Епа вака Ти ја изневеруваш жена ти и она доаѓа тука да те оговара а ние ја советуваме да те остави. Добредојде, сакаш кафе? Наполитанки?
Едноставно е: - Се претставуваш. - Кажуваш што бараш (еднократна авантура, постојан партнер/ка за изневерување и сл) И тие што ќе ти реплицираат со каков било коментар, се заинтересирани за тебе. Сите освен јас. Ја процедурално ова
Ќе ги седнете со брат ти и ќе им кажете дека вака ова не оди. Дека ситуацијата ве вознемирува до таа мера што не можете ни да спиете. Ќе им кажете дека вие сакате да се среќни, дали заедно во брак или разделени тоа не ви е важно. Како возрасни луѓе дека они мора да одлучат дали бракот може да се спаси. Ако им треба 3та личност има одлични психотерапевти за таа намена. Тие се неутрални и од друг агол ја гледаат целата ситуација. Јасно ќе им кажете дека ти и брат ти не можете да бидете таа личност затоа што сте емотивно поврзани со ситуацијата. И не мора да се враќаш секој викенд дома, ти имаш сега други приоритети. Стој само цврсто зад твоите одлуки и стави уште сега граници.
Со нивните глупави одлуки сами си го упропастиле животите, сега дурги им се криви. Или пак немаат храброст за развод, па ајде на детето ќе се вадат. Кажи им дека ти не превземаш одговорност за нивните катастрофални одлуки и дека ќе мора да си го голтнат тоа што си го дробеле. Возрасни се и сами нека си донесат одлука дали ќе го оправаат браков, или ќе се разведуваат. Ако решат да го поправат бракот, прво нека одат кај некој сериозен верник (старешина, презвитер), нека си го признаат гревот што го сториле, нека бараат прошка, без никакви изговори. Бидејќи нема изговор за неверство. Второ, нека одат на брачно советување, каде стручно лице ќе им каже чекор по чекор како да ја поправат комуникацијата и да ја вратат довербата и да ги исцелат раните - кои очигледно крварат се уште. Љубомората и контролата на повици, пораки, социјални медиуми не помага ама ич. Или веруваш целосно, или се разведуваш. Секоја трета опција е полоша и од овие две опции.
Како тоа поинаку било кога татко ти со години изневерувал а сега го боли дека мајка ти го изневерувала? Која логика, ако е неверство тогаш е неверство па макар и два дена да траело.. Ти не се мешај и не му вели ништо гледај да си завршиш факултет ако не стави го во мирување или вондредно запиши се и барај работа било келнерка шанкерка во бутик продавница било што.. Во фабрика би ти советувала НЕ бидејќи е сменски и навистина ќе ти биде малку потешко .. А тие нека си сркаат тоа што си надробиле а не тебе да ти навиваат комплекс дека од тебе им зависи бракот.
Што ако докажиш? Немој да се мешаш на лагата и неверството кратки му се нозете ќе се дознае.. Вистина потешко немаше е да дознае од други (во случајов бидејќи ти знаеш) но остави мајка ти сама да си види и не заземај страна бидејќи така полошо е
Јас би му кажала дека знам, би му дала рок неколку дена да си каже сам на мајка ми во спротивно ќе кажам јас. Понатака не навлегуваш и се тргаш од сето тоа