Тој е презгоден и пребогат, таа е божица, феноменално изгледа, може да го има секој што ќе посака....ти си исто така убава и згодна и добро финансиски обезбедена.....што Ви е проблемот Читате заедно пораки на фб. од др. женски кои му се умилкуваат, ги читате заедно пораките на жена му и си викате -оваа е скрената.... ќе те коле, ќе те беси, само да те најде ....а и детето ќе Ве мрази, и ќе го заборави таткото, така таа ќе го научи.... Како само те изманипулирал, алал да му е ....те пушта на му читаш фб. пораки за да мафта повеќе и повеќе дека ете ти си таа што ја сака, ти си му големата љубов Што човек е тој, ништо позитивно не извлеков за него од сето она што го напиша, па уште имало и потреба РОК да му да даваш, па да видиш што ќе биде Јас сметам дека типов е незрел, несозреан, себичен, егоистичен, манипулатор, без жал и осет за чувствата на сопственото дете. Да не одиш на роденден на дете за да избегнеш фамилија , нешто тука не е во ред. А само онака да прашам-како и го надомести на ќеркичката неговото отсусво од род.,? Дали и тој приреди некакво изненадување за неа, ја одведе ли некаде, и` купи ли нешто....или седеше со тебе болната и ја оговаравте заедно жена му и си читавте пораки? Kaja со секој пост се` повеќе и повеќе сфаќам дека дечково ич не го бива....не е тој душо брачен материјал....и тој порано или покасно ќе ти го скрши срцето. Плус додај и дека е емоционално скршен, има товар зад себе и тоа голем, спремна ли си да живееш со тоа..... тука е и жена му бесна и исфрустрирана со желба за одмазда (ако е така )....можеш ли ти да се носиш со сето тоа, цел живот е во прашање.
Мислам дека немаш право да се служиш со навреди. И плус тој збор болна е тежок треба да имаш факти и основа на што го пишуваш. Девојката тука го постави проблемот за да и се помогне со совет а не да биде навредувана и омаловажувана од ваша страна а уште помалку тука да и држите предавања за чест и морал! Крајно некоректно од ваша страна. Не дека ја оправдувам со тоа што го прави и дека е нешто добро но стварно не е убаво така. Кај неколку тука вклучувајќи те и тебе со овој твој пост не видов ништо корисно да ја посоветувате освен да ја навредувате и да и правите да се чувствува уште полошо. Конкретно за проблемот точно до детали ние не го знаеме одвивањето на настаните читаме овде дел од тоа и судиме по наше гледање како демек овде сите чесни сестри да сте. Како прво девојката едвај сум сигурна пребродила тежок период по толку долга врска и ете таман да си го среди животот наидува на уште полошо. Тоа што го опишува како презгоден и пребогат не значи дека таа сака да се испофали или дека исто така таа е убава и добро финансирана, туку кога ја затепавте тука девојката со ваши фини совети таа сакаше да ви докаже дека тој и по крај тоа што е женет и богат и згоден и што му пишуваат други девојки сепак ја избрал неа како и таа по крај што е во таква ситуација и може веднаш да си најде кој ќе посака се зацапала токму во него. Љубовта не те прашува ништо за тоа едноставно се случува. Како и секој проблем и овај има решение. Кога тој веќе е тргнат од својата сопруга и не живее со неа постои можност да се разведе и да бидат заедно. Детето ќе биде така многу посреќно отколку да живее со родители кои не се сакаат и се заедно само поради него. А додека неговата сопруга сигурно е од тие линости кои не трпат порази и сака по секоја цена да се одмазди но тоа вечно нема да трае. Не успеав да разберам само дали таа знае за нив па се однесува така или тие претходно си имале проблем? Но од од друга страна пак таков маж навистина не е за верување ама баш воопшто. Колку тој е искрен во неговите намери и зборови ти треба да знаеш нејмногу за тоа. Ниту еден совет од тука нема да ти помогне ако ти самата не пробаш да си помогнеш. А како ќе пробаш да си помогнеш? Се разбира ете ти и веќе си пробала како. Му постави рок и чекај да видиш што ќе се случи. Друго решение нема. Ако тој е искрен и те сака како што ти тврдиш јас мислам дека нема да има пречка вие двајца да бидете заедно. Па чекаме да пишиш што се случи. Не дај боже да излези спротивното веднаш ќе те стават зад решетки тука
