^^^И трето и НАЈВАЖНО, ако навистина имаш 13 години, воопшто не си компетентна да делиш совети на вакви теми.
И повторно јас.Најнапред Ви благодарам што не ме осудивте и секако не ме нападнавте .Ви благодарам на советите и се согласувам со сето горе напишано, 100% сте во право.Кај мене е сеуште истата ситуација ....ја држам сеуште рачната дигнато .Но за жал не можам да кажам и дека така се чуствувам .Во мене разгоре силен огин и чуства што не се својствени за мене.Мислам дека полека се заљубив во човеков.Секојднево контактираме ама секако не се гледаме.Се трудиме максимално нашата комуникација да биде во тајнос ,се договараме да се слушнеме само кога сме сами...да се допишуваме секако кога ќе бидеме сами.Дома се трудам да бидам добра ,му посветувам максимални внимане на сопругот.Ама ...мислите лутаат ,срцево ми бие како лудо и на самата помисла на него.Повеќе и не се задоволувам само на телефонски разговори...ми недостасува го сакам покрај мене .Ми фали и физички....а секако и јас на него.Еднотавно само еден поглед ни е потребен и ние вивнукавме .
Колку за потсетување: 12 скапоцени лекции Некои врски раѓаат драгоцени спомени, други бесценети лекции. Љубовта ќе ви донесе романтични моменти и еуфорични емоции кои ќе сакате да ги помните цел живот, но и грешки, тага и болка од кои ќе научите многу. Животот е учител, а еве некои од љубовните лекции кои можеби веќе сте ги научиле од сопствено или туѓо искуство или пак сега за првпат ќе ве поттикнат да размислувате во одреден правец: 1. Неверството и лажењето не се грешки, туку избори кои личноста свесно или несвесно ги прави. Ако слушнете „Беше грешка, верувај ми“ од неверен партнер, не му дозволувајте да се сокрие зад зборот „грешка“. Луѓето сами избираат дали да ја оправдаат или да ја изневерат довербата која некој друг ја имал во нив. 2. Понекогаш тишината е најгласниот плач. Ќе дојдете до момент кога партнерот со тишина ќе сака да ви каже „Те молам држи ме за рака, те молам разбери ја мојата болка, те молам биди до мене“. Не ја игнорирајте таа тишина полна со тага. 3. Презирот и омразата насочени кон бившиот ви штетат вам, а не нему. Ослободете се од негативните чувства, закопајте ги еднаш засекогаш и не дозволувајте да ви го загорчуваат животот. Некои луѓе едноставно не заслужуваат толкав дел од вашата енергија, ниту пак се достојни да ви предизвикуваат какви било емоции. 4. Само затоа што една врска прекинала, не значи дека не вредела да ја доживеете. Дури и некои од најдобрите врски не траат долго. Луѓето се судираат, се поврзуваат, се разидуваат и се разделуваат. Но, нивната средба, колку и да била кратка, секогаш има смисла и остава спомени кои вредат да бидат врежани во сеќавањата. 5. Секој бивши дошол во вашиот живот со причина. Некој од нив ве научил како да се бакнувате, некој ве повредил, некој ве научил како страсно да љубите, некој ве искористил, некој ви покажал колку силно можете да се смеете, некој останал повреден од вас... Не заборавајте дека секој од нив на лош или на убав начин придонел за градењето на личноста која сте денес. 6. Прекумерната љубомора не вели „Те сакам“. Љубомората која ги преминува границите на нормалното може само да задушува и да предизвикува болка или страв, но таа не е доказ за неизмерна љубов. 7. Во ред е понекогаш да му бидете лути на саканиот, но никогаш да бидете злобни кон него. Паровите кои тврдат дека никогаш не се караат – лажат. Сакале или не, во животот доаѓаат моменти кога различните карактери, сфаќања, убедувања и размислувања создаваат љубовни конфликти. Луѓето прават грешки, никој не е безгрешен. И во таква ситуација, нормално е да чувствувате лутина кон вашиот партнер. Но, кога со голема огорченост ќе започнете да размислувате за одмазда или кога се однесувате злобно, знајте дека сте скршиле некој од темелите на вашата врска. 8. Грубите и сурови зборови знаат да болат повеќе од физичка болка. Зборовите понекогаш предизвикуваат незамислива болка, која не може ни да се спореди со болката од физичка повреда. Почувствувајте го вкусот на вашите зборови пред да ги пуштите да излезат низ вашата уста и да се упатат кон вашиот сакан. Зборовите се камења кои откако ќе ги фрлите, не можете да ги повлечете назад. 