Kаја,се е можно на овој свет.A штом тој човек е толку сигурен дека те сака,вака ли те почитува додека е во брак и плус има и дете.Kако можеш да не чувствуваш вина,разбирам дека си била во шок по раскинот на толку долга врска но не разбирам како свесно може да се впуштиш во авантура со женет човек ?Tоа не значи дека те осудувам,но ова не е добро за сите.Kако и да е,ако си му толку важна зошто не го оконча тој брак штом е само на хартија,само пази да не се изненадиш колку машки кукавици има.Oва ти го велам најдобронамерно,не си замислувај нешто што нема да биде,зошто дури и да бидеш со него после разводот нели ако воопшто се разведе,ти ќе бидеш виновна за растурањето на бракот,ќе оставиш невино детенце без дом кој го заслужува со двајцата негови родители заедно.Pазмисли убаво за се,не избрзувај
не мора одма да ме судиш јас и пишав за совет а не дека јас би го бркала кога и тој би ми раскинал ГЛУПОСТИ а да требало да се средат и да сакале би се средиле и без мене...бидејќи цел живот се грижам како се чувствуваат другите извини но сега мислам само за себе... и побарав совет во врска со мене знам дека јас сум таа што треба да реши но сакав да слушнам мислења доколку вие би се нашле на мое место како би постапиле лично за себе а не за нив..."covek mora biti sebican kada se radi o njegovoj sreci to je jedino sto je na ovom svetu samo nase ako ne zivimo da bi bili srecni, za sta onda zivimo" не ме карај одма побарав совет за себе лично не за нив. мислам дека никој нема ни да ме разбере како се чувствувам а никој нисто не може да растури доколку не е растурено...со што третата личност би растурила нешто?? со секс?? мислам ви се молам тоа може секој да го добие и дома
Да, треба некогаш да бидеш себичен за својата среќа ама не по цена да некој друг биде несреќен и не на туѓ грб. Едноставно е многу поубаво кога на патот на твојата среќа ти прва оставаш траги, а не да одиш по пат каде што веќе некој одел и видно се познаваат стапалките.
Па јас не ни добив друг впечаток освен дека си гледаш само за својата среќа, инаку делуваш доволно паметна да не би палеле такви изговори од негова страна кај тебе. Не ти судам, мислев сакаше совеста да ти е мирна, јас ти кажав. Ете ти дадов совет како да бидеш среќна во вашата љубов ем да ти е чиста совеста, постави му ултиматум, нека ја разведе па пак бидете си заедно. Најдобронамерно те посоветував нема потреба да ми се лутиш мене, ја не ти зедов 6 години од животот.
-Не биди толку сигурна мила таа му е жена -Тоа е дел од брачниот живот,а детето мислам дека убаво си живее да не е нешто во ред се би било поинаку....и ти го знаеш ова нели? "Ова е твојот најголем проблем затоа секогаш ке бидеш несрекна,заробена меѓу сонот и јавето",кога сите твои блиски се здоомуваат ти ке се прашуваш што потоа..... -И да се разведе со сигурност нема да ожени...знаеш ли зошто? Тогаш ке те замени тебе.... Можеби сево ова звучи грдо,но вистинито е .....само во тебе е проблемот како да сакаш да бидеш измачувана од сама себе,а можеш едноставно да бидеш срекна,но тоа е твој избор..... верувам дека кога ке дојде време секоја минута,секунда,ке ја оплакуваш бидејки самата не си си дала шанса да бидеш срекна со некој кој ке може да те направи срекна....втор пат правиш грешка....но како и да е животот е твој или ке си го уништиш или ке убаво ке го живееш....во овој момент си усмерена кон самоуништување....како и да е што и да кажам друго бесцелно мислам дека ти е убаво да живееш оваков живот....е па драга моја КајаЅ се што си правиме сами од главата си правиме нели? Не грижисе првите 100 години се тешки потоа се оди подмачкано со срека во искрената љубов на смс е тоа се вика љубов
Каја, Моира ти даде совршен совет, ама ти некако ја изигнорира. Што ме тера да помислам дека работите не се такви какви што ги претставуваш. Како и да е, остави одлуката за развод да биде негова. Немој да влијаеш воопшто. Дури после разводот (ако воопшто се разведе) почни да размислуваш што понатака, дали сакаш да бидеш маќеа на детето, дали си спремна на сите одговорности што тој ќе ги има околу истото, итн. Ако пак не се разведе, ќе биде уште еден маж кој си поиграл со тебе и следиот избор ќе го правиш повнимателно. Само се надевам најискрено дека во ваков случај нема да продолжиш да му бидеш љубовница. Ако да, сама си го бараш.