Се ќе сфатам ама кога ќе прочитам ова првото болдирано ми се . Како сакаш сфати ме ама едноставно неможам тоа да го прифатам. Она од гледање ли се заљуби во него?????? Па зарем од прво запознавање доаѓа љубовта???? Самата така си одбрала. Сите имаме избор. Уште кога го запознала и кога дознала дека он е женет требало да се тргне уште одма ама очигледно тогаш немала толкава грижа на совест како сега и не и' било гајле за детето како што сега "и' е гајле". Впрочем се кладам дека и сега не се замара, туку сега и дошло јајцето на г***т, сфатила дека овој нешто мафта па ќе се правиме жртва, што друго преостанува. Свесно си влегла во овој триаголник. И незнам што очекувате овде ние да правиме кога ќе дојде некој со ваков "проблем", а 75% од девојкиве овде се или мажени или се во долги врски. Ако не да ја тешиме, браво да и' кажеме. Мразам кога вакви се прават невини, а не се. Колку сака нека продава муабети, мене нема да ме убеди дека е жртва, а дека жена му е злобна. Па и јас ќе бидам злобна маж ми да не дојде кај ќерка ми на роденден. Дури жена му е добра според мене. Мене вака некоја да ми направи па да види како ќе си помине и он и она (за ова како сакаш сфати ме, не ми е гајле). И не заради тоа што он би бил со друга, слободно нека оди туку заради тоа што детето во случајот е повредено. Уште па дотичната КајаС се пофали со тоа. Демек видете он мене колку ме сака. Аха да. Уживај. И не, жена му не сака да се одмазди туку сака да си го зачува семејството кое го градела, сака да си го зачува достоинството, сака да го заштити сопственото дете, сака да остане со својата љубов, а ако според тебе ова е одмазда тогаш алал да ти е. Немам што друго да кажам. Никој, ама баш никој неможе да ме убеди дека љубовта туку така се случува. Крај краева нели сте возрасни нели знаете да кажете стоп или само ќе се лигавиме како некои тинејџерки "ама го сакам". И никој ама баш никој неможе да ме убеди дека швалерката е жртвата, а жената е злобната. Мислам и мало дете да е ќе сфати. Знам дека јас директно не бе повикана ама морав да ти реплицирам затоа што постот важеше за сите со вакво размислување и сите што коментирале во темата, а јас сум една од нив. И лесно е да се збори кога нешто немате осетено на своја кожа. Дури и да немате, подобро е некогаш барем ДА СЕ ОБИДЕТЕ да ја гледате ситуацијата од повеќе агли. И да, тоа "болна" кај lolyta777 беше затоа што КајаС напиша дека тогаш стварно била болна, а не дека lolyta777 тоа го напиша во навредлива конотација. Прочитајте прво убаво пред да почнете да скокате како... ај да не кажам што.
tocno e nemas oseteno na svoja koza i zatoa ne zbori. samo pobarav sovet a ne da mi drzis predavanja dali zena mu e zlobna dali jas sum ili toj.. ne rekov deka nekoj e zloben tuka i deka jas sum zrtva ili naivna na krajot na kraistata daleku od toa. ne sakam ni da me brani nekoj no ni da me napadja. koga mazot ke najde svalerka toa e samo zaradi ebenje neli ne moze da se zaljubi ???epa izvini ama ne sekogas e taka. takov stav imas zatoa sto se stavas na nejzino mesto a vrska nemas vsusnost sto se slucuva tocno za toa te molam ne komentiraj a nekoj sto ja saka zena si ili mazot si ne bara drug/a nikogas a ako taa misli deka zaradi deteto ili zaradi svetot ili zaradi kojznae sto deka treba da trpi nekoj vo oci da i veli te mrazam ok e
Се ставам на нејзино место затоа што недај боже утре можам да се најдам на нејзиното место баш од такви како тебе, а не се ставам на твое затоа што и никогаш нема да бидам на твое место, фала богу си имам свои принципи по кои се водам и достоинство. А дали тој се заљубил или не мене ама баш ич не ме интересира, и да е заљубен и да не е ти пак ќе бидеш ШВАЛЕРКА, а жена му ќе му биде ЖЕНА. А тоа дали некој си го сака мажот или жената и дали бара нешто настрана тебе не треба да те интересира. Тоа е проблем меѓу нив и они треба да си го решат. Ти не си Црвен Крст па да помагаш. Плус ако не ја сака што не се разведе?
можеби и сум вработена и во црвен крст којзнае...сепак благодарам на одвоеното време и за советот многу ми значи биди убедена
Болна како настината, грипосана ....а не болна во паметот....и ај читај се` од почеток па капирај. Кога јас некого сум нарекла дека е нетокму И не нема да ја тапшам по рамо и да и` речам да се бори за љубовта на некој кој не ја заслужува ниту неа ниту пак сопругата. А за неа што знаеме, знаеме само дека сака да се одмазди и тоа ни го има кажано Каја....која ли е вистината знаат тие тројца и верувам дека секој од нив си има своја вистина. Типот не е тип на кој може да му се верува. Впрочем и ти самата тоа го констатираш. И не ми е намерата да ја осудам, која сум јас да и судам....девојката се обрати за помош како да се соочи со фактот дека можеби гради среќа на туѓа несреќа т.е. брак на повидок на се` уште незавршен брак. А прашање е дали и воопшто ќе дојде некогаш до тој брак? Друго што ја мачеше е како детето ќе се носи со целата ситуација....не велам дека Каја не е засегната и не и` е гајле за тоа дете, само таа знае како се чувствува и колку ли дилеми и безброј прашања пред и потоа и се вртат во главата. А детето никогаш нема да ја сака, ниту ќе ја прифати и Каја тоа многу добро си го знае....дури може благодарение на мајката (претпоставка само извлекувам од она што Каја го напиша за сопругата) јазот и меѓу детето и таткото уште повеќе да се продлабочи, а Каја ќе биде сведок на сето тоа и потсвесно ќе ја јаде црвот дека таа е крива за тоа. Јас со ваков товар не би можела да живеам, а очигледно ни Каја, па затоа и се обрати тука за совет. Јас сум искрена и сакав само да дадам добронамерен совет, а не да ја тешам и да ја подржувам за нешто да се бори за кое и самата не е ни сигурна дали вреди. Мое мислење е дека секогаш, ама секогаш треба да се чека еден брак да се заврши официјално, па потоа да се влегува во врска со веќе разведен човек. Секој заслужува среќа, по 2, 3 , 4 итн. пат....ама врска со женети/мажени не одобрувам затоа што тоа според мене е мафтосување за џабе....врска ја те мотам по потруму, те мотам како сакам, де ваму, де таму... Заврши го бракот, па барај си девојка, нова сопруга. Башка што мислам дека ептен е мизерен типов што дозволил девојка му Каја да му ги чита пораките од сопругата....каков и да им бил бракот, некои работи можел да ги сочува, немало потреба заедно да читаат и да и` се потсмеваат...мизерна слика, мизерна. Друго...ако типов толку ја сакал Каја, ќе се разведел и по 2-3 месеци од врската, а не после цела година криења и лажења Каја да му поставува РОК....а бе ајде....тој самиот требал одма да се разведе...без рокови, уцени, ултиамтиуми ...е*ате врската и иднината заснована на уцени и рокови. Значи Каја оди на одмор и после одморот очекува негов одговор, ај замислите како ќе си помине, во агонија и во исчекување, гарантирам дека на секое титкање на моб. ќе мисли дека е тој, дури да може и ќе се бања со тел. ете толку таа е зацапана во него....а за него..од муабетиве, па не би рекла. Значи јас само коментирав како да јас гледам на работите, а нејзино е дали ќе слуша некој од нас или ќе си се води по сопствената интуиција, соништа, фантазии итн. итн. И како за крај...НЕ, љубовта НЕ СЕ случува туку така. И мене ми се удварале дечковци со долги 3-4-5-6 год. врски кои сакале авантура надвор од врската. И јас бев повредена, излезена од долго годишна врска, ама јас не паднав на првиот мачо, ниту пак дозволив да бидам манипулирана од женет или пак зафатен дечко. Впрочем мене тие типови ми биле одвратни и лигави, никогаш не ме привлекувале....тип кој е зафатен, а брка др. девојки без разлика дали за флерт, секс и сл. не ми е поверлив и јас лично секогаш би си мислела дека еден ден и јас ќе бидам изневеруваната и дека секогаш ќе има некоја друга. Си дадов време да преболам, бев сама без партнер цели 3 год. и си докажав сама на себе си дека среќна и сакана можам да бидам и без некое машко до мене. А Каја одма влетала во нова, за жал уште позафркната врска...тука згрешила, и не сум баш сигурна дали и оваа нивнава врска е онаа правата или пак како што пишав и претходно -си се погодиле еден со друг во прав момент да си се тешат.
