Ако сега не бидеш храбра во тие најтешки моменти знај дека ке потклекнеш и мајакати ке ја оставиш сама, охрабри ја мајкати, двете бидете храбри и продолжете понатака, ако треба и одете живејте на друго место,двете сами . Тој е виновен за се, ама не и детето тоа не е за ништо виновно , сега знаеш дека имаш сестра/брат и дека не си сама, можеш ако сакаш да го прифатиш, ако не сакаш не мораш. Таков татко не сакам да имам, дури самата помисла како ти е тебе ме ежи. Анонимното писмо е од „таа“ другата бидејки немала храброст да дојде и да ве погледне во очи. Според мене незнма дали д авњруваш во тоа или не, можеби тоа е самоз а да ја натераат мајакти да се разведе од дотичниот господин ?!? Или пак конечно отворено разговарај со тој твој “ наводен “ татко и прашај го дали има некоја друга, ако тој енгира, прашај за дали има друго дете, и ако тоа пак го негира, тогаш покажи му го поисмото, и кажи му дека тоа те боли, и сакаш да јазнаеш вистината, и дека сакаш да имаш срекен живот поздравче мила, се надевам ке го решиш твојот проблем
Мислам дека не постои никакво дете,туку двајца „заљубени клапчовци“(извини ама татко ти е еден од нив)кои немаат му.а за ништо ,нарочно твојот татко,прават „итри“планови за решавање на стамбено прашање. Ова со анонимното писмо е досетка на нив двајцата(татко ти и „лепојката) како да се решат од мајка ти и од тебе.Знам дека звучам сурово,извини,ама преиспитајте се со мајка ти кој треба да излезе од заедничкиот дом во кој моментално живеете-дали мајка ти(со тебе заедно) или татко ти .Ова со писмото се пробни балони,се надеваат дека мајка ти ќе го напушти домот и ќе им остави кров над глава на овие двајцата.Не наседнувајте на тие ефтини трикови.Макар и да родила дете лепојката,нема шанса така да и праќа писма на мајка ти.Се е тоа околу решавање на стамбено прашање. Не се нервирајте,терајте со него на смешка ,на шала,кога ќе одите на повојница,имаат ли кума за детето-ако немаат вие две да му дадете име и сл.За таков човек,кој незнае да си го заштити семејството не вреди да се нервирате.Поздрав до двете и останете си во станот,а он нека повели куфер и нека се одсели .
Ох душа мила, мој совет е да зборувате со мајка ти убаво и да се решите да ги отворите картите.Покажете му го писмото на татко ти па видете како ќе реагира.Како што кажаа и другите девојки можеби е лага и игра само за да ве натераат да си заминете од дома.Не давајте му го тоа задоволство и испитајте го целосно случајот дали е вистина и што всушност се крие зад тоа писмо. Кажете му дека не можи повеќе вака,па и ако имате можност тргнете се настрана од него,а уште поубаво тој да се тргне.Не е лесно и сеедно така да направите знам,но според мене мислам дека барем тебе ќе ти биде подобро ако не си во таква средина а уште подобро би било доколку тој си замини од таму.Тој нека крши глава и нека се чуди каде колку деца имал,така и му треба.Ахх никогаш нема да ги разберам таквите ко него,како можат бре красни семејства да губат поради некои к...и се извинувам за вулгарноста.но не можам да се воздржам.За што и да е тука сум.Се надевам дека некако ти помогнав со мојот совет. Среќно
Да се засрамат дотичните глупачи кои си дозволуваат да се вмешаат у нешто со ваков човек и се дрзнуваат да уништат семејство. Аирлија и на ваша глава така еден ден, госпожи непроценливи.
