Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. georgnicos

    georgnicos Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    14
    Prvo mojot komentar ne e replika na nieden od komentarite pogore, tuku opsto glediste a ti cupe, napravi trieset i nekoja pa ke razgovarame. zatebe vazi poslednata recenica iako si 22 god. pak si vo taa grupa.
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Таа можеби е помлада, ама многу попаметна од тебе! :!:

    Прво, ако си паметен, почитувај ги правилата и пишувај на кирилица. :fubar:

    И што си се уфилмал за неверства и такви глупости, мислам немаш бе живот?? Немаш нешто попаметно за правење??
     
    На srcekrsacka и soco им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Искрено не го сфаќам поимот отворен брак.
    Отворена врска... ок. Не сум ограничена дотолку.
    Ти се лудува, ти мртка таквото троа повеќе, сакаш да си плејбој Петар Пан, секоја вечер да го пикаш во различна, убаво.
    Твој живот, твои правила.
    За некого луди, за некого реалност, за трети можеби - иднината која ни претстои во ова општество.
    Ама што мајка се жениш/мажиш?
    Зошто лицемериш?
    Зошто очајно ти треба потпис, тоа парче хартија, свадба, циркузи?
    Кому е наменета целата таа шарада, ако знаеш дека не си скроен за моногамија и сериозност?
    Плескај си се со други цел живот, не измислувај топла вода и оправдувања, како човекот не бил скроен за верност и моногамија и врзување за една личност.

    Инаку да, во помладите денови од мојот живот и јас размислував слично вака, нормално без да вклучам брак во приказната.
    Со другар ми имавме некоја налудничава теорија дека, човекот не е скроен да биде верен или врзан за една иста личност до крајот на животот, да ја сака и посакува со ист интензитет постојано.
    Ептен се удиравме во гради со овој наш опус, дури се етикетиравме како крајно еволуирани створења и сериозно ги убедувавме и другите дека тоа е тајната на животот.
    Човекот не е скроен за една личност.
    Па што дека ќе спие со друга, тоа не значи ништо.
    Па и да легне со 10, вистински ќе сака само една, и ќе и го кажува тоа.
    Ма сексот не значи ништо, нема емоции, само животински нагон.

    И еве, после 5 години со истиот другар го разглабаме муабетот...
    ... и дојдовме до истиот заклучок.
    Абе теорија си е едно, а животот е друго.

    Ќе имам јас дечко/маж, ќе го сакам, ќе го ценам, почитувам и vise versa... ама еден сончев ден ќе ми дојде нов колега на работа, ќе ми склецаат колената од неговите бицепси и афтер шејвот што го користи и нема да можам да издржам, ќе му се џитнам бе, ко напалена тинејџерка, ќе се исплескаме поштено на биро... ама само секс е, обичен нагон кој мора да го задоволам по секоја цена... инаку, си го сакам дечко ми, само него го гушкам после секс и му кажувам тајни, на другите не.
    И ќе му кажам за другите, ама он ќе ме сфати, ќе ме гушне и бубне во чело... зашто ме сака само мене... не го боли тоа што други ме плескале, ма нееее... љубов е во прашање. Вистинска.

    |( |( |(
    Ма немој да ме јебеш...
     
    На Gea, Ognenija, 1209 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    За мене бракот е света работа и баш ради тоа не разбирам зошто некои луѓе, знаејќи дека ќе изневеруваат се венчаваат пред Бога! Подобро нека лудува,нека е*е и нека стои настрана од тие работи, отколку подоцна да плачат деца дома заради такви глупави ексцеси.
    И јас не ги обвинувам жените ако мажот изневери. Си ја пробала таа среќата, а сега од него зависи дали ќе си ја стави жената и фамилијата на прво место или ќе ги понижи со некоја на која поимот брак ништо не и значи. Бре бре, сиротите они не биле криви, гола му се слекла што да и правел..?? Прибери си питонот во гаќи, е тоа! Лесно е да потклекнеш на провокации, работата е баш тука да издржиш.
     
    На Danni79, Libera, zdravkova и 5 други им се допаѓа ова.
  5. lara-s

    lara-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Се согласувам со Мина потполно. И јас мислам дека неверствотот е голем грев... Како можете да го погледнете партнерот во очи ако пред тоа сте го изневериле со друг. Уште полошо ако имате деца...
     