Јас за момент се ставам во ситуација на сопругата, и искрено мојот маж да не дојде кај детето на роденден, го зимам малото им го носам онака мрсулаво (зелени густи мрсули), разпиштено, и подобро ако е уште со пелени (гомносано), па нека повели младата госпоѓица нека се учи да мења пелени и да брише мрсули, да види што ја чека. Мене ми е гадно некогаш да мењам пелени на МОИТЕ деца, а она ќе треба тоа да го прави на НЕГОВИТЕ. И ќе го прави и оро ќе врти, бидејќи не би дозволила да го одвои таткото од децата. Како некој погоре што рече може ние да не бидеме во брак, ама родители на тоа дете секогаш ќе бидеме. И имам читано едно многу интересно истражување. Во 80% од случаите кога мажот се разведува заради швалерката, никогаш не останува со неа туку си наоѓа друга Во пракса и имам во поблиското опкружување имам и примери кои го поддржуваат тоа истражување. А на Каја би и препорачала да се тргне од таа врска бидејќи, не се гради среќа на друга несреќа-кармата е заебана работа. И НЕ - не се теши дека ти не си крива. Можеби имале проблеми и предходно, ама во моментов ТИ си таа заради која тој не отишол на роденденот на неговото дете.
Каја нели и самата си свесна дека цело време се вртиш во зачаран круг и самата си правиш да нема излез од истиот? Ма каков брак,какви црнила со ваков типац. Неодговорен сопруг,уште понеодговорен татко,а најнеодговорен љубовник. Јас стварно ти се чудам како имаш толкави сили да го браниш и оправдуваш и цело време да ја напаѓаш неговата сопруга,како за се е она крива,за љубовта која патем исчезнала некаде по патот и како ти во прав момент и на право место се сретна со сродната ми ти душа. Рокови,уцени,збрки,избегнување на родендени,лажење,исмевање-на каков човек ти личи тој нечовек кој упорно ти изразува љубов,АМА САМО КОГА Е САМ И ОСАМЕН?? Запрашај се два пати дали оваа твоја жртва вреди за некој и нешто или и по втор пат ќе паѓаш во агонија,кога овој вториот или ќе и се врати на неговата жена или ќе те замени тебе со 20 годишна,уште поубава од тебе:!
Kaja не мора дрско и кавгаџиски да им одговараш на сите што не мислат како тебе. Издвоиле време и напишале совет. Од каде таа огорченост? Зошто? Кога толку си сакана дури повеќе и од детето на дечко ти... Огорчена треба да бидеш да, но кон овој човек кој веројатно апла те мафта, а не кон нас кои пробуваме да ти ги отвориме очите. Кулирај си, чекај и види дали ќе го исполни договореното. Тоа ќе ти ги разреши дилемите.
Milicka, пред да скокаш читај бе дете. Таа убаво напиша дека била нешто болна и ова лиглево не отишло на роденден кај сопстевната ќерка за неа да ја држи за рака...
И јас мислам дека девојката е огорчена од фактот што тој не ја носи врската на друго ниво а и сеуште не се разведува со женетему ако имаш малку мозок земи прочитај нешто во уставот за законите за брак или консултрајсе со адвокат кога си толку моќна никој на овај свет неможе никој да држи со сила во брак а уште помалку кога живет одвоено една година мислам размисли логички бе девојко кај имаш грижа на совест не си ни сигурна сосема во самата себе,а уште помалку што ќе се случи со нивниот брак и дали ќе се оконча за све треба DELA NE SAMO ZBOROVI
Каја, понекогаш е добро да побараш совет кога си во дилема. Факт е дека туѓите очи гледаат објективно, а тоа е потребно за да може убаво да ја согледаш целата ситуација. Не те знаеме ни тебе, ни него, ти ни кажа она што сакаше да ни кажеш, и врз основа на тоа си доби совети. Во голема дилема си, те јаде совеста, ама овде доби потврда на твоите сомнежи - дека тој човек не е она што мислиш дека е. И потсвесно тоа те нервира и затоа си огорчена, не ги прифаќаш критиките и советите. Најубав совет ти даде Моира - да го оставиш, еднаш засекогаш, и да си го живееш својот живот без него. Млада си, дај си време убаво да се опоравиш од претходната долга врска, ама и од оваа т.н врска со женет човек која не ти носи ништо добро. Те начекал слаба, ранлива и ти понудил рамо за плачење кога најмногу ти требало, а со тоа убаво те изманипулирал и те искористил. Ништо чудно да те шутне кога ќе се разведе (ако воопшто се разведува). А ти имаш цел живот пред тебе, сигурно ќе го најдеш вистинскиот, наместо цел живот да живееш со грижа на совест дека си растурила брак без оглед на исходот од целава ситуација.