Анабела мила, жалам за тоа што поминуваш низ вистински пекол . Не сум го почувствувала на своја кожа, но од многу близок извор, знам тоа и како звучи, какви се чувствата... Спојлер Ќе ти кажам само еден пример. Порано некој човек се посомневал во својата жена дека го изневерува, но не бил сигурен. Поминало доста време, но никако не бил потполно сигурен се до еден ден кога навистина го добил очекуваното. Си иде човекот дома и ја гледа со дотичниот. Не изреагирал бурно, не направил ништо особено, само му го зел палтото што го носел и му пребарал низ џебовите. Таму пронашол само една железна паричка, да речеме сегашни 5 денари, па си заминал од собата. Дотичниов, фино - лепо си се облекол и си заминал. Од наредниот ден, дома нова песна. И рекол на сопругата, ако не сакаш да те разбере цел град и пошироко, ќе правиш како што ќе ти кажам. Секој ден, за доручек, ручек, вечера, кога ќе послужува гости со сок, со кафе, секогаш на послужавник да ја носи железната паричка. Па и да нема гости, задолжително да ја донесе на послужавник, таа паричка. Поминало доста голем период, а жената од својата психа дури и полудела. Можеби овој пример не е најсоодветен во случајов, да не ме сфатиш погрешно, дека тоа ти го советувам како еден вид одмазда, ама морате да најдете некое приближно решение. Не вие да се нервирате, туку оној кој се тоа го направил, да го потсетувате за тоа. Ми се допадна советот на stetoskop и се согласувам со неа. Можеби се тоа е еден голем план и на таа жена, се со цел да ве раздели, да биде слободен, а и таа со него да ви го одземат потполно домот. И домот да е на негово име, твојата мајка и ти, го имате потполното право да си бидете тука. Ако нему му се оди и не му се допаѓа тука, нека си замине, но вие во никој случај не го ни помислувајте тоа. На тој начин, само тој ќе си ја оствари својата желба, па можеби и на таа „госпоѓа’’ која и е едниствена желба. Од друга страна, ако тоа е вистина и навистина ако постои друго детенце, детенцето за ништо не е виновно. Ни тоа кутрото, не си ги одбирало по своја волја родителите, а верувам дека еден ден ќе сфати колку е часот. Ќе порасне, ќе разбере многу нешта. Во однос на тоа би те посоветувала, малку подлабоко да истражиш. Преку некој број, преку некој близок на татко ти, некоја друга блиска личност, се со цел да ја дознаеш вистината, дали тоа дете сепак постои, или е само една голема игра. Зашто, тој во овој миг прво ќе замине кај неа. Ако не знае, да види дали навистина е тоа така, а ако знае, сигурно ќе отиде пак за да се направи некој план. Тоа никој не го знае, се додека не се истражи подетално. Како и да излезе ситуацијата, најважно вас совеста ви е чиста. Тој што има проблем, нека си го решава. Вие и немате некој проблем. Тоа е негов сопствен проблем, за кој е потребно сам да најде решение, а најмалку пак вие да го решавате тоа . А за тие личности како татко ти, не сакам ни да помислам . Тешко му на душата и на неговиот понатамошен живот. Сега е млад, телесно, психички подготвен, но за понатаму некако слабо. Годините одминуваат, ама живот не поминува толку лесно. Во староста, мигот може да биде и цела вечност, а колку тогаш ќе му е потребна вистинска жена и деца за помош. Животот е тркало, денес си горе, ама утре знае да заврти многу длабоко во некоја кал . Едит: Ќе преминеш мила преку ова. Силна личност си ти .
“Забренетото овошје, секогаш е послатко„- така велат. На многу ниско ниво, дури испод ниво ни е паднат моралот. Брачни неверства не секој чекор, во канцеларии, на дежурства, во паркови, во автомобили, на паузи.... Зачудувачко, фрапнтно, страшно. Пред Бога се заколнуваат на вечна љубов, а ретко кој си држи до тоа. Мислам дека ианеверувањето е одлика на „слабите луѓе“. Ако не ти е убаво биди јак/а разведи се, појди си по свој пат.Како можеш да најдеш поубава, позгодна, (попаметна или незнам уште каква не) од својата жена или обратно. Кај има подобар од мојот маж. Никаде. Јас на свои 27 години, при здрава свест, без ничија присила, си го избрав, за мој животен партнер. Кога би го изневерила него, прво би се изневерила себе, моето дете и би направила грев пред Бога.
Се сеќавам пред неколку години бев кај роднини у странство заедно со стрина ми и чичко ми. Еден ден, беа луѓето на море, ко и секој ден додека бевме таму, ама јас нешто не се чувствував добро и останав дома со братучед ми. Си легнав у нивната соба дека беше поладно за спиење, и не знам, значи не знам што ми стана, го земав новчаникот на чичко ми и почнав да си претурам внатре (што никогаш претходно и од тогаш не ми се случило), и внатре имаше едно писмо у кое пишуваше дека типката не може веќе да издржи, дека ако продолжи вака ќе си го земе детето и ќе си замине. Дали писмото беше од стрина ми, или од некоја друга никогаш не дознав, а и никогаш не кажав. Знам дека уште се прибира у никое време, задолжен е до гуша, ама и не е моја работа, што сакаат нека си прават, и стрина ми не е китка за мирисање, само жал ми е за децата.
