Пред се да кажам дека многу ѓи почитувам твоите мислења искажани на форумов и дека си еден од моите омилени ликови кои со задоволство ѓи читам на форумов. А сега да се вратам на репликата. Не е точно дека секоја жена има потреба да биде само сакана, секоја жена сака и да биде посакувана и од други мажи бидејќи така си го храни сопственото его. Ако е битно да жената биде само сакана од својот сопруг тукаш зошто толку се лицкаме и битен ни е секој детал кога одиме на работа, шопинк.... Значи во ѓенот на секоја жена е и да освојуа и да измами воздишки од другите мажи па и жене. Е, сега велиш лесно е кога си млада. Да, јас зборувам за млади жени некаде до 40 год бидејки тогаш е поголема потребата за страст, внимание... а потоа после 50 се бараат други вредности бидејќи се намалува сексуалната желба а се вредуваат други нешта. Секако е битно да бидеш сакана од својот сопруг но секако дека тоа не е доволно, потребно е да се одржува страста секогаш да понуди и едниот и другиот партнер нешто ново во креветот, да ѓи осознава желбите и потребите и да се труди да им ги исполни тие нивни желби. Да се разбереме доколку сакаме само да филозофиреме може да кажеме дека е битно само партнерот да те сака, но ако сакаме да бидеме реални ќе признаеме дека сексот е многу битен во бракот, а сексуалната монотонија е она што жените ѓи брка во туѓа преградка. А, со текот на времето секбсот во ракот станува само рутина а неретко монотонија. Секако дека понекогаш неверстото може да се јави и од промискуитетност на жената но тоа е веќе друга тема. Значи не се согласувам со твојот став дека е битно само да те сака понекогаш бе итнен и сексот едноставно да се издуваш. А зошто неверството може да го подобри бракот? Па затоа што неверството може да биде издуен вентил каде ќе се канализира негативната енергија и на тој начин се релаксираат односите во ракот. Е, сега и тука треба жената да биде умешна и да не биде открена туку тоа да го прави дискретно и со особи кои знаат да бидат дискретни и секако нетреба да се претерува ниту пак да се претвори во паралелна врска. Секако дека има уште многу аспекти да се опфатат на оваа тема но не би ве смарала повеќе.
Sardinija 21,ти благодарам,и јас те читам .Oк штом не се согласуваш,но јас никаде не реков дека не е битна страста,дека не е битен сексот,напротив.Aма,бракот е света работа и не го оправдувам лажењето,уште помалку неверството,што може да и пружи друг маж на жената што сопругот го нема ?Tоа е кукавички да пребега од проблемите наместо да се соочи со нив и со односот кон сопругот ,таа да изневери ,или мажот да ја зневери.Tоа не го оправдувам никако,и е баш нечесно и нечовечно некој да биде изневерен,сеедно дали заради проблеми како што кажа ти или заради промискуитетност.Zатоа кажав,секој со својот став и размислување,но онаа жена жена која бара да биде само посакувана и тоа во брак од други мажи,значи и фали нешто со него,притоа не мислам на тоа да не ја забележи некој или слично но ова е отворено заведување.Mлада си,еден ден здравје кога(ако) бидеш во брак ,ќе видиме дали така ќе размислуваш.Mислам дека се знае дека бракот е света работа,и се знае дека неверството е недозволено,посебно ако си верник си слушнала за ова така.A и јас подлабоко нема да навлегувам,мислам секоја жена различно се чувствува ,така да секоја за себе си знае најдобро.поздрав
Себичност и кукавичлук. Ете тоа се причините. Јака ми е таа љубов и кон жената/мажот и кон швалерот/швалерката кога не можеме да му/и` пружиме ексклузивност. Овие особини ги кријат зад грижата за децата (туф, туф, ја покажале грижата), мислењето од општеството и комшиите (за комшиите им текнува да помислат, а за чувствата на изневерениот партнер којшто скоро секогаш чувствува нешто иако последен дознава, ма кој го љуља), воспитувањето (од кое очигледно ја заборавиле лекцијата за искреност и лојалност) ... Љубов има, да...кон самите нив. Како викаат Нишлиите „една за мерак, друга за мираз“. Е не може така. Никој не се родил да биде нечиј роб. Многу сакаме да бидеме модерни, ама многу добро знаеме и што претставува бракот и кои одговорности ги носи. Штом сте со модерни сфаќања, не ни стапувајте во брак, или едноставно разведете се. Ама ете, премногу сме модерни за да бидеме верни, а кога е развод во прашање, многу сме затуцани и “домаќински“ воспитани. Е, оваа моја чудесна земја. поентата на еден брак е да се решаваат проблемите и да се прават освежувањата во рамките на самиот брак, а не да се празниме на страна. За паралелно дружење, си има нешто што се вика open relationship и доколку и двајцата се на чисто во однос на тоа што едниот треба да очекува од другиот, воопшто не ги осудувам. Но праиме муабет за брак бе луѓе. И животните повеќе знаат за ред и осет од нас. Да се млатам ко животно со некого и после да дојдам дома, да му затрепкам на мажот како ништо да не било и да си легнам во ист кревет со него. Од кожата би си излегла.
