Абе остај се...Таа мајка ми ми имаше кажувано дека ја збореле низ град.Со нејзе се видов можи три сати муабет праевне седевне заедно.И само ми вели татко ти ми пиша шо прајш х арна си едно др.и јас и велам абе тој си седи на фб сега зимо и нема работа по надвор.И арно што видов!!!!! Сега сум подсмирена малку па ке видиме што како понатаму. Ви благодарам на помошта на сите,ми значи навистина што сте со мене во овие моменти.Благодарам
Ах...една недела помина и добро се смирив,ништо немаше разговори на фб,и само сношти повторно недела и гледам пак си пишеле но тој пак и пишал но таа не не..и толку од разговорот.Е сега доаѓа најтрагичното што не сакав да се случи.Сестра ми сношти го отворила фб негов и само ми вели даде спиеш?и велам уште не сум заспана,ми вели дојди да видеш нешто разговор на фб кај татко.јас и реков знам,ми рече не и кажа на мама?Не,не и кажав.Епа добро не и кажувај те молам! Јас и реков добро не кажувам..Тоа беше.Не сакав таа да дознае пошто е помала,многу е емоционална и кога се нервира многу има болки во главата што тешко и поминуваат.Сношти кога ми го рече тоа ако верувате како нож да ме пресече на стомак..
Оф леле. И јас имам помала сестра и знам како боли кога таа не се чувствуа доброо.. Не се секирај, се ќе помини во најдобар ред, мора да биди така... Незнам што друго би ти рекла.... ИЗвестувај не, па ќе ти кажам повече нареден пат....
E zdravo na site.Koga pred 3 godini za prvpat ja pisav onaa prva recenica koja ja ima na ovaa strana ne ni mislev deka ke ima preku 140 komentari i deka ke ima golem interes za ovaa tema.Dolgo vreme nemav nitu videno sto se pisuva na ovaa tema.Koga pocnav da pisuvam idejata mi bese da porazgovarame dali ona sto mene togas mi se slucuvase bese veke sluceno i na nekoj drug.Znaci mi trebase sovet.Mnogumina od vas komentiraa,davaa pozitivni,negativni , neopredeleni mislenja,no i za zal se navreduvaa megu sebe.Jas seuste sum so istiot covek nasata vrska seuste trae veke 4-ta godina.Znaci ne bese samo sex i strast.Ova e presrasnato vo ljubov
^ Со истите тие раце со кои си го допираш љубовникот,си го гушкаш детето кога ќе си дојдеш дома и со истата таа уста го бакнуваш пред спиење,а до пред тоа си го љубела љубовникот. Се врати со некоја си гордост. Ако ви е толку убаво што не се разведете и двајцата и не започнете заеднички живот. Мизерија. Јас сфаќам да не ти е убаво во бракот и да бидеш чесен и искрен,да имаш грам достоинство и да се разведеш па да започнеш нов живот. Ништо страшно,ама ова...ти драга моја освен срам,немаш со што друго да се пофалиш.
кате дај сега после4 години велиш попрецизно објасни ни каква ви е вашата врска да ја наречам тој доби дете или сеуште не кај тебе дома како е и како успевате да се сокриете од дома да не ве дознаат овие 4 години мислам македонија сме пак сме мала држава не сме америка што е тоа што ве држи сеуште заедно????
Обично ваквите немаат м*да за развод и себично ги користат децата како изговор. Е тоа најмногу ме нервира „Сепак децата се поважни од мојата среќа.“ Да им биле децата побитни од нивната среќа, ќе размислеле двапати пред да направат таква глупост во брак. Ама не, за неверство имаат резервирано друга парола по која се водат „Нема ништо погрешно во она што не' прави среќни.“ Да земеш да ги утепаш!
Значи ве цитам сите и се згрозувам од ова швалеркиве на 18 години...кои родители ги имаат тие мрсулки не ми е јасно,и кои вредности ги имаат тие во животот....
Nема да искоментирам многу,бидејќи овде сите се многу морално настроени .Aко сакате морал ,вистинска љубов ,однесувајте се така-нека ви текне што зборувам ,да видиме чисто што означува moral за вас драги мои феминки A сега да преминам на постот:Kате,и мене ми е чудно како си останала со тој човек,твој живот твое право но среќата не се гради на сметка на туѓа несреќа,па имаш син ако еден ако разбере за вас,ќе те замрази.сакам само да прашам каква е таа љубов кога ти си имаш сопруг ,дете?размислуваш ли што ќе се случи ако те откријат,мислиш љубовникот ќе остане тогаш покрај тебе,ќе ти пружи дом и заштита? не те осудувам никако,но нели чувствуваш грижа на совеста?Tвојот сопруг како се однесува со тебе,се сомнева ли нешто :geek:
Оооф бе, се немате најдено во таква ситуација..!!!! Женска си имала среќа што човекот не те издава на сопругот или наоколуу.. Јас потполно те разбирам, и го оправдувам овој чин само доколку, сопругот те омаловажува и не придонесува за вашата заедничка среќа, ии факт е, дека ако тој сеуште незнае за тоа, и не те гледа чудно, значи тој не те познавал добро како ШТО ТРЕБАЛО. За ништо на светот не вреди да си ја уништиш твојата среќа, за ништо. Бидејќи подоцна ќе се каеш. Подобро да се каеш за нешто што си пробала и знаеш дека си згрешила, отколку за нешто што не си ни прибала. Ова е мое мислење... Како што се чувствуваш така да правиш, ако мислиш дека ти треба маж во секоја смисла на зборот, а го немаш дома, тогаш нормално е ја побараш среќата на друго место, зошто да не се чувствуваш женствено сега? зарем по 10 години ќе се чувствуваш повеќе секси?
^ Woow Какво оправдување: ако мажот те омаловажува Тоа не е никакво оправдување ни изговор. Си пишаа фино-лепо претходно: постои РАЗВОД! Ако маж ти те омаловажува, зошто би вложувала во една таква заедница и би трпела. РАзвод, старателство по сите правила и прописи и мирна глава, прави што сакаш после. Јас да разберам дека мајка ми 4 години се ебавала со некој зашто ете татко ми ја омаловажувал Нема да знам кого побрзо да отпишам во весник.
Kате и јас бев во брак во кој што бев непочитувана, но тоа не значи дека го изневерив,се омажив на 18 години, сега имам 24 и керка 4 годинки, трпев со години понекогаш бев и физички малтретирана но во ниеден момент не помислив на превара, не ради тоа да не дознае тој, него заради тоа што можеби сум била така воспитана, јас се разведов скоро, пред некое време случајно се запознав со еден кој е скоро женет и имам многу мало бебе, излегов еднаш со него ми се допадна и мислев дека извесен период ке можам да се гледам со него си реков тој женет јас разведена можеби ке биде добро, но не кате кога излегов да се запознаам се почуствував лошо, ако тој не си ја почитува сопругата, зашто би ме почитувал мене, направив грешка што излегов но брзо си ја поправив уште одма, јас не те осудувам но поубаво ке биде да се разведеш и да бидеш сакана и почитувана, имаш дете кое ке треба да се гордее со тебе, јас се откажав од лубовта и и се посветив на моето дете, за мене здравје, но сепак прво треба сама да се цениш.
