Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Благодарам! Нема да се оправдувам, во право сте сите...
     
    На hermosa, aaaaa и vinozito1 им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    Mалечка и нека ти влезе во главчето тоа што се пишува,оти коментираме за твое добро.Kолку си ти виновна толку е и женетиот маж,а за дечко ти совет ќе ти дадам расчисти си со него разговарај отворено за сексот за било што да те мачи оти тој е твој партнер и ништо нема да решиш ако премолчуваш напротив само подлабока бездна копаш пред себе.Oстави ги другите кој што мислел ,аманте од тие фолирања дајте живејте за себе бре луѓе,а тешко дека нема да се дознае оти одиш со женет човек,дури и слободен швалер да си нашла пак не е во ред тоа што го правиш,дечко ти има право да знае што се случува ,или за џабе сте во врска,за пред другите ли е работата :^) ?Eдно не ми е јасно,како ти е кога го гледаш дечко ти каква си пред него ,му лицемериш ли се преправаш ли како да е се ок,немаш ли грижа на совест кога сте заедно ,толку ли како личност не го почитуваш?Kармата може еден ден ќе те стигне но и недолжни луѓе трпат кога партнерот ги изневерува,секој сам прави свесни избори за својот живот,така да се е во твои раце запомни ако сакаш да се вратиш на прав пат никогаш не е доцна остави го швалерот ,разговарај со дечко ти за вашата врска и ако не те исполнува барем биди фер раскини му отколку да го мачиш ,па најди си некој слободен кој ќе те задоволува во секој поглед :!: .Oва ти е најдобронамерно ,што побрзо расчистиш толку поголеми се шансите никој да не дознае и да страда а твоја најмала казна ќе биде ако чувствуваш барем грижа на совест после се!
     
    На tinan, vinozito1 и Male4kaE им се допаѓа ова.
  3. Privlechna

    Privlechna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Мале....одлични совети ти дале сите. Штом сексот не ти чини со дечкоти , пробај да го порваиш тоа со разговор, да му кажеш најотворено што сакаш во сексот. Тоа е битен фактор за опстанок на врска или брак. Ако тоа не ви се подобро, апсурдно е да продолжи врската , зошто секогаш тоа ке ти смета, и сигурно сексуалното задоволство нема да го бараш повторно надвор.

    Прекинувај колку што можеш побрзо со женетиот. Он верувај нема никакви чувства кон тебе, и нетреба да има. Машките тоа го прават за физичка потреба , и можат се да кажат/лажат за да ти се залажуваш себеси, а се работи за женет човек кој има фамилија, деца. Ако се дознае дека си во врска со женет човек , верувај засекогаш ке бидеш етикетирана од средината.
    Добро среди си ги мислите .
     
    На Male4kaE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Сексот со овој другиот тебе конкретно не ти носи ништо добро,единствено ти запаѓаш подлабоко.
    И навистина е многу себично од твоја страна еден да носиш за рака,а со друг да се плескаш.
    Најдобро би ти било да излезеш сосема од овој триаголник без ниту еден од двајцата.
     
    На Male4kaE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    супер совет без да се суди БРАВО
    јас само ке додадам дека прво треба да мисли на неа па после на другите, а овде сите застанаа во одбрана на дечкото, како пак тој ако била обратна ситуација немало нејзи истото да и го направи. Абе се додека ние =ените си прајме факви филмчиња, мажите ке не повредуваат
    Мене не ми е воопшто жал за дечко и, дека сум сигурна и тој би и го направил истото, за женетитот нема да коментирам, а нејзе ке и кажам да си мисли прво на својата срека и задоволство па после да другите, дека никој нема на неа да мисли прво освен таа самата
     
    На Male4kaE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. arhangel

    arhangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Драги Мои Феминки!!!!
    Се додека човек не окуси на своја кожа никогаш нема ни да знае како е .Ова Ви го кажувам од лично искуство.Значи ,некој работи едноставно се случуваат покекогаш дури не сме ни свесни дека ќе се случат.Јас веќе имам искуство и како изневерана сопруга и како сопруга која што изневерила....и од сегашна гледна точка неможам да кажам кое искуство повеќе ме боли.Кога бев изневерена ме болеа многу работи..бев понижена ,мојот труд кој го вложив во домот и семејството беше неважен,бев заостаната со миоте сваќање (така ми кажуваше сопругот )...итн итн.Сега ми се случи да се заљубам во особа од спротивниот пол и затрескана сум до уши во него....болката ми е уште поголема сега отколку кога бев изневерена.Чуството дека го сакаш а не можеш да го имаш или ќе го имаш само еднаш месечно или на две недели и многу тешко.Едноставно мислам дека само јад во душава има и ми ја гори секој ден .Таа љубов ме убива.Благословени се од Бог сите оние кој си нашле мир и спокој во својот дом
     
