Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. TipTop

    TipTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    54
    Можно ли е овој типот да има напавено профил демек на сопругата е,па ја мафта девојката?Инаку со бившиот ми дечко,наместо „те сакам“ си викавме „те мразам“,као да бидеме различни од другите,па тоа мразењето во пораките,којзнае,а и велат тенка била границата меѓу сакањето и омразата.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ај да кажам јас нешто:
    каја, немој да се тешиш дека не си ти крива за распаѓањето на тој брак, да ти си крива(извини ако ти ги навредив чуствата), не живееле заедно една година :D :D :D :D толку време сте и заедно,не е случајно, ти си причината што жената се отселила, можи и типот ја избркал, можи сама свати дека е вњубен во друга.
    јас тебе те сваќам, сите сакаме да сме со личноста во кои сме вљубени.
    ама бе жено не си требала да ја почнуваш врската кога си знаела дека е женет.
    пак ќе речам како жена те сваќам, ама не барај од тука, од нас кои сме сопруги и кои имаме деца да те поддржиме.ни те подржувам ни можам да те сватам!
    ти дали си свесна што значи роденден за мало дете??????не, немаш деца кога ќе имаш ќе разбериш.
    немој од никоја од нас да бараш да подржуваме таква како тебе која растура фамилија и дом.
    немаш ни совест, и да несакал да оди на роденденот ти си можела да го натераш.
    ,,оди детето е најважно,,
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  3. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам за грешката за тоа точно не видов баш во сите мислења што е и како е но и тоа не е нешто голема работа па да се фаќате сите како слепиот за стапот доволно беше една да укаже. Од сега ќе внимавам фала за помошта :clap:
    Додека оваа репликава стварно не знам зошто тие и за што си се мачела да ми објаснуваш. :) Мене искрено не мие јасно тука што мислите дека некој кога ќе искритикувате дека знаете повеќе од него или дека сте нешто плус од него?? Девојката побара само СОВЕТ. Јас не мислам дека се прави жртва или дека и и сеедно за се што се случува. А жена му ако сака да си го сочува семејството нема да се отселува на друго место и нема воопшто да си дозволи мажот нејзин да погледа во друга. Детето не е изговор бракот да опстани. Зошто од тој аспект само го гледате проблемот. Како ќе му биде на тоа дете кога ќе расте со родители кои се заедно само заради него? Еден ден тоа дете нема да сфати што се случува? Мислите дека таа втората шанса што ќе си ја дадат ќе биде многу успешна?? Еднаш лебот кога ќе се скрши потоа не се лепи. А додека со роденденот со детето и за тоа се фативте. Нормално дека детето не е криво да трпи хирови од татко му и жално е за тој човек што си дозволил неговото дете да го осети неговото отсуство баш токму за таков важен ден за него. Затоа мислам дека нема оправдување ама веќе го кажа една и во ред е немора да се повторувате сите. Додека за тоа што мие алал да алал нека мие само жена му кога знае дека веќе се распаѓа бракот кој глуп маж ќе падни на уцени како таа што ги прави.
    На крај краева овде читате дел од тоа што девојкава сака да ви го прикаже. Ние целава приказна не ја знаеме како започнала. Која е причинава за кој се отселила сопругата? Неможам да разберам во ситуацијава стварно сите пишувате за едно исто и се фаќате за едно исто а не оставаме да се доискажи девојката како што треба, таа цело време се занимава со вашите реплики. Не да ја бранам ама стварно и е тешко треба да и се помогне. Се случи што се случило има начин како да и се укаже. Дај застенете да почекаме да кажи со рокот што му го дала дали ќе има нешто ефект потоа да се истуриме со коментари дали е во ред или не е :)
     
    На KajaS и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Па лично јас не сум видела ништо, ама се збори наголемо дека има(ло) и дека ја гледале со други, затоа и пишав со другарки и којзнае уште кои, на фејсбук постојано објавува слики со различни луѓе :^)

