Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Ова ме потсеќа на шпанска серија :lol:
    Не се разбирам во судски процеси ау,но мислам дека доколку детето и припадне на мајката,таткото ќе има право да го зема одредени денови во месецот(ова го кажувам од една комшика која е разведена,и така функционираат со таткото на детето). :^)
     
  2. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    znam ne moze nikoj da ti go odzeme deteto i da i mene me potseca malku na spanska serija vo lice i veli deka ne ja saka taa mu odgovara ni jas tebe no ke se trpime :) a izgleda deka jas sum edinstvenata sto ke ostane so prazni race ne se cuvstvuvam voopsto iskoristena bidejci znam deka me saka no imam griza na sovest pregolema nikoj ne znae za ova a najstrasno e sto moite najbliski i prijatelite raka vo ogin bi stavile za mojata cesnost no sepak ne sum losa licnost samo se kolnam sebe si kako mozese ova da mi se sluci :(((
     
  3. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    vredi li zaradi ljubovta se da zrtvuvame da se boram ili da se trgnam?? Se kolnam nekolku pati se oddalecuvav no samo 1 den i tolku pak po staro....
     
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Каја јас би те советувала да му дадеш еден разумен рок на типот да си се среди со мислите и ако сака да продолжи со тебе да си се разведе а за понатаму дали ке се земете или не тоа времето ке покаже
    Јас не те осудувам љубовта е заебана работа чуствата се единствена работа која не може да се изконтролира али веке си навлезена во проблемот и не се отргнувај без да се расчисти работата па не си и ти на патот најдена кога веке тврдиш дека и тој те сака значи му значиш тогаш мислам дека треба да си знаеш на што си со него бидејки 1 година си со него затоа дај му рок и тој нека одлучи за се а ти тргни си се настрана за тоа време и види тој самиот што ке одлучи
     
  5. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    Eva ti blagodaram mnogu mi znacat tvoite zborovi...za ovaa godina ipol ivan nekolku sansi da fatam decko no go sakam a toa nikoj nema da go razbere znam mnogu primeri " pokraj tolku slobodni mazi" tocno pokraj tolku mazi jas se zalepiv za zenet baska so dete no premnogu mi znaci a i znam deka i jas na nego .
     
  6. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Во мометот кога ти си била најразнлива тој човек се појавил во твојот живот и те извадил од таа депресија во која си била, можеби сега не сакаш да си признаеш ама се чувствуваш должна да се грижиш за него како тој за тебе во периодот кога ти бил најпотребен. Во таква ситуација кога мсилиме дека нема зошто да живееме и д апродолжиме понтаму една мала точка светлина (во случајов тој) е доволна за да те потсети дека после дождот доаѓа сонце. Знам дека е тешко но мораш да знаеш дека ова е Чвор ситуација т.е. ти никогаш нема да бидеш сама со него секогаш тука ќе биде неговата бивша жена, неговото детенце и сл. И утреден да имате здравје деца многу работи неговиот минат живот повлекува со себе. Размисли убаво дали си спремна тој терет да го носиш на својот грб ЦЕЛИОТ ЖИВОТ. Се појаува љубомора, во твоите очи тој нема да обрнува толку внимание на вашето дете ко да другото, се нешто ќе ти се причинува, тој ќе мора и со таа жема да се види за да разговараат за детето, било за на училиште било за тинејџески проблеми (знаеш колку е битен таткото во тој период од развојот на детето),а ти тука ќе бидеш исклучена и со право ќе се чувствуваш запоставено, ќе сметаш дека нема да оди со вас на одмор, на скијање само затоа што неговото дете има проблеми на училиште и многу други работи кои наизглед се небитни и верувам дека не си размислила за нив и жал ми е што јас морам да ти ги кажам ама ти бараш најискрен совет а некој од нас мора и на ова да те потсети. Размисли убаво, разговарај со него и трезвено размисли земајќи ги во предвид сите факти. знаеш дека некогаш животот си поигрува со храбрите. јас верувам дека ти најпаметно самостојно ќе одлучиш. поздрав
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Да се прашувам јас, би го укинала бракот како институција. Очигледно сум премногу старомодна, а тој е преголем залак за денешново модерно време.

    Kaja толку слепо му веруваш или имаш и со жена му праено муабет на темава дека таа го уценува? Нема правила, можеби ти ја кажува вистината, но најчесто женетите мажи за бркање на швалерки играат на карта сожалување. Или пак свесна си за тоа но во моментот поубаво се чувствуваш доколку му веруваш?