Пред 3-4 години на моите пријател близок ме префрли до центар. И ме праша: Дали знаеш каде да најдам, знаеш, женска секси облека? И му кажав, дека мислев за жена му прашува. Ама откако му кажав ми рече да не кажувам на никој, бидејќи не било за жена му. Е сега дали прашуваше за некој пријател или за него, не знам. А човекот е помлад од татко ми и има млада жена, па навистина не знам што би барал кај друга,кога жена му е бомба. Комшивка кај моите што беше, маж и шофер и со месеци не се прибираше дома. Он пари носе, оваа на други го отвараше нејзиниот дуќан. Ја фаќаше неколку пати, ама за атер на децата, ете уште се заедно. Јас лично не сум помислила до сега на неверство. А еве конкретно татко ми има многу такви шанси, не дека е нешто посебно атрактивен, ама жичката му е таква, му се лепат и мажени некои од нив се поранешни девојки што му биле. А тој намерно само ја нервира мајка ми со тоа што и ги покажува разговорите на фб Куче што лае-не апе.
многу интересни теми . ама од скоро сите постови погоре мислам дека жениве у македонија многу гледаат турски серии. јас повеќе претпочитам CSI па така сите неверства прво добро би ги проверил , па макар да одам и до крај ако некој ми значи. Тука спаѓа дури и ДНК анализа за неверство ако треба. Мене дебелината ме спречува по малце да најдам позгодни женски , ама тоа не ме спречува да ги задржам тие што ги сакам , макар за нив и да се отворени 100 оговарања.
Па реши ја дебелината,оствари си ги соништата. Дебелината е „твој проблем“ на кој треба да поработиш(извини,ова ти го кажувам за твое добро) Кога ќе го решиш овој проблем,ќе бидеш посамоуверен во секој поглед,секако и во поглед на жените кои ги сакаш.
во принцип не ги делам жените на дебели или слаби , па поради тоа и напишав - не ме спречува да ги задржам тие што ги сакам , макар за нив и да се отворени 100 оговарања.. Само сакав да напоменам дека пред да донесам одлука да откачам некоја "поради неверство " прво ќе проверам добро дали ме варала или не. Ќе ги искористам сите можни средства за тоа , макар да направам и ДНК тест за тоа.
Јас искрено разбирам разочарување, “сушен“ период во бракот, искушение...па добро кој не бил искушуван од нешто во животот? Искушенијата се дел од животот на секој човек. Но, не секој решава да одолее на истите. А секој човек е способен за да одолее на искушението, постојат само оние кои не сакаат. Ама бре па луѓе сме, разумот треба да биде пред се`, сепак во името ни` стои sapiens, треба добро да се размисли чиј/и живот/и ќе се уништат ради тој еден момент на себично задоволство. А оние кои викаат не сум доволно богат(а)/згоден(а) и сл. за да можам да изневерувам со такви какви што јас сакам, ми се исто толку покварени како и оние кои веќе го прават тоа. А сум слушала такви муабети и од мажи и од жени.
