Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    2.148
    Каја да ти дадам едно мое мислење но и случка, вистинска, врати 20 страни поназад од почеток ке ти стане јасно.и Јас се заљубив во таков човек, станавме могу блиски нон стпо бевме заедно ми помогнал за некои работи и слично.На почетокот свесно се впустив со незнаев тоа до каде ке ме одведе.Комплетно те сваќам типот ми показа ете да кажам што е внимание, излагашше со мене, секаде, контаткти на интернет секојдневно, значи големо поврзување. мИ ДАВАШЕ до знаање дека нема да се разведе, сепак искрено осд него , но јас пак продолжив со него до тепен да почнам да се заљубувам во него, почна вда бидам љубоморна за со други ако зборел жени.Него тоа полека почна да му смета и полека почна да се дистанцира од толкава блискост.Едноставно неможецв да се контролирам појаки беа чуствата, никад тоа не ми се десило.Сега дојдовме до степен на дистанцирање нема никаква комунукација, незнам што стана, он си е пак со женаму си функционираат а можезби и сега има и друга, незнам не сум сигурно.Мислам нашето ептен беше провидно мислам дека разбраа и неговите и и она нејзините родители.Но сето остана така, сигурно му имат пререкувано кога се дознало, но тоа никој не го коментира.Сакам да ти казажм од искусво види , ако ставрно сака да се разеде и тоа во најкус можен рок, и без нејзина согласност бракот можеда се поништи после 3-, 4 рочишта.Ако ставрно планира да се разведе со срека можеби ти било среќа а вака ако остане така може ке идете уште некое време месец година ч две но ти ке излееш многу многу повредена.Тоа со ми се случи е несто најубаво но и најболно, неможе да се опише.
     
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Едно прашање: Кое дете ја сака швалерката на тато???
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    за швалерките незнам ама за разведените татковци и новите девојки па не би требало ни да ги мразат, ама некои мајки ( осебно кај нас ) се многу нафурани, па им ги полнат главчињата на децата.
    Инаку вујко ми е во врот брак веке 15 години, а братучед ми има 22. На почеток кога вујко ми се ожени со втората, малиот имаше 7-8 години и мојата бивша вујна му ја полнеше главата, ама порасна детето па свати дека вторава не е виновна, а и си свати уствари колку мајка му ја бивало за брак. Еве 4 години веке живее кај вујкоми, се отсели од кај мајка му и си зивее во неговиот спрат над татко му, па со вторава вујна баш супер си живеат
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Исто така има и маќеи кои од прв ден си ставаат во глава дека треба да бидат стереотипизиран примерок од Македонски народни приказни или пак лик од калапот на браќата Грим. Отпочеток си создаваат непотребен отпор и омраза кон детето затоа што го чувствуваат како крадец на нивниот сакан. Особено ваква огорченост сум забележала кај жени кои немаат деца со разведениот партнер. Тоа не го разбирам, дете си е дете, не можеш како свое да го сакаш но можеш да го прифатиш како дел од оној кого го сакаш. У кратки црти, има жени кои од старт си создаваат непријателски чувства и драмат повеќе отколку што е потребно, или пак ко животните планираат и бележат територии и ги раскинуваат натрапниците, а дали во животот имаат улога на мајки или маќеи е сплет на околности.

    Има и модерни жени кои имаат цивилизирани односи со новите/претходните жени на нивните сопрузи. Малку се, но ги гледам, ги има. Тоа се паметни и реални жени кои си ги знаат местата, едната е свесна дека веќе има друга сопруга во животот на маж и`, а другата пак е свесна дека истиот има минато кое таа со самото стапување во заедница со него решила да го почитува. И ни усвитени глави, ни тепачки, ни истрауматизирани деца...за мерак...лично познавам едно такво семејство.

    A има голема разлика меѓу нова девојка на разведен и швалерка која била еден (барем) мал поткопувач во тој брак, па и односот би бил поинаков (колку и да имало други проблеми, не можеме да ја елиминираме целосно улогата на швалерката).