Стоп со муабетов own: Доста со ова препуцавање, повеќе од очигледно е дека девојката не сака да разбере што и се кажува и џабе е трошење зборови. Вие се обидувате најискрено да помогнете а некој си тера по свое. Јас незнам што бараат помош кога не можат да се соочат со фактот дека некој мисли поразлично од нив, дека не секогаш нивниот став е најправилен и дека постои друга вистина освен нивната. Ајде нов проблем спремни сме за дискусија и отворени 24/7 за делење совети
^ Може уште јас да пратам оти го пишав веќе? Не си ти виновна Каја за тој растурен брак. Ако ти не си била другата девојка, ќе била некоја трета најверојатно. Еве, црно на бело, не си ти крива. Ако веруваш дека вашата љубов е толку голема, како што ја опиша, нема потреба логично нели ни да го шутираш, или условуваш со рок за развод. што иде после? Рок за живеење заедно, рок за мажачка, рок да правите ваше дете итн, за да ти докаже дека стварно те сака и е сериозен со тебе, а не дека си ти во некоја заблуда. Жена му не ја коментирам без да се јави тука, каква ваква таква, убава, грда, злобна, мила, не е она таа од која зависи вашата иднина, како што ти потенцираа други феминки, ако сака он развод од неа - ќе се разведе на суд. Чао, идем ја жено у бољи живот! Не може да го врзе она во подрум ако он решил да ја остави. Туку него, оти он е тој со кој би делила леб утре. Јас вака го разбирам човекот. Доста е само една реченица од твоите постови да го прогласам за неодговорен и себичен човек, како човек. Оти баш тоа го покажал кога не бил таму каде што треба да е кога се грижел за тебе додека си болна, тоа е запоставување, а не мерило за безрезервна љубов кон тебе. Каков љубовник е знаете ти и жена му. Каков сопруг е(и пред оваа афера и сега) знае само жена му. Каков татко е дознавме сите. Па сега ти размисли, со какво срце, каков човек може да си го казни своето дете, најсветото нешто на родител, за да извои победа над сопругата, како ааа види кучко јас што можам, оти поголем ќеф му прави жената да се нервира и да ја боли кога знае каде е он додека си го теши детето, отколку да помисли на детето што би го болело оти тато не дошол. Само за да ја повреди сопругата! Затоа што ја мрази, или оти се повредуваат еден друг затоа што имаат проблем во бракот и не знаат како да го исправат? За да ти е гајле дали ќе повредиш некој, посебно со толкава цена, треба бааги да ти е гајле за нив. Чуството на гнев е сериозна вистинска емоција, и не се раѓа туку така од чист воздух. Чисто онака ти правам муабет, да размислиш понадалеку, не те ни судам ни осудувам, оти човек сам на себе знае најубаво да си пресуди.
Не сакам да глимам мајка Тереза, ама дефинитивно сум против изневерување во бракот ( па и во врската секако). Значи, ако нешто не ти одговара, ако не е како што треба, ако се изгубила страста како што многу викаат тогаш разведи се, што чекаш?! И не само за тие што изневеруваат, туку и за тие што се плеткаат кај што не им е местото, не разбирам како можат да бидат тооолку јадни да бидат буквално заднја рупа на свирало! Втора опција, некој кој служи само за задоволување на нечии страсти. Мене тоа ми е претерано ниско и без само почитување. Еве ќе наведам еден пример што ми е близок и ме вади од такт тотално. Ги познавам и мажот и жената, он подработува нешто ама не се многу јаки финансиски, ама сепак се труди да го издржува семеството. "Госпоѓата" не работи ништо само да напоменам, сака да си искача обавезно секој петок сабота со другарки и којзнае уште кој, да вози скапа кола заради која се во долгови до врат, да оди на третмани, нокти секои две недели, косата само на фирзер и така натака да не набројувам, само да напоменам дека не работи она, а на мажот затоа што нели таа мала платичка едвај стига за храна а не за она да изиграва госпоѓа, постојано дерење кон него како е неспособен како ништо не придонесува за дома, како не се труди... Не ми е јасно само како може да го кажува тоа кога јадниот по цели денови работи, таа седи дома, плис грам школо нема неписмењак невиден, и него ќе му кажува дека не придонесува?! А да, само да напоменам, пред да се земат она живееше со мајка и, сестра и, мажот на сестраи и две деца во две собчиња, кога дојде кај овој најде куќа на два спрата, на времето неговите имале и му оставиле. И да, сега нели ќе се прави од големото доброутро. Ако не и е добро нека си оди, ама нее заборавив она нема каде да оди. Незнам како вакви луѓе уште постојат, за жал многу ги има, ама јас верувам дека карма постои и дека еден ден и нив ќе ги снајде истото што тие го прават. И тие што изневеруваат и тие што се на лагер, вторите опции.. незнам кој е по беден.
^ Ами третманите и дотерувањето за кој се? Жена се дотерува ли ако нема швалер па ти Трик приказна е, треба да ти текне Небитно. Кој што си има на душа нека си кажи