Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Според мене, партнерите кои се изневерени, доколку имаат доволно самопочитување и самодоверба кои не им ги убиле бракот, финансиите и љубовта кон децата, се оние кои го напуштаат партнерот, без разлика дали се мажи или жени. Ретко тоа го прават оние кои изневеруваат, барем во мое окружување. Да имале доволно храброст за тоа, одамна би се развеле и не би си дозволиле да се кријат со ********* по ќошиња. И јас би напуштила таков брак. Ама веднаш!

    A да. Исто така многу мразам правдања за неверство од типот на „Емоционалното неверство е поголем грев од физичкото.“ Хормони, емоции, луѓе сме, на памет сешто ќе ни` падне, па и да претепаме некој што се вели. Мора сето тоа физички да се изврши за да биде помал грев и да бидеме искрени кон себе? Не. Нормално. Затоа постои нешто што се вика разум и што не` разликува од цел жив свет. Според мене, тоа не се вика емоционално неверство, туку се вика воздржување и одолевање на искушението, ставајќи си го семејството на прво место како што и треба да биде кога веќе сме решиле да го оформиме.

    Комшијата пример има многу убава кола. Ама прекрасна. И сега ако поминувам покрај неа и си викам „ах да беше моја сега“ ќе направам емоционална кражба која е поголем грев одошто да му ја украдам реално и физички колата која тој се мачи и ја отплаќа на кредити, пример?
     
    На artemis, deksa, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  2. TheKitty

    TheKitty Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6

    Целосно се согласувам со тебе.
    Немам слушнато да нема некој изневерено било во врска, било во брак ( уште полошо ) и сеуште се заедно. :fubar:
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    јас да прашам дали некоја од вас имала случај во блиска фамилија да дознае за неверство и како постапила ?
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Да....јас дознав за личност од блиска фамилија (машко)дека си има една на страна со која се гледа.А потоа дознав и за друга,па трета(не сите истовремено,си имаа рок на траење).
    Како постапив???
    Како ништо да незнам,како да не сум видела,да не сум чула .Икс пати додека зборував со сопругата на телефон,низ прозорецот ги гледав типките кои влегува кај него дома,додека тој ѕиркаше низ прозорецот.А сопругата на работа,децата на училиште.
    Ако јас дознав за трите негови ,,пријателки,, што сум само роднина со нив,нема шанси родената му жена да незнае.Не сакам да ставам прсти меѓу врата.Што и ако и кажав на сопругата-на секое мое ДА,тој ќе вели НЕ,после ќе излезе дека сакам да им го растурам бракот и сл.
    Додуша сопругата го фати еднаш со една,ама типот се извлече,она му прости и сега се као идеален пар пред народот.А тој пак си врти женски во станот додека она е на работа.
    Можеби она знае за сето ова,ама игнорира,имаат веќе големи деца,финансиски е она појака,недвижностите се на нејзино име(наследено пред брак)така да може во секое доба да му удри клоца.Ама пусто,се има насмејано на сите разведени,па можеби и е срам да не и се смеат и неа.
    Најжалосно од се е тоа што сите три беа нејзини пријателки-познанички.Сите влегуваа со криење во домот и излегуваа набрзина внимавајќи некој да не ги види.Како на филм.
    Жалосно е ...кога ќе ги видам на кафе седнати,он,сопругата и ,,пријателката,, они две као прават муабет,а од под маса ја пипка пријателката.
    И што да кажам,што ќе постигнам,мислиш она не знае?
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    И се случи на моја многу блиска личност. Уф, сум го потиснала ова во себе малку повеке од 10 години, еве сега ми исплива. Значи ми се јави и ми вика те молам дојди кај мене јас ќе се убијам, овој ми правел ова она. Само за појаснување они беа тазе земени, а она бремена. Јас и денес не се сеќавам како сум викнала такси и како го поминав патот да кај неа. Она плаче, вреска, швалерката се испофалила дека е трудна и дека оваа ќе ја оставел, па ќе ја земел неа. Се разоткрило се. Јас ја тешам, абе остај го,пушти го, гледај си бебето. не бе џабе, а уствари и незнам што паметно да кажам да не влошувам. Дозирам некако со зборови, калкулирам. Мислам мене да ми се случеше помалку ќе ме болеше, него така што ја гледав срцето ми се кинеше. Капак на се дознале и неговите родители. Тие па тие прво на памет да не дознаат луѓето, комшиите, светот за син им што глупости прави леле ми идеше да ги заколам. И се враќа господинот дома галантен, смирен, цел искулиран со став полека бе се ќе средиме. Аууу. Драми сто и една. Мој став беше дека треба да го остави па што ако трудна. Е арно ама не сме сите исти. Па не е лесно ни таков совет да дадеш, може и крив да испаднеш. Брак бил во прашање, бебе на пат :worried:
    И после месец дена перипетии го остави, си замина. За жал бебето го изгуби. Помина некое време. Времето покажа дека швалеркава не била трудна и дека некој лажел (и денденес незнам кој лажеше).
    Е арно ама овој молеше колеше, згрешил, магија му направиле :^) и му се смири. И денес се во брак, имаат деца. Бракот вака гледано од страна им е ОК, детали не прашувам. Тој е грижлив татко, афера уште една нема испливано на виделина.
    Многу е болно да гледаш некој близок да страда, и после толку време тешко ми е да зборувам за ова, и не зборувам.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Охохо, да бев па згора така финансиски независна и појака, да дознаев за такво нешто, на нејзино место, уште посилно од планираното би му ја удрила клоцата, макар ногата цел месец да ме боли после. :D A за смеење, нема што на неа да и` се смеат, туку на дебилот на кого таква жена му се лизнала од раце. Ја барем нему би му се смеела. Пошо треба стварно да си уметник за да си направиш такво нешто. Клошар еден искомплексиран. Очајно човече, пати од комплекс сигурно ради помала успешност и послаби финансии, па му треба некој да му го јача егото малце. TУжен случај. :D

