Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Епа браво за тебе, ама разликата тука е што твојот маж добива нешто добро, а овој знаеш што добива? Понижување секојдневно, нервози, навреди дека е неспособен за заработи и т.н и т.н. Јас не разбирам, кога гледа дека нема, дека за јадење на децата не стига, извини ама ќе си скрати некои нејзини задоволства. Барем јас така мислам.
    А за луабетитие, зошто за мајка ми не извадиле, зошто за стрина ми не? Еве и они си одат на фризери, на третмани... Ама кај кај нас владее слога, кога нема нема, кога има океј. Двете работат, на некој начин самостојни си се и можат да си пружат, а оваа ем шуто ем боде. Тоа не го разбирам. Плус на фејсбук статус "комплицирано е", личи ли за една жена со две деца и брак од 11 години?! Плус слики со различни мажи ( океј и жени има) да става? Секој викенд и петок и сабота да излегува без мажот? Личи тоа? После муабети се ваделе... Не се вадат туку така муабети верувај ;)
     
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ајде сега ќе бидам драматична малку, ама ако убиеш човек кој е наумирање-тоа сепак се смета за убиство, дури и да требало тој човек истиот ден да умре! Исто и со брак- ако убиеш (метафорично, со своите постапки) брак кој е наумирање, сепак вината е (и) твоја. Никогаш, ама никогаш не би си дозволила (и не сум си дозволила) да се вмешам меѓу двајца. Како сака нека им е, тие си знаат, тие нека си пресудат. И каков сака нека е типот, не е последниот човек на светот... Па дури и да е! Сум имала прилика во животот да слушнам лигавења од мажи во врска и не знам како може некој со барем малку здрав разум да им верува.
    А ако треба јас да уценувам некого со рокови и со датуми за да биде со мене, плукни му се...
     
    На Annath, jb82, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.580
    Пол:
    Женски
    Ах, мојата чудесна земја. Предрасуди на тон, оговарања, осудувања, малограѓанштина... Аманте бе луѓе, не знам како секогаш ве интересира туѓиот живот повеќе од сопствениот. Секој секогаш знае се за другиот, а не си се гледа себе си. Едно 90% од народов кај нас е ваков, за жал.
    Што се однесува до проблемов што го сподели девојкава, јас нема да се дрзнам да и давам совети ниту пак да ја осудувам. Нејзин живот, нејзини правила, нејзина совест. Само ќе го кажам ова, за танго се потребни двајца, нели? Епа, така и за бракот. Ако некој брак е успешен, има љубов, разбирање и почит меѓу партнерите, не може никој да ме убеди дека во таков брак може да се појави неверство. Неверството обично доаѓа како продукт на нестабилни односи или проблеми во бракот, за кои, во најголем број случаи се виновни и двата партнери.
    Aма, како што кажав претходно во друг пост, ние жените многу љубиме да се плукаме меѓу себе. ;)
     
    На danielka0507, Annath, Ilinaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Шо убаво си го кажа. Значи лошиот брак треба да си биде нивна и само нивна работа, а не и на швалерите/швалерките (не дискриминирам полово, подлост си е подлост) кои заедно со мажите/жените кои изневеруваат си ги оправдуваат гнасните дела. Затоа што Е гнасно и Е подло. Ма колку и да сме модерни и напредни, мора да постојат граници кои треба да се почитуваат. Швалерите викаат „сопружниците се криви/вакви/такви/бабароги и вештери“... тоа не е мешање у туѓ живот?

    А кога е плукањето во прашање како да не се плукаме кога си ги гориме душите една на друга, си ги расплакуваме децата една на друга? Не е тоа за плукање? Сопружниците имаат поголема вина, но и овие другиве не не` штедат.
     
    На Annath и stefi23m им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Исто како што сакаме да си ги одземаме мажите? :)
     
    На Annath, stefi23m и tessie им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Нешто во склоп на темава

    http://is.gd/K7FEzH


    И секој со свој избор и живот. Не сме ни судии, ни адвокати, нит карма, нит Бог ... секој сам одговара за своите постапки. Животот секому му носи искушенија, му удира такви шамари да не знаете како да реагирате, дали да го свртите и другиот образ или да возвратите. Погледнете во својот живот, своето окружение ... може истово токму сега ви се случува.
    Луѓето се полни маски, глумата стана реалност. И сепак, љубовта нема правила. Изборите ги правиме и свесно и несвесно. Факт, едно да ви е јасно, никогаш не речете никогаш за се во животов! Може ова од Каја и вам да ви е случи. Никој не е толку цврст и имун.
    Затоа ако давате мислење давајте го без да се наметнувате или мешате, изборот на крај сепак останува на тој што прашал.
     
