Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.471
    Пол:
    Женски
    Anon, ние жените одамна не очекуваме бајки. Ваквите животни одамна го имаат тоа очекување однесено у п***у матер. Се повеќе нема НИ манири од бајките кои не мора да се искрени, за реалност да не ни збориме. Се` повеќе мажи мислат дека доволно е што го имаат мандалото меѓу нозе и готово .... ма она треба да се понаша како да и` правам услуга што сум со неа. |(

    Toa што го очекуваме се м*да за промена и држење до дадениот збор. Или пак како што можеш да си признаеш на самиот себеси дека не ти е бајка, признај го тоа и на жената. Не биди п**ка барем за тоа во животот и не покажувај м*да само во буквална смисла со швалерката во кревет. Бракот е моногамна заедница. Вие што не можете само со грав секој ден, не стапувајте во брак, не бидете дотолку лицемери и лабилни кукавици. Ете тoa го очекуваат жените кои имаат самопочитување и си држат до него.

    И тоа за сексот, претпоставував дека тотално ќе го извртиш и погрешно ќе го изинтерпретираш како што ти одговара. Тебе интимниот однос никогаш не ти бил ништо повеќе од животинско исполнување на нагон за размена на телесни флуиди? Жално, не си ја почувствувал вистинската убавина на тој чин која само човечкото суштество може да ја искуси.
     
    На imelda, Daydream, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Бла бла бла... off topic муабет, плукања и предрасуди. Што да ти одговорам на ова... Правиш претпоставки за мене, ги крикуваш ставовите кои ги презентираш како мои, а јас никогаш не ги застапував...
    Браво, би те бивало за политичар :clap:

    - Против брачно неверство сум, да бидеме на чисто.
    - Сексот не го гледам како „ништо повеќе од животинско исполнување на нагон за размена на телесни флуиди“.

    Почнуваш со „ние жените“, ама не верувам дека имаш ист став барем со претходните две членки, а па со жените воопшто... ич да не праам муабет. Или грешам? Мислиш дека сексот е света работа? Мислиш дека предбрачниот секс прави луѓето да имаат предиспозиција кон изневерување во брак?

    Тоа беа работите за кои јас зборувам. Не за муда. Не за грав. Не за кукавици. И дефинитивно не за мандала :rofl:
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.471
    Пол:
    Женски
    Кој црн офтопик? Темата е брачни неверства, а ти си познат по лобирање про швалерај низ темиве. Не правев претпоставки за тебе само кажував што очекува една жена која се почитува самата себеси (нека не те буни второто лице еднина кога не се препознаваш во описот). Ако не се согласува тоа со твоето мислење не значи дека е одма офтопик.

    И дај доста се расправаш тука и не` убедуваш дека ние што сме против брачни неверства погрешно размислуваме затоа што нема да успееш. |(

    Moжеби е подобро да постои и да дојде веќе еднаш таа Апокалипса и сите да не` голтне. Толку гнасни сме станале...

    За предбрачниот секс. Сум слушнала многу мислења од луѓе кои се движеле во насоката дека откако ја изгубиле невиноста, потребата за секс им станала поголема. Дали тоа има врска со швалерај и колку, не знам. За мене може да кажам дека сум имала таа коинциденција, среќа, да бидам интимна само со еден партнер досега и откако сум го нашла, не сум барала нешто друго. Кога би се скарале или разишле, тоа е веќе друг муабет.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Теси Анон мислам дека не е женет , прашањето негово е сосема во ред , не сметам дека предбрачен секс е предиспозиција за неверство , тоа е до човекот ..
    И ај да не бидеме лицемерни колку од вас влеговте невини во брак ? Не мислам дали тоа е истиот партнер туку дали испочитувавте после свадба да имате секс или тоа беше во врска ..
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.471
    Пол:
    Женски
    Мими, мене ме изиритира толку што ја испонапаѓаа хермоса а после и абеја, а толку полоши работи сме бранеле и поддржувале на форумот. Јас сум имала предбрачен секс, да, но со истиот партнер потоа сум стапила во брак и не можам со 100% сигурност да тврдам за одредени работи по тоа прашање. Не пошо сум нешо светица, туку затоа што кај него сум нашла тоа што ми требало и од физички и од емотивен аспект.

    Јас не претпоставував за Анон дека е таков, туку само кажав што очекуваат жените кои имаат малку самопочитување од мажите. Толку.
     
    На hermosa и mimiiiii им се допаѓа ова.
  6. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не ме читај бе ако не ти се свиѓа. Ова е јавен форум.
    А оф топик е зошто јас со членките пред тебе расправаме нешто друго, а ти ме цитираш и ми викаш ако не можеш да го чуваш во гаќи анон, не се жени.
    Не може да не ме буни второ лице еднина. Користи правилна граматика за да нема забуни.


