Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Е од каде 5 месеци, кога во октомври си пишала дека немаш дечко.
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Miscalculation dear, ништо опасно. Може и не сакала да го пише точниот период за да остане анонимна, небитно...бројкава не е битна, не е толку ни битно дали е вистинита случкава за Анушка, но знам дека за многу е. И морам нешто да кажам

    Добро девојчиња, зашо си праите вакви работи на 18 години? Зошто си праите пекол од животот бре? За малку возбуда и авантура? За да се проба нешто поинакво? И не, не го сакаш, туку си занесена, а човекот сигурно има искуство речиси колку што ти имаш години и нормално дека знаел и како да те занесе.

    Вреди ли? Еве јас отворено ќе ти кажам дека не вреди. Една поранешна другарка така си се обележа за цел живот. Поранешна, да. Сурово е, но не можев да останам да се дружам со неа па и јас да го јадам подебелиот крај. Како и ретко кој што остана. Сите ја советувавме со време, таа не и не „ми љубоморите, вас никој така не ве сака“. Ете и' го сега сакањето. Сега седи дома и паѓа у депресии. И она почна со таква глупост на 18 како и ти.

    Не знаете со кого си имате работа од другата страна. Мислам и на мажот и на таа жена.
    Уствари што ве спречувам, дај Боже да ве земе и остане со вас некој таков па за некоја година да ве вара така со некоја друга која тогаш ќе има 18 години и слепо ќе јаде се' што и' се сервира. Тогаш ќе ја сфатите смислата на овие зборови.

    Бидете среќни што сте ја имале таа привилегија да се родите во општество во кое вие бирате до кога можете да бидете слободни и деца. Не сите ја имаат нашата среќа. Не си ставајте рака во оган.
     
    На bibiiii, midnight.flower, SimonaTino и 9 други им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Иди леб да јадеш и да растеш, уште мрсули бришеш со ракав си почнала со женет. Бреј ! Дете само да знаев која си, за уши ќе те фатев и пред твоите, тебе не те научиле што е вистинска вредност? И штозначи поимот семејство и женет?
     
    На gavolica4, Anouk, midnight.flower и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Milicka77

    Milicka77 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Што да правиш?Ти веќе си направила, :!: сега гледај да се извадиш од кашата.Греота е за децата ако ги има и за жената,како прво ако сте од ист град и ако не е многу голем,секако ќе ве научат сите,а дали вреди да останеш обележана за некој што те влече за нос 5 месеци.И многу си мала за вакви глупости да правиш,животот е пред тебе.И он па со дете си фанал работа,еееееј маживе што не прават за п.....

    Извинете се изнервирав.Дај малку повеке податоци,што,како,зошто,деца има нема....И баш ме интересира како те прелага да бидеш со него.Демек не ја сакам,ја земав оти е трудна,се караме ,не спиеме заедно .... :?: И ти подлегна на ѕвезди спуштање така ли? :fubar:
     
    На gavolica4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    ...обично клишето е 1. „Несреќен сум, дома ми е пекол.“

    2. „Не ми дава.“ 5 :*: (ова ми е меѓу најдебилните и нз која веќе остана да верува на ова);

    3. „Ми дава, ама не сум више среќен, со тебе злато никој не се мери.“ (и тука имаш момент дуење на его до бескрај и чувство на моќ, а со тоа и гаранција за него дека oнa ќе му ги испуни сите фантазии);

    4. „Многу е станата студена, не ми обрнува внимание, јас сум несреќен многу, да не беше тоа златно детенце, досега немаше да бидеме венчани.“

    и уште многу други :D

    Додуша не верувам дека повеќето и веруваат во нив. Мислам дека повеќето САКААТ и ИМ ОДГОВАРА да веруваат во тие зборови, а си има и од оние другите кои стварно веруваат, ама мислам дека се баеги помалку.

    А некои на тоа гледаат и како на подвиг. Голем успех било да разделиш некого од жена му и да и' го преземеш... не глеајте многу Сулејман штом ви шкоди :D ...
     
    На gavolica4, midnight.flower, stetoskop и 2 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Се согласувам со ова. Верувам дека овие оправдувања повеќе ги користат љубовниците отколку мажите, како оправдување зошто се со тој човек, као -јас сум го давам тоа што го нема дома, несреќен е, јас сум му најдоброто нешто...бла бла. Може има улога и некое кревање на самодоверба на грд начин, да се осеќаат подобро зашто биле подобри од некоја сопруга :| Ама мислам дека на овие помаливе и не им е многу гајле и не ја размислуваат мн. ситуацијата. Едноставно интересно им е, си нашле муватор, има повеќе акција, мистерија, криења и оп, животот станал авантура. И сега веќе се ѕвезди во друштвото (не на позитивен начин) имаат посветено внимание од околината :| Незрели личности, психички и емотивно.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    ^ ќути, аман ко
    на љубовницата позлатена да и' е.
    Баш праксата го покажува спротивното. Од 10 души шо знам дека шврљаат и им ги имам видено швацките, на 8 им се стопати погрди, со помалку осет за стил, понесредени од нивните жени, на едниот од нив жена му е бомба шо нема кој не би ја посакал и тоа ептен си се држи за годините, ама ете, забранетото го праи поубаво. Тоа што го има таа, го има и жена му, ама ете, шо викаш, сакаат некое потврдување дека се способни да пружат нешто што никој не може. А овие мулињава па се изгорени за **** и така се праи размена на услуги која љубовницата ја премолчува и се тера себеси да верува дека е нешто повеќе од тоа.