    На longlife, Ilinaaa, UbavkaBube и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.580
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Како што кажав погоре, во бракот само сопружниците сносат одговорност за се што се случува во нивниот брак. За тоа дали ќе биде добар или лош, придонесуваат и двајцата. И никој не треба да се меша во нивниот однос. Е сега, швалерките/швалерите што си земаат за право да коментираат и да се мешаат во тој брак, тоа е друга работа. Ама, дококу бракот е складен, без проблеми, немало да дојде до тоа да се има швалер/швалерка. Причина - последица.
    И друго ме изритира тука. Гледам сите давате совети, предвидувате сценарија и толку сте сигурни во тоа што го зборите, без да размислите дека можеби грешите. Не знам од каде е таа ваша сигурност што и како ќе се случи во иднина? Дури и да сте имале некакви слични искуства (лични или не, сеедно) тоа не значи дека животот се одвива по некаков калап, за да со сигурност може да се знаете што ќе се случи. Не велам дека не треба да давате совети, напротив, ама со малку резерва нека бидат.



    Дали мислиш дека плукањето нешто ќе смени во случајов?

    едит
    Животот е борба. Зошто мислиш дека некој треба да мисли прво на тебе, а не на себе си. Ние луѓето сме си егоисти. Тоа е реалноста.
     
    На Ilinaaa, julie77 и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Постои љубов на прв поглед? За да се заљубиш во човек искрено и вистински тоа е еден подолг процес. А ако знаеш дека тој човек (маж/жена) е зафатен, а сепак продолжуваш во тоа да се вовлекуваш тоа е само твој проблем, а не -се случува-. Се случи затоа што дозволуваш. Ако ги имаш поставено тие граници во себе, ќе се повлечеш со време. Не ми е јасно тоа, стварно. Не знам како функционира тој мозок, да се заљубиш во венчан човек. Се заљубив, секому може да му се случи :^) Не може секому, може само на тој што ќе дозволи, на некој слабак... или на тој што нема високо мислење за себеси. Да бидеш трет човек надвор од една заедница, без разлика на кој начин таа функционира, тоа е заедница, а ти си вишокот.
    И не знам како може толку долго да опстојувате во таква тајна врска, во таква ГОЛЕМА љубов. Па каква е таа љубов кога не можеш на блиските да им покажеш колку си среќен и заљубен, кога не можеш да го покажеш човекот кој те прави среќен :^)

    Џабе е разумна дискусија, кога при очи човек е слеп. Мене не ми е, ниту треба да ми биде гајле дали некои се среќни во бракот, па ако не се, дај да му помогнам на човекот да се олесни. Ако не им оди, си има правна процедура, нека си се разведат па нека си бараат нови луѓе. Секоја друга ситуација не укажува на добар човек, па не знам зошто би се сменил/а во новата врска со некој/а од вас.
     
    На Annath, Ethrnity, MacenceEna и 7 други им се допаѓа ова.
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    е шо работа е та, па да си земаат за такво право???
    кој му го даде тоа право???
    сопругата???
    и од кај сме толку сигурни дека и бракот да е премногу добар нема да се растури заради некоја швалерка..

    јас познавам таков случај се случи пред 15тина години.
    бракот беше предобар и прекрасно функционираа имаа и дете, е некоја си зеде за право да се вмеша во тој брак (по лукава од сопругата) и сопругот глупичок па ги остај жената и детето.
    детето растеше без татко и за сите останати беа тие криви а не швалерката.

    е многу убави права имаат швалерките.
    алал да ни е што сме му ги дале!!!!!!!!!!!

    :^) :^) :^) :^)
    |( |( |( |( |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.580
    Пол:
    Женски
    А ти со сигурност знаеш дека бракот им бил добар? Најискрено? 100%
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Пак ќе речам, лекции од животните треба да земаме. Барем почитуваат туѓа територија.
    Не сакам да верувам дека сите сме толку ниско паднати. :puke:
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    100% неможам да бидам сигурна не се сеќавам баш и најдобро,
    ама живееа со свекор и свекрва( прва брачеда на мајками)
    и тие кажват.
    и јас сум во заедница и сигурно свекрвами ќе разбери АКО не ни оди, и АКО се расправаме и сл. работи
    па евентуално да се смеша трета личност и кој ќе биди крив???