    Не промовирам неверство. Јас отворив една тема што беше инспирирана од моето гледиште за пропаста на бракот како институција. Jumping to conclusions мора да ти е омилена атлетска дисциплина. :D
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Анон настрана , како сега е против брачно неверство , а отвори тема домаќинката се почитува а швалерката се сака :D си кажа што мисли ..

    Ама кога се фативме за предбрачниот секс , ама баш нема никаква врска , кој е склон кон промискуитет и лабилен ќе изврши прељуба без разлика дали имал секс пред брак или не ..

    И јас сум со еден партнер и во него имам се што ми треба , не ми треба друг :D како и сите млади во врска имаме предбрачен секс , дали тоа по дифолт не прави неверници :?:
    Мојот партнер имал и други врски пред мене , не беше невин , во ниеден момент не сум помислила дека поради тоа е склон кон неверство ...
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.471
    Пол:
    Женски
    Реков „ако не го чуваш во гаќи анон не се жени“?

    Еве што реков

    Ете. Кога веќе се фативме за jumping to conclusions како атлетска дисциплина. :D А за граматикаа, поарно да не почнуваме. ;)

    Али еве кога сме кај граматиката веќе...

    Мислеше дека сексот не го гледаш единствено како животинско исполнување на нагон за размена на телесни флуиди? Затоа што погорново го кажува сосема спротивното.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Еве го се јави "ебачот" |( , велиш си бил против неверство ама си го сметал сексот само како физички акт за задоволување на страсти. Па многу си контрадикторен бре, во тој случај тебе нема да ти смета ако жена ти те изневерува бидејќи потполно ќе ја разбереш дека си задоволува физички потреби. Ако сексот е задоволување на физичка потреба според тебе тогаш имаш или ќе имаш жена која ќе мисли исто, која ги задоволува своите физички потреби со кој и да било, каде и да стигне, а ти ќе ја разбереш зашто тоа се само физички нагони и ништо друго.


    И да, за мене водењето љубов е света работа која не планирам да ја валкам "зад грбот" на тој што го сакам и сум во брак со него.
    И да, палам свеќа, секогаш кога палам свеќа се молам за здравјето на сите, на моето семејство и на мојата љубов, се молам за наша добра благосостојба и среќа. Убаво е човек кога се моли за блиските свои, се моли за себе и во себе, се додека постои надеж и верба во нас, ние живееме и постоиме. Но ако човек ја изгубил вербата во љубовта и во животот, и емотивното го заменил со физичкото, ја изгубил и смислата за живот.

    Ако некого сакаш, тогаш стапуваш во брак со него (но и не мора), ама без разлика на бракот како институција ако постои љубов нема да постои и желба за нанесување на емотивна болка на тој што се љуби. Ако веќе не ти е грижа за тој со кој си, тогаш го сметаш сексот (кој би требало да биде наречен водење љубов, со оглед на тоа дека го сакаш тој со кој водиш љубов) како „ништо повеќе од животинско исполнување на нагон за размена на телесни флуиди“-според тебе.

    :call:

    Тоа ти е ненормална работа, да се спушти човек на животинско ниво и да ги задоволува своите физички потреби кај стигне и со кого стигне, дали во автобус, дали како кучињана што се скокаат на сред улица, дали во парк пред толпа народ. Битно нагоните се задоволени |(
    Од една страна велиш дека си против неверство а од друга страна ми зборуваш за бесрамно задоловување на ниски страсти.
    Па затоа сме луѓе и сме на повисоко интелектуално ниво од животните, дека можеме и треба да ги контролираме своите нагони, чувства, емоции.
    Ако имаш "јајца" разведи се од жената па тогаш задоволувај страсти со други, се додека не се разведеш а и работиш зад грб, не си ништо подобро од кукавица.
    А бидејќи си бил против неверство, уште поголема штета е ако со твојата сопруга или девојка наместо да водиш љубов ти имаш секс, разменуваш течности. И жално е што даваш ваква слика за себе, твоите родени или сеуште неродени деца да велиш дека се зачнати не од водење љубов со нивната мајка туку само од едно задоволување на нагон за размена на телесни флуиди.
    "Ти синко беше зачнат со промена на течности" [​IMG]
     
    На Annath, mimiiiii и tessie им се допаѓа ова.
  10. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ете што рече - иста ствар.

