, но на долги стази тешко.

    Искрено многу сум против тоа родителите да си ги мешаат децата во нивните проблеми и фрустрациите да си ги лечат преку нив.
    Тоа што тие не биле добри партнери еден за друг, не ги прави лоши родители и ниту еден од нив нема право да им забранува на децата контакт и блискост со другиот родител.
    Не сум човек што би простил неверство и мислам дека дури и да простиш, ништо не би било исто.
    Ама кога веќе некој одлучил да прости и да остане во брак, фер е да се понаша во склад со тоа. Очигледно е дека татко ти сепак не ѝ простил на мајка ти, ама пак ќе кажам, тоа нема врска со тебе и ти не си крива за ништо.

    Единствено што можеш во целава ситуација е никако да не се запоставиш себеси. Ти си веќе доволно возрасна и апсолутно никој нема право да те контролира и да ти забранува било што.

    Фокусот нека ти биде на себе и на твојата иднина. Што се однесува до факултетот, ти најдобро треба да знаеш што сакаш во иднина. Размисли убаво и не носи избрзани одлуки, за да не се каеш понатака.
    Ако мислиш дека тој факултет би ти пружил сигурност и би ти обезбедил добра иднина, и секако нели ако имаш желба и те влече да ја работиш таа професија, продолжи.

    Знам дека рече дека имаш премногу обврски со факултетот и предавањата ти се задолжителни, ама сепак би ти рекла ако можеш да најдеш барем некоја хонорарна работа. Можеш и летово да пробаш да најдеш нешто, макар и парт тајм. Да имаш колку толку свој денар на страна, тоа би ти пружило многу поголема сигурност и би стекнала работно искуство, што е голема предност за наоѓање подобра и стабилна работа после дипломирање. :hug:
     
    На M&M, bookslover, Just_a_kid и 2 други им се допаѓа ова.
  20. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    5.014
    Пол:
    Женски
    Јас сум дете на родители кои татко ми ја има изневерено мајка ми многу оддамна и останале заедно заради мене и секојдневно во овие 20 години од 7 дена во неделата, мирно е 2 дена.
    Совет да ти дадам искрен да си го тераш животот и да си гледаш пред тебе.
    Знам дека е тешко, ама на крајот од денот чувај си ги твоите нерви, нивното е поминато, за тебе животот уште започнува.
     
    На M&M, SummerGirl, nena2010 и 7 други им се допаѓа ова.