Читам читам и се чудам. Браво браво браво Експерт на 21 година Секоја чест Го жалам тој што ќе те земе за жена. Ти ова озбилно го мислиш што го имаш напишано? Жената дома со мажот се полни а со швалерот се празни уф каков заклучок просто неверојатно. колку врме го мислеше ова? А зошто таа жена стапувала во брак кога мажот на било кој начин е и е по ќеф? Во бракот има и секс и водење на љубов 2 во 1 ако имаш слушнато за ова, и тој е добар толку колку вие сакате да е добар што значи ако се знаете и познавте и сте искрени еден со друг секогаш ќе знаете што еден на друг ви е потребно и нема да има никаква потреба да шврљаш со газето на страна. А ако не ти се допаѓа она што го имаш со партнерот тогаш тргни си од себе, што бараш а што добиваш и колку го добиваш
Не сум експерт, туку само гласно размислувам. Мојот став е тој, да нетреба по секоја цена да се изневерува но доколку се почувствува празнина подобро е да се направи излет надвор од бракот отколку да се растури бракот. Бидејки понекогаш немора да се работи за којзнае каков проблем можеби се работи за моментално криза во бракот која подоцна ќе се надмине и неможеш ти тукутака да ја растуриш таа заедница наречена брак, само затоа што си сексуално незадоволна. Но затоа постојат начини какотоа да се направи дискретно без некои поголеми потреси. Пак велам ок можеби грешам и немојте сега веднаш да ме осудувате поради тоа, само се обидов да го искажам мојот став. Јас познавам луге кои на тој начин со повремени излети надвор од бракот успеале да го сочуваат колку толку бракот да децата имаат и мајка и татко. Меѓу тие луѓе се и моите родители кои можеби немаа складен брак но успеаја да го сочуваат бракот благодарение на тие повремени излети надвор од бракот. Таткоми е десетина години постар од мајками и од одредени причини неможе да ѓи задоволи нејзините сексуални потреби(барем јас така мислам) и порано нон стоп беше викање, карање..... Но откако мајками почна почесто да излегува(а скоро дознав дека се гледа со друг) пофторно ни се врати хармонијата во семејството. Знам дека сега лажните моралисти ќе кажат дека тоа не е во ред итн но е едно од можните решенија. Е, сега велите: Па што влегуваат во брак ако не си одгоараат или ако нема љубов. Секако дека имало љубов на почетокот но никој незнае кога таа љубов може да згасне или да се намали. Кај многу луѓе сексот станува рутина после одреден број години или се намалува интересот за партнерот, па така еден од партнерите е принуден да го бара решението надвор од бракот. Но има и уште еден факт кој вели дека сексот надвор од брак е многу по страствен и партнерот се труди што е можно подобар фпечаток да остави. Потврдата дека сексот надвор од бракот е поквалитетен и по возбудлив ја добив и од еден колега кој е 7 години во брак и со кој имам одвреме навреме авантурички. Тој вели: Знаеш ли дека ваква возбуда како што ја чувстувам со тебе никогаш ја немам почувстувано со женами? Вели можеби на почетокот и во првите 2 години од бракот, но потоа вели некако како да се оладив од женами, таа се здебели престана да се средува, не да се запушти скроз но не беше таа тоа онаа која претходно ја знаев, и едноставно изгубив интерес за неа. Во кревет само си ја одработувам брачната обрска се трудам да ја задоволам но јас не чувствувам никакво задоволство. Ми вели да небеше ти којзнае можеби мојотб брак ќе беше одамна минато, или ќе излудев, вака ти си ми еден испусен вентил кој ме опушта и едноставно кога ќе отидам дома се чувствувам смирен и можам да го издржам сето тоа што следува. Незнам јас мислам дека и во рак ќе се тругам секогаш да изгледам топ, и да бидам секогаш средена. Според мене и во бракот треба да има постојано заведување и постојано воведување нови нешта што ќе го освежат бракот. Ќе се трудам да мажми едвај чека да дојде дома, а не да му е ноќна мора враќањето дома.