  6. sara81

    sara81 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    ZDRAVO JAS PROSTIV AMA MISLAM NE VO SRCETO BIDEJKI SEKOJ DEN SE UBIVAM PSIHICKI KOGA KE RAZBERAM OD NEKOI NESTO STO MI PRAVEL ZAD GRB.
    NISTO NE MU FALESE V RACE GO DRZEV,IMA KRONOVA BOLEST OD KOLA NA RAB OD RAB DOMA NA MASA I V KREVET NI ZA DETE DA POMOZI NI ZA DOMA NESTO SO OPRAVDUVAJNE STOMAKOT ME BOLI NEMOZAM NE SUM AREN.JAS TOA GO PRIFATIF SE BOREV SAMA RABOTAM I KUJKA GLEDAM I MAZ BEV I ZENA.IMA EDEN MESEC ODKOGA GO FATIV ILI TREBA VREME DA POMINI DA SE ZABORAVI ILI NEZNAM VERUVAJTE MNOGU E TESKO NEKOJ KOJ KE TE PONIZI PRED OSOBA KOJA NE VREDI TAA CINI A ZENATA DOMA BURNI VREMINJA SOVET CEKAM
     
  7. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Никогаш незнаене што ни носи денот а што нокта. А старите рекле никогаш не вели никогаш.

    Но, сепак, познавајќи се себе си знам дека нема да простам, не би можела да поминам преку неверство, нема да можам да простам.. Еден брак се базира на доверба, разбирање , љубов. Доколку ме изневери не гледам причина зошто би била со него повеќе, кога веќе ќе нема доверба, ни љубов, ќе ми остане само сомнежот. Без разлика дали била средовечна криза или една вечер, да не зборувам пак за тајна врска. :!:
     
    На Gea и sara81 им се допаѓа ова.
  8. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    не знам какoв е тoј мoдерен,еврoпски,oтвoрен брак.кoј oправдува неверствo :^)
    па луѓе бре,не знам штo би ми пoнудил некoј друг пoразличнo oд oна штo би ми гo дал oнoј штo сум гo oдбрала засекoгаш?и дали вреди за една,десет,стo луди нoќи да пoвредиш некoј,да ја срушиш благoсoстoјбата,мирoт и хармoнијата вo дoмoт?и какo пoсле некoлку часа пoминати сo некoј кoлега/пријател или не знам штo, пак ќе се вратам кај oнoј кoј ме сака сo целo срце и какo би гo пoгледнала вo oчи? па дали сите забoравија дека рекoа дoдека смртта не не раздели?кoлку и да се изладени oднoсите би се решиле сo дoлги разгoвoри,oбиди за враќање на старите чувства,ама не и сo неверствo.
    јас сум самo верена сега за сега,нo не верувам дека нештo би се сменилo ни пo 5,ни пo 10,ни пo 20гoдини,
    никoгаш не би заменила ни секунда oд една oбична нoќ за 10 незабoравни нoќи сo некoј кoј не е мoјoт сoпруг.љубoвта пoстoи не е мит,акo веќе сте ја нашле не ризикувајте да ја изгубите,а бракoт ма не знам кoлку мoдернистички и еврoпски времиња да дoјдат сеуште е света заедница,а неверствoтo грев.
     
    На Gea и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Најголем грев во љубовта е неверството. Најголема болка на човекот е болката на срцето.
     
    На Danni79, Nine25, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Не си сеуште простила штом велиш дека психички се сеуште убиваш. Тоа не се заборава со тек на време како што велиш туку едноставно или поминуваш или не преку тој чин и се помируваш самата со себе. Е за тоа ти треба време и донесување на правилна одлука.
    Од тебе зависи дали ќе го пројдеш тој проблем или не. Очигледно е човек кој не знае да цени и не му вреди ниеден изговор па и по цена дека има Кронова болест. Не му треба никакво сожалување зашто е јадно суштество кој не знае да ја цени љубовта (ако постои) и бракот како институција.
     