    трик приказна? :^)
    Муабетот за дотерувањата не ми беше дека се за швалерот, туку дека ем шуто ем боде, сака да изиграва некоја госпоѓа, а вода во очи нема, плус дека него му вика дека не придонесува, а она ем не работи, ем необразована ем сака да троши, да искача, да мрда околу.. Ама кој како си сфаќа, нели. ;)
     
  5. JOSIFOVIK

    JOSIFOVIK Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    GI CHITAM VASITE PORAKI I NEMOZAM DA SI POVERUVAM,SEPAK NE OSUDUVAM NIKOJ,NO AKO VEKE STE STAPILE VO BRAK ILI VRSKA NE GO POTCENUVAJTE VASIOT PARTNER ILI SOPATNIK,SAMO DA ZNAETE SPORED MOJA KONSTATACIJA NA SEKOJ KE MU BIDETE UBAVI I DOBRI ZA NEKOE VREME NO TESKO E DA NAJDES NEKOJ KOJ TE SE SAKA VO SEKOJ ASPEKT A DOKOLKU STE VO BRAK ZNACHI STE GO NASLE,A AKO SE RESITE ZA NEVERSTVO PODOBRO RAZVOD A POSLE SE DRUGO,PRVENSTVENO NE SE PONIZUVAJTE SAMI SEBE.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Ја читав Каја на почеток ај викам греота девојкава несмислено нагазила на некој кој сака да си го игра ку*от на 2 столици. Еднаш ке згрешиш за друг пат ке знаеш.Како одминува дискусијава сфакам дека девојкава уопште не е дојдена тука за совет туку за тапшање по рамо како треба по секоја цена да остане со женетиов.Ма нека остаи и жена и дете што се битни тие,битна е она и пораките што си ги пракаат. Срам да ти е девојко. Ке разберам да се улета некое младо неискусно неизградено дете,ама возрасна девојка да биде волку плитка и безосетна ,СРАМ И АРАМ.

    Уште па се фалиш дека не отишол кај детето на роденден за да биде со тебе.Дај боже утре ти да дочекаш твојот маж кај твоето дете на роденден да не дојде за да биде со швалерката за видиш како е . И најлоша на свет нека е жена му и најзлобна на свет нека е тој мајмун барем за детето треба да има малце осет ако не за нејзе.

    Крај краева се надевам дека ке ја остави и ке биде со тебе.Толкава исконска и поетична љубов како вашата штета е да пропадне.Кога ке имате дете и кога ке сака да знае како се упознале мама и тато се надевам дека и двајцата ке имате лице и достоинство да му ја кажете вашата приказна.:"Па сине/керко види вака Тато пред да ја упознае мама беше женет со една вештерка која беше многу злобна и не му даваше мир...Тогаш ко ангел од небо улета мама и реши да го среди и усреки несрекното секојдневие на тато. Си седевме така заедно си пракавме пораки на мобилен ко тинејџери пошо сепак знаеш срамота е да се појавиш у јавност со некој што е женет,само на црно у темница гледај се со него...Така одминуваа деновите мама и тато се повеке и повеке се заљубуваа еден во друг до тој степен тато на роденото дете да нејке ни на роденден да му отиде,ама нема врска битно со мама се сакаа ... И така си минуваа деновите се додека на вештерката од жена на тато не и пукна филмот и му даде развод.Тоа беше најсрекниот ден во нашиот живот бидејки конечно ке можеме да бидеме заедно...конец фильма

    У секој случај убава приказна за пред спиење верувам ке сака да ја слушне..
    Како и да е решена си да останеш со него по секоја цена така да што и да се каже за твојот случај е сувишно само ке навлагаме во расправии безпотребно..

    Се надевам ке ви испадне и на двајцата се по планот ,не зашто вас сакам да ве видам срекно заљубени туку затоа што тоа дете не заслужува татко како овој...
     