Ти имаш некој проблем и навистина треба да поразговараш со стручно лице. Но пак ќе кажам не си ти крива туку твоите родители кои те воспитале така. Ти кога дозна дека мајка ти и татко ти имаат и други луѓе во нивниот брак те тешеа дека така е подобро и ти продаваа ефтини фори дека се посреќни на тој начин? Мисли и живеј во заблуда тебе не ти е срам да кажеш дека растураш нечиј брак? Засрами се. Самоз апамети животот е круг, некого ќе сакаш толку многу и нема да сакаш да го делиш со никоја друга ама тогаш ќе се појави некоја како тебе и ќе ти го растури бракот, ќе корнеш коси секој ден. Ти нема да бидеш млада, згодна (а и да бидеш сигурно некоја ќе биде подобра од тебе) па тогаш шт ќе правиш?
Издувни вентили може да има многу, ама повремените излети не се тоа, дефинитивно. Тогаш бракот ја губи својата смисла. Тие луѓе што повремено „излетуваат“ - за мене не се ништо друго освен кукавици, неспособни да изградат свој живот без да зацрнат нечиј туѓ. Сардинија, тркалото се врти - може ти утре да бидеш на местото на сопругата која мажот ја изневерува за мир во домот и за да може да поднесе да живее во таа куќа и тогаш да плукаш по жените со кои твојот маж спие. Па јбг, ако не може да ја поднесе, ако сака да спие со други жени, зошто се оженил? Сака сигурна лука (што би рекле Хрватите, по нашки пристаниште), да има кај да се врати навечер, да не е сам. А тоа што си го лади настрана, нема врска, демек жената нема да дознае верувам дека има жени кои седат мирни и покрај излетите на мажот, ама јас не ги оправдувам. Не можам, бре, не можам. Некој да се ожени со мене, и да си шара наоколу, па да ми се враќа во кревет...
Sardinija, верувам дека ти навистина искрено така мислиш. Гледам дека си без предрасуди, веќе имаш искусено секс со двајца (од кои ниту еден не ти е партнер), секс со оженети, мајка ти има љубовник... верувам дека ти сериозно го мислиш ова што го кажуваш, ама сепак, тоа е само твое мислење и не мора ниту да е точно, ниту да е прифатливо за другите кои имаат понакви морални вредности. Сепак, можеби е добро некогаш да се преиспиташ за се ова што го правиш. Верувај, еден ден, кога нема да мислиш со тоа долу, туку кога ќе те води срцето, ако некој навистина сакаш нема да сакаш спиеш со други и ќе те боли ако тој некој те заменува со некоја друга, без критериуми и без морални квалитети. А тие приказни од дотичниот верувај дека сите мажи ги редат кога сакаат да легнат некоја гуска. Мене само ми е чудно како толку повторувана работа се уште некому може да му верува уверливо? Или така ви одговара, си наоѓате опрвадување пред себе за сопствениот пад?
Муабетот на колегата = она кога жена му му вика на Тошо „Ти си најбољи у цело маало.“ Женетиве/мажениве швалери имаат бујна фантазија, Дизни може да им позавиди. Кажуваше еден колега така за неговата е**чица (у муабет он така ја нарекува) која е во брак и има 2 деца. Па ни` ја раскажува нејзината срцепарајуча, анакаренинска приказна како маж и` е суров, ладен, не испунуе брачни дужности, што ти ја знам... и ја го прашувам „Де бре, зар стварно веруеш у прикаскиве кои нема кој/а не ги кажал за да бркне нешто на страна?“ И он ми вика „Знам, ама додека ми одговара да ја “тешам“ баш ми е гајле.“ А најтрагично е што јас го познавам мажот на дотичната и е светлосни години далеку од нејзиниот опис. Tака што, драги мои, вашите афери ретко остануваат зад затворени врати. И мажите и жените сум ги слушала како се фалат со нив. А тие, слободни си се, гајле им е, а тие кутри деца се оние кои ќе ги покажуваат со прст поради нивните излетнички-расположени родители. Oд друга страна пак, ви кажував за тоа девојчето (поодамна во друга тема) шо идеше со женет па жена му после ја напраи партал-салата и не смее да се појави веќе у тој комшилук. Можеби донекаде знаете со каков/каква си имате работа, но никогаш не можете да знаете дали и каква работа си имате со нивните брачни партнери.
