Тој си е крив! Знае дека користиме млечни производи од битолска млекара. Млекото на би милк им е со сина опаковка. А тој купил јогурт од незнам која фирма, со сина опаковка. И ете ја бељата. И јас би додала хмм...
Ова Хмм е за верните мажи или верните жени? Сепак ќе речам, тој што нема доживеано, нема ни да верува дека сепак верност постои. Какви се искуствата од животот на една личност, така и го гледа светот околу себе.
Јас си хмкав не за физичкото неверство. Туку за она другото, за кое реално не би ни дознале дали постои.
неверство и дечко да ми е и маж за ми е не простувам..но ако се има деца тогаш е гоолем проблем....зато што тие се еден вид пречка и за развод и се...па ќе се правиш улава дека твојот маж е најдобар...светец...ќитка за мирисање а тој смрди со сите си го лади Пу пу Господ да ме шува од таков маж не само мене туку сите ЧЕСНИ жени а не оние од неверната сорта
и јас не би простила,но незнам кога велиш дека децата се пречка за развод малку се мислам нели и нив им треба добар родител а не некој кој секоја вечер оди со секакви мивки и после ги бакнува за добра ноќ и им вели дека ги сака, како да не!!! И обратно и за жената не дека не постојат такви од женскиот пол. Јас мислам дека подобро е децата да живеат со еден добар родител кој животот ќе го посвети на нив отколку во еден лош брак кој ќе влиае на нивната иднина и размислување за понатамошниот живот.
Се сложувам до збор, а посебно не ги сваќам оние жени кои секојдневно се расправаат со мажот и што свесни се дека тој е со друга/и, а викаат демек за децата остануваат во брак. Тие се ептен себични и мислат на себе а не на децата, на некои од нив им е поважно како ке гледаат комшиите на нив ( нели за нив развод е понижување) одколку децата што се трауматизираат
тука во право си денес секој гледа што ќе речат другите како на пример не викај ќе слушнат комшиите мизерно нели ?
Jас исто така се сложувам со вас,важно е што ќе кажат роднините комшиите а споствените деца ги малтретираат,некои сопруги трпат од што немат каде да се вратат ако се разведат или навидум заради децата ,да бре мижи Mитро толумби паѓаат.Tакво ни е општеството,се додека не научиме да се цениме самите себе ,ќе придаваме важност на Mитко,Tрајко и околината ,точно е дека не треба да се повишува тон и комшиите недолжни да ги трауматизираш ама па тоа да ти е мерило за опстанување во брак . Mене пример не би ми било гајле кој што ќе рече ако не штима бракот се разведувам важно ми е моето семејство и поблиските што ќе мислат ,дали ќе ме поддржат не комшиите.Aрно ама такво ни е воспитанието на многумина девојки уште немажени од дома им велат:трпи си,слушај и угодувај им на сите,мажот си е маж кај и да оди пак дома ќе се врати ,и повеќето кутри млади невести затоа трпат оти немаат свое размислување и поддршка од семејството.
Да бе стварно,еве на пример маж ми седи кај мене зошто нему не му речат 'жената си е жена кај и да оди пак дома ќе се врати')) Сега веќе го нема тоа да му седиш памакар и да си малтретирана,со исклучок на некои будали јас лично имам другарка мажот само цкита по кафани иде дома пијан и сексуално ја малтретира а она вели 'кај да одам треба да ги нервирам мама и тато а имам и брат'. Сега барем ги има тие институции кои згрижуваат жртви на семејно насилство само незнам зошто се плашат верувајте некогаш кога разговараме ми иде јас да го пријавам Башка секоја вечер знае дека иде од кај друга
Eте гледаш,криво ни е воспитанието прво од дома,значи другарка ти да ја поддржат од дома друго ќе биде ,плус има безброј институции и секоја жена треба да си ги знае личните права и да се заштитува а не да трпи заради мама тате и бате .Mоето мислење е тоа,да трпиш омаловажување до тој степен плус кај нас изгледа како женските да ги згрижуваат та кутрите мажот ги примил дома им дал кров над глава,и ајдее она нашата македонска:трпи и молчи .A да не спомнувам колку се мешаат свекрвите ,ајде да не навлегувам сега зборот ми е сега се е на повисоко ниво на заштита и не оправдувам некоја да трпи ко да сме од четрстурското,па и да немаат родителите каде да ја приберат има институции ,има помош .A за тоа балканско величење на мажот немам зборови ,значи нему се му е дозволено а жените сме криви ние сме провоцирале ние сме грди курви ороспии секој може да каже што сака а за мажот не,е тоа ме нервира не ја достигнавме основната култура на човечки суштества,па пази и во EY ќе влегуваме,ахам да сигурно со тие ставови што е до мене,никогаш да не не примат.
Ајде и јас да се вклучам во дискусијата, ама од онаа „полошата“ страна Јас сум во врска долго време, и речиси се ми е ок со дечкото, но, тука има едно големо НО, сексот ни е, може да се каже, катастрофа. Јас пронајдов задоволство во друг, при што се договоривме да биде само секс без емоции, без јавувања на телефон и слични глупости. Едноставно, кога ни се сака на двајцата, се наоѓаме и си завршуваме работа Е сега има две „мали“ проблемчиња... Едниот го знаев кога се впуштив во врскава, а тоа е неговата жена, дете, фамилија... Другиот проблем е тоа што се појавија проклетите емоции, и сега сум заробена во еден магичен круг кој нема крај Мислам дека и тој чувствува нешто повеќе за мене, постојано ми повторува дека жали што не ме сретнал порано и дека тогаш се би било поинаку, но... Знам дека кармата е опасна работа и дека ќе ми се врати, но сакам да најдам излез. Што да направам да излезам од ова без да бидам повредена? И уште повеќе, без да дознае никој????