    тој што ти е дома ти ги знае односите
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    ^ Муж ти а особено ти. :D Како си дозволуете да се карате и да имате криза у брак? Безобразни едни. :D После немојте швалерите да сте ги кривеле.
     
    На karenin и stefi23m им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    А дали Каја знае 100% дека бракот не им функционира?
    И да бил и да не бил, да имало развод па нова личност, никој не би рекол дека таа нова личност е виновна за распадот на нивниот брак. Вака... и да не функционира бракот, ако нема нова личност секогаш постои шанса работите да се сменат.

    Не, најозбилно? Не ви е срам за себеси,не пред луѓето, за себеси да бидете трета личност? Па да се сомневате дека можеби ве размафтува како сака, ве лаже, ја лаже и жена му, дека може и вас ќе ве снајде истото, па кои се причините што тие не функционираат, зарем толку брзо се одљубил од жена му, може и на неа истите работи и ги кажувал како на вас сега, пред да се земат... Да се кријам од светот и да бидам интимна со човек што СЕУШТЕ има семејство? Луѓе бе... бидете човечни, ценете се себеси ако не другите.
     
    На Annath, ilipili, MacenceEna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам една поговорка од баба ми "кој растура туѓо гнездо, никогаш нема да има свое". Што се однесува до случајов, јас мислам дека овој "маж" е еден, недоквакан, подол, кукавица...уффф..никогаш не би била со таков слабак...Дечко и ја оставил, а она била згодна, убава, топ, па сега дај и ја ќе го направам истото на некоја, која е исто така згодна убава, божица...Абе Боже, Боже :D
     
    На MacenceEna, karenin и tessie им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Муабетот излезе за тоа дали сметате дека треба да постојат швалерки или не. Дали сте за или против неверство.
    Ако знам дека една година е со мислите, срцето, во креветот со друга, не ми треба лист хартија на кој пишува развод за да знам дека тој не е мој маж, а јас не сум негова жена. Или да се удирам во гради како уште сум негова жена, а таа е швалерка, бреј што титула си имам. Наместо како сопруги да се охрабруваме дека ако дојдеме некогаш во ваква ситуација треба да сме храбри и први да бидеме што ќе речат -па нека кршат глава, нека одат по ѓаволите, нека им е со среќа, само подалеку од мене...ние упорно се трудиме пропаднат титаник да спасуваме. Тоа е, сторено е, дали е она крива или не веќе не е ни битно.
     
    На Annath, danichap, julie77 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Хмм! Ова испаѓа дека жените се виновни за изневерувањето (па дури и да мажот добива секс, ручек, секакви тапкање по рамо дека се ќе се реши во животот, секаква помош од својата жена).
    Сте се запрашале зашто ни се всадени тие ограничувања од стилот, ако тој ја изневери значи таа била лоша во нешто?! Или сте помислиле зашто жените напаѓаат жени?! Според мене тоа е дека во Македонија сеуште постои нешто како покорност на жената и величење на мажот и неговите секогаш исправни одлуки. Имам една другарка, абе пред очи дечко и ја изневерува и таа си вика: па машко е може и да ме тепа и што сака да прави, ама на него тоа се му е дозволено. Тој секогаш е во право и секогаш знае како е најдобро. :tmi:

    За да се случи неверство немора да значи дека бракот е нефункционален. Јас па знам илјада бракови кадешто тоа ебано неверство се случува во моментите кога брачните партнери со заедничка подршка решиле некој тежок финансиски проблем. И навистина се разбираат и почитуваат, за да по некое време гледаш како едниот забегува. Зашто го прави тоа кога има се? Дури и самиот си признава дека во бракот има се! Бидејќи си ги решил проблемите и му е мн убаво, па сака да му е уште поубаво! Мажи!
    Најчесто џенталменот нема одговор. Јас мислам тоа е така бидејќи најчесто мажите се едни големи пубертетлии. Еве пак може ограничивам, но според мене во кодот на нашата жена е да биде верна сопруга. Додека пак во општествениот код на мажот е да освојува. Сега гледам се менуваат овие нешта во Македонија. Може и редно време е да и жените покажат дека и тие знаат да играат такви пубертетски игри. Зашто жените само да трпат нели?! Мило за драго. Живи луѓе сме, така викаат, па може се да направиме и да ни се прости. Само полека со правењето да не се изгубиме некаде во истото и да паднеме како личности.