Зарем не е тоа примитивизам да се спуштиш на толку јадно ниво да одиш да се тепаш со некоја затоа што ти го завела машти. За мене поголемо искажување колку е некој јаден нема од тоа. Ако со некого треба да се тепаш, и ако некого треба да мразиш, тоа е твојот партнер а не другата девојка. А највеќе треба да се запрашаш себеси: Каде ти грешиш па тој морал да го побара задоволството надвор. Да пофторам никогаш не би се спуштила на толку ниско ниво да се тепам со соперничката, попрво би се пресметала со мојот партнер. И кажете ми како тоа јас растурам брак, кога немам никакви амбиции да бидам со тој човек во врска? Јас мислам напротив помагам да тој брак опстане, да човекот го најде задоволството со мене а во мегувреме да размисли дали можеби греши со она што го прави. Да би растурала брак доколку идам со цел да и го преземам т.е да бидам во врска со тој човек. Инаку морам да признам дека женетите луге се подобри љубовници од слободните, максимално се трудат да те импресионираат во секој поглед.
Да напоменам, не пишав од аспект на оправдување на сопругата. Јас искрено на такво к***иче би се гадела мрсул да фрлам, не па да ја тепам, како што и би се гадела да помислам да спијам во ист кревет со таков маж. Сакав да кажам дека никогаш не можете да знаете некоја авантура колку може да ви го зезне животот. Вие сте во врска со женет човек, но не сте во врска со неговиот партнер/ка за кој/а швалерот сигурно нема да ве предупреди. За мажот од таа брливата дознав дека два месеци по случката си нашол нова швацка. Гајле му е, „дај ново дете“ работава. А женава, колку што ја знам од муабети, си е брлива но доволно искулирана да никогаш не и` се десило така да направи на швалерка на маж и` и другарка ми која ја познава еднаш ми рече „Абе па ти, сигурно од нешто друго се изнервирала, па си рекла кога може овој мојов да и` се празни, да и` се испразнам и ја.“ И не, не мора да значи дека партнерката прави нешто погрешно па маж и` бара утеха надвор. Ако се лупа со некоја која му верува на лагите не мора да значи и дека воопшто нема секс со жена му, или пак истиот да не е добар. Не се занесувајте, секоја го има тоа меѓу нозе. Вие велите да не ве осудуваме, а како не ви е срам да им наметнувате вина на мажените жени дека они се криви што тоа нивно магаре не може да си го собере во гаќи. Жената е крива што тој е погано животно? Абе ајде. Само едно ќе речам, кармата е кучка, па ќе видам дали ќе ве боли истиот муабет упатен кон вас кога ќе бидете нечии сопруги а ќе знаете дека вашиот маж е со некоја друга и во секој поглед стопати повеќе ја задоволува од вас (а со самото тоа што еднаш сте биле швалерки, кристално јасно ќе ви биде што се случува). Ќе боли од таа позиција...е ќе боли.