    А инаку за случајот на каја да се навратам, нели имаше закон според кој доколку не живеат заедно повеќе од две години (или една беше) судот ги разведува?
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    најжално е кога маќеата го мрази детето на мажот, со дете можеш да излезеш на крај ако те мрази, сепак ке помине време ке се смири, ама на обратна релација е хорор.
    За законот, за неживеење заедно мислам дека е 18 месеци, ама треба да се има докази за тоа. Како на пр, сведок на тој што го издал станот на жената или пак комшии, така нешто беше, само кај нас судиите знеме како работат
    Инаку да добро се сети, еве кајас може да му го каже ова на типот
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Страшно е, а ги има многу такви. Буквално се поставуваат како детето да е баба Рога и најголема закана во животот. Комшиката моја е втора жена и заради икс причини живееја со детето од првиот брак со таткото. Конфликти сеа сигурно имало, но ја гледам дека се грижи и се интересира (а други викаат дека така се поставила откако дошла). Не од шо го сака како да и` е крв, туку за да си го усреќи сопругот кој и` е и повеќе од благодарен за тоа. A богами и детето си ја поштува.

    И кажи ми што и` фали? Детето порасна, сега си гледа внучиња. Да видиш само како ги шета и си играат. А нејзиното биолошко дете прва прилика фати странство и ни за празник не иде. Нема правила во животот и крвта не е гаранција. Има образ да почука на нивна врата, да се порадува на внучињата, да се напие кафе со снашката...

    А и дечкото од старт шо си се поставил коректно и со мајката и со маќеата има многу повеќе отворени врати отколку да пристапел со ароганција. Кротко јагне од пет мајки цица викаат старите ;) , ова да им е на ум и на едните и на другите.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас многу убо прочитав што напиша таа и не ја судам туку ја кажувам реалноста а зошто?затоа што златна имав напишано дека имав едн другарка со ваков случај кој заврши неславно и една познаничка која уште се мати со ваков кој и тој патем е оженет само на хартија кој и неа ја става пред децата ама абер си нема чоечето да се разведи еве ти и образложение
    Во 1виот случај другарками одеше со женет пази 6 години,во тие 6 години со мои очи и уши слушав и гледав како на секој сат се слушаја пораки си пуштаја таја кога ќе беше на некоја свадба со господинот одеше т.е го викаше тој кога ќе заминеше негде на оваја пари му оставаше,по хотели се влечкаја по одмори му се колнеше и преколнуваше како тој не спиел во ист кревет со женатаму како му била одвратна ја мразел како тој ќе се разведел и тие ќе живееле во др.град со ќеркаму абе чуда чуда бла бла бла...абе дури и јас му повервав на чоечето 6 год некој кога ќе ти го пере мозокот тоа е,и што се случи златна еден ден чоечето почна пополека и пополека да да се одалечва од неа пополека пополека да ја игнорира,и да го снемва чоекот демек на пат од работа бил заминат ок си работеел бе,тие 2те почнаја овде картите да ги отварат на мирен начин,се додека не дознаја дека уствари тој и на 2те му го перел мозокот а можам да се приклучам и јас тука оти и јас дури му повервав,човекот и те како си спиел со женатаму и те како си излегувал со неа на вечери со пријателите му купвал работи KAKO DA SLUSAVME ZA DR.COEK ама не драга тој беше ISTIOT IMBECIL бидејќи женAтаму си имаше цврсти докази да не убеди дека е во право :!: кога оваја му плесна све во лице човекот си се криеше како некое исплашено курвиче од макро и фино лепо тој што обеќаваше дека ќе се разведи 6 год.си остана со женатаму која патем не ја сакаше и му се гадеше од неа...
    А за 2риот случај кажав дека сеуште се влечкаат и тој нема абер да се разведи и покрај тоа си има и др.од страна за шврљање оти женатаму и љубовницата не му се ни тие доволни...
    Зато златна КајаС кога овај твојот дотичен верен сакан ќе се разведи со женетаму и пред богом и народот ќе биди со тебе фатен за рака и пред таткоти ќе излези како маж со муда тогаш златна да ни пишиш овде пак за да ти честитаме...
     