    Жена му сакала-нејќела, тој според законот е обврзан да се гледа и да поминува време со детето после развод. Обично за викенди, а имаше нешто и за годишни одмори, но да не те лажам (мои роднини, машко и девојче се деца на разведени родители и за викенди се кај него, плус преку една година на летен одмор одеа со татко им. Дали е законски така регулирано за одморите или само се договориле со мајката, не знам). Но знам дека не од тоа желба да му се исполни, законска обврска му е да се гледа со децата и да придонесува за нив.

    Од старт ти дава до знаење дека нема да се разведе. Некако од старт ти ја ограничува територијата на дејствување, мене тоа ми е сомнително. Ако ти е за забава, продолжи што да речам (сама си знаеш колку е правилно, самата кажа, но што да ти речам), но доколку се вљубуваш, би ти препорачала да се тргнеш настрана пред да бидеш повредена. Штом ти вели дека нема да се разведе, нема верувај.

    Ќе ви кажам уште една случка.

    Таа одеше со женет со деца. Ме потсети каја. И тој исто и` давал до знаење дека нема да се разведе од жена му ако зависи од него. Само што, за разлика од твојов, овој не ни чувствувал потреба да и` се објаснува зошто и како. И` рекол „таква е работата, сакаш прифати, сакаш не. Јас тебе те сакам но така стојат работите.“

    Жена му цело време знаеше што ѓубре си има дома и си се посвети повеќе на самата себе и на децата. Си најде друга прилика и оп-му ја свирна клоцата. Се разведоа, ДА, но поради неа. И тој (као многу заљубен што беше во пријателка ми) со плачење ја молел жена му да не се разведува. И добро. Таа си се премажи, типов е даса, мислам нема што, од првиов разлика = поп и шеширџија, во секој поглед. И децата си живеат со нив а се гледаат за викенди со таткото.

    Разведениов уште ја мафта пријателкава и ни одблиску не планира брак со неа. И тоа во очи и` кажал, „Не можам да склопам брак со некоја која знам дека била швалерка.“

    Пазете се жени (па и мажи). Да не останете зезнатите на крај.

    И некој вели дека со ова што сме се напаѓале не сме се држеле ние жените.
    Па, не се држиме. Си гледаме за себе. Да се држевме, ќе размислувавме двапати пред да се вмешаме во нечија фамилија и со правење на сопствениот ќеф на сметка на горење на душата на некоја друга жена и на нејзините деца. „Немаме обврска“ според вас да мислиме на неа, а од друга страна викате да се држиме. Како да се држиме кога не се ни почитуваме? Кога мразиме се` што не е поврзано со остварување на личните страсти и емоции? (Каја ова не се однесува на тебе, самата велиш дека имаш грижа на совест и би сакала да можеш да прекинеш, туку на оние кои велат дека не сме се држеле, сме требале само мажите да ги кривиме, бла, бла...)
     
    На ilipili, aaaaa, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Тугото е послатко.
    Зошто?Оти е гага. За него не сме дале ништо.
    Таков е и швалерајот .Полош од проституцијата.Таму барем се плаќа со пари, не со солзи.
    Швалер/ка = на кукла.Човек без чуства , без морал,без верба ви Бога,без свое јас....без можност за среќа.Биле среќни заедно.Сето тоа е глума која заслужува оскар.Реткост е од таква врска да се изгради вистинска среќа.

    Вчера ми беше рударот на гости.Тие ми се поблиско семејство.Женава ќе прозборев нешто во врска со роднините ми вели молчи тој не знае .Абе таа крие банални работи и лаже за се и сешто.Од една лага произлегуваат милони други , така да не знае човек дали да се смее или да плаче .Ми догало еден ден да му кажам , толку ми е жал за него ама не сакам јас да се замешам во нешто толку свето како што е бракот.Сум се обидела да ја вразумам, но НЕ.Тоа трае едно добри 10 години ако не и повеќе.Најмногу ми смета тоа што воопшто нема срам и пред моите девојчиња разговара на телефон со швалерот.Каков пример дава? Како да му објаснеш на девојче, со кого зборува тета?