Еее конфјузд, кога е наша среќа во прашање, го слушаме само тоа што сакаме да го слушнеме. А се согласувам, подобар совет од тој на Моира нема.
Тоа ти е Тесси. Девојкава плаќа многу висока цена, ама од друга страна пак, како намерно да не сака да си ги отвори очите. И мислам дека ќе треба сама да си ги сноси последиците, кои не верувам ќе бидат позитивни.
се разбира дека не ми верувате но јас најубаво си знам колку ме сака, да се каам не се каам воопшто бидејќи сакам и сум сакана благодарам многу за советот tessie сепак ке се тргнам и така ке видам дали сум во право..инаку времето го имам на претек млада сум имам само 25 не дека се фалам но убава згодна и во многу добра финансиска положба можам да си најдам слободен но мислев дека љубовта не познава правила и граници и се вљубив виновна сум знам поаѓам од себе дека не би сакала некој тоа мене утре да ми го стори но се ВЉУБИВ и тоа многу не поради него туку поради тоа каква сум јас кога сум со него.
тука си целосно во право НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА РАСТУРИ НЕШТО ШТО НЕПОСТОИ можеби погрешно ме разбра преска кога ти реков да уживаш дека тој ке се разведе и сигурно ке се разведе ама прашање е колку долго ке можеш ти да си ја носиш тежината А детото нека не ти е пречка, дека прво е дел од него а второ е дете, е сега може ке имаш проблеми некои со него поради мрднатата негова мајка, ама ти ке мораш да најдеш начин да не те гледа како непријател те прашав зашто не сте биле заедно за нова година, зашто никој не знае за тебе и зашто не одиш дома кај него? Ова те прашувам зошто сакам да ти дадам некој совет
штом сакаш и сигурна си дека си сакана, зошто да попуштиш и да го оставиш или да бидеш со некој друг кој нема да го сакаш? И најважно е што ти не си виновна за нивниот “брак“ ни најмалку не си виновна и КРАЈ Ок девојкиве тука ти даваат совети и сакаат да ти помогнат, ама сите мислат на жената дека таа е првата а ти окупаторот, ама незначи дека ако е првата дека е вистинската, јас тука не се сложувам со нив. Некоја ти кажа дека и ако се разведе со неа, дека нема да биде со тебе, туку дека ке те замени со друга. И тоа не е точно. Ако тој се разведе од тој напнат брак прво поради него а второ и поради тебе, тогаш зошто да те замени. И не е точно дека ако си му била швалерка ке мисли дека си незнам каква па да несака да биде со таква, кога кажуваш дека тој знае се за тебе и за твојот тежок период и дека тој бил единствениот кој ти помогнал ( а и не е мала работа ) За неговата жеена нема што потреба ти да му ја мислиш, дека ако беше обратно и таа немаше да мисли на тебе. Или зошто таа немисли на неговата среќа или на твојата, туку само на нејзината? Има уште 1000 раб да ти ги пишам ама ке прекинам на кратко
јас мислам дека секој човек треба да биде себичен кога станува збор за неговата среќа. е сега и себичноста има граница, значи не по секоја цена, ама феминки сакав да ве прашам, зошто мислите дека девојчето влијае на нивната несреќа? Навистина јас не ја гледам како причина за тоа, не. Знаеме дека има мажи кои ги изневеруваат своите жени но сепак ги сакаат и се трудат тие никако да недознаат за тоа, а во овој случај тој се препукува со женаму, се навредуваат и ред други работи. Тука нема љубов. ПАК ке речете зошто не се развел со неа толку време, а не помислувате ли дека тој си мислел дека ако нема подобро од тоа, тогаш поубаво е да остане во тој брак, но ете сега е со ова девојче и сака да се разведе, ама сепак не е мала промена тоа, а можеби сеуште не е сигурен во одлуката на нашето девојче дали ке остане со него па се плаши да не го исгуби и детето и сам да остане ако се разведе, а тоа се губење на две срца ( детето и девојката) Не се сите луѓе храбри за да одма ги средат работите. Можеби тој има некој друг притисок? можеби ова можеби она има многу можеби кои ние не ги знаеме. Затоа да и помогнеме на нашата феминка да одлучи и да не заборавиме таа била некогаш ептен повредена и останала сама а тогаш тој бил со неа. Може вие го сметате за негативен лик ама што ако не е?