9. Кога партнерот се однесува лошо спрема вас, речиси секогаш најдоброто решение е да му свртите грб и да си заминете. Ако наидете на партнер кој се однесува кон вас без почит и со потценување или ве третира како предмет, не ја барајте грешката во себе. Не се обвинувајте себеси, бидејќи неговото однесување не говори ништо за вас како личност, туку зборува само за неговиот карактер. Потсетете се дека заслужувајте подобро и заминете без да погледнувате назад. 10. Никогаш не би требало да сте принудени да се борите за да добиете место во животот на партнерот. Ако тој не ви отвори врата за да влезете во неговиот живот, тогаш можеби треба да се повлечете. Во случај тој да смета дека сте доволно вредни за да ве пушти до себе, тој сам ќе направи место за вас. 11. Партнерот ќе се однесува кон вас онака како што ќе му дозволите. Можеби не можете да го контролирате него, но во секој случај можете да го контролирате вашето однесување и нивото на вашата толеранција. Почитувајте се себеси за другите да ве почитуваат. 12. Еден од најголемите и најтешките предизвици во животот е да отстраните некој од вашето срце.
Zeno! Da si mi mene doma jas bi te ubila na lice mesto jas vakvo nesto ne bi prostila a neznam sto covek si, sega izvini vaka ama toa ne samo so ne go pocituvas mazot tuku i tvoeto dete! koga nekoj te prifatil za cel zivot da e so tebe ne ti treba nekoj da si poigruva so cuvstvata sigurno kolegatanema da te zeme koga mazot ti ke doznae za vas nisto ne se skrilo zapomni
Ah draga moja do pred nekoj den i jas go imav istoto mislenje so tebe no po seto ova sto mi se sluci krivicata ne ja pronaogam vo kateivanova12 mozebi maz i i dal povod takvo nesto da napravi ,znici nikogas ama bas nikogas ne sum imala ni misla kamoli custvo da go izneverem maz mi no toj mene me izneveri i toa vo bracniot krevet tolku sum povredena sto odvaj i ova go pisuvam celata sum vo solzi na nikoj ne posakuvam vakvo nesto
Аууу кога влегов во темава мислев ке сретнам мислења на жени што се изневерени ама ги прочитав последните две три страни и ваква останав... Поголем дел од мислењата се жени што изневериле и девојки што имаат врска со оженет човек. Добро бе девојки шт ви се случува?? Од кога тоа женетите мажи, (од кои пола се со стомаци), на кои им вриштат децата, им се нервираат жените се пред илјадниците сингл момци??? Јас не знам што ве привлекува кај нив? Муабетот за децата? за жената? за работата? Што? Ставете се во кожата на жена му (што и он сам не си ја почитува), или во таа на децата? Како би ви било вам ако татко ви ја изневерува мајка ви? Ставете се на местото на вашите родители. Граделе со години каков таков углед за вие за еден полусвенат к** да го срушите. Друго... Кое бе машко ке те сака ако разбере оти си била со женет човек ? А за жените што изневеруваат може да кажам дека се само неизживеани и прости. Убаво и било чуството да знае оти е посакувана? Бре !!! Појак изговор здравје. Јас знам десетици жени на кои и младите момци врат ке скршат кога поминуваат ама верни се на мажот. И тоа ги прави уште поатрактивни. Оти се 100% недостапни. А тебе ако те дознаат оти веке си била со некој одма ти пага рејтингот и веке не си атрактивна и посакувана туку си у најкултурна и најблага форма речено ‘‘жена што и мрда пашката‘‘. За жените што се изневерени навистина ми е жал. Ама пак требало да гледаат кого зимаат. Тука имаш три опции или развод, или да се понашаш како кучка како стуига плата истроши му ги парите и нека се слика. Е сега ако има тој стварно многу пари тогаш уште подобро, искористи ги за да си започнеш кариера да бидеш успешна на други полиња. Ама пак ке кажам, не сум во брак и немам некое искуство на темава, ама мене да ми се случи нешто вакво се разведувам одма. Да, мачење е за децата. Ама мачење ке биде за нив и ако живеат со родители со несложен брак.