    На stefi23m и karenin им се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Никој никому не треба да ДАДЕ развод, за почеток. Тој што сака да се разведе си започнува бракоразводна постапка и потоа, другата страна и да не сака, бракот ќе биде судски разведен. Никој никого не може принудно да држи во брак, тоа се приказни за мали деца (позната моја на пр. се разведе иако сопругот ниту еднаш не се ни појави на суд. Судот си бркаше што му е по должност, и на крај се разведе без овој и да се појави).
    Второ, мене типов ама воопшто не ми се допаѓа како карактер. Ако престанал да ја сака сопругата, дали автоматски значи дека престанал да го сака и детето?! За мене родител да не дојде на роденден на сопственото дете е незамисливо и за тоа оправдување нема! Можеш да станеш бивш сопруг, ама бивш татко-не! И верувај, како што сега ти се лигави тебе, сигурно некогаш порано и се лигавел и на женава, па сега еве се призаљубил човекот и дури и детето си го запоставува! Е таков човек, што може и детето да си го заборави, утре и тебе без проблем ќе те зае** и ќе те заборави, до менталниот склоп на човекот е тоа.
    Маж ми ако се заљуби во друга, среќен му пат, не да нема да го задржувам и да го молам, туку и ќе го спакувам веднаш. Ама ако почнат децата да страдаат заради тоа што тато пак е во пубертет, е тогаш воопшто не би била фина и пријатна :devil: . Во животот може да станеме бивши сопружници, бивши партнери, бивши другари... ама бивши родители никогаш! :fubar:
    И уште нешто-никаква логика нема да се криете ако тие веќе се разделени, не живеат заедно и таа (велиш) знае дека овој има друга. Каде е тука логиката некој да се крие?! Приказни за мали деца...
     
    На Ariel, ilipili, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    KAJAS а дали си сигурна,на пример и во иднина да се случи да се земете,дека тебе нема да ти направи исто ко сега на неговата жена?
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Значи уште 6 месеци му требаат за и официјално да побара развод кој законски ќе му биде поткрепен, зошто жена му веќе живее под кирија, така?
    И ме интересира, дали знаеш зошто жена му е таа која се отселила од домот заедно со детето, а не тој? Да не случајно домот им е на другото место (каде што е и детето), а станов кај што шврља мажов е стан на страна?

    И не е поентата воопшто дали ние ќе те осудиме или оправдаме, не сме ти ние некаков фактор во животот твој. Ако сакаш, еве ќе ти пишеме сите по еден пост со поддршка, ќе те потапкаме по рамо и ќе ти кажеме Само напред, твој треба да биде!, ама кога на крај ќе кликнеме на Х, реалниот живот ќе не` удри во фаца со сета своја сила.

    Јас сум отворена секогаш, од сите аспекти, сум видела доволно во животот за да дадам совет каде мислам дека можам, и сосема ми е јасно дека ти во моментов НЕ СИ ВО СОСТОЈБА на примање совети. Ти во моментов си изгубена, потсвесно несреќна, што поради моментот дека не е само твој, што поради чувството на вина кое очигледно го носиш цело време со тебе, што поради фактот дека веќе 1 година не сте мрднале од стартната точка и покрај сите негови ветувања и твои очекувања.

    Не треба да ни даваш објаснувања и оправдувања на нас тука, доволно е само самата да си го најдеш одговорот зошто БАШ СЕГА, после 1 година од вашата врска, ти се појавуваш на форум и бараш совети за средување за вашата состојба....мислам дека ти е сосема јасно се`, само си врзана во еден магичен круг каде умот те поигрува, а срцето не сака пак да ја поминува истата голгота како со претходната врска, па решаваш дека е подобро да останеш со некој кој го имаш кога сакаш, а ја немаш обврската, ниту стравот, дека некогаш може да те остави, зошто реално не ни може нели.

