Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Не беше муабетот дали ќе смени нешто или не, ама дека се за плукање СЕ за плукање. Не се ништо подобри од тие мажи-мочковци.

    И да, сметам дека доколку ние жените се држиме повеќе една со друга би биле посреќни...но тоа мора да биде обострано. Не можам да се држам со некоја која ми го расплакала детето и ми го растурила бракот. Како таа се држи до својот род?

    Туку ни` се стиши Каја а помина рокот за докажување на момчево. ;)
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас па ги побркав малечкава со каја :tmi: се извињавам :wasntme:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Јас не знам која е поентава на темава.Неверството не е нормална работа и тука не можеш да ги генералиризираш советите.
    Останува на секого да си внимава во што се впушта и да биде спремен за сите последици .
    И уште нешто.
    Верноста е обид за неверниот,а за верниот составен дел од неговото битие.
     
    На Neytiri, Sweetheart87, mimiiiii и 5 други им се допаѓа ова.
  4. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    Нели е прекрасно чувството кога си слободен во душата,не се криеш и не си се штрекаш на секој повик на моб. или кога сопругот(aта) ќе ти рече ''треба да разговараме за нешто'' сигурно неверните се штрекаат веднаш штом ќе го чујат тоа :?:
    СРЦЕТО ЉУБИ САМО ЕДНА ОСОБА ИСКРЕНО другите се површни па не дозволувајте паради нив да го изгубите саканиот :fubar:
    Променете нешто во бракот а не да го смените брачниот партнер! ;)
     
    На nevesta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не е поминат рокот за докажување, туку добив еден корисен совет од неколку пријателки: НЕ МОЖЕТЕ ВИЕ НА МЕНЕ ДА МИ ДАДЕТЕ СОВЕТ! ПРИСТРАСНИ СТЕ ЗАТОА ШТО СИ ГО СФАЌАТЕ СЕТО ОВА ПРЕМНОГУ ЛИЧНО! Колку од вас, драги женички, се сомневаат дека токму на ВАШИОТ маж сум швалерка??? :) Сфатив дека на погрешно место барам мислење и совет, затоа се откажав! Слободно зборувајте си меѓу себе за тоа колку сте безгрешни и совршени сопруги, за тоа колку ви е гадно да помислите на друг/друга затоа што сте среќно омажени/оженети . Нема што повеќе да се докажувам со вас. Поздрав :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ А ти Каја си?
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Не беше муабетот дали ќе смени нешто или не, ама дека се за плукање СЕ за плукање. Не се ништо подобри од тие мажи-мочковци.

    И да, сметам дека доколку ние жените се држиме повеќе една со друга би биле посреќни...но тоа мора да биде обострано. Не можам да се држам со некоја која ми го расплакала детето и ми го растурила бракот. Како таа се држи до својот род?



    [/quote]
    Читајќи те по другите теми и гледајќи го твојов однос, сватив мила моја дека златна да ти е, маж ми не би те погледнал ни една минута, а не па да те пипне. Што се мислиш жити се, нешто вака подобра од нас тука еден куп жени? Ајде бееее... Затоа што одвај чекам да одам дома маж ми да го видам после 10 години? Затоа што ми се јавува кога ќе стане и ми вика добро утро? Или пак тебе те јаде црвот што ние сме успеале нешто што ти сакаш, па пусто сега ајде плукај по нас дека сме простачки што еден маж ни е доволен за разлика од тебе. Не сме пристрасни, нема на што. На мојот маж неможеш колената да му ги допреш со таков однос, тоа пристрасна ме прави? Утре по денот. Само ти умислувај си, само ти мисли си. Далеку ќе стасаш гарант!
     
    На jb82, Male4kaE и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  8. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не сум Каја :) ако го прочиташ следниот коментар, ќе видиш дека дотичната госпоѓа не помешала, па коментарот се однесува на мене :)
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Стишувањето и поминувањето на рокот за докажување се однесуваше на Каја, неа ја чекаме со нови информации, тоа нема врска со тебе и твојата ситуација, така да непотребен ти е целиот пост :)

     
  10. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ако, барем ви кажав што мислам :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Убо, барем ти олесна :D
     
    На confused, tessie, jb82 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.593
    Допаѓања:
    201.871
    Пол:
    Женски
    Озбилно, мислиш дека сме ти љубоморни? :D :D :D

    Бедна е душата што не може критика да истрпи, па кога вистината ќе заболи враќа со навреди. И преиспитај се во врска со твоите „пријателки“, пошто ако ти беа вистински пријателки, ќе ти го кажеа истово што го прочита овде. А тоа што ти не можеш да ја прифатиш вистината, твој проблем.
     
    На kate21, Sweetheart87, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  13. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Коментарот е на Теси и се однесува на Каја!