не си свесна колку ми значат твоите зборови многу ти благодарам знам дека воопшто не е добро тоа што го правам но премногу го сакам, ни случајно не е хир. значи постојат 10000 работи кои не ги изнесов тука за да не ве замарам но знам дека ме сака многу премногу а на жената во очи и вика дека не ја сака и дека е најдобро да се разделат. е сега мене ме гризе совеста бидејќи знам дека можеби јас да не бев немаше да биде одлучен во разводот и заради моите родители кои премногу ми веруваат..а светот што ке каже не ми е важно. а не сме биле заедно за ова година бидејќи без разлика што не живеат заедно тој е женет моите би се помириле некако да знааат дека сакам разведен со дете но женет?? потешко малку и затоа се криеме но по цел ден сме заедно си имаме простори двајцата сме добри со финансиите...незнам што да правам искрено несакам некој да плаче заради мене но што е со мене ?
еден ден бев болна и остана со мене и не отиде на роденденот на своето дете...знам дека е лошо знам но го сакам и затоа не знам што да правам да се тргнам ке умрам, да го притискам да се разведе ке се чувствувам виновна но ни ваков статус не иде...
точно можебо да не си била ти немало да се разведе и ке си седи во малиот пекол, а можеби ке нашол друга па ке направел уште поголем пекол Абе немој да се замараш за тоа, ако тој навистина те сака тогаш направи се да бидете заедно, ама ако мислиш бар малку дека лаже или дека сеуште има чувства кон сопругата тогаш тргни се и немој повеке да бидеш со него НИКОГАШ Зашто неможе да ти се прати порака. Сакав преска да ти пишам ама неможев А за твоите родители ако ти ве руваат, тогаш пак ке ти веруваат ако љубовта ви е вистинска, е сеа може на почеток ке негодуваат ама твојата срека им е најбитна И на крај разликата од слободниот бивши кретен и сегашниов кој те сака е голема Се се случува со некоја причина, можеби тебе така ти било пишано
незнам за порака зошто не сака ке проверам сега. Инаку немам сомнеж воопшто знам дека ме сака и не само преку пораки нашата љубов не е преку смс, ми докажува секојдневно со дела ми е срам да кажам навистина но ме става и пред своето дете не се гордеам со ова воопшто но има милион работи одложено заради мене родителски, прошетки и слично знам дека пак ке ме обвинувате знам...и не е само сексот во прашање воопшто не е бидејќи многу пати само ме држи за рака, (на само се разбира) ме гали по косата, ме бакнува во челото, 1 година сме заедно секој ден без исклучок секој ден дури и викенди. навистина ми е тешко и знам дека никој не ме разбира никојјјј а најтешко е кога сам го носиш целиот товар кога немаш кому да се исплачеш, да кажеш што те мачи...многу пати моите домашни и пријателките ме гледаат депресивна плачам без причина и мислат дека бившиот е крив дека сеуште не сум го преболела но кога би знаеле...
Ако тој се плаши на промена ( во случајов развод) и ако ти си сигурна дека сакаш и во иднина да бидеш со него, тогаш и треба некој притисок како што ти пиша некоја феминка предходно, дај му рок за разводот и ЈАСНО покажиму дека ако не превземе работа тогаш нема да бидете заедно, ама ако планираш да бидеш со него, ако не тогаш си знаеш и сама Муабетот ми е зошто да чекаш, кога можеш и ти да бидеш во нормална врска наместо да бидеш тајна А пак ако сега си решена и во иднина да бидеш со него, а пак после неколку години смениш мислење, тогаш пак немораш да чувствуваш вина, зошто подобро срекен и сам отколку во врска за која ке мислиш дека си должна, како што тој сега чмисли за неговиот брак Најчесто мажите кои не ја сакаат жената остануваат во брак затоа што мислат дека и должат за годините што била крај нив, а љубовта некаде попат исчезнала. Имаше скоро некој член кој кажа дека животот со женаму му е апатија дека секој ден е се исто и дека веке љубов нема ( само тие си ги знаат причините) Најважно што сакав да кажам е ако тие не се труделе да го задржат бракот и ако не го почитуваат она до крајот на животот во добро и зло, тогаш зошто ти да го почитуваш кога ти никому нипто не си му ветила