    Ако ти навистина го сакаше, немаше да си несигурна за твојата среќа и немаше душата да ти се треси при помислата дека тој можеби и ќе се разведе и ќе биде само твој. Размисли си добро, анализирај се себеси и своите чувства и дај си време и простор, заслужуваш многу повеќе од криење по станови и оправање на нечие паднато его.
     
    На ilipili, Madlina, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    [​IMG]Се...Се убаво си напишала....па тогаш уживај...но како што рече со слободен дечко но ова е твој живот и живеј си го како мислиш дека е исправно....
    [​IMG]
     
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Каја, ги прочитав твоите постови и гледам дека си сигурна дека тој те сака. Не велам дека човек додека е во брак не може да се заљуби во друга и дека мора да те лаже, можеби има исклучоци, но верувај тие случаи навистина се ретки. Дај боже и твојот случај да е еден од ретките. :)
    Нејсе, и ти ќе видиш со тек на време како ќе се одвиваат работите. Пред половина година и мене ми се сруши светот врз глава кога без причина (како што е твојот случај) дечко ми ми раскина а во врска бевме повеќе од шест години. Тоа што ги расчистивме работите и пак сме заедно, веќе е друга тема. Мене муабетот ми е знам колку ранливо си се чувствувала во тие моменти. И ти најпрвин не си се заљубила во него.
    Си чувствувала симпатија, страст но сега откако сте заедно јасно ми е дека можеби и прераснало во љубов.И самата кажа дека премногу си го сакала бившиот дечко,и таа љубов преку ноќ не исчезнува..
    Не сум била во ваква ситуација, но сум гледала вакви случаи околу мене, но секој е приказна сам за себе. Не се базирам на ничија приказна, оти познавам такви и кои ги оставиле швалерките откако дознале нивните жени, а само два случаи каде ги оставиле своите жени за швалерките. Јас не знам каква е ситуацијата во овој љубовен триаголник, тоа само вие си знаете, но мој совет никогаш не верувај толку слепо.
    Искуство ти е минатата 8 годишна врска. Те оставил без збор, и за еден момент се претвора во друг човек кој цели осум години не си го запознала. Не дозволувај да зажалиш по изгубените години, каде што ќе бидеш втора и врз себе да носиш лоша етикета оти и сама знаеш во какво општество живееме.
    И не се лути на другите. Сите само се обидуваат да ти укажат на тоа какви се личности има.. Ти посакувам побрзо да ја решиш твојата ситуација.. :)
     
    На KajaS му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ...а ете типот не бил ниту женет, ниту дете имал, веројатно фино озбилно момче пошто нели за рака ја држел 8 години и сигурно не ја криел од никој, па види како излегло на крај. И што ако го остави овој женетиов и фати уште едно такво фино озбилно момче без товар позади себе? Гаранција и е некаква за среќен крај? Кој има таква гаранција? И што се чудите за тоа како некој живеел во несреќен брак од 2007, луѓе цел живот во нефункционален брак го поминуваат од страв да пресечат...Работава секако може да се изврти, никој не може да знае, може ова да е нејзината среќа, може ќе е уште едно разочарување. И да се разведе со доказ документ, тој нема да е гаранција дека во иднина нема да се сменат работите и да и се врати на жената како што ете потписот не е гаранција за среќа. Чувствата се менуваат, можеби тој ќе се разведе а девојкава што пишува на форумот ќе олади кон него па ќе си тргне по нов пат а тој ќе си остане со документот во рака. Секако може да биде, како кај неа, така и кај сите нас, иднината е непредвидлива, бууууу :D
     
    На imelda, Ilinaaa, artemidis и 5 други им се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    А да ми си здрава и жива истото сакам да го знам и јас?
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    МСкорпионка, точно е женче дека никој не ни дава гаранција за било што во животот, ама сите во еден момент правиме избор за кој претходно размислуваме, прегледуваме, разговараме со 3ти лица, не спиеме со ноќи претпоставувајќи ги сите можни опции од тој избор, затоа што некои одлуки се едноставно.....ВАЖНИ.
    Малце е неодговорно да талкаме низ животот со мотото „Па ништо не ни е гаранција“,и така стихијно да одбираме работи....нејзината крстосница во моментов и` изгледа ко Монт Еверест, во нејзиниот ум одлуката која сега ќе ја донесат со типот ќе ја врзува за цел живот. Можеби ќе е така, можеби не, ама таа не може да тргне со претпоставката „Ех, што има врска, ќе го натерам да се разведе, па ако не оди - ќе си најдам друг, оти ете и претходниот од 8 години ме остави така“, нели?