    Колку да се трудам да ја разберам таквата љубов , едноставно не можам.
    Тоа за мене не е љубов.Преставува лечење на болна арогантност,потчинување на партнерот,искористување во име на љубовта.Токму од тие врски, страдаат и оние стабилните.
    Ќе видиш нешто од што ќе ти се крене косата и колку и да му веруваш на партнерот ќе почне да гризе црвот.Следуваат прашања од типот со кого разговараше , каде беше толку време ....?
    После одговори ти мене не ми веруваш..и оп кавга.
    Незадоволство од бракот, па борба со сопственото јас .Зошто да не го сторам тоа кога тој и тој ете може и што му фали ?
    Никогаш таквите да не ви бидат пример.
    Симнете и капа :bow: на оние за кои семејството е светост.
    Остануваат доследни на заветот пред Бога.
    ВО СИРОМАШТИЈА И ВО БЛАГОСОСТОЈБА
    ВО ЗДРАВИЈЕ И БОЛЕСТ ДОДЕКА СМРТТА НЕ НЕ РАЗДЕЛИ :u:
     
    На ilipili, hermosa, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403


    КајаЅ-кога го прочитав ова си реков колку е за жалење девојкава,ти никогаш за тие 8години не си била сакана-грдо звучи нели,но вистина е КајаЅ,што е уште пожално и ти си го сфатила тоа но дури на самиот крај од 8 годишната врска...
    И да се надополниш реши да бидеш со женет човек-кој и сама знаеш дека никогаш нема да ја остави женаму....велиш ти пракал по10 смс,некогаш и 46 смс со изјава на љубов....КајаЅ дали ти така ја замислуваш љубовта?Јас нема да те осудувам бидејки несакам,но девојко си отишла по патот кој води до самиот пекол....На овој женет човек ти не си му ништо и никогаш нема да му бидеш ништо бидејки тој е семеен човек,поради големата љубов кон своето дете тебе нема да те стави покрај себе....
    Она што велиш те сакам најмила може секој да го напише,но љубов е нешто друго.....
    Знам дека не ти било лесно да бидеш така отфрлена од некој со кој си била 8 години и си му верувала и така немилосрдно да заврши страшнно знам,но наместо да бидеш нечија сенка за трошка внимание не вреди...
    КајаЅ-ако си умна ке си го земеш сопствениот живот во твои раце и цврсто ке згазиш на земја....најди човек кој е слободен кој ке може да те заслужи бидејки
    во овој случај најпрво си била ти повредена,сега повредуваш дете а себе се газиш зарем ти заслужуваш некој кој има несрекен брак да го усрекуваш?јас мислам дека не.....како и да е тие имаат дете и когаш тогаш ке се смират...ти пак ке бидеш сама но тој нема да биде виновен туку ти самата немој да живееш како да не можеш да си најдеш некој кој е слободен како што си и ти....испаѓај со него другарувај дозволи си себе да се влјубите и се ке си дојде на свое место.
    Но се додека си со овој човек ти повторно си сама повредена тажна и осамена .....внимавај како се
    однесуваш кон својот живот....тебе не ти е потребен ничиј совет....само треба да размислуваш и да донесуваш правилни одлуки....не заборавај женет баталувај тој не е за тебе бидејки и тој некогаш ја сакал женаму склопилее брак имале дете и сеуште се заедно без разлика како живеат тие двајца се поврзани имаат дете.....најдиси слободен човек и потруди се да бидеш срекна
     
    На stefi23m, tessie и vinozito1 им се допаѓа ова.
  10. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    Ви благодарам многу на сите...И не е само до пораките туку со дела ми покажува дека ме сака секој ден веќе 1 година. Тој не ја допрел жена му ( а за тоа не може да ме лаже бидејќи знам по пораките што ги читам) Точно е дека сум била повредена и дека и дека јас сега повредувам но сведок сум и јас и многу луѓе за нивниот брачен живот има детенце но зарем е добро за детенцето да живее во таква средина во која пред него се зборува (марш да не те гледам, те мразам и слично) ? Не дека ова треба некој изговор да ми биде најлошо е што децата секако страддат и кога нивните родители не се заедно и кога се заедно но во мизерни услови)..Тоа е најстрашно што ни самата не знам како е најдобро за мене. Вака не се издржува, да го оставам исто така не. Сите знаеме дека е најдобро мајката и таткото да се заедно но не е така во многу случаи. Мислам дека нема да сум среќна ни да сум со него од грижа на совест, пробав и без него но не оди исто така...А за развод знам дека ке се разведе мислам да не навлегувам во детали значи во тоа сум 100000 посто сигурна но прашањето е што потоа???
     