    А граматиката е точна. Тоа како што не го гледам сексот ставено си е во наводници.
    Но небитно, тоа не ствара забуна.
    Ствара забуна кога пишуваш пост и контитуирано се обраќаш со ти кон личноста што си ја цитирала, а уствари не си мислела конкретно на личноста што си ја цитирала туку општо.

    Abeja, прочитај ми ги постовите во темава очигледно си во заблуда.

    Мимии, јас го критикувам бракот како институција, не сум против љубовта, искреноста, верноста итн.


    Сериозно, погледнете се малку себеси. Теси се нервира зашто сум ги нападнал нејзните другарки веројатно, abeja исстапува со еве го ебачот (очигледно многу ебачи ве имаат замарано на форумов), мими тврди дека знае какво е моето мислење по тоа што го прочитала насловот на темата што сум ја отворил.

    Сериозно?
    Немате ниво ни култура на дискусија.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    за потсетување:
    И ти ќе ми зборуваш за ниво на култура на дискусија? Засрами се. Ти можеш другите да ги критикуваш и исмејуваш а кога некој ќе се сврти против твоите ставови, одма се жалиш како другите не знаат да дискутираат? Ма ајде, ти си маж, мораш да поминеш низ овие дискутабилни работи и без нервоза и навреди да го искажеш своето мислење. Или не?
    Тоа јас како истапив, беше соодветно на твојот пристап кон моето мислење што си го цитирал и потполно добро те сфатив иако ти после тоа се обиде да направиш добра камуфлажа. :lol:
    Еднаш кога ќе кажеш нешто, во иднина тешко е да го измениш без притоа да признаеш дека си погрешил и затоа го менуваш мислењето.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не тврдам јас ништо туку се шалев и затоа реков да ги оставиме твоите погледи за брак настрана , ти искажа став дека си сомничав дека постои доживотна верност и љубов и според постовите во таа тема заклучив дека сакаш еден вид полигамија бидејки не веруваш во бракот како институција , можеби грешка сум те разбрала и се извинувам доколку те навредив :)
    Впрочем твоите гледишта какви и да се не се тема на дискусија и не мора да навлегуваме во нив .
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    1. Засрами ме.

    2. Јас ги исмевам мислењата што ги сметам за глупи.
    Не навредувам. Не инсинурам, како тебе: „некои очајни за љубов и внимание да најдат утеха во нападот“, и како Теси, што од два три поста тотално ме скопчала кој сум и каков сум. Не користам straw-man аргументи. Читни малце ако не ти познат терминот http://en.wikipedia.org/wiki/Straw_man_argument.

    3. Апсолутно не! Нема причина да трпам нешто само поради мојот пол. Тоа е сексистички став. Не прифаќам родови улоги, тоа е остаток од патријархалното општество, а јас застапувам родова еднаквост.

    4. Не беше соодветно и токму затоа ти кажувам дека немаш култура на дискусија.



    Целава оваа дискусија беше тотален промашај.
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    ^^ Уште еднаш си потврди!
    И пак ќе повторам -еднаш кажаното тешко е да се преиначи со камуфлажа :lol:
    Во иднина не ги менувај постовите кои ги цитираш!
    Ниту јас те прашав нешто, ниту имаше потреба да одговараш по редослед.
    Ако јас барав одговори, јас ќе ги нумерирав прашањата.
    За се друго можеш одделно да цитираш, без да променуваш туѓи мислења, ако веќе зборуваш за потребно ниво за дискусија.
    Со тебе не може да се разговара за било што, изгледа си навикнат секогаш ти да бидеш во право и оној кој ќе го има последниот збор, само твоите се "паметни и интелигентни"мислења, другите не знаат што зборуваат, за џабе живеат и ги ценат вредностите во животот.
    Се плашам да напишам за да не бидам погрешно сфатена, но некаде наидов дека не си бил женет, сигурно тоа не е само поради тоа што ти не го прифаќаш бракот како институција? (Да не е дека никој не може да го прифати твојот карактер и неценењето на останатите луѓе, твојата себичност и желба за себедокажување?). Немав намера да ти навлегувам во приватноста, но кога веќе ти го нападна моето почитување и негување на љубовта како нешто свето, ете се дрзнав и јас на некој начин да влезам во твојата интима.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Слушај, ми досади искрено.
    Ми остави негативен впечаток и не гледам причина да продолжам да дискутирам со тебе. Ако се чудиш зошто во иднина не ти одговарам, тоа е зошто ќе бидеш на игнор.

    Не можам цел ден да се контрам со тебе за без везе.