    Како и да е, мое мислење е дека со самото тоа што таа не е сигурна во својот избор и тоа што го сака, и стигна до момент јавно да бара совети и мислења - значи дека неа веќе ја јаде црвот на несигурноста во својата одлука, т.е. женската интуиција, и ако е малце паметна, ќе ја послуша без збор.
     
    На ilipili, vinozito1, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Не велам дека за сите одлуки треба да се водиме низ животот како вејка на ветерот, погрешно си сфатила, не сугерирам јас да не дава пет пари за ситуацијата и едноставно да се препушти.
    Ние тука ствараме хипотетички ситуации, кажуваме искуства од блиски и далечни за да ја убедиме дека патот по кој оди е лош. Мене ова не ми личи на типична швалерска приказна, и според тоа што го пишува ако е точно, тогаш не гледам причина за големи драми, не гледам причина вина да и се набива дека растурила брак, па заплашувања дека утре и неа тоа ќе ја снајде. Го кажувате тоа со таква сигурност а јас искрено не знам од каде сте сигурни. Затоа пишав никој не може да знае и дека нема гаранција. И нема. Премислувај колку сакаш, како сакаш, консултирај се со многумина пред да донесеш одлука, тоа нема да ти биде гаранција дека ќе е правилна.
    А црвот што ја јаде е многу нормална работа, посебно во ваква ситуација, и може да е интуиција која ќе ја донесе на прав пат, а може да е само паника која ќе ја исплаши и можеби ќе ја одврати од добра одлука. Не знаеме.
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    ne sum sigurna ni dali ytre ke se razbudam a ne pak dali ke mi go stori istoto i mene "sta bi bilo kad bi bilo" ziveam za segasnosta ne za idninata...i sekako deka cuvstvuvam vina no kako sto rekov i prethodno samo za moite roditeli i za deteto negovo bidejci ne e lesno voopsto...pobarav sovet samo inaku jas go imam posledniot zbor se razbira. no eve hipoteticki da pretpostavime deka mnogu se sakame i pokraj toa sto na site vi e tesko da veruvate od neznam koja pricina no jas si znam najubavo, dali ljuobvta e dovolna da se gazi preku se ? na moite znam deka bi gi bilo krivo mlada sposobna da zavrsam so nekogo sto ima dete no ke popustat, za zenata ne ni razmisluvam tuku za detenceto sto e najdobro za nego? znam deka najdobro bi bilo da ostanat zaedno no eve ne mozat i ? sepak krajot ke pokaze mu dadov rok vcera pa ke vidime mi rece deka ke podnese sepak ke znam dali ljubovta mu e tolku golema a znam deka e. inaku deckoto me ostavil zatoa sto prestanal da me saka ocigledno se se slucuva ne garantiram ni za sebe utre. vo najmiloto bi se zakolnala deka nikogas nema da mi se sluci da idam so zenet no ete se sluci :(
     
  18. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    Maira jas sum sigurna vo svojot izbor i sto sakam no imam pregolema griza na sovest i se plasam od posledicite ne deka ne znam sto sakam
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Најдобро за детето е да живее во дом полн со љубов, во кој ќе нема караници и негативна енергија.
    Во секој случај, тоа дете нели веќе 1 година живее само со мајката настрана?

    Последици по кој? По детето?
     
  20. KajaS

    KajaS Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    2
    po deteto najvece..no golemko e razbira se eve na primer poraka sto mu prati na mobilen majkata vcera ( ke te preboli cerkata pobrgu od kolku sto mislis i jas ke se pogrizam za toa )