"СЕКОЈ ДЕН ГРАВ НЕ СЕ ЈАДЕ....ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ Е ПОСЛАТКО...." ако се сведува животот на некои стари изреки тогаш ги има уште многу такви коои не го оправдуваат и дозволуваат неверството! зошто не им текнува прво на брачните завети кои ги дале пред бога?!?!? аааа ДА! тие не им одговараат си ги кажуваат само они што им идат во нивна корист! Искрено човек кој сака да направи некој глупост ке најде милион и еден изговор за да се оправда! Дури страшно многу ме иритира брачното изеверување! Зарем не сме 21век?! имаме секс шопови,имаме развиен говор и свест за да разговараме со партнерот за нашите скриени фантазии! Интимата во бракот може да се негува и да се зачува! Порано можеби СЕКСот била табу тема ама денес?! Со малку труд и фантазија (нормално сето тоа се постигнува со меѓусебен разговор) страста може да се обновува независно од годините и полот! Така да ме нервираат глупавите изговори за неверство! Не оставам простор за изневерување,секоја жена за својот маж би можела да биде палавата девојка од неговите фантазии и обратно
NIKOGAS NEMA DA GI RAZBERAM ZENITE ''SVALERKITE'' KAKO MOZAT DA IMAAT VRSKA SO ZENETI MAZI ? KAKO MOZIS DA RUSIS NECIE GNEZDO , ZNAES DEKA TOJ ''COVEK'' IMA ZENA , MOZEBI DECA , ZIVEE SO NEA , TAA MU GI PERI I PEGLA ALISTATA ZA POTOA TOJ DA GI VALKA SO NEA.. MI SE GADI OD TAKVI ZENI MI SE PORAKJA , TIE GO STRAMAT ZENSKIOT ROD, I NE VELAM DEKA SAMO ZENITE SE KRIVI , KRIV E I MAZOT , AKO TOJ NE SAKA DA IZNEVERI KOLKU I DA MU SE NUDI NEKOJA NEMA DA IZNEVERI , AMA IMA MNOGU GNASNI I PREFRIGANI OROSPII KOI GAZAT PO SE I VOOPSTO NE MISALAT. NAJMNOGU MI E KRIVO KOGA KE SLUSNAM DEKA NEKOJ BRAK SE RUSIL SAMO PORADI EDNA NAJOBICNA I NAJNISKA KURVA!!! NE RAZMISLUVAAT DEKA I TIE EDEN DEN KE BIDAT SOPRUGI ( AKO SE NAJDE NEKOJ DA GI ZEMI ) EE TOGAS NAJPOVEKE OD SE BI SAKALA ISTOTO DA IM SE VRATI I NIV I NEKOJA DRUGA DA IM GO SRUSI BRAKOT , NA SVOJA KOZA DA OSETAT KAKO E TO CUSTVO... NAJ ISKRENO IM SE VOSHITUVAM NA SITE CESNI I POSTENI ZENI KOI NIKOGAS NE BI POGLEDNALE OZENET MAZ A KAMOLI NESTO POVEKJE
брачните неверства ги имало ,ги има и ќе ги има...не само кај нас ги има секаде низ светот....зошто и како??????па некогаш ради ниското ниво на свест,значи секоја жена од мала се учи да е добра мајка,сопруга,бизнисменка ....а мажот само да е глава на куќата и да ужива.....додека ние се трудиме да ги исполниме желбите на нашите најблиски и навечер преуморни да го фатиме креветот сопругот очекува и добра љубовница.. до него .. шо е многу многу е....некогаш неверствата се ради да се проба нешто ново...парадокс...се е исто, месо е месо ама туѓо е....хахааа...комплекси и неукост.... да се земе маж од некоја домакинка исто е старо провинцијалистичко мислење затоа што домакинката наместо да го пери и пегла плус треба да знае и да биде вамп жена за него...а и се зависи од двајцата партнери....комуникацијата,искреноста, заедништвото,ако се тоа не функционира добро тогаш нормално е да се фати кривина на друга страна.....полно фактори се во игра,и никогаш нема да може да се дефинира...во нас е се. и причините и последиците за неверството...не треба други да се окривуваат за ова или она...... .сепак имаме еден живот,треба да се живее максимално,да се зграпчи моментот.....на нас останува дали ,кога и како...
Da navistina cudni se devojkite ne mozam da svatam kakov e toj karakter taa persona stom ide so familijaren covek znaci nemate nikakvi moralni vrednosti?zosto ne si najdete nekoj sloboden decko tuku unistvate semejstvo?mi se gadi od takvi osobi
Имам пишувано за една моја познаничка која го изневери сопругот (со кој има 3 дечиња) со друг женет маж.. Истата типка откако цел град ја дозна за швалерот, и нејзините дома легнаа болни што се вели од срам и понижување, отиде со сопругот и децата 1 месец на одмор. Ги снема од градот додека да стивне приказната. Мажот и е уште со неа затоа што оваа има многу пари, семеен бизнис и убаво му е да си седи дома, ништо да не работи, а пари да му носи таа. Муабетот сега е дека таа после одреден период, можеби 3-4 месеци, пак му се врати нашвалерот. Таман сега кога нејзините се смирија, и работата се подзаборави, откако пак дојде во контакт со мобилен телефон и возило, пак си ја потера старата песна! Пак лаже кај што ќе стигне за тоа каде е во моментот... Што е најжално, и дечињата знаат дека пак се гледа со оној другиот!