    На Male4kaE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    така е, не знае како боли тој што не искусил...
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Okcenzi мислам дека на форумот работиш како адвокат. ;)
     
    На confused му/ѝ се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    јас пак мислев дека сите на форумов имаат право на мислење а не на осуди, а да инаку глупо и е кога читам како има многу судии што се знаат, ама добро е што има и паметни со осет па знаат да дадат совет. Хех читав во некој прдходен пост кајшто една феминка го исколна девојчето со такви клетви што ни баби не ги кажуваат, а која девојка би пишала за проблем ако знае какви клетви ке добие?
    Тебе срцка да не ти сметаат мојте постови? ;)
     
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Абе душо оvа е форум и секој може да даде мислење какво што сака,меѓутоа те забележав дека нема пост, а ти да не редактираш и да изигруваш адвокат,во одбрана на секоја "жртва" :o
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    следен пат ке те прашам тебе дали да пишам :P пошто нели да не ти снетам во судењето
     
  12. JackNicholson

    JackNicholson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    40
    Прво што сакаш прави тебе тоа ти е во крвта и да прекинеш со женетиот ќе си најдеш друг, друго кога вејке праша што треба да направиш тоа е и да раскиниш и со двајцата и да си најдеш некој кој ке го бива за секс и кој ти ке го сакаш за да немора да го изневеруваш, трето дечкоти факт е дека ти не го сакаш затоа што пред се го изневеруваш и затоа што горе се изјаснуваш вака: (сум со дечко ми затоа што така е праилно) тука нема чуства, (Така треба да биде) и тука нема чуства, (Во очите на сите ние сме совршен пар.... ) Woow "стварно добра причина за да бидеш со некого". Девојко ти цел живот ќе се ебеш со резерва доколку не го смениш карактерот
     
    На Barbie20, hermosa, cvetce93 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Не можам да ве разберам.Ни тие кои сте во врска,а поради недостаток на задоволство свесно се препуштате на друг (и тоа најчесто женет),а уште помалку пак оние кои се во брак и изневеруваат.
    Вистина е дека секој може да се заљуби во друг човек,но вие свесно влегувате во вакви игри од кои подоцна настанува драма.
    Дозволено е да се заљубиш,но додека си слободен.
    Ако веќе планирате да го барате задоволството во друг,раскинете ја врската со дечкото или разведете се.Во спротивно,само уништувате животи на многу невини деца.
    Не сте помислиле,како би ви било вие да сте на местото на изневерениот??
    Еден ден се ќе ви се врати.
     
    На hermosa и nevesta им се допаѓа ова.
  14. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    не знам од каде ме процени дека тоа ми е во крвта, АМА СЕ ЛАЖЕШ, многу! не ми е во крвта, и не сакам да го правам! не се случи планирано, и како што гледаш, пробувам да излезам од ситуацијата. е сега не знам што си по професија, можеби си некој Фројд или нешто слично, но ти не ме познаваш доволно за да заклучиш каква ќе бидам јас цел живот! Можеби моја грешка беше што овдека го поставив проблемот, но не гледав од кого друг можам да побарам совет, затоа што сите околу мене што ми се блиски, многу би го смениле мислењето за мене, а тоа не го сакам, не барем додека не одлучам што понатаму. НО, овдека не само што не добив конктерен одговор КАКО да се справам со проблемот, туку добив навреди, препукувања, па дури и анализа на мојата личност и карактер, па дури и бесплатна прогноза на мојата иднина како „изневерувачка до крајот на животот“!! фала дечки, супер сте!
     
  15. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    па каков одговор сакаш да добиеш ???
    ти сметаш дека си е во ред тоа што го правиш?
    па за твое добро се работи, ќе дознае дечко ти, па ќе завршиш као многу што завршиле упуцани у глава не дај боже! а што па ако жена му на тој дознае? животот не се сведува само на емоции- не сме животни па ајдеее добивме нагон трч сексај се за да се смириш! треба да размислуваш малце со главата и тоа посуштински! И не туку се летај по лажните емоции на тој женетиот, тој само сака да те држи на лагер, а кога би дошло време да бира, сигурно нема да те избере тебе, а и да биде така- да те одбере тебе што нема шанси али ај, дали си спремна да се омажиш со женет човек и со дете- кои ги напуштил заради друга во случајов тебе, каков човек е тој и каква сигурност би ти пружил во иднина на тебе? небаре тебе не би те оставил?? ах бре уживај у животот, откачи ги и двајцата, и најди нешто асално што вреди!! барем си во ситуација да бираш!
     