    Aуу, јас знам за еден многу сличен случај и на почеток кога читав се наежив, мислев дека е истиот, но ваму исходот беше многу полош за неа и “мажето“ не е ни далеку од опаметување.
    Ги жалам жените, што здрава рака си ставаат во оган и прифаќаат да преминат преку работи како што се неверство и семејно насилство и живеат со несигурност, разнишана самодоверба, трпење ради децата (ради вакви работи и жени кои седат во вакви бракови ради децата, имам страв од имање деца затоа што не сакам и не сум сакала ништо во животот да ме закочи кога ќе одлучам нешто или пак да имам попатна невина жртва и некој кој ќе страда поради мојата гордост и одлучност, помирна ќе сум ако самата плаќам за сопствените одлуки).
     
    На nasmevnise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    јас стварно незнам како да постапам, ама пред очи ми се случи, видов и чув, ама во овој брак постои љубов, само имаше некој тежок период и притисок. Незнам дали да почекам, дали ке се среди работата. Може е минливо? А ако е за колку време ке помине? А ако не е минливо? Ако се заглави работава подлабоко? Јас и да кажам нема да бидам крива, ама ке има повредени. Може било само еднаш или два пати, ама по муабетот незнам баш.
    Може да и пишам на некоја од вас во пп, што поминала некое вакво? Ептен не ми се пишува во детали тука
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Слободно :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Пиши слободно,повеќе глави-повеќе умови....
    Како и да е,пиши ми слободно,ќе се обидам да ти помогнам.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    :up:
     
  11. popeye

    popeye Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ви пишав скоро на сите ама само 2 пораки се испратија до сега, па да не знаете што е проблемот што се испракаат со саати?
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    мислам дека феминките не се уклучени и ја немаат прочитано пораката па затоа тебе ти ја покажува како се испрака кога ке се уклучат ке ј авидат и прочитаат
     
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Јас не добив ништо,еве веќе 3 часа сум на фемина
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    слободно пиши ми...
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ви пишав на повекето и фала ви за одговорите, а сега ке ги зачувам и двата текста и ке ви ги испратам поединечно дека ова не е неормално, сама себи си пракам пораки ц ц ц ц оф сирота ја
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    а стигаат одкако ке се уклучат?
     
  18. vljubenatajas

    vljubenatajas Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Надвор жешко,внатре исто,ја читав темава,па и таа жешка :sweat:.Да си напишам и за мојот случај,да ја дополнам збиркава :) .Мојот “пријател“ ги вара и жена му и швалерката со мене :lol: . Првата си ја игра улогата на жена и веќе му е здосадена,вторава се надева дека ќе ја остави жена му и чека нејзе да ја земе,па утеха бара кај мене,ништо не барам,само си ги исполнуваме заедничките интереси и желби ;) .
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Интересен ми е болд-от. Оддава впечаток како да мислиш дека си му најзначајна од трите. Е, секоја швалерка го мисли тоа, за жал.

    А од кај го знаеш сево ова (за жена му каква улога има и за "швалерката за озбилно" каква улога има во неговиот живот)? Пријателов ти го кажа на поверење? :D

    И ти му поверува онака .... на човек за кого знаеш како стои со лажење и криење штом веќе мафта толку жени...

    И се`уште се сметаш за најпаметна од трите... :D

    Битно ни` се пофали. Ми ја измами првата насмевка викендов. :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Кои интереси? :^)
    Жена му игра улога на сопруга,оваа другава ја игра улогата на швалерка,а ти?
    Која е твојата улога?
    :x :x