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Што планираш,да продолжиш во врска или да официјализирате со брак?
    На што мислиш со тоа ''што потоа"? :)
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Потоа нека му ја мисли тој, ти не дозволувај да ти бара сигурност од сега.
    Долг период е од 2007, тоа се 6 доооолги години на мачење, неизвесност, несреќа и неисполнетост....искрено веруваш дека навистина му е таков животот толку време? Јас лично мислам дека 2007 е годината кога тој за прв пат го осетил адреналинот на изневерувањето, ама не мислел дека ќе налета на некоја (ти) во која ќе се заљуби непланирано. Можеби сега и навистина му е таква состојбата дома, ама верувам дека сето тоа му е само фаза која, ако ти го оставиш - ќе ја преброди и ќе се врати назад.

    Заљубен е и излуден, тајноста на врската го „подигнува“ и му го обојува сивото и досадно секојдневие. Тие кратки моменти со тебе му се чисти, неизвалкани со домашни проблеми и болести на дете, затоа и почнува се` повеќе и повеќе да те идеализира, ама сето тоа е привидно и времено, скоро и да сум 99% сигурна....

    Сакаш да провериш за да си сигурна?
    Раскини му. Кажи му дека повеќе нема да сте заедно во овој живот, без разлика дали ќе се разведе или не, затоа што (пример) си сфатила дека многу ти е голем товар неговото минато (и тоа што има дете) и дека сакаш да си ја најдеш среќата на друго место, со некој друг.

    Во што сакаш да се обложиме дека, за нецела година, ќе слушнеш како жена му е трудна со 2ро?
     
    На Ariana.djm, Neytiri, SexiLy и 14 други им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Подобар совет здравије. :bow:
    Искрен од срце.
     
    На tessie и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ке се разведе уживај :)
    само да те прашам а одговори ако сакаш
    зашто за нова година не сте биле заедно па ти пишувал пораки? И дали одиш кај него дома и дали знаат повекемина за вас? А неговите дома( родителите)?
     
  15. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    никој не знае нормално али дека сме многу блиски бидејќи работиме заедно сите знаат
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Еве си се заљубила е убаво...но девојко мора да сватиш љубовта не е доволна.Ај сега што не е тоа некоја едноставна Врска (ако воопшто може така да се нарече). Човекот е оженет има жена и дете, створил семејство...па ајде биднало како биднало и ја изневерил жена си. Кога можел да ја изневери еднаш зошто да не уште еднаш па уште еднаш. Во секој брак има недоразбирања. Велиш незнаеш како да постапиш незнаеш како е најдобро за тебе и од двете страни ти е тешко. Неможеш без него но неможеш ни со него. Имаш грижа на совест??- епа вака : Ако веке незнаеш како да постапиш постапи ИСПРАВНО, добро знаеш дека како и да постапиш ке бидеш повредена..зошто умеѓувремено да повредуваш цела фамилија? Што е малото дете виновно овде а? зарем ни малку непомислуваш и на него.Каква иднина ке имаш ти со разведен човек и со дете.Мислиш дека кога ке се разведе и се ке се среди?-не драга нема тогаш дополниелно ке почнуваат проблемите и тогаш полека ке исчезне љубовта несвесно.И тогаш што правиме ја губиш почитта од твоите(кои се колнат во тоа дека си чесна а ти ги разочаруваш). А кој ти гарантира дека и тебе ке ти биде верен..ако можел жена си да ја иневери може и тебе, еве проблем плус. А најжално е за детето да расте во таква средина каде родителие се во караници (а може и ти да си причината за тоа). А тоа дека не ја пипнал жена му и ред други работи што ти изнакажал е чиста манипулација. Измислува 300 проблеми само за да не се разведе.
    Не сакам да те навредам гледам дека си добра девојка може ова секому да му се случи. Мој совет е да се оддалечиш, постапи правилно. Најпаметно ке ти биде тоа. Ке преживееш ако си преживеала еднаш таква болка ке ја поминеш и оваа... Она што не те убива посилена те прави. Постапи правилно, само така ке можеш со чиста совест и крената глава да чекориш напред(а совеста е страшна работа). А за детето немој да се грижиш ке видиш дека доколку ти се оддалечиш од човекот ама така цврсто да се одлучиш без да подлегнуваш на слабости тој гарант ќе се помири со жена му а тоа ке живее помирно.
    Те разбирам и тебе не е лесно ама безболен начин нема... ке боли ке боли и ке престане. Ке го пронајдеш и ти вистинскиот затебе од бога што е одреден а во случајот чисто се сомневам дека е тоа тој. Тогаш ке се освестиш и ке речеш кај ми бил умот..размисли само ти можеш да одлучиш што сакаш. Ако си се нашла таква ситуација извади се однеа немој да пропаѓаш и да се повредуваш себеси и сите околу тебе. ;)
     
  17. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    точно детето е најмалку виновно пробав на секој начи но не иде а за иднина никој не може да знае каква би ми била со него знам 1000 случаи имам и блиски роднини кои имаат деца од први бракови..не велам дека е едноставно воопшто за никого а да имас право можеби доколку се оддалечам ке увидам колку му значам или се тоа празни зборови..инаку дека не ја пипнал жзена му не се манипулации кога започна врска со мене престана дома да има односи а доказ се пораките кои му ги праќа со месеци на фб и мобилен. Јас и тој сме 1 година заедно а 7 месеци не живее со неа само на хартија се заедно. Многу ми е чудно што сите мислат дека сите што се оженети мора да лажат, да манипулираат но јас не се сложувам со тоа??? Сексот може и дома да го добие и љубов и се...не мора да значи дека сите лажат и не се искрени
     
  18. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    кога после 4 месеци врска сакав да прекинам ми плачеше на колена и ми се колнеже во детето дека се ке направи само да не го оставам дека јас сум му најважна единствено болна личност може да се колне во најмилото и да лаже...
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    срцка а ако тој навистина мисли да се разведе и ако навистина си му многу важна, бар ке кажел на неговите, пошто нели знаат каков е неговиот брак

    баш поразговарај и на оваа тема со него
    а каде живее женаму?
    и зошто не бил со тебе за нова година?
    и зошто не одиш кај него дома?
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Каја, ние мислевме дека сакаш да направиш нешто исправно, па те посоветувавме, ама очигледно знаеш подобро за искреноста на женетите мажи кои бркаат младо месо на страна. Ако е искрен толку што не те фати за рака, што не те однесе пред жена му и да и` рече „Јас неа ја сакам, не тебе.“ Или барем да те запознае со четвртата братучетка...

    Мада од овој аспект, не само што не примаш совет, мислам дека дури и да дојде до раскинување од негова страна не би го прифатила и упорно би го барала и би се фаќала за секој збор и ситуација како доволно добар доказ за неговата љубов. Таков впечаток добив.

    И нека не те залажува моментот што не живеат заедно дека не се сложуваат. Другарка ми живее одделно со маж и` затоа што се`уште немаат заеднички стан (читај 7 години веќе вака ф-нираат), а не сакаат да трпат баби/свекрви/дедовци/медовци, а уште помалку да плаќаат кирии. Тие пари кои што би ги дале за кирии ги тргаат на страна за еден ден да имаат и за нешто нивно. Тоа не значи дека не се блиски или не се сакаат. Баш мислам дека поминуваат повеќе време заедно во денот отколку што поминуваат двајца вработени со 8часовно раб.време под еден кров. И таа и тој и детето се среќни, исполнети, не се запоставени. Си живеат втора младост, го оставаат детето кај роднини (некогаш и кај мене затоа што блиску живееме) и си шетаат заедно, си одат во град, се забавуваат. Го бараат шаренилото и возбудата еден кај друг, не на страна (блиска сум со девојчето затоа гарантирам за овие работи).

    Ако навистина сакаш да му помогнеш и да си помогнеш со својата грижа на совест, пушти го нека се средат со жена му. Остај тоа што ти се колнел во дете, во афект човек се` кажува. Кажи му „Ако ме сакаш, имај доволно почитување кон мене. Заслужува ли жена која ја сакаш да има статус на швалерка која е криена како највалкана тајна?“ И се` ќе ти стане јасно. Мисли малце, греота е. И ти ќе бидеш нечија мајка еден ден, а злото не бира.

    Едина пречка е дека ќе му го земе детето? Тогаш таа ќе направи кривично дело, извини. Барем за ова ти мачка очи, а тебе ти одговара а и самата си рече дека ти е јасно дека не може да му го одземе детето така лесно.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.