    Мојов коментар се однесува на тебе и гласи: не преценувај се. Дечкото ти е импотентен, ти си сексуално незадоволена а швалерот и е ветен на друга и покрај неа е во лошо и добро. Така да, ти си лузерот во ситуацијава.
    Сите-до една- девојки кои ти пишаа се во среќни бракови-задоволени тие - задоволени и сопрузите и не само во сексуална смисла.
    Твојот максимум е да ловиш оженети мажи (судејќи по коментарот да не случајно ни е страв да не ни ги украдеш мажите), но се кладам дека ни еден слободен не би те оженил, а и да се деси, ќе биде некое теле од прва категорија. и баш затоа не го оставаш дечко ти, зошто многу добро знаеш дека никој друг не би те ни погледнал. И затоа и пиша на форумов. Страв ти е. Швалерките што не се плашат не пишуваат овде, си работат на страна без грижа на совест. сите што досега пишале овде побарале утеха, и како по правило ги игнорираат оние што им даваат совети а комуницираат само со тие што ги поддржуваат. Сакаат само да добијат поддршка, така стравот ќе им се намали.

    Во мојот омилен филм се вели: не жали ги мртвите, жали ги живите, особено оние што живеат без љубов.
    Жал ми е за вас, најсериозно.
     
    На kate21, Sweetheart87, WORRIED.BT и 7 други им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Тропна глупост и жива остана.И не, не сум мажена не сум сопруга,само сум здраворазумна личност.
     
    На sabatini и tessie им се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Male4kaE зошто секогаш при недостаток на аргументи се вадите со тоа дека некој е љубоморен на вас? :D На што мислиш дека ние сме љубоморни и пристрасни? На што да ти љубоморам? Имам дечко кој ме сака и го сакам, имаме одличен секс, ме почитува, не погледнал друга, јас не ни помислувам на друг, таква како тебе нема шанси да погледне затоа што он е дечко што го привлекуваат девојки со интелегенција, а не само со вагина, така што не те разбирам...

    Ај одговори ми што ти мислиш дека имаш, а јас или другиве девојки го немаме или неможеме да го имаме?

    Види, љубомората е нешто што се јавува кога имаш некаков недостаток од нешто, а воедно не можеш ни да го имаш. Јас како тебе можам да бидам секогаш, ама ти неможеш да бидеш како мене или како другиве девојки, па сега види ти кој на кого љубомори.
     
    На Sweetheart87, midnight.flower, mimiiiii и 5 други им се допаѓа ова.
  16. TipTop

    TipTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    54
    Многу сум против вакви и слични работи,секогаш сум за ако нешто не чини,да се прекрати и секој да си ја бара среќата на друго место.Секој заслужува да биде среќен,но ете има луѓе кои сакаат дома сопруга/сопруг и надвор швалерка/швалер.Во ваквите случаеви мислам дека најмногу е крив тој/таа што изневерува.Инаку во темата „Сопругата се почитува,швалерката се сака“ меѓу другото што напишав,се обратив на швалерките,немаме швалер на форумот за да прашаме обратно,да ги опишат мажите какви се со нив,нивната друга страна,бидејќи дома сопругите си ги познаваат од една страна.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Кој па тебе те повика на збор? Си прашав зашто ја нема Каја. Ти Каја си? :D Aма како викаат старите, кој си ја има мувата на капата, си ја ишка, па не мора ни да прашам. :lol:

    Штом ми се обрати, да ти одговорам. Јас сум сигурна дека ниту ти, ниту пак некоја слична на тебе му е швалерка на мм. Зошто? Затоа што видел што такви ******** што се пикаат каде што не им е место може да направат од едно семејство, а и од самиот “маж“ што би било навреда за напалените мајмуни „мајумун“ да го наречеш, а не па маж без наводници, па ако не заради мене, заради самиот себеси сум сигурна дека не прави такво нешто.

    Еве и да ја има (што не верувам). Тој е покрај мене кога ми е потребен, трча кога сум болна, од работа оди право дома скоро секогаш, ги почитува моите блиски и мене, си имаме убава и интимна и емотивна блискост, имавме и криза, заедно ја пребродивме и сега ме почитува и се плаши да не ме изгуби дури и повеќе од порано. Да има друга, што статус останува да има во ваква ситуација? Тоалет? Замена за леванка/десанка?

    А и не се заморувам воопшто да размислувам на таа тема. Имам доволно самодоверба па да знам дека доколку се обиде да ме замени може само да изгуби а не да добие. Нема мене да ми се смеат утре, туку нему. Затоа што тој ќе изгуби, а не јас.

    Второ, зошто да ти љубоморам? Затоа што собираш нечии трошки? :D Затоа што не се сметаш за способна самата да подигнеш темели на една врска па ти треба да разнишуваш туѓ брак за да ги искористиш темелите од истиот? Ти самата не си ги познаваш сопствените вредности и не веруваш во нив, како можам јас да ги видам и да им љубоморам? Дали некоја личност сигурна во сопствените вредности би делувала вака исфрустрирано?
    Убаво ти рече Daydream, ако сака, може да стане како тебе одма, но ти како неа да станеш, тешко...
    Сите можеме да ги рашириме нозете на женет, но не може исто да ни` работи мозокот на сите.