    А таа бившата ми другарка како си ја навеа работата...не сите вакви опасни врски имаат холивудски крај. Повеќето имаат и реален, од кој најдобро нешто што можеш да очекуваш е да те отера женетиот у пм и никад више очи да не им видиш. Верувајте, имам сведочено на многу, ама МНОГУ полошо сценарио, што остава трајни последици и ни на душман не му го сакам.
     
    На babymama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Каква и да е причината оваа не се оправдува НИКАКО . :fubar:
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Да не заборавиме и на користа. Знам човек што има фамилија жена и дечиња, он е келнер и работи дупла смена секој ден, пошто жена му не работи. Е арно ама од скоро има швалерка. Ај тоа, туку и ги плаќа сметките за телефон, мобилен поклон, чизмички демек човекот галантен поклони и купува. Слепец невиден, од децата крати. Таа кутрата швалерка, за еден телефон ли бе, или сметката што ја платил... незнам како да објаснам, се згрозувам :puke: .
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на една дешавка. Пред година и пол видов една слика во град од која ми се згрози животот. Гледам човек, така држачи, ама ги имаше 42-3 со гаранција, ако не и више. Девојчево, не би му дала повеќе од 19 години. И двајцата носеа полни шопинг кеси од разни бутици. И другарка ми рече „Брее, животно, дете ли нашол да лаже.“ И јас и' викам „Шо ти е на тебе, сигурно со татко и' си шета девојчево“ пошо стварно шетањето им изгледаше наивно, не се ни држеа за рака, а и девојчето бре на фаца скромно изгледаше (отпосле сфатив дека најверојатно е тајна врскава од некои причини). После вртиме круг, седнавме у кафич, што да видиш? Ете ти ги у истиот кафич. Јас се'уште не сакав да верувам, си мислев татко и' e, се' додека откако нарачаа не седна поблиску до неа и почнаа да се мазат. Пиев топло чоколадо и ако верувате почна голтката назад да ми се враќа пропратено со киселини. Шок! :puke:
     
    На gavolica4 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Milicka77

    Milicka77 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Еве еден пример за Анушка

    Имав една сосетка одеше со женет 5 години,човече ееееј... А што е најлошо за тоа знаеја и мајка и и татко и,тој па и кај неа идеше дома, :fubar: демек ќе ја оставам жена ми ваква е наква е...А жена му си седи дома со децата,а он и комшиката (швалерката) јавно си одеја по кафичи,ресторанти,во чаршија.И за нив сите знаеја па дури и жена му.Е арно ама на швалерката и дојде умот после 5 години кога свати дека ја лаже,и дека нема да ја остави жена му,па последниот месец додека одеше со него паралелно си фатила дечко од друг град(нормално без тој да знае,без никој да знае)и оп му се омажи преку ноќ.

    И тој сега со жена му за рака,повторно вљубени,се бакнуваат по улица како тинејџери,ја носи на работа , ја пречекува,абе шо да ви кажам.
    Арно ама сега народот лафе дека она има швалер(и така му треба за тие 5 год страдање),а тој заљубен во жена му,поима нема.

    Така да Анушка шансите да ја остави се мали,а дури и да ја остави голем грев ќе носиш на душа за растурање на семејство и оставање на дечиња без татко. ;( ,и уште потешко ќе се носиш со тоа ,ако не останете заедно.Да не збориме за децата и жена му и др кои ќе те колнат...таква среќа градена врз туѓа несреќа :shake:
     
    На Agrona и zdravkova им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.001
    Па убаво си пишало девојчето-нема дечко.Неможе женет човек да биде дечко.
     
    На SimonaTino, Beautiful-Princess, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Другарка ми контактираш со еден дечко малку постар од неа, ама ништо не направија. И случајно дознава дека типот е женет... Она тука каква вина има? Никаква. Не ни знаела дека е женет, а тој на секоја втора девојка ѕвезди и симнува.... :x
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Не знаела ама можела да дознае...Македонија е, нема за кого не можеш да дознаеш нешто: прво малку сме, а второ со детективски потенцијали на кои CIA може да ни' позавиди.

    Овде прашањето е дали сакала да дознае; дали тогаш сакала вистина или се задоволувала со симнувањето ѕвезди? Најверојатно додека и' симнувал ѕвезди не сакала да знае и сакала да го одживее тој сон до крај, но кога и сомнежите затропале на врата, тогаш и' текнало да се распраша. Не се однесува ова општо за другарка ти, туку за повеќето вакви „ама ја не знаев“ случаи.
     