    Самите сме си кројачи на судбината. Колку даваме толку и ни даваат. И не зборувам за финансиски. Зборувам за духовно. Но и се да дадеме има случаи кога мажот ќе ескивира. А наше е само добро да си го познаваме мажот/дечкото и да го предупредиме дека малку фали да направи каша попара од нашата заедница. Нормално доколку сакаме да сме со него. И пред се да се почитуваме самите како личности и да не трпиме (константни) изневерувања, не само во бракот, зборувам и во врската. Вие во врската му давате до знаење на партнерот колку сте спремни да простите такви неморални плиткости.

    И да чисто информативно, постојат жени кои од чиста занимација им се пуштаат први на зафатените мажи. Да си го зајачат егото или да докажат дека и најголемата љубов може да крахира (напукне). Не кажувајте како не постојат. Или ги оправдувате дека Им се може. Колку глупава реченица! Па и мене ми се можат многу нешта нели?! Таа така со мојот, утре слободно јас така - со нејзиниот. Па да види и дотичната колку лесно може се што градела да се скрши само за миг. Животот е тхе бич, не само кармата. Не е само ризик дека некоја друга може да ти го освои дечкото, туку е и ризик дека ти можеш да и го освоиш и придобиеш и нејзиниот. Не само дечкото, ако цврсто се одлучиш можеш да и земеш се: кариера, пријателство, дом. Бидејќи нели живееме со тоа ризикот.

    И да не ги правам светци мажите. Доколку тој навистина се одлучил да ме изневери не е вреден да стои до мене и моите деца. Точно тоа е непочитување не само на мојата личност, туку и на неговата, дека тој решил да се земе со мене, а истовремено ме изневерува и прави глупак од себе.
     
    На ilipili и tessie им се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    и јас сум мажена. ако дознаам еден ден дека мм ме изневерува кривицата ќе ја барам во него а не во некое девојче или жена дека растура туѓ брак.

    ако ми е маж треба да биде паметен и свесен што прави. доста се обидувате да си ги заштитите мажите као аууу он маж е некоја му го свртила паметот. де бе ај, прикаски за мали деца. ако он дозволува тогаш секој ќе има право да се меша. се слагам со скорпионка џабе ми е титула на жена ако он не ме сака или не ме почитува. а ако ме изневерува значи дека не ме почитива и не му е местото до мене.
     
    На Annath, julie77, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ептен се согласувам со ставот дека за да развиеш чувства за некој кој е веќе во врска (брак, врска, што и да е) треба да си го дозволиш тоа, значи без никаква кочница во секој што ќе го сретнеш да гледаш потенцијална „жртва“... И тука секако дека многу игра улога менталниот склоп на човекот, не само моралниот и вредносниот систем кој го има (или го нема, зависи од случајот). Моја драга пријателка, која навистина многу си ја сакам, откако ја знам постојано е во некоја хаотична врска со некој женет. Ај првиот... ќе речеш дете беше, згрешила... После се заљуби во некој (пак) женет, ама не бидна врска... После тоа беше занесена по (демек) несреќно женет човек :^) , после кој беше во врска со женет (!) кој исто така бил демек пред развод (и иако направија ѓурултија, на крај си се врати кај жената)... Не може да е случајно! И со неа имам многу зборувано и ме лути кога жена школувана, интелектуалка ќе ми каже дека и таа не сакала, ама ете, емоциите ја понеле! Не може емоциите туку така да не носат како да сме вејки на ветрот, не можам да го прифатам тоа.
    И уште нешто, кога некоја ќе каже дека не би се залетала по оженет, веднаш со иронија е напаѓана дека се прави светица... Или нешто се сменило во меѓувреме или јас сум грешка, ама светица беше нешто многу поинакво. А тоа да не леташ по оженети/мажени не е одраз на светост, туку на човечност и на еден многу нормален морален склоп. И некој рече дека секој прво треба да мисли на себе, не на другите... ОК, нека е и така, ама зарем моралните вредности не не чуваат и нас самите? Па секако дека прво на себе мислам кога велам дека не сакам да паднам во калта, не мислам ни на тебе, ни на комшиите ни на оние на улица...
    И патем, тоа што сме 21. век не може да биде оправдување за се... Му го смачивте векот на човека со тоа „21. век сме па 21. век сме“...
     
    На Annath, ilipili, Ilinaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  20. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    LIOness a тек 22 век што ќе биде :D :D :D :D
    Страв да те фати :D