    На mimoza.mk, ilipili, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    И едно надоплонување на горе кажанато: ... и еден ден на заедничкото дете нема да дојде на роденденот, моменталната швалерка која ако после му стане сопруга ќе си седи сама, зашто еб.чов отишол сега па со трета. Се во животот се враќа, и десетоструко се наплаќа, ама буквално се' :!: било лошо, било добро!
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Да, и јас се прашувам зошто се мачев да ти објаснувам... :^) Нема врска...
    Никој овде не рече дека некој се прави дека е погоре или подоле од другиот туку сите си кажуваат мислење и немора да значи дека сите треба да се согласат. КајаС овде кога го поставила својот проблем и кога побарала СОВЕТ требало да си стави во глава дека ќе се судри со различни мислења и дека можеби ако ништо друго постои некоја си најмалечка, најминимална веројатност да овде ние можеби и нешто знаеме или дека можеби ако не повеќе ама барем 2% од тоа што го напишавме е точно. А не секој пост да и' биде "ама знам дека он мене ме сака, ми докажа со пораки". :?: Епа што прашуваш за совет ако знаеш?

    И ако си ги прочитала сите мислења внимателно, како што не ги прочита, ќе сфатеше дека, повеќето, поголемиот дел од девојките овде не ја навредуваа, не ја осудија, туку напротив, ја гледаа како наивна и сакаа да и' ги отворат очите за да ОНА НЕ ИЗЛЕЗЕ ПОВРЕДЕНА ПАК НА КРАЈОТ. Ама кога ќе се појави некоја како тебе и кога ќе почне да дели иронични комплименти за нас и нашите мислења (како сме ние многу ФИНИ, СВЕТИЦИ, НИШТО КОРИСНО НЕ СМЕ НАПИШАЛЕ) јас лично неможам да преќутам и си кажувам директно и конкретно што мислам, а некој ако тоа не сака да го чита може слободно да не го чита, никого јас не присилувам. И барем мене мислењава не ми се пишуваат со магично стапче значи некој се трудел како така да помогне, ја разгледувал ситуацијата од 100 страни, пишувал секакви можни сценарија, размислувал итн. за на крај некој да дојде и да пише дека ние сме некорисни. И сега кој излезе дека навредува? Сама на себе одговори си, немора на мене или некој друг.

    И уште нешто, пак ќе напоменам, бракот на него и неговата жена не треба да биде тема на муабет овде. Затоа што какви, такви, се сакале, се тепале, се мразеле и незнам ти што таму они се СЕУШТЕ ВО БРАК (и според мене ќе си останат во истиот тој брак), а КајаС си е швалерка. Не да биде тој заљубен, во облаци нека лета ако сака од љубов, џабе му е кога сопственото дете го запоставува. И за мене е доволно тоа за да сфатам за каква личност се работи, а исто така и каква личност е КајаС штом сето тоа и претставува задоволство.

    И не коментирам повеќе на темава затоа што веќе си го кажав сопственото мислење, а со секој нареден пост само би одела оф топик. ;)
     
    На Annath, mimoza.mk, Li0ness и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Oва нешто како тој што се жалеше од сопругата, ако ви текнува пред извесно време, па го баталила, па се запоставила, сите отрчавме да го жалиме типацов, а испадна оти е за жалење таа која крепела на свој грб неизживеан створ :^) Се ми смрде дека девојчево ќе си ги излае пореално дешавките, шознам... :?:

