Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Бела Дона, неверства секогаш имало и секогаш ќе има, само што сега со модерната технологија се` се дознава полесно и можат да се најдат повеќе докази и да се зацрните за век и векови посебно ако сте се снимале во експлицитни пози.

    Што мислиш, нашите баби и дедовци сите чесни биле, си работеле на поле и си живееле среќно и верно- не бре, којнае во кој џбун низ полето се “дружеле“.
    Или кога мажот одел на печалба, жената верно го чекало со години.
    Ма немој.
    Ако беше така немаше да ја имаме песната “Кога тргнав Цвето во туѓина“. :D

    Зборот ми е дека неверство секогаш постоело и секогаш ќе го има, затоа што постојат луѓе со ниски страсти кои не можат да ги контролираат своите нагони.
    Само што сега се` се дознава полесно.

    И исто да им кажам на сите оние кои изневеруваат и на сите оние дами кои мислат дека се многу опасни и дека никој не знае за нивните авантури- не бре срцки, сите знаат, сите ве зборуваат и ви се смеат, а вие мислите дека кога ќе ја ставите црната наочара и одите гордо исправено и минувате покрај швалерот правејќи се дека не го знаете дека стварно не се приметува ништо.
    Ај сетете се дали после од кога ќе поминете ви ѕвони на тел да ви каже дека сте многу секси итн.
    Епа во тој момент додека ви ѕвони сите негови другари ве гледаат и ви го слушаат муабетот, така што не се чудете после што сите ве зјапаат, не е од што сте многу јаки, не не :shake: .

    Ова чисто дека ме потсети Бела дона на нешто што одамна сакав да го кажам. :)
     
    На JuLleE, julie77, Ilinaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    За тоа каков човек е, највеќе зборува податокот дека пораките од жена му ги покажува на другата, а оваа со тоа се фали :) Зошто тоа би го правел ако е навистина човек на место? Да не збориме за фб - зошто некој би оставал да му пишуваат љубовни пораки и нив да ги покажува за сеир освен за да си го полни егото? Збориме (теоретски) за возрасен маж а не за пубертетлија. Тргам на страна тоа дели живее или не со жена му, и што таа му вика (очигледно повторно од него раскажано, или го става телефонот на звучник за сите да чујат со каква тој си има работа). Некои работи не штимаат во приказната.

    Јас сум за тоа да се дадат втори шанси во животот - ако првиот брак не успеал, не значи дека и вториот нема да успее - но 7 години се предолг период за мислење и собирање храброст или што ли не... Да не збориме заљубување и слатки порачиња и не знам што со друга личност - во денешно време разводот стана нормална работа и не е веќе табу тема за да биде потребно криење ако луѓето и чувствата се искрени (а тука баш и не делува така).

    И вака гледано од страна многу ми се интересни тие работи - јас презгодна, богата, паметна, можам да си најдам друг за 10 минути, тој згоден, богат, заљубен, таа неговата злобна никаква, но пак презгодна, преубава, исто може кого сака да се најде - човек ќе рече дека во Холивуд живееме.
     
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417

    Каја верувала или не, тие се уште се семејство и пред законот и пред опшеството и пред Бога .

    Почнувам ;)
    Излегуваат за да се запознаат, да се вљубат, со цел формирање семејство.
    Машко и женско.(слободни)
    Девојка излегува со дечко.
    Резведена со разведен.
    Вдовица со вдовец.
    Точка.
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не можеме да не забегаме жено, се филмаме одма оти досадни ни се животите :D

    Ние многу пати и` се обративме на неа....јас лично во секој пост кон неа се обраќам, на дел одговара, на поголемиот не, и така, се расипа забавата, нема акција - реакција и придвижување на конверзацијата :D А за хипотетичките примери крива е и самата Каја која почна со нив сакајќи да ја оправда својата ситуација :)
    Како и да е, ај доста се замараме меѓу нас, доаѓа викенд, не ми требаат дополнителни драми :wasntme:
     
    На Annath и sesilija им се допаѓа ова.
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ко ќе ја читам темава, жими се' единственото нешто што го правам, е тоа што го молам Бог истото да ве снајде вас, "швалерките", кои свесно уништувате бракови и оставате децата да растат без татко! Зборувам како женско, а не дека не се криви и мажите...

    Се дури размислуваат луѓето со половите органи, светот ќе оди во неповрат!

    Ајт...
     