    На tessie и Male4kaE им се допаѓа ова.
  16. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Барав совет од Вас, што и како да мислите дека треба да направам, а дотичниот, еве ќе го наречам, Фројд, ми направи целосна психоанализа и предвидување за иднината, со помош на крвна слика и мокрача! мислам, дајте, ако имате да ми кажете нешто, ок, ФАЛА МНОГУ, ценам и поштувам! Ако не, воопшто нема потреба ни да ме читате. :)
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Па мислам дека сите ти кажаа и мислење и совет, а ти упорно се враќаш по нова порција :^) можеби чекаш уште некоја девојка да те поддржи и да ти каже дека да, вие сте најубав пар и дека на нас овде само ни е криво бидејќи ти имаш таква убава врска, а ние не ;(

    Мислам, на страна цела ситуација, муабетот дека вие двајца сте и фин. компатибилни, а и двајцата згодни, а и жена му исто... кога дојде до тој момент :| тоа е многу битно, стварно. На страна култура, воспитание, карактер... вие битно добро изгледате заедно, гледани од страна. :tmi:

    Вистината е, дека што и да ти кажат, ти ќе си останеш во таа ситуација во која си, воопшто не размислуваш да прекинеш. Па тогаш, нека ти е среќно. Сами си ги правиме проблемите, тешко дека некој друг ќе дојде да не извади од маките.

    И штом сте толку совршен пар, па донеси го дома на твоите, да го запознаат, редно е после година дена. Среќна те прави нели, тоа е вистинското и исправното според тебе? Зошто го криеш како да се срамиш од него... или најверојатно од себе

    @okcenzi, ако мислевме сите само на себе во каков свет сега ќе живеевме? Мислам стварно, ок е, нека не има секакви, ама после некоја таква нека не доаѓа да се жали дека нема рамо за да се исплаче и пријател да и помогне, затоа што на сите им забодела нож во грб гледајќи само за себе. Па после биле разочарани од љубовта, немало вистински пријателства бла бла бла...
     
    На Moira, elena.mak, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Ке си купиш дилдо/вибратор и решена работа. Ем нема да го вараш дечко ти коа веке нејкеш да му раскинеш,ем нема да маткаш со женет човек ем ке бидеш сексуално задоволена.Simple as that.
     
    На tessie и Male4kaE им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.672
    Па да де, јас кога пишував дека брачни неверства се секојдневие, мене една феминка само што не ми дојде да ме напие со крстена вода, сега гледам одма подруго станало... туку ајде, некои очигледно учат од свое искуство. Само многу ме нервира што тогаш мора да биде сфатено и разбрано,ама претходно боже сачувај, се ќе натрпи и се ќе изнакаже.
    А јас не дека ги оправував, само пишував за вистината. Ама ајде, надежно е дека времињата се менуваат, поарно ќе биде од разбирање, него ли од свои искуства ама ајде.

    Она што ми мањка е што повеќето неверства се случуваат само и само заради секс. Ме провоцира идејата колку мора да сте површни бездушници да не можете да одолеете. Не сте чуле за искушенија? Ок, да, ЈОЛО (јебало вас ЈОЛО), ви импонира што некој сексуално се возбудува на вас, ами поинаку. Не знам како душевно исполнети бидувате од тоа?! Да се разбереме, бракот е неприродна, општествена категорија, фактот е тој дека ние сме полигамни суштества во нашата природа, но сепак, се смета дека еволутивно подобро се носиме со емоциите од типот на страст и повеќе сме способни да ги разбираме работите, физички не се менуваме,туку ментално и емотивно. Па така што овие што рипаат на женети и женети што рипаат на страна, ми укажуваат дека еволуцијата не завршила некоја добра работа кај нив.

    Разбирам, некои со партнерите не се поврзуваат емотивно, не се разбираат, губат доверба, не се сакаат како личности, ама таквите многу почесто одлучуваат со време отворено и фино да се разделат, него ли погоре споменатите небитници, па дури потоа прибегнуваат према други партнери. Така што она наоѓање на изговори партнерот вака,партнерот онака, а ти не си седнал муабет да направиш, се само оправдувања.