    Патем, што бараш совет кога истиот не сакаш да го слушнеш? Ставаш лајк само на пост кој те подржа, одговараш дрско на секоја една што ќе ти пиши оти ова што го правиш не е во ред, бараш рачки и изговори кои логика си немаат, оправдуваш нешто кое нема смисла :^) Или се заебаваш или си бесчуствителна кучка |( Трето нема. Мислам...каква да им е состојбата по дома, ти си сеуште ШВАЛЕРКА! И чинам уште долго ќе бидеш |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Девојко, тој што не си го сака сопственото дете не сака никој. Овде на форумов не очекувај поддршка од членки кои во најголем број се сопруги, мајки, девојки во долгогодишни врски, сите се ставаат во улога на изневерени, па затоа и можеби и толку осудувања. Си излегла од една врска и наместо да размислиш што понатаму, трезвено како што се вика, ти си се сплеткала со колега од работа и тоа женет со дете, најлоша варијанта, од тава во оган. Како се чувствуваш кога се среќавате со жена му, можеби и си правите муабет? Жалната нема поим дека се влече под кирија и семејството и се растура само заради тебе. Не се надевај на лажни пораки. И да се разведе и да те ожени, никогаш нема да има добро мислење за тебе, секогаш потсвесно ќе сумња во тебе, зошто како еднаш си се вплеткала со оженет, така може да се вплеткаш уште еднаш. И на крај краева да не му е позлатен!? Пардон. Па има толку слободни момчиња, излези експериментирај, пробај еден, друг, трет. Се е убаво кога се прави со чиста совест, ќе се заљубиш пак, не очајувај, сврти нов лист во твојот живот, крени глава и не се врти назад.
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Вака им се вадат муабети на жени значи, и затоа кога си одам во Македонија мама не ме пушта да излезам сама, жениште на овие години а мама не ми дава да излезам ако сум дошла на одмор без маж ми. :wasntme:
    Не ја слушав, па едно време ме направиле жените по селото за разведена или по нивно распуштеница :D
    Инаку и јас трошам негови пари за фризер, козметичар, нокти, штикли...оти се тоа е негова инвестиција ако сака да има убава жена. За возврат, он најдобро знае што добива ;)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Офф топик - Абе жена закопчана до врат, ако реши да изневери ќе изневери. Шо има врска изгледот со изневерувањето.
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    На човек со сила не можеш да му дадеш...со инка мозок не се тура...што ќе си дроби тоа ќе си срка... :!:
    Изгледа на госпоѓицава(незнам дали може да се нарече така) и е еден вид на сатисфакција што успеала да го украде мажот од една божица (што во никој случај не значи дека таа е подобра од нејзе).
    Не,не воопшто приказнава не е за некое наивно и неискусно девојче кое паднало во канџите на женет човек а, тоа го докажува со дрскоста во секој нејзин нареден пост каде на виделина излегува нејзиното вистинско лице.
    Мора да си многу плиткоумен и ограничен човек за надворешната убавина и материјалното богатство да ти бидат основни критериуми за љубов и се разбира пораките со срциња за добра ноќ. :fubar:
    Не е толку добра личност и жртва како што се претставува...да беше ќе му дозволеше или самата ќе го наговореше дотичниот да оди на роденден кај сопственото дете а,не да глуми болен Дојчин..Да била толку болна како што кажува ќе си седела дома а,немало да појди на е***е..значи здравствената состојба и не била толку алармантна.
    Во целава оваа ситуација каков и да биде исходот за жал најмногу ќе биде погодено детенцето а, тоа не е виновно за ништо, само ја имало таа несреќа еден морон да биде негов татко.
    Работиве полека се згуснуваат...на плејбојов му гори под нозете, имам впечаток дека него една жена никогаш нема да му биде доволна...ќе се почувствува притеснет и големата љубов ќе се распрсне како меур од сапуница.Ама ти си знаеш...нема потреба што ние да те советуваме нели?!
     
    На tessie и miss.ella им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    И он не е поарен Ангел. За да ја повреди и избегне жена му и нејзината фамилија го искористил неговото дете и неговата тага што тој не се појавил на неговиот роденден. Затоа и мислам дека тие приказни со закани за детето му се блеф. Се виде од пишаново колку му е до детето. И реално никој не може да го држи сосила некого во брак и да му го одземе детето сосила. И не, упорно си стојам зад тоа дека ни швалерките исто како ни мажите не се виновни во вакви ситуации. Секој треба да знае до каде му е чергичето и каде му е местото (а тоа дефинитивно не е во туѓа фамилија).