    На pupi.girl и cvetce93 им се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    еден брак неможе да биде уништен од швалер или швалерка туку од самите сопружници...
     
    На julie77, mimiiiii, Ilinaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ако не постои човек кој се нафаќа да се ебава со друк венчан човек нема да има неверства.

    маж како маж ќе си ја проба среќата ама ако не најди некоја и ако на сите има смета дека е женет, ќе си ја пикни опашката во газот и ќе си оди кај женаму, има и обратни ситуации каде женското е инициатор и ако непостојат мажи кои сакаат да клецнат на страна нема да има неверство.
    тука и двајцат се криви.
    никој не рече за примерот од каја дека само таа е виновна, не е само таа виновна, и типот е виновен, оти не бил доволно голем маж да си го реши проблемот со женаму, полесно му било да си најди швалерка па да не се замара
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    На дечко ми сабајлево му направив нес кафе со јогурт. По грешка беше. Сега се плашам дека заради тоа може да ме изневери! :D

    Оваа тема не се однесува само за КајаС. Убаво гласи темава - брачни неверства. Може да се коментира и настрана од случајот на Каја. Хипотетичките ситуации не се однесуваат само за неа, туку дискутираме општо за неверството.
    Мојот прв пост на темава беше упатен кон КајаС со намера да и дадам објективен совет што да направи, во истиот не ја осудив морално.
    Мојот втор пост беше пак кон КајаС, бидејќи никој неможе да ме убеди дека кога бракот ќе заврши поради нешто како прељуба, само мажот и жената се криви. Прељубата вклучува и уште една трета страна која доколку не знае дека се плетка со оженет маж можеби и не е крива. Но ако знае и го прави тоа ите како е крива. Едноставно нема што таа да бара таква љубов. Зар не се цени самата доволно и да сака да го најде најдоброто за неа, а не да се задоволи со остатоците од некоја друга (не)среќа.
    Мојот трет пост на темава беше напишан исклучиво за брачните неверства. Нема врска ни со Каја, ни со никој. Има врска со тоа како јас гледам на таквите нешта. Доколку некој живее со лоша жена која не го прави среќен, зашто не се разведе од истата. Зашто ја трпи и зашто е толку голем слабак. Сигурно има некоја корист од неа. Неможе тој ради реда да каже - јас сум несреќен со жена ми, но сепак мора да бидам во брак со неа. Никој без некоја голема добивка не се осудува на толкава несреќа. Никој!
    Мене ми е јасно дека може да се вљубиме во друг, ама не ми е јасно како бе можеме да се ебеме со швалер, а потоа скришно се враќаме дома и се ебеме и со мажот. Ако се вљубиме во друг многу јасно се разведува ме со партнерот, без разлика дали со разводот ги губиме и финансиите кои ни ги дава партнерот. Нели љубовта треба да е најсилна.
     
    На Annath, kate21, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Па и треба, да ти кажам. :lol:
    Koга едно асално кафе не можеш да му пружиш, што остана? :D
     
    На imelda, Daydream, Sweetheart87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    Kамо среќа на луѓето љубовта да ги интересираше најмногу :!: .Eх,но не е така за жал,секој си гледа своја корист и да додадам многу глупави работи се оправдуваат во нашата земја,машкото си барало секс му се можело машко било ,не трчало куче ако кучката не го крене опрашот...ццц триста глупости сум се изнаслушала и од машки и женски,и најмногу мразам рекла казала ама ајде да не се повторувам,поентата ми е слабаци се и мажите и жените понекогаш,јас од аспект на женско ќе си кажам абре дотичниот ми дечко или маж сеедно да знам оти се пушта на други има одма да лета од мојот живот автоматски,а не да се припотресувам дали некоја ќе се секира за мене и ќе го одбие бре слава богу ми го спасила мизерниот статус нема што |( .A тоа не значи дека оправдувам швалерај бре ни од машко ни од женско и доста ги величевте мажите и отворете си очињата со кого сте и со кого планирате брак и семејство .Jас мразам да давам примери ама ќе кажам за себе.Mи се случи оддамна кога бев средно уште со друштво отидовме во штип и со нас дојде братучед на едно дете од друштвото,ама подалечен братучед.и се смувавме ние но типот одма изгаси телефон почна да се препотува јас убаво прашав што како во неговиот живот има ли девојка ,жена тој негираше но имаше чуден став.после тоа тој ми пише порака као ај да се среќаваме кукло јас и ти насамо десет дена во стан ,си одам од мк наскоро.бреееј што моќна понуда :^) ,одма ми светна ламбата.и почнав да се сомневам ,дознав дека е оженет го насамарив во една сендвичара да се видиме оти не ме пушташе на мира и ја викнав жена му и фино лепо и реков еве го маж ти еве ги пораките еве сме двајцата тука и кажав се како што беше ,таа беше плус бремена .и толку ,заминав јас завршив тука за понатаму не ме ни интересира,оти мојта совест си остана чиста.е тоа да ви е поука ,значи ако се сака се се може ,може крај да се стави уште пред да се родат чувства а не каја да кажува приказни за малите деца и сама ако сака да се залажува нека продолжи ,такви мажи земаат моќ од такви лекоумни како неа кои се им допуштаат во животот,па пак да кажам Kајо убаво види си како ќе си ја носиш таа дамка на совеста ,оти тоа е лично за тебе за твоја добросостојба ,најмалку се битни од страна рекла казала ,важно е ти како ќе се носиш со тој проблем секако ако вопшто твојот љубовник се разведе.
     