Неверство: ... “Why, what is it?" "I'll tell you. Suppose you're married, you love your wife, but you're fascinated by another woman…" "Excuse me, but I'm absolutely unable to comprehend how…just as I can't comprehend how I could now, after my dinner, go straight to a baker's shop and steal a roll.” Excerpt From: Tolstoy, Leo. “Anna Karenina.” iBooks.
Добро е што си свесна дека растураш едно семејство,но свесно и продолжуваш да го правиш тоа. А како тоа нешто што не постои? Тој веќе е во брак тој брак постои,постои и љубовта со неговата сопруга,неговото семејство мислам запрашај се дали воопшто сакаш да си нечија швалерка? тој никогаш нема да ти го пружи она што го очекуваш од него мислам ако сакаш да имаш убав брак,дечиња,мислиш дека совеста ќе ти е мирна па нема да ти го стори истото и на тебе? јас мислам дека тие луѓе не се менуваат затоа размисли пред да се задлабочиш во таа врска со непредвидлива иднина а тој секогаш ке трча кај нив кога им е потребен тоа не можеш да го промениш
Здраво имам едно прашање до сите тука што се ставаат во својство на судија и се најпоштени најдобри и делат совети како не треба да се случат некои работи ако си во врска или брак моето прашање е што ве заинтересира темава па да пишувате од прва ко ке погледниш пред компј имаш многу теми и најнормално е да те заинтересира нешто што е поврзано со тебе има некој дел сто сакаш да видиш како би требало условно кажано да се однесуваш јас лично сум иначе во брак и имам девојка во која што сум многу заљубен не се осекам како швалер затоа што сето тоа е со многу љубов и многу емоции врската со девојката трае колку и мојот брак е сега сакав да споделам некое искуство тука ама гледам скоро сите сте бе безгрешни се ќе се најди некој на форумов што има некаков проблем и одма навалуваат многу членови на него како не требало да постапува а како требало кој знае....
Сум чула една поговорка и многу е на место вели вака ;Знаеме што помина не знаеме што ке дојде затоа јас ке речам никогаш не вели никогаш не знаеш утре што ке биде а за темата јас останувам на тоа дека секој си има негов живот и нека го живее како што сака сигурно е свесен какви ризици презема ако он нема проблем со тоа немам ни јас и не е темата за да осудувате него да советувате затоа малку пообјективно а не некој решил да си го каже случајот а тука одма на бесилка ги ставаат
^^ Aко толку ја сакаш девојката зошто уште седиш во брак? Не правиме (бар ја лично не правам) муабет некој да е или не е светец, или да ти судам како можеш, туку да не се бараат „јас не сум светец“ изговори за нечиј кукавичлук да прекине дисфункционален брак. Да имам јас можност да остварам љубов толку посилна од онаа која ја имам во бракот, не би можела ни ден да го погледнам сопругот во очи и да му скријам, а не цел брак да му одглумам. Од себични причини, МЕНЕ лично душата нема да ми е мирна, ЈАС ќе се превртувам цела ноќ. Капа ви симнувам вам што водите паралелни животи и мирно си спиете навечер. Ќе си живеете 100 години. Јас сум за тоа дека љубовта победува секакви бариери, не па еден потпис. Ама малку да си човек и малку да си фер треба кон оној со кој си делел толку многу. Секој брак, каков-таков е помагало за учење на нешто. Знаете како викаат за мажите: Секоја година