    А за шта би било кад би било, убаво ти рече Моира, поплукај си во пазуви само.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    според мене каја не е виновна за пропаднатиот брак, ако неговата сопруга и тој самиот не се борат за бракот, а и ако детето не им е доволно за да ги надминат проблемите и несогласувањата тогаш како може една девојка да го украде мажот или да им го растури бракот. И да немој да речете со секс, дека секоја жена знае што е тоа, а може па и сопругава да е подобра еба.ица ама за жена да не ја бива. Знаеме дека има и такви жени
    Некоја кажа дека каја продонелса да се растури тој брак, а девојчето кажа дека нив бракот не им бил нормален уште додека таа била во врска со предходниот дечко, така да и ако не била каја ке била друга, па затоа немојте се неа да ја обвинувате
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    а по кое правило дека ако не му одел првиот брак, дека исто ке биде и со вториот?
    Ако сегашнава жена, не е тоа што тој очекувал и поради тоа не живее со неа, зошто истото значи и за втората? Има многу случаи каде вториот брак е многу поуспешен и похармоничен од првиот, бар еве кај мене во блиската фамилија има два такви, а за едниот раскажав во некој од предходните постови.
    Да за мојот вујко кој почна да се гледа со вторава вујна пред да се разведе со првата ( слични уцени закани и други фамилијарни малтретирања и притисоци имаше и да едно 7 годишно дете ), па фала му на бога со вторава вујна и после 15 години се најзаљубениот пар и не верувам дека ја сметал за лесна затоа што била со него додека тој официјално не ги зел документите за развод
    А да не набројувам и колку поуспешен и подомакин човек е сега, си дигна троспратница, си го обезбеди и првоте дете ( првиот брак) и си купи мала викендица и што е најважно престана да пие и да се глупира, и да преспива кај курви (буквално). Сега е срекен човек
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не е точно дека не е крива и девојкава. Таа им го докусурила бракот. Можела лесно да се тргне на страна кога дознала дека тој е сеуште во брак. Но не, таа сакала да биде со него, со самото тоа им ја одзема единствената шанса на жената и детето да бидат со нивниот сопруг\татко.
    Не била крива, немој! Како не се помислиш хипотетички што ако и тебе ти се случи вакво нешто? Кој ќе ти биде крив - ќе си признаеш дека самата ти како девојка си единствено крива што тој идиот од дечко те изварал со некоја уште поголема идиотка која не си го знае местото и се меша во други семејства или врски?

    Девојката/жената колку и да биде совршена, ако некој маж е слаб на карактер лесно ќе потклекне на провокациите на некоја друга девојка.
     
    На ilipili, kate21 и tessie им се допаѓа ова.
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Јас па не знам зошто уште ја советувате Каја,која очигледно треба нам тука да ни дели совети,а не ние.
    Веќе се е кажано на темата со најдобромерни намери,но кога некој не сака да слуша и е сигурен во сопствените намери и одлуки подобро е воопшто да не пишува на еден форум каде многу јасно дека ќе има и спротивставени мислења ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. longlife

    longlife Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    тотално се сложува со последниот коментар ако некој реши и без грижа на совест може да си го изневери својот маж, без разлика дали има дете или не..Сепак негова одлука немат потреба да ја осудуваме :)
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Не може швалерката да не е крива. Па не сме малолетни, мајку му. До кога некој друг ќе одговара за подлегнување на нашите слабости? Секој си е крив на свој начин. А и да имало проблеми, швалерката е капката која ја прелива чашата. Таа со нејзиното внимание му дава кураж на “мажов“ да продолжи со неговото идиотско однесување и непочитување кон неговата фамилија.

    А за оние што викаат „ништо не е погрешно додека ми го прави ќефот“ и изиграваат некои хедонисти, само едно ќе кажам. Материјалното и физичкото е минливо и потрошно, како што е и нашата младост и убавина, па и богатство. Негување на духовни вредности е џек пот. Животот е долг, младоста и убавината се со краток рок.
     
    На Annath, ilipili, Ethrnity и 1 друга личност им се допаѓа ова.