  15. AnUsKa111

    AnUsKa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Milicka77 kako prvo on e vo brak edna godina so nego se znam dve ipol godini nemaat decaa so zena mu
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ А како второ што?!
    Што има врска колку години е во брак и колку години го познаваш ти? Може жена му подолго од тебе го познава...

    Тоа колку време се заедно и тоа што нема деца не е никакво оправдување. Ти си ДРУГАТА во неговиот живот, не го заборавај тоа ;)
     
    На midnight.flower и Guillotine им се допаѓа ова.
  17. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Алоууууууу што очекуваш бе девојче,што????
    Немаат деца,и сега тебе ќе те земе за жена и ти ке му родиш....??????
    Ај опамети се ти и тие како тебе имате по 17-18 години и со тие години станувате ничив потрошен материјал,а мислите којзнае колку ве сакаат тие што ви симнуваат ѕвезди,да тие од по 30-40 години.

    Ај малце ценете се себе си и не летајте многу во облаци дека сте подобри од нечија сопруга и баш тој поради тоа е со вас.
    Не не сте подобри од неа туку немате грам памет па ве нашле и ке си играат к*р со вас.
    Браво што си го дозволила тоа,па уште врска го нарекуваш и месеците и ги броиш ццццц :puke: :puke:

    Како не сфатите дека имате родители за кои вие сте капка,кои не ве растеле во саксија за некој да ви се моча.......
    Имаш прекрасни години ,а има и прекрасни деца кои се слободни и со кои ке си го изживееш животот,на кој ти ке му бидеш првата-единствената,цени си ја младоста не ја троши за нечив кејф.....

    Извинете за вулгарноста,но изреволтирана сум до максимум... :puke: :puke:
     
    На Anouk и midnight.flower им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Џабе, тој веќе ја има “обработено“ и се' додека не заврши нивниот контакт таа нема да регистрира ниту еден од нашите добронамерни совети. Очигледно не пишала за да бара реална помош, туку да најде оправдување за тоа што го прави за да продолжи понатаму.

    Епа штом е така анушка, те охрабрувам да продолжиш со играва и се надевам дека жената што поскоро ќе го остави ваквиот створ и дека ќе бидете заедно затоа што се заслужувате такви какви што сте. Се надевам таа кутра жена ќе се ослободи од таквиот човек пред да му роди дете. A се надевам дека и доколку се земете (што чисто сумњам тој затоа и фатил толку млада, се понадевал дека нема да очекува да ја земе) ќе бидеш подготвена да поминеш низ тоа низ кое поминува таа негова кутра жена.

    Но, немој да се чудиш ако штом жена му дознае, тебе те отера где сунце не сија и се врати ползејќи кај жена му. Има и такви ситуации.
     
    На babymama, midnight.flower, SimonaTino и 2 други им се допаѓа ова.
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Оправдување за неверство нема! Едноставно нема, и нема и нема... Овакви повици за "помош", убаво пишала Теси, се само барање за оправдување. Е нема! Пробувам да се ставам во ситуацијата на секој од тој триаголник, и резултатот за сите, за било кој исход е убитачен. Нема добитник. Жената која е најголема мисирка во моментот а нема благе везе за тоа, еден ден секако ќе дознае, и ќе пати, и ќе се самообвинува колку и да нема маана. Жал ми е што девојчево или немало добар пример за да знае дека со оваа врска сакала или не ќе заврши како износен чорап, или така и одговара односно свесна е 100% за ситуацијата и смета дека е нормално и во ред, што соодејствува со првиот пример. Жал ми е што не сваќа дека и да ја остави сиротата жена еден ден и она ќе стане возрасна, и истото ама потполно истото ќе и се случи и неа, истото старо дртало ќе си најде нова млада, наивна и зелена девојчица која ќе ја искористи и фрли. А жената која што е као што погоре реков мисирка без да знае, кој знае колку се труди, една година во брак, среќна, како и да е. Она ќе биде најголемата жртва тука, на едно недозреано девојче и еден недоветен дртло кој мисли дека може да го пикне кај ќе му се сака, да ми извините на францускиот!!!

    Девојче, отвори очи!!! :fubar:
     
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Неверство најподол чин најпрво за личноста која го прави тоа себе си си показува дека нема вредност,доколку особата која знае дека тој е во брак и продолжува да биде во врска со него тоа е дека таа има комплекси таа знае дека неможе да биде со нормален дечко веројатно поради нејзино минато без разлика на години па покрај својот уништен живот решава да го уништи животот на уште некоја.Јас просто на овие жени или мажи им се исмејувам во лице и им препорачувам да поработат на себе си да научат најпрво да се почитуваат себе.Жалосно колку жалосно некоја која може секој миг да биде сечија за некој денар може да уништи нечија душа,а за маж кој го прави тоа тој го прави тоа бидејки си има комплекс на недоволна машкост вистински маш тоа не би го сторил.
    Само лица кои знаат што е вредност седнуваат и решаат проблеми а не некои мивки да им го уништуваат животот
     
    На Anouk и zdravkova им се допаѓа ова.