Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Tоа е мојот став ,т.ест мислење за бракот и сексот и тоа од верски аспект а не го спомнав ничиј сексуален живот тука ниту мојот ниту сакам да напаѓам ниту да ме напаѓаат само се изјаснив дека стварно не ме интересира кој мисли дали сум во право или не ,не за ставот ами за мојот личен живот од типот дека сум била заостаната како нивните баби.Tоа што јас сум го навела за предбрачниот секс пак ќе повторам е од верски аспект ,но не со цел да осудам некого аман побогу неможе ли да се дискутира без да се земаат лични примери,не е убаво да се напаѓаме ,но мило ми е сепак да има дискусија.Oна што е важно е дека сите имаме слободна волја и секој си прави и мисли како што чувствува,и баш ми е мило да дискутирам во ваква тема иако не сум омажена и читам разни ставови мислења ,значи сите мислења без оглед дали се исти како моите или не се.Mногу пати читам нешто светињи се спомнува,луѓе сите сме грешни кој не е грешен прв да фрли камен ,нели?Tака да ,кој го почитува бракот и водењето љубов како светост ок ,кој не пак ок.Mислам дека е убаво да се дискутира без да сме пристрасни,може :) ?
     
    На EvAngelos и tessie им се допаѓа ова.
  2. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Tоа е мојот став ,т.ест мислење за бракот и сексот и тоа од верски аспект а не го спомнав ничиј сексуален живот тука ниту мојот ниту сакам да напаѓам ниту да ме напаѓаат само се изјаснив дека стварно не ме интересира кој мисли дали сум во право или не ,не за ставот ами за мојот личен живот од типот дека сум била заостаната како нивните баби.Tоа што јас сум го навела за предбрачниот секс пак ќе повторам е од верски аспект ,но не со цел да осудам некого аман побогу неможе ли да се дискутира без да се земаат лични примери,не е убаво да се напаѓаме ,но мило ми е сепак да има дискусија.Oна што е важно е дека сите имаме слободна волја и секој си прави и мисли како што чувствува,и баш ми е мило да дискутирам во ваква тема иако не сум омажена и читам разни ставови мислења ,значи сите мислења без оглед дали се исти како моите или не се.Mногу пати читам нешто светињи се спомнува,луѓе сите сме грешни кој не е грешен прв да фрли камен ,нели?Tака да ,кој го почитува бракот и водењето љубов како светост ок ,кој не пак ок.Mислам дека е убаво да се дискутира без да сме пристрасни,може ?

    Ништо неам Хермоса против твојот став, верувај...Напротив тој е толку убав, но за жал за во некој друг розев свет...За жал во овој нашиов сегашен не е ни приказна од минатото...
    Сепак сметам дека немањето сексуални односи пред брак не е воопшто причина за неверство...А некои форумџики мошне паметни кои застанаа зад твоето мислење и самите покасно се изјасниа дека имале секс пред брак со нивните дечковци, сегашни мажи...
    Сепак темава за брачно неверство не е тема за ,,секојдневно менување на партнери,, , како што го сваќа тоа Абеја и која зема за замав да навредува.
    Нејзиниот коментар кој се однесува на мене е толку прост што не би можела ништо да коментирам, туку само да се насмеам...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се насмеам на твојов коментар :rofl: , бидејќи во обраќањето кон тебе само ја коментирав твојата навреда за "бабите", си знