Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Jas veruvam vo vernost,kade sto postoi ljubov normalno
    Jad sum zaljubena vo mazmi :inlove: a I toj vo mene
    Znam deka e retkost no postoi!!!
     
    На Abeja и Glasna им се допаѓа ова.
  2. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...јас едно време кога се мував по форумите, чатовите приватните пораки месинџерите...имав некое чудно чуство...

    ...потоа си сватив што било работата...

    ...со тие што се мував, по цели денови и ноки и се зјапавме на камерите и мислев цело време на нив а бев физички присутен со друга особа, излезе дека всушност дека не било забава бееееее ... ми влегова у мозок...и си мислев нон-стоп на нив...дури и кога лежев до девојката како со нив да праев муабет повторно...страшно нешто...сум изневерувал цело време и тоа со еден куп...абе што да ви кажам , незнам како да во опишам, у мозок ми се напраи конфузија...какоооооо у некој виртуелен бордел да сум бил...ексик...да незнаеш што попрво да мислиш и на која... :*


    ...менталното неверство е полоша форма од оноа физичкото...

    ...абе по цели денови си мислев на мувачиците...

    ...е тоа таквои неверство...скраја...
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    За овој дел сакам да дадам свое мислење. Со ова не се согласувам. И тие кои го кажале ова од мое окружување, обично сакале да се оправдаат со тоа за тоа што го прават. На секого му удира „жолта минута“, сите некогаш во животот ќе не` мачи искушение. Но пред животинскиот инстинкт и нагон, доколку го ставиме разумот и чувството за морални вредности, може да ја победиме таа опсесија. Додека пак, направеното не може да се врати назад и може да носи и последици.

    (се надевам нема да ме сфатиш лично, само сакав да си искажам сопствено видување за ова, а фразава многу често сум ја слушала).

    Неверството е чин преку кој никогаш не би можела да преминам, особено не кога е во брак. Ако веќе не функционира, си постои развод, нема мама да ме кара, не сме тоа време.
     
    На НаталиЛили, Edie.S и zdravkova им се допаѓа ова.
  4. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...точно е дека во текот на нашиот живот се наогаме пред предизвици во форма на атрактивен спротивен пол...тоа не значи и дека ке легнеме со нив...но...

    ...дали би легнале со некој за кој нема да мислиме по цели денови...?


    ...does this ring the bell now?
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ако решам, нема да го изневерам сопругот. Ма тој некој најзгоден на свет нека биде. Ако толку не можам да почитувам ексклузивност, ќе излезам од бракот и толку.

    Јас мислев на тоа дека ако сакаш, навистина сакаш да победиш некое искушение, ќе го победиш. Како на пример, опседнатоста со некоја личност.
    Но, доколку направиш нешто, веќе е направено, поправка нема. Тоа дали си мислел по цели денови или не, не ја намалува вината.

    Тоа ти е исто како ова „што те прави повеќе виновен: тоа што ти доаѓало во момент на афект да удриш некого, но не си го направил тоа, или ако си ги послушал ѕверските нагони и си ја удрил таа личност.“
    И едното и другото се нагони. Доколку таа друга личност со која сме, вистински ја сакаме, ќе го оставиме партнерот поради неа и не би дозволиле таа да биде втора во нашите животи, па дури ни официјално.

    Се` друго, нема толку врска со љубов, туку со нагони, ниски страсти, па и опсесија.

    Пак ќе речам, мое видување.
     
    На Espadrila, Abeja, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  6. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Неверството за мене е непозната категорија бидејќи никогаш не сум изневерила.Сум била изневерена од поранешен партнер и боли ама многу.Сегашниот партнер не би го изневерила, бидејќи како ќе погледнам во очи на некој кој ме чува и сака како капка на дланка, кој ме поддржува во се, кој ги толерира моите маани и на крај некој кој го познавам како самата себе.Немам такво срце да изневерам некого.Во животот се се случува, но човек мора да биде доследен на себеси.Кога некој изневерува, има нешто подлабоко во тоа, или е несреќен или несозреан или пак едноставно човек кој потклекнува на сопствената слабост.
     
    На Ilinaaa и pikolino им се допаѓа ова.
  7. deksa

    deksa Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    никогаш не верувајте премногу,оставајте малку сомнеж,кога ќе се случи неверството ќе бидете посилни
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. deksa

    deksa Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    се сложувам со некои мислења,нормално бракот е света работа,барем за мене.Сите ние кои сме во брак,заедно сме од некоја причина,најверојатно од љубов.Неверството е опасна работа која остава траги цел живот без разлика дали некои ќе се разведат или не.Треба секој што мисли или прави неверство длабоко во себе да размисли која е целта,и да си го постави прашањето ЗОШТО.Секоја работа има почеток,средина и крај,па и неверството.Кога се изневерува мажите најчесто тоа го прават од физичка потреба а жените мислам од емотивна,со емоции,љубов,незнам кажете дали грешам.Пред да изневерите размислите,што добивате а што губите.
     
    На Ilinaaa и SimonaTino им се допаѓа ова.
  9. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Уште да мислеа сите како тебе...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    19
    Се согласувам донекаде со Андромастер во врска со менталното неверство со тоа што и физичкото и менталното неверство ги сметам за подеднакво "казниви". Ајде предизвик ваму, предизвик таму, ама па како може постојано да се мисли на друга личност ако веќе си вљубен во партнерот. Тоа некако не ми оди...
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheMoon

    TheMoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Еве ја разгледував темата и сакам да кажам дека и јас бев против врска со оженет...имам другарка која е во таква врска и секогаш ја критикував дека го прави тоа и ја молев да преќине....се додека јас не ја направив истата глупост... :@ го знаев од порано,тогаш имав 16 год. меѓутоа кога тој сакаше да бидеме во врска јас го игнорирав,се имавме сретнато и неколку пати во исто друштво ,но тогаш не ми беше битен... после многу години се сретнавме и како почна се стварно незнам... секој ден сме заедно разговараме на телефон со саати и заедно излегуваме во други градови....дома не е воопшто и цело време е со мене,прекинав неколку пати бидејќи неможам да се носам со тој терет но повторно започнувам...тој има силни чувства спрема мене а јас моите не сакам да ги признаам...незнам до каде ке доведе ова бидејќи не сакам да му го растурам семејството а со тоа што веќе сум со него тоа и го правам...
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Неможеш да расипеш нешто што непостои, знам одма ке речат феминкиве вака или така ама ако тој ја почитува и сака сопругата нема да биде со тебе. Жално е за неговата сопруга што сигурно незнае што се случува ама (иако многу овде ке кажат дека не сум во право) да беше обрано сигурно и таа немало многу да се мачи размислувајки дали да биде во таква врска ако е срекна или пак да биде тажна и да се одрече за да не растури некое “семејство“
     
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    браво за вас и дај Боже цел живот да сте заљубени
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. arhangel

    arhangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Драги мои пријателки!!
    Јас поодамна пишував на форумов и мојот семеен проблем го споделував со Вас.За мене изневерувањето беше нешто нај одвратното (бидејки во тоа време и јас самата бев изневерена жена).Со какви ли се маки се соочив и со какви кризи се соочив само бог ми е сведок :( .Во тоа време кога седнав и кога почнав да размислувам за равод(сеуште сум во брак),свесна бев дека ке морам да се посоветувам со стручно лице.Тоа и го направив ,прво отидов на психијатар и таму има еден многу конструктивен разговор.По негов совет јас се посветив на самата себе ...сватив што сакам во животот и дека се е можно да не снајде.Едноставно од идеала сопруга и мајка немам јас корист.кога не си добра за себе не си добра ни за другите.Почнав да размислувам поинаку ,се посветив на себе на моето дообразување,се активирав во многу организации и едноставно се препородив.Дури ни сега неможам да се препознаам самата себеси.Секако мојата преобразба е многу на позитивно,посакувана сум насекате и секаде е пожелно моето присуство.Е да се навратам сега на темева ...Тоа што мене некогаш ме згрозуваше,сега ми е и нормално...едноставно согледувам дека почнува да станува нормално живеење на луѓето :$ .И јас самата се најдов незнам ни како во ситуација ,да почуствувам пеперутки кон друга особа....да ми недостасува неговиот тел повик итд итд...Немам ништо со тој човек и сеуште ја кревам рачната аро ама само господ знае до каога ке тера оваа ситуација.
     
    На stetoskop, vesne и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  15. decko31

    decko31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    добро е тоа шо си посветела внимание на самата себе едноставно сија врати довербата во себе
    продолжи со таја енергија да живееш и понатаму не дозволувај повторно дасе уништиш себеси
    како шо и самата писша сопруга и мајка си си била изневерена навистина си била во тешка состојба
    али сепак немој даси дозволиш оније тешки моненти пак датисе вратат
    си почуствувала љубов кон друга личност :!: немој да дозволиш и та љубов пак дате уништи :fubar:
    свајќам дека имаш потреба да бидеш посакувана нормално и како секоја друга жена на светов
    и ти си имаш свои потреби само мој совет е сепак не дозвлувај мајчинството дати биде уништено
    биди храбра и итра дане дозволиш никој со прст дате покажува
    поздр ти посакуван све најдобро
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. arhangel

    arhangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Драги мои ,дали е нормално да вакво нешто може и да случи и да се почуствуваш како на тинејџерски години.Најмалку од се сакам да се ставам во ситуација заради некоја моментална ситуација да си го растурам бракот....секако доколку би се одлучила на тој чекор ке биде максимално дискретно и без ситуации кога некој од моето семојство пати заради тоа
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Нормално е а зошто не би било, љубовта нема врска со годините исто како среќата, тагата, бесот итн, тие не пратат цел живот. А за растурање на бракот ете ти кажа и дечкото на предходниот пост, најважно е мајчинството, само имај на ум дека детето твое еден ден ке порасне и ке тргне по свој пат а тој ден немој да го дочекаш осамена.
     
  18. decko31

    decko31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    :!: пази тоа тинејџерско почуствувајње да не ти наштети доколку се впушташ во некоја авантура размисли и проценија таа особа немоја даси дозволиш често дасе гледате или нон стоп на моб дасе слушати колку можеш биди дискретна :!: тинејџер нема да чува тајни како шо би чувал некој оженет
    ;)
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Мајка ми тоа го вика „втор пубертет“. :D Може, може, зошто да не. Жив човек. Само една препорака од личност која била премногу пати опкружена со такви ситуации. И најпаметниот/ата и најлукавиот/ата кога-тогаш го откриваат. Моментална ситуација и искушенија сите не` следат и ќе не` следат низ животот, не само тебе. Само има луѓе кои одолеваат на истите и оние кои им се препуштаат. Би ти посоветувала да бидеш во првата група, затоа што како што кажуваш, ова е искра, моментална која нема да трае многу долго, а пустошот што може да го остави доколку ја разгориш може да биде фатален.
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Како прво не можеш да расипеш нешто што не постои.
    Второ ако се сакате не треба да криете колку порано кажете толку поубаво.
    Не сте криви вие.