Ти или многу бараш од животот златна или мислиш дека си мн.интелигентна... Од една страна растураш семејство од друга страна му го кршиш срцето на дечкото,и на карај велиш KAKO DA SI IZLEZAM JAS NEPOVREDENA OD CELA OVAA SITUACIJA ,јас ќе ти кажам како ќе излезиш од цела оваа ситуација,ќе си излезиш со прстот во уста и без дечкото и без тој другиот ебач да го наречам што ли ти е ни самата незнам зошто просто е правилото на животот SVE SE VRAKA SVE SE PLAKA...
Си играш со огин и сакаш да не се изгориш. Колку побрзо се свестиш дека правиш две ужасни грешки , толку подобро . Велиш дека со дечкоти не ти е убаво.Зошто тогаш си уште со него? А за тоа дека си во врска со оженет и мислиш дека нема да се дознае се лажеш. Запрашај се, што ако се дознае кога очекувате најмалку? Што тогаш? Ќе скршиш толку невини срца , мислиш ли дека тоа краткотрајно задоволство вреди ? Имаш ли ти грижа на совест? Побара совет. Ти советувам да преќинеш со врската со женетиот и да се обидеш да ги поправиш односите со дечко ти.
Сум со дечко ми затоа што така е правилно. Така треба да биде. Во очите на сите ние сме совршен пар.... И, ДА! Имам грижа на совеста... ама посилно е од мене! Кога ќе го слушнам, кога ќе го видам, не мислам на ништо друго освен да бидам со него... Во секој случај, БЛАГОДАРАМ на двете за мислењата, можеби тоа што навистина ми треба е една добра сочна критика да ме приземји
Не ми е јасно како по дифолт кога сексот со партнерот не чини, задолжително се наоѓа утеха во друг сексуален партнер кој мора да е женет. Тоа женетите мора многу да ги бива (без навреда). Мене ми е јасно дека кога сексот не чини работата оди надолу, ама биди жена со муда, раскини му и побарај си ја среќата кај друг, СЛОБОДЕН дечко. Биди фер да му се сневиди, немаш ли грижа на совест, страв од карма, тронка морал? И многу мразам да слушам банални изговори - „да те сретнев порано, не ми е убаво во бракот, заробен сум, несреќен сум“... ако е така, разведи се де, почни од почеток и на чисто, па гради среќа и подобра иднина, ако си убеден дека тоа е вистинското... а такво криење по мотели, стискање ко некои тинејџери, додека во мислите знам дека децата го чекаат дома и му се џиткаат во прегратка... па каква и да е таа жена, тие деца заслужуваат подобро.
Малечка, си го уништуваш животот јасно ти е нели? Замисли си на дечко ти да не му е убав сексот со тебе исто така, да побара утеха кај некоја друга, дури на крајот и да се заљуби во него, како би ти било на тебе? Ќе беше ли толку толерантна за него како што си за себе? Размисли, седни и поразговарај со дечко ти, ако се друго чини сексот може да се поправи во секое време, ама ако ти не му дадеш до знаење нема да знае и тој дека нешто не чини, не може да се поправи ништо без да се даде до знаење дека нешто не чини. Имало моменти кога и мене со љубениот нешто не ми штимало, ако не директно за да не го повредам на шала на смеа сум му давала до знаење дека брза малку, дека јас не сум осетила ништо и слично, па ќе се потруди и нареден пат ќе биде како што треба. На крајот на краиштата ништо не ТРЕБА да биде, се се случува затоа што сакаме така, не мораш да останеш со него затоа што сте долго заедно и затоа што другите мислат дека вие сте идеален пар, ако не чини нешто се што ќе следува понатаму ќе биде само фарса, глупост, неискрен пристап од твоја страна... Биди искрена кон него ама и кон себе, не е во ред да го лажеш и да го мафтосуваш додека тој се колне во твојата верност.
Извини,но претерано си себична,гледаш само да си го направиш своето задоволство,не мислејќи ама баш на никој.Така да,искрено не ни верувам дека сакаш да излезеш воопшто. Само ќе ти кажам дека од оваа твоја ситуација ги жалам дечко ти,и жена му и децата на твојот швалер.Тебе и него,извини ама баш ич.Свесно сте почнале,и свесно продолжувате,така да со среќа. Ако нешто сакаш да поправиш,ќе ти препорачам да му раскинеш на дечко ти и да престанеш да го повредуваш,зошто очигледно со овој другиов наоѓаш повеќе задоволство. Извини уште еднаш за искрениов совет,но вистината боли понекогаш,мислам дека не заслужуваш поинаку. Како и да е,најдобронамерен е
Не те гризе совеста кога го држиш дечко ти за рака? Кога се бакнувате?? Или кога ќе го прегрнеш? Или кога ќе му кажеш дека го сакаш, не ти гори душата, знаејќи дека до пред тоа си била со тој другиот и сте имале секс? Не чувствуваш вина кога ќе имаш секс со дечкото, знаејќи дека истите работи ги правиш и со друг, а тој не знае? Кога отворате дискутабилни теми за неверство во друштво или нешто слично, не поцрвенуваш? И последно прашање, ако ти раскине сега во моментов, дали би ти било сеедно?? Одговори си ги прашањава и ќе знаеш и сама што правиш. Ти посакувам побрзо да ја решиш твојата ситуација, зошто сте замешале многу луѓе, и многу срца ќе останат скршени..