    А оваа Малечка или како год, еве сега гледам дека тоа ја возбудувало,така пишала порано (што не ме чуди и другите дека така се чувствуваат, би рекла дека е истиот центар од мозокот им се активира како што го активира хазардот...). Тука еволуцијата кренала раце па ептен. Таквите сликаат гзови, прават дакфејсови, ги сретнувате на работно место како се смешкаат на женетиот шеф, целта на нивното постоење е секс или некому да бидат сексуално привлечни и ништо друго. А во суштина колку се тажни и празни, не се ни свесни. Тука може само да го празните бесот према таквите и толку. Нема нешто што би се направило, толку е капацитетот да бидат сочувствителни и разумни.

    Сепак, на крајот и двајцата партнери се виновни зошто едниот изневерил, ама повиновен е тој што отишол по туѓи кревети, наместо да го реши проблемот дома. Колку си спремен да се посветиш, да дадеш од себе и да сфатиш за што малку, губиш многу. Има категории на луѓе кои никогаш не се среќни од својот живот во даден аспект, секогаш сакаат повеќе, секогаш сакаат нешто ново, секогаш сакаат да црпат искуства. И тоа не е лошо ако се работи за образование, кариера, што сакате, ама лошо е кога се работи за врските. Претежно се незрели и неизградени личности кои се егоцентристи. Кои не се спремни да поделат важност, туку цело време сакаат себе си да се гледаат како важни и оние кои ја контролираат ситуацијата и просторот,па колку год и да се измачувале себе си со тоа, сепак доживуваат некое сладокусно искуство кое ги тера повторно и повторно да се случува.
    И да се разбереме, и да се разведе тој човек, да заврши со љубовницата, нема да биде тоа-тоа. Драмата, возбудата која ви го носи сето тоа, претпоставувам како на непредвидлив замрачен тобоган во аква парк, тоа е она кое што го сакате. Моментот да поседувате туѓ човек, претпоставувам дека прави да се чувствувате важни и моќни, а впрочем... сите ние имаме вагини, гради, сите ние можеме да се нашминкаме и да се качиме на потпетици,да се облечеме провокативно или па и не мора и да зборуваме слатко или па подобро и ич и да заведеме маж, припрост маж...и толку е. Така што не се залажувајте дека сте посебни и способни.
    На крајот, па дури и да завршите со него, секогаш ќе бидете другата, секогаш ќе бидете втората и нека не бидат важни комшиските муабети, вие ќе го знаете тоа и знаете дека нема да ви биде сеедно.
     
    На Neytiri, Gea, kate21 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Значи главното е во тоа што луѓето кои изневеруваат патат од комплекс на повисока вредност, како и преголема доза на себичност. Ако било што кај мојот партнер не ме задоволува (под тоа не мислам само на секс), има нешто што се вика РАЗГОВОР со кое што проблемот може/неможе да се среди. Ако неможе, тогаш има решение, прекин што е многу лесно кај цурава затоа што не е во брак, или пак развод, затоа што за никого не е здраво да биде во лоша врска/брак. Се останато е кукавичлук кој што треба со закон да биде казнуван мене ако ме прашува некој. Она не била задоволна од сексот со дечкото епа ај тој ќе си го држам за се што ќе ми текне, а е си најдам нов е*ач. Епа како бре се ќе се погледнам во огледало???

    А за тој суртук по дома што има жена и деца а се ебава со кој стигне на страна, епа братче се надевам дека читаш - искрено ти посакувам жена ти да си најде некој кој што е 16 класи над тебе, и да те шутне ко стар партал, затоа што и тоа е многу за тебе. Не како последица на твоите подјебаванки со млади цури, туку за некој подобар од тебе. Онака, од кеиф. Па после бркај девојчиња колку сакаш, давај им одличен пример на децата, уз пут трескај си ја главата што си направил.

    А ти девојче, Малечка, стави си го прстот на глава. Тука тешко дека ќа ја најдеш поддршката што ја бараш, затоа што само некој кој што го направил истото може веројатно да те поддржи или разбере, јас лично ни те разбирам ни поддржувам, затоа што ако не ми чини партнерот ќе го оставам пред да најдам нов, нема да држам два-тројца на краток повод само затоа што мислам дека ми се може. Претерано не е во ред да имаш еден кој го претставуваш како дечко, а друг само за по потреба, плус и да е толку многу глуп да си ги бацува родените деца со истата уста со која те бацувал тебе (не дека тоа е твој проблем, само се обидувам да доловам ако го сваќам тоа),па да се залеташ по него што гарант истото тебе би ти го направил утре ако сте во сериозна врска/брак.
     
    На Neytiri, zhap4e, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.