Ти ова сериозно? Му помагаш на бракот да опстане? Тој брак е одамна пропаднат, функционира само на хартија, верувам и во реалноста е само формален. Од каде знаеш, тој можеби не е само со тебе, можеби има уште десет други на лагер, спремни како тебе да му го спасат бракот во секое време. Нему му е убаво вака, си има куќа, жена, дечиња, кога сака се плеска со која сака, демек и волкот сит и овците на број. Ама тркалото се врти
Во секој брак има кризни моменти.Секој од партнерот барем еднаш во животот имал прилика да изневери. Има бракови кои функционираат и покрај неверствата.Ама како? Навидум се е нормално, се сакаме почитуваме , нашата љубов е посебна...и оп кога имаме прилика нож у грб., рогови на глава, скршено срце под нога .Мислиме не не осудуваат, не ценат, ни простуваат , некој сме и нешто оти можеме да си дозволиме таков таканаречен модерен брак. Ма ејде ви се молам, мене искрено ми се гади од таа пародија наречена брак . Подобро е секој на своја страна.Ако сте личност која трага по авантури останете си сами. Познавам личност чиј сопруг е рудар.Тој секој ден практично го ризикува животот 300 метри под земја за да ја нарани, облече а таа за тоа време го изневерува и уште изиграва жртва.Не била сакана почитувана пиеел .Разведи се бре жено ако е така, а не да користеш два мажа како некоја проститутка , па уште и жртва изиграваш. Запрашајте се дали вреди тоа краткотрајно задоволсво да згазиш се под нога ? Прво епитетот човек,кој ни го дал Бог, после моралните вредности , угледот...а најмногу фамилијарните вредности по кои се разликуваме од животните.
Животот е полн со искушенија. Верувам дека не сите се доволно јаки да одолеат на секое од нив. Моменти кога приватните и финансиските проблеми, професионалните обврски натежнуваат над нечија глава некои ја губат контролата врз себе и своите постапки. Потребата за исполнување барем на егото со некаков вид на квази пријателство со колага/колешка... во очаен обид да се побегне од реалноста и она што го чека дома. Повторно да се доживее оној стимул што постоел на почетокот на врската во својот партнер. Кога запознаваш некого, зборувате за своите цели, сништа, амбиции. Го впиваш со сите сетила начинот на кој те третира и ти пружа внимание и несвесно чекориш по патеката на неверство. НЕ зборувам за она телесно, сеуште не е дојдено до тој степен бидејчи најчесто не се ни свесни што прават. И сега е работава кога земаш нешто здраво за готово. Во случајов партнерот кој ти седи дома. Со него делиш кревет, обврски, проблеми... а новава личност за сите релаксирачки разговори. Некои ќе се освестат што прават па со или без брачна караница и драма ќе се прекине пријателството и бракот ќе продолжи понатаму со мала дамка. Некои ќе ја прекорачат границата на платонско пријателство и ќе направат што ќе направат и ќе дојде каењето. Дали ќе си кажат, дали ќе бидат откриени, дали ќе продолжат да живеат во молк со направеното...но никогаш нема да биде исто. Болката, разочарувањето и тагата ќе постојат. Секаде каде што постои љубов партнерот осеќа и знае. Еднократни афери можеби ќе бидат пребродени, но ништо потоа не би било исто. А за оние сериските изневерувачи би рекла дека сеуште не знаат што е љубов затоа и не ја чуствуваат болката и грижата на совест.
Тоа е нешто најлошо, па си имал време години и се да бидеш со кого сакаш ! Кога запливуваш во брачни води има поубави нешта кои можат да ти го свртат вниманието да не набројувам сега............
Да има но нема замена за сексуалното задоволство. 90% лугето изневеруваат затоа што се сексуално не задоволни во бракот. Значи во ракот се си има свое место: децата, работата, домот се се тооа љубови на свој начин но ниту еден од нив неможе да го замени сексот. Немој да ми кажете дека сексуалното задоволство е небитно. Оргазмот нема цена и ништо на овој свт неможе да го замени.
Никој не рече дека сексот е небитен, битен е и тоа како, особено во бракот. Ама треба да се одржува, негува и зачинува сексуалниот живот, а да видиш и тоа како е можно во бракот. Само зависи од луѓето колку се спремни да се потрудат околу тоа - и двајцата задолжително. Точно е дека никој не сака секој ден грав да јаде, ама еден ден ќе биде со колбаси, друг ден со ќофтиња, трет ден со нешто трето, па ќе биде повкусно. Мене гравот ми е повкусен од младо пилешко
Апсолутно не се согласувам !!! Пред брачните води слободно може да се прави што сака. Но сопатникот/партнњрот на својот живот секојси го бира сам и мисли и знае дека е виситнскиот и е доволно привлечен/а и може да се задоволта сите потреби со малку повеќе труд. Не пстои жена маж која би оправдала такво однесување ! мислам тоа и мало дете го знае барем сега ги учат све и свашта