    На sara81 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Се изначитав на темава и уште не можам да си објаснам на самата себеси како може да се изневери некого со кого сте делеле иста постела години,со кој си бил семејство. Јас иако не сум во брак сум во врска која што трае 4 години и 9 месецикоја што се надевам наскоро ќе се круниса со брак. Иако е тој од друг град и некогаш поминва и месец без да се видиме и сме имале и кризи во врската и убави моменти, тој излегува сам со другари таму,а јас тука со другарки и нормално имало милион ситуации кога некој мене ми се пуштал или него, но секогаш јас сум одговарала категорично и цврсто НЕ и сите ситуации сум му ги кажувала него, а и тој мене,значи се сме решавале со разговор и имаме безрезервна доверба и знам дека кога и да е излезен и да не ми се јави до 3 часот наутро дека не е со некоја друга. Ви фали љубов,страст,емоции??? Па разговаратјте со сопругот/та направете нешто да го/ја возбудите,вратете старата страст,а не да трчате кај други мажи/жени. Љубовта,почитувањето,довербата меѓу партнерите е се и заради една ноќ на секс од потреба да ризикувам се??? Па не бре луѓе никогаш не сум ни помислила на такво нешто,а камоли да го направам тоа. Бракот е света институција за мене,а и кога има и дечиња кои што не се виновни за ниту 1 проблем на возрасните да дозволам да страдаат и да се зборува дека мајка им била со друг заради тоа што ми фалело внимание и да ги изгубам засекогаш, никогаш не би ризикувала туку би направила се за да го привлечам и придобијам вниманието на мојот маж кој што ќе работи напорно за да ни овозможи услови за добар живот ,кој што секоја вечер ќе е дома со мене и без разлика на невниманието тој че е тижука до мене секогаш? Зар хармонијата на домот да отиде во неповрат заради сето тоа? Никогаш не би го направила тоа. А исто така не можам да ги разберам девојчињата кои што одат со женети мажи и тоа постари од нив 8,9 па и по 15 години. Зар не сакате слободно да прошетате со него и да ве претставува како своја девојка, а не да одите разделени 10 метри или да се криете само во неговата кола или по хотелски соби? Зар сакате таква врска и таков живот,а не да уживате слободно во животот и да си имате момчиња кои што се слободни и кои што со гордост ќе кажуваат ова е мојата девојка,а не да ве кријат?Ехх мили мора да се свестиме сите и да размислиме 10 пати пред да направиме нешто. Треба да се ставиме на место на тие луѓе кои што биле изневерени, на тие невини дечиња кои што сакаат само да имаат мирно детство и да растат со мајка и татко кои што ќе се заедно цел живот. Разбирам јас има милион проблеми кои што ги носи бракот,но и милион убави работи,па ако не оди никако решете го тоа мирен начин и кажете им во лице,а не зад нивни грб,зад грбот со кој што сте биле со години во брак со личноста која што и покрај тоа што не ви обрнува внимание која што ви е причина за изневерување,сепак е тука до вас и бил от секогаш тука.
     
    На Ognenija, Page, badem4e и 3 други им се допаѓа ова.
  12. jas.mina79

    jas.mina79 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    9
    Гледам стара е темава..ама морав да пишам :^)
    ГоспоЖата која имаше 'храброст' да си признае....тоа не е храброст според мене, туку безобразлук и дрскост!
    Не затоа што ете си призна, па пола и се простува...туку колку онака воодушено ни раскажуваше дека и било убаво..работава "па Вие не знаете колку е убаво еј"!
    И само на кратко....водење љубов постои помеѓу маж и жена доколку се во нормална врска, брак и сл.
    Додека криење зад грб на сопствениот маж, татко на твоето се надевам нели бесценето дете ,за да се д*пиш...не е ништо друго освен тоа: д*пење и секс од "аздис", само страст без љубов...значи не е водење а помалку љубов!
    Затоа покриј се и засрами се...

    Викаат, на вистинската крава потребен и е само еден бик, сите останати се само волови!

    Душичке, па вие си имате друга мака што треба да ја решите заедно со мајка ти....тоа дали имаш полубрат или полусестра - остави го за некое друго време!
    Те молам...дај и сила на твојата мајка, а и на себе пред се....и одете си! ви следува се до последен денар што е Ваше во таа куќа.
    Никој не е должен да трпи било какво насилство во домот. А ти, заслужуваш нормално детство...и нормален живот. Подобро со еден родител во нормална средина, отколку со двајцата во ненормална
     
    На sara81 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    такво нешто не се простува и боли додека си жив..
    до кога вака?сакаш да седиш кога знаеш дека нее се како што треба..
    а да направиш нешто околу тоа :?: незнам што но вака да се уништуваш себеси не е добро.. :(
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Кога жената го изневерува својот маж,или пак се пика во брак тоа е бедотија таа е несреќна жена која ни знае да сака ни знае што е некој да ја сака единствено е секс објект.
    А доколку тоа маж го прави тој е искомплексиран или немаат деца па кај ќе стаса прави деца,или е несигурен во својте одлуки,а наоѓа личност на која една флаша пијалок ќе и фрли или нешто ситно за да си легне празен.Неможам Неверствата да ѓи смислам тоа се бедни работи.Ми се гади :puke:
     