во брак = минимум две години животно искуство како сингл. Јас мислам дека слично важи и за жените. На пример, мене бракот ми помогна да бидам посталожена, пофлексибилна, поподготвена за компромис, поподготвена за иницијатива, похрабра, поистрајна, помудра, подобра личност едноставно. Што и да се случи, никогаш не би можела да порекнам што сум научила покрај маж ми. Во тој дух, што и да се случило меѓу нас, секогаш би била искрена, особено ако засакам некој друг. Истото го очекувам и од негова страна, а доколку го дознаам спротивното ќе го сметам за многу поголем грев отколку во очи да ми каже: „Сакам друга.“ Многу повеќе би го почитувала. Јас не велам дека цел живот мора да сме заљубени во брачните партнери и и покрај се` да гувееме до нив со благотелечи поглед, туку дека заслужуваат малку пофер однос а не да правиме будали од оние кои биле покрај нас во се`. Жена ти знае ли за саканата? Ако не знае, кажи ми како криеш од жт нешто што го сметаш за човечки, чисто, исполнето со љубов и пред се` исправно? Објасни и` го ова и нејзе ако толку силно веруваш во тоа.
те поддржувам tessie! како е можно да се живеат 2 животи? Една од тие две жени не е почитувана доволно ,или сопругата на која немаш храброст да и кажиш дека не ви оди,или онаа другата. Како и да е јас сум од страна на оние кои го почитуваат брачниот живот,и ДА ако веќе не оди седни како маж и направи муабет барем заслужила да си искрен со неа. П.С ние сне тука за да фалиме и критикуваме ако некој сака да ја мами сопругата или сопругот сигурно ако не повеќе 70% од нас ќе окривуваат а останатите изневеруваат па се тешат едни со други. ПОЧИТУВАЈЕ го вашиот брачен сопатник тоа е и патот до убав живот, ако нешто не оди пред да направите грешка за која подоцна скапо ќе платите разговарајте со него
Значи од искуство кажувам врска со зенет човек е несто болно и е невидене работа.Ке функциорате како пар, не викам сум имала убави моменти, но има на све и крај од некои причини.И он пак с останува со таа жена, тоа е реалноста е таква за жал, редеко кој ке има можност тоа да го направи.
сега сум во брак но како штотуку верени му најдов пораки случајно на профилот на фејсбук на маж ми дека додека бев во болница и лежев таму една недела, на два пати и праќал понуди за пријателство и пораки со насмевка на девојјка која не ја познавам , со провокативна слика на профил, на плажа,во костум за капење. таа не го прифатила. јас бев вчудоневидена, прво што не очекував такво нешто нели како млади вереници а уште повеќе тоа што јас тој период лежев во болница, па тој наместо да мисли на мене, си седел на фејсбук и си уживкал. Му реков дека ова го сметам како неверство и дека повеќе никогаш нема да биде истиот во моите очи. дали мислите дека ова е неверсто од негова страна?
^ Прво што помислувам е дека некој сака да не заинтересира да пишуваме, а знае дека овие ни се омилени теми Билке ти ли си? Реинбоу? Некој од новите вработени на фемина?
да,тоа е емоционално неверство и навреда .значи технологијата го контролира човечкиот ум,тоа е јасно,аматој те одбрал тебе,што има да си флертува и четува со други девојки?ако не се вљубил во тебе,се знае што следува,неверства,лажен двоен живот.сериозно проучи си каков е вашиот однос,и дали се сакате еднакво.