Ништо не е оправдание за да се изневери сопругот, ни под разно не оправдувам.Не и посветува внимание,ја малтретира,алкохоличар е ? За се има решение ако не со убаво тогаш постои развод ,секој по свој пат па после што сакаш прави.Никако и никогаш нема да разберам кога некоја ќе каже дека сопругот не и обрнува внимание и се чувствува осамен.Ајде молим те ,па постои алтернатива разговор,да му се каже како се чувствуваат,ама не типките одма трчаат кај првиот шо ќе налетаат.А дали мислат на дечињата доколку ги имат,семејството,нарушените односи откако ќе се открие сето тоа? Не,битно нив да им е убо и да си се задоволуваат меѓу себе ,а и да љубов е то.Аха да,љубов е бе да се криеш по разни мотели,коли,хотели,некои стари соби на половина час еднаш неделно дека ти се сака и му се сака и псоле ај чао до следната недела.Многу големата љубов која што те тера да не ти е гајле за домашните.Како што кажа Лилит како се чувствуваат тие кога ќе се вратат дома кај своитеи како ги гледаат во очи?Зарем немаат ни малку страм,грижа на совест? Ех бе за жал се повеќе и повеќе има такви кои што не разбираат дека кога ќе влезат во брак и си ствараат семејство треба да се посветат на нив,а не после првиот проблем одма да трчаат кај првиот маж или жена сеедно. Не зборувам само за жените,општо за сите ,пак ќе кажам ако не оди од било која причина отворете ги картите ,дали постои можност за решавање на проблемот и ако да ,да се потрудите заедно,а ако не тогаш на најдобар што може начин да се разминат партнерите,а не веднаш да се помислува на изневерување.
Кате, не сакам да те осудувам, од проста причина што не те познавам.Секој има право да сака и да биде сакан.Меѓутоа тоа вашето почнало како шега, а сега станало сериозна врска полна со љубов, како што велиш.Зошто тогаш не си со него,наместо со мажот ти?Штом си заљубена во него,бракот со твојот сопруг за тебе е измачување(претпоставувам).Што мислиш дека ако дознае мажот ти,ќе ти прости? НЕЕЕЕЕЕ...Затоа што не станува збор за четири дневна врска,туку четири годишна.А тој швалерот,не ти предлага да бидете заедно и да ги оставите партнерите?Ако мажот ти дознае,мислиш другиот ќе ти даде засолниште,и ќе биде со тебе? Ќе се зачудиш колку луѓето можат да бидат покварени за да си го заштитат газот.Ќе гледа да се спаси од гомната,а ти ќе потонеш сама. Не можам да ги сватам жените кои си ја газат честа за еден к...(се извинувам на францускиот),и честа на децата,и мажот. НА ЛАГАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ. СЕ СЕ ВРАЌА,СЕ СЕ ПЛАЌА. И уште нешто да напоменам: Зошто жените како Кате (мислам оние што имаат швалери) мислат дека освен она и он,никој не знае? Толку сте наивни и глупи? Или мислите дека другите околу вас се глупи? Сигурно знаат сите,100 % , само прашање на време е кога ќе допре до твојата фамилија (маж ти,свекрва ти...).И сигурно сите што знаат те гледат веќе со други очи. И никогаш повеќе во нивните очи нема да бидиш она што си била.
Прво да расчистиме Кате. Гледам дека многу те осудуваат.Би рекла се се тоа жени кои имаат среќен брак или немажени.Првите не можат да замислат да ги допре туѓа рака,вторите не знаат што значи да си самец во бракот. Пак ќе кажам ,не те оправдувам и во ниеден случај не мислам дека имањето љубовник е исправно. Јас само те сфаќам и не те осудувам.Можеби треба да имаш поголемо трпение ,да седнеш да разговараш ...да допреш до него.Можеби не е се изгубено.Можеби малку фали да се тргне тој и да те гледа со поинакви очи. А можеби најдобро е да се разведеш.Така помалку ќе имаш грижа на совеста.Избери го тоа што е најдобро за тебе.
Душо па ти од Љубов ни буквата Љне ја разликуваш.Нема веза твој живот...Само знаеш жалосно е што достоинството го ставаш под твои нозе...Знаеш ли што е права жена? -Да знае и кога е најтешко да најде решение ако веке нема тогаш со крената глава става крај на мачниот живот"развод" и отвора нова страна која таа ке ја испише...ама онака како што вистински ќе го направи вистинската жена која има почит,достоинство,па и надеж за подобро утре...сепак јас не би сакала да ти се мешам...тоа е твој живот...