    На tessie, Barbie20 и Daydream им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.789
    Пол:
    Женски
    Не сакам да коментирам на вакви теми, но овој пат не можев да не отворам нов одговор.

    Овие теми се многу комплицирани за коментирање. Мислам дека од оние муабети Петко, Петкана вака, Трајко и Трајкана онака не може да се даде совет. Секој брак, секоја врска се различна и посебни. Ние не можеме да коментираме како им е на нив во бракот или во врската кога не сме постојано со нив. Па и муабетот дека свекрвата/свекорот ќе кажеле не би рекла. Има многу родители кои пре ги ги повредиле децата со криење само да не се распадне бракот него да кажат дека се изневерувани.

    Според мене кој колку ќе вложи во некоја врска, толку и ќе добие.
    Никој кој што е речиси целосно задоволен не излегува од домот, џабе се приказните ништо не ми фали ама поубаво да ми е. Што има поубаво од тоа да си дома, со семејството, со децата? Еден секс? Не би рекла.

    Јас вината за неверството ја наоѓам и кај мажот и кај жената. Некако со тек на време посветеноста еден кон друг ја снемува. Нема разговор, нема интимност... јас им се воодушевувам тука на жени кои ќе прочитам дека сепак одвојуваат време да му се посветат на сопругот. Им се воодушевувам кога ќе прочитам дека им фали Тој. Колку од жените кои што се изневерени мислите дека некогаш навистина ама навистина одвоиле време за својот сопруг? И од другата страна, колку од мажите кои што се изневерени навистина одвојуваат време за својата сопруга?
    Јас разбирам и работа и дом и деца, но секогаш може да се најде време за разговор со човекот кој ни значи, со кој сме оформиле семејство и со кој очигледно сакаме да бидеме штом сме под еден покрив.

    Многу пати се држите за децата како за последна сламка спас што за мене е многу погрешно. Имам другарка која постојано вели дека би била многу посреќна кога нејзините не би биле заедно. Децата ќе бидат среќни ако родителите им се посветени, иако се разделени. Можеби е себично, на на крај остануваме со партнерот, не со децата, секое од нив ќе си гради сопствено гнездо, па не треба баш него да го занемариме.

    Јас и покрај сите примери за изневерување сакам да верувам во убав, нормален, стабилен брак. Сакам да верувам дека колку ќе му дадам внимание, ќе ми биде возвратено. Па и сакам да верувам дека од кога е со мене за него сум единствена како и тој за мене. Само не треба да престанеме да си го покажуваме тоа.


    Каја вие најдобро знаете какви се односите меѓу вас, а и меѓу него и жена му. Ако ти после една година тој постојано да е со тебе, не живее со неа, не знаеш како стојат работите тогаш ти не сакаш да видиш. Пораки, секој ден заедно, на работа сите знаат за вас, па ваљда и жена му...
    Мислам дека и тебе повеќе ти одговара тој човек да не се разведе навистина зошто мислам дека ти не сакаш да бидеш со него како што он посакува после тој развод. Не треба да му поставуваш рок дур не расчистиш сама со себе дали навистина сакаш да бидеш со него после тој развод.
    Сега тебе ти пречи што пред народот си шваљерка, па сакаш да го снема тој назив од тебе. Но извини јас мислам дека ти не сакаш да бидеш во нормална сериозна врска со него.