Прво ќе ти речам за да можеш да изнесуваш било какво мислење на оваа тема треба да имаш осетено на себе затоа што за некој работи нема зборови кој можат да се кажат а одстрана гледано и јас би можел на се да одговорам и да кажам како треба да изгледа сето тоа јас лично грешката ја гледам прво во себе па после во сите останати околу мене но не комплетно значи да сум јас крив за ситуацијата во која што сум затоа што секој проблем потекнува од некое незадоволство а пак исто од еден проблем се прават два што е зависно од решението за себе сметам дека сум човек што не бара многу од една жена сакам многу љубов и мегусебна комуникација сега сум на работ на лудило залубен сум до уши во една девојка а сум во брак како што кажав кај двете од нив најдувам по нешто што ми се допаѓа неможам да се одлучам со која да останам со сопругата бевме во долга врска пред бракот и на некој начин се се изгуби со тек на време премина се во навика и секојдневие беше неиздрзливо веке морав да внесам нешто ново во животот мој затоа што се осекав безвезе ми фалеше топлина љубов мислам дека сето тоа се случи од недостаток на љубов неможам да го прекинам бракот затоа што сум можеби така воспитан да не речам патријахално никој од мојата фамилија не изнаправил такви глупости а пак на девојками многу и верувам расипа долга врска за да е со мене иако сум во брак но мене ме тепа секогаш една лоша мисла си викам кога може да е со мене а сум во брак што ќе биде кога ке згасни љубовта према мене пошто секоја врска си има рок на траење да не се правиме сега шпанци тука има љубов во прво време но после се е само навика нели што ќе биде после????
Според мене тие што изневеруваат (не е битно дали во брак или во долга врска) се лабилни личности, со мек карактер кои немаат свое јас и незнаат да си постават одредена граница, кукавици се во душата, немаат грижа на совест и постапките односно последиците ги кријат на подмолен и манипулаторски начин. И не верувам во "беше грешка", не верувам во "ама ете така се случи", не верувам во "ама никогаш не вели никогаш" итн. Едноставно тоа се само изговори кои се својствени за мали деца, а не за возрасни личности кои тврдат дека се изградени. И немојте да мислите дека ако имате швалер или швалерка дека сте многу повеќе посакувани од некој кој нема. Сите ама буквално СИТЕ можат да го прават тоа и верувам дека на сите им се пружила шанса барем еднаш во бракот или во текот на долгата врска ама некој знае да каже одсечно НЕ, а некој незнае. Да не речам некој има мозок, а некој не. И не живеам во бајки, знам дека може да се случи да едноставно ја снема љубовта, страста, хемијата. Ама тогаш треба да се седне и да се разговара како возрасна личност, а не да се криете како средношколец што крие единица од родителите. А да и уште нешто, во овој пост нема да се извинам доколку некој се навреди како што правам во некои други теми зашто мислам дека нема потреба да се замарам со некоја личност која ни она самата не се грижи за својот маж или жена. Ете така, толку од мене.
Како може љубовта да стане навика? Имаш 34 год а веќе ти е здосадено и сакаш нешто ново? Уште и знаеш дека и од другата ќе ти здосади па нели полесно е да направиш нешто за да разбиеш монотонија во твојот брак отколку да трагаш по авантури кои знаеш дека ќе ти здосадат.Доколку мислиш дека сопругата не е доволно романтична ,секси или што и да и недостига разговарај со неа побарај од нејзе да смени нешто подобро тоа отколку цел живот да се штрекаш на секој повик на моб. а еден ден и ќе те дознае верувај
според мене не си го разбрала ни прашањето ни одговорот мој воопшто не се работи за мек карактер како што кажуваш ти нити дека незнам да ставам граница или во најлос слуцај дека сум психички лабилен значи ако си психички лабилен ќе заостануваш и ке имаш проблеми на секое друго поле кај мене нее така воопшто некој има некој нема мозок тоа во превд знаеш сто значи дека некој може да помине преку некој работи некој неможе сакам да те прашам што ако нема добар одговор и од двете страни??нетреба да се извинуваш воодушевен сум од твојов пост да бев професор ке ти пишев 10одма тука разменуваме мислења без навреди значи јас ти велам сега дека го читам твојов пост и твоево мислење исто како нисто да не сум прочитал незнам што сакаш да кажиш