    На jas.mina79 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Катастрофа :tmi: :tmi:
    како може едниот партнер да е верен,да седи дома и гледа деца и куќа :sweat: ,а другиот да си мрда со газето
    не е фер,не е човечки,се заколнуваш на верност,заеднички живот,а после како ништо да не било :fubar: :fubar: :fubar:
    малце офф топик маж ми вика се можам да простам,ама неверство-НИКОГАШ :swear:
    и во право е човекот,нели :geek:
     
  16. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180

    A ti vaka kako dolgogodishen iskusen u bracnite vodi , delish soveti kako najdobro "TOA"se pravi "kuti i buta" :D ...vakvite kako tebe i 200god vo brak da se..pak nema da znaat shto sakaat u brakot |(
     
  17. SharllettGirl

    SharllettGirl Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Размислував подолго време дали да пишам и се одлучив да пишам.Сакам да им кажам на сите оние кои се во врска со мажи кои имаат сопруга,деца ставете се во нивната кожа само за некоја секунда размислете на болката која тие ја имаат.Ете јас да ја кажам мојата.

    Уште од пред 4 години заприметив промени кај мојот татко,се враќаше доцна,се случуваше да го нема со денови,се караа со мајка ми секој ден,не ја даваше таа топлина и љубов како порано.Бев мала само 10 години и не разбирав што се случува пред 2 години кога се вратив дома ја видов мајка ми како плачи ја прашував зошто не сакаше да ми кажи подоцна ми кажа дека татко ми има друга жена.Го замразив несакав да го гледам го избегнував најмногу што можев.Со текот на времето стана се полошо и полошо нон стоп се караја го немаше со денови,не се грижеше воопшто за мене,за сестра ми и за мајка ми.Добив награда од ликовен конкурс кога му кажав ми го рече само ова:“Добро“ не ми кажа ни браво,не беше присутен ни на доделувањето.На одмор веќе 2 години не одиме со него.Сакав да знам која е таа жена,која е таа жена што е поубава од мајка ми,која е таа што му дава повеќе љубов од мајка ми.Ја најдов која една типка која нема повеќе од 20 години кога ја видов ми идеше да одам и да ја изгазам.Ја најдов и на ФБ,на profile picture имаше ставено слика со татко ми ми се згади :puke: :puke:
    Кога ќе видам татко со ќерка во парк излезени плачам,нема ден да не заплачам ;( ;(
     
  18. vesne

    vesne Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Поздрав до тебе и сите на форумов!
    На почетокот многу коментирав на оваа тема ама ова е стара болка...Честитки на храброста за пишувањето за жал никоја од нас не можеме да помогнеме со нешто повеќе освен со нашето размислување или совет.Твојот татко извршил „двојно неверство“,ајде првото не е оправдано ама во природата на човекот е да има променлива љубов кон спротивниот пол но!но!Она што не би требало да се менува е љубовта кон сопственото дете,затоа напишав „двојно неверство“.Второто неверство направено кон тебе и сестра ти е неопростливо!И мојот татко си беше љубител на жени но тој мерак не дозволи да го контролира,над нас секогаш „градеше градови“,секогаш беше тука и до ден денес ни е десна рака.Не ми е прифатлива постапката на татко ти кон вас,сепак вие сте дел од него,негов ген негирајќи ве вас се негира самиот себе си.Тој не е доволно зрел за да си ги разграничи работите:сопругата,децата и таа.Ти посакувам многу помирни и посреќни денови.Се најдобро :)
     
  19. B.u.b.u

    B.u.b.u Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Читав делови од темава,не цела, но сепак нешто не ми е јасно..Како може да сметате дека врска со женет човек е нормална врска? Не сакам да навредам никој, но што ве тера да мислите дека ако тој ја остави сопругата и биде со вас нема и вас да ви го направи истото што и нејзе? А уште полошо е ако има дете. И вие сте нечии деца, ајде размислете како би ви било ако дознаете дека вашиот татко е со друга жена и заради тоа ве запоставува вас и мајка ви.. Ваше си е што и како ќе правите, јас си го кажав мислењето..А и да напоменам не сум во брак.
     
    На bibiiii, Gea и Sartela им се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498

    Прееска се деси врвот ... Ни стигна анонимно писмо од една од ,,тие,, неговите. Погодете што. Дете има уште едно! Дете, луѓе, дете!!!! Знаев, сигурна бев ;( ;( ;( ;( Сега што понатака? ;(

    Друг пат кога ќе помислите дека имате лошо семејство, сетете се на мене ...

    И воопшто не ми е срам да го пишам ова тука, такво говедо како него не заслужува ни ронка внимание и заштита да му се посвети!