    Затоа што овие мажи најчесто им даваат искривена перцепција за работите, а тие сакаат да веруваат во истата и според неа, тие се совршени, позлатена им е и женетите мажи не спијат со нивните жени заради нив. :lol:
     
    На kate21, WORRIED.BT, caci-maci и 3 други им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски

    :bow:
     
    На kate21, Sweetheart87, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. caci-maci

    caci-maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Ама ја построивте :clap: . Ја следам темава од време на време ама не сум пишала или можеби сум ама сум заборавила. Читам и ги анализирам мислењата на оние што одат со женети. Толку убаво ги обработиле овие женетиве што веруваат во тоа што им го кажуваат. Они се најубави, најдобри најсекси се нај, а жените им се тупаџики и за ништо не ги бива. И веруваат девојчињава во тоа па и другите се обидуваат во тоа да ги убедат. Што ли мисли кога се гледа во огледало, младо кревко тело, набрекнати гради рамно стомаче и што си мисли „види ме колку сум совршена тој мене ме сака, најдобра сум сите ми љубоморат, сите мажени жени со омекнати стомачиња и виснати гради од доење... “ . Па нормално дека ќе и го каже тоа, ѕвездите ќе и ги вети за да дојде до тоа што го сака, да се повалка малку со тоа младо тело. Треба таа да има памет да не подлегне на празни ласкања и ветувања. Мое мислење е дека подлегнуваат само луѓе со многу ниска самодоверба, оние на кои им треба некој друг да им потврди дека се добри, оние што немаат што друго добро да понудат од себе само тоа младо тело како потрошна роба. Не треба да ги жалиме растураат семејства унесреќуваат невини дечиња и жени околку себа, меѓутоа самите се за жалење. Кога ќе наполни 30 и нешто кога ќе ја шутне ко партал тогаш да ја видам што ќе прави, кога и она ќе има мек стомак и виснати гради. За жалење сте :|
    И нормално дека ќе одат со женети кои сакаат само да ги искористат, зашто дечковците на нивна возраст бараат нешто повеќе а не само вреќа за празнење.
     
    На irena.1 и tessie им се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Швалери и швалерки отсекогаш имало и ќе има.
    Еднаш швалер/ка -засекогаш швалер/ка.
    Значи ,станува како професија.Ако не е Стојна швалерката,ќе биде Митра,Рајна и тн.Истото важи и за Трајко,Рајко и тн.
    Е сега швалерите и швалерките знаат дека прават нешто неморално па утеха бараат во смешни изговори -го сакала многу,он пател во брак,не ја сакал женаму-она му пружала се....и слични глупости кои не држат вода.
    А вистината е друга.
    Според мене(што немора да значи дека е така) швалерите се ниски,подли луѓе кои намаат м.да да се разведат од сопругата(тука би спомнала финансиска подршка од сопругата,логистика-перење,готвење,,ол инклузив)и да земат некоја која се влече со женети меѓу кои е самиот тој.Вака ,малку акција со туѓа сопруга,а пак ако е уште девојка....,,не раѓала-имала тесна п..ка..,,мерак....ама тоа ќе го плати еден ден и тоа скапо.За тоа нека му мислат сите женети пред да го стават Стојко во туѓа нива.
    Швалерките ...посебно интересна категорија...Смешно ми е (иако е жално)кога ќе почнат да умислуваат дека типот ,,многу ги сака,,.Па луѓе мои,он не ја сака ниту сопругата која му родила деца,му пере валкани гаќи,трпи терор од мајка му....а не пак некое девојчиште кое скока од стап на стап.Малку поитри се оние ,,со искуство,,швалерки...значи она, да,ќе легне со женет,му продава м.да за бубрези,ама сето тоа ќе си го уновчи-пари,одмор ,вечера,подароче.... Мизерија.И на крај...ќе му го растури бракот.Ама ако,така и му треба на мулецот.
    Се вадат на муабет,дека биле наивни,он постар,поитар па ги легнал.Да се разбереме,ако со итроштина те легнал еднаш,нема да те легнува со месеци и години.Ама ,приказна мора да се извади... за да се смири совеста.
    И така... ниту еден женет нема да си ја остави сопругата-туку сопругата ќе го остави него поради ,,цурата,, ,ниту пак некоја цура ќе скрие од јавноста дека се влечела со женети мажи.
    Вистината кога тогаш излегува на виделина,општеството го става жигот кој е типичен за неморалноста и толку... после останува само апење за газот кој неможат да си го докачат.
     
    На Sweetheart87, irena.1 и midnight.flower им се допаѓа ова.