    Имам 25 години. Рано ми е за женење. Тоа е главната причина зошто не сум во брак. Тоа, и дека не сум ја нашол вистинската со која би се нафатил на такво нешто како брак.
    Ете да ти одговорам, да не биде дека го избегнувам прашањето.
    Ај сега биди ми поздравена и се најдобро во животот. Кога ќе одиш в црква не заборавај да однесеш зејтин и да запалиш свеќа за твојот сексуален живот. Ај. Позз.
     
    На swrcii и BellaS им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ви ги прочитав мислењата и морам да кажам дека брачно неверство е едно, а предбрачен секс сосем друго. Не дека ја напаѓам хермоса ( која е најпримерна на форумов) ама предбрачниот секс нема врска со неверствата во бракот. Има што чекале до брак па после тоа партали се праеле, а има и тие што се наживеале, па после станале најпримерни сопруги и мајки
    Така да јас сум повеке за второво.
    Ако ја погленеме темата “ колку секс партнери сме имале до сега“ бројката кај некои е двоцифрена а сепак се најголеми противници на брачно неверство.
     
    На Gocaa, danielka0507, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ама кога пропагираш нешто со толкава сигурност , треба и да почитуваш на дело нели :wasntme:
    Ме иритира кога некој вели дека предбрачниот секс не треба да се практикува а го правел и самиот тој ...
    Предбрачниот секс го сметам како нешто нормално меѓу двајца кои се сакаат :!: но не и да се третира како спортска активност денес со еден утре со друг .
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    И мене ме доведоа во забуна некои мислења овде. Поназад во темава читам Анон бил против неверство, па нешто како да е против институција брак, па потоа вели дека уште не ја нашол вистинската за брак (значи планира да стапи во брак кога би ја нашол)
    А искрено, мислев дека човеков е околу 40 години, не знам зошто изгледа го помешав со некој друг од форумов а можеби и порано годините му биле сокриени на профилот.
    И не знам зошто влезе непотребно во конфликт кога и самиот е против неверство и тоа не само во брак, туку и во врска, судејќи според неговите мислења. Што му требаше да се прави "фраер" и да ги навредува оние кои на животот гледаат поинаку од него.
    Да си "фраер" значи да ги почитуваш туѓите мислења, особено женските во случајов а не да осудува и да омаловажува, навредува.
    Од неговите навреди потекна целава конфликтна ситуација во темава за кои тој никако не признава дека навредил па дури се осеќа "увреѓен"и веќе не сакал да прави муабет. :lol:
    Бидејќи знам дека и самиот повеќе би ценел девојка која ја цени и почитува љубовта и сексот како чин од љубов, одн.водење љубов, макар и свеќа да запали при својата молитва и не би прифатил неверство од истата, отколку да биде со девојка која скока од еден на друг и го гледа сексот само како физички начин да се здоволи нагон.
    Мило ќе му биде и кога девојка му се моли да биде се во ред со нив двајца, да бидат здрави, среќни и вљубени, да има надеж за нивна среќна иднина отколку да има покрај себе некоја која со прст нема да мрдне за нивната среќа.
    Но гордоста не му дава да признае некои работи.
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Видете, анон не е крив тука што си го кажа мислењето, сепак ова е компексна тема,1000 причини може да се најдат за неверство, а секој со свое размислување и став. Но, муабетот на хермоса и беше повеке од религиски аспект, а кој од нас е безгрешен или кој/а чекал/а до прва брачна ноќ, што значи муабетот не е зошто не ја почитуваме религијата. Како што кажав и од религиски аспект може да се најдат 100 оправдувања за тоа. Го нападнавме човекот како неможел да си го задржи во гаки а тој си кажа дека има 25 години и дека не ја пронашол вистинската, што значи не дека го оправдува неверството, туку дека нема врска со предбрачниот секс. Можеби баш тој ке биде најпримерен сопруг.
    Ај јас да прекинам дур не ми се нафрлите и мене :* :* :*

    И уште нешто, неможете да ги натерате сите да имаат исто мислење како вас, некои ке изневеруваат, некои ке бидат изневерени, некои ке имаат убав брак. Темава е за тие на кои им треба поддршка или совет, а не за меѓусебни препукувања
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Пу да те серат кокошките!

    Многу мрзам клетви и почнав да губам апетит :lol:

    Прва желба ми е -да не ме вара жена ми
    Втора желба-ако ме вара да не дознаам
    Трета желба-ако дознаам да не се нервирам

    Нема да се нервираш, НЕМА ДА СЕ НЕРВИРАШ, ИЧ НЕМА ДА СЕ НЕРВИРАШ !

    http://www.youtube.com/watch?v=W2_yrSUE49U
     
    На butterfly.mk, rici.aaaaa, Camellie и 1 друга личност им се допаѓа ова.