    Мислам дека тука приказната ја прикажа многу површно, со тоа каква е жена му, како он не отишол на роденден итн, а не кажа како сте почнале, како почнал тој да зборува за развод, дали навистина сака да биде со тебе, дали ти го почна муабетот за развод. Нас не не интересира кој како изгледа (имам видено девојки кои многу полошо изгледаат од сопругите, па мажите се и те како затрескани во нив) тоа и не е нешто што е од значење за вас и за вашата врска.
     
    На Taccka, JuLleE, MSkorpionka и 6 други им се допаѓа ова.
  12. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    97
    Да не бидам офф топик, но МОРАМ да искоментирам!
    Значи како што има жени кои се со мажите заради некаква корист, има и такви мажи. Сведок сум на следната ситуација - жената нема да ја коментирам. Мажот се еба.а на страна т.е. има постојана швалерка. На пораѓајот на сопругата швалеркава ја носи во сопствениот брачен кревет , нормално, на ебава.е. Оди на ручеци, вечери со истата и.т.н. Но, има една мака. Не знам дали истото се нарекува машка проститутка, продаден г`з или како и да е. ,,Оправдувањето'' на дотичниот зошто ни ја остава и дека НИКОГАШ нема да ја оставу жема му е : таков циркуз не може да си дозволи. Ќе си ги засрами родителите, ќе се засрами пред дедо му, ќе го запусти детето. ќе ја повреди сопругата (а истата е доволно повредена поради нејзина семејна трагедија), се прашува како ќе го ,,гледаат'' луѓето бидејќи очигледно живее за некој си општествен статус и многу му е важно мислењето од околината, сопругата му има добра плата така што ќарува и по некое одморче во годината :)))) и.т.н. ,,НОРМАЛНО'' си се дружи ,,константно'' читај кога ќе има време т.е. стане од маса од кафеана со сопругата, сексот им е на завидно ниво и.т.н. Тој што е слабак е. Можеби е и морон, навистина не знам како да го дефиниран. Мене не ми е јасно како и зошто го трпи дотичната. Во убавина е додуша погрда од него, образована е, вработена. Знае дека има паралелна врска. Знае се. И повторно од време на време кога ќе се сожали и ќе ја однесе на некое одморче или во некое кафанче седи покрај него по масите и кисело се смешка. Можеби е љубов. Можеби заради детето. Можеби е многу подобра со математиката и од него па се` и` е искалкулирано одлично и неа. Дај Боже љубов да е. :D :D :D
     
    На hermosa и karenin им се допаѓа ова.
  13. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
  14. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^ Сопругата победувала , со алал нека и е таква победа :^)
    Нема победник во ваква ситуација и двете губат , љубовницата достоинството ,жената љубовта и довербата во тој што требало да ја чува цел живот.
    Типична боза од статија :D
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    насловот е тотално утнат и наместо секогаш треба да стои понекогаш
    оваа статија е само утеха, нема врска
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Неверствата не се игра па да има победници.
    Според мене најголем губитник е мажот, кој е и иницијатор во повекето случаи неверства.
    Тој го губи статусот на нормално човечко битие со срце и душа.
    И ја губи машкоста,со која толку се гордее.

    Неки дури и машкоста ја мерат според бројот на поминати партнерки.Тие се во заблуда.
    И тоа огромна.
    Верноста е единица мерка за машкост.Искреноста, способноста за самоконтрола да се избегнат тие ситуации.Да и се рече на совеста , па јас дома имам жена и дете, што правам... :fubar:

    во нашето место , живее еден никаков маж.На ништо не личи., абе мрсулот да не го фрлиш.Тој од што е маж смени еден куп жени сите го напуштаа.Ете го сега сам и сите му се потсмеваат..Ако не изневерам ке пукнам така викал цццц.И машко ли тоа ?Абе болест ете тоа е неверството.
     
    На tessie и hermosa им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    А да ве прашам, има ли верен маж ... во секој смисол?? :^)
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Секој брак е различен, секоја врска е различна, секој човек е различен, ама затоа моралните и човечките вредности не се... И нема потреба да познавам некого и да бидам секој ден и секој час со него за да кажам дека постапува неморално, бедно или нечовечно...
     
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Има. Како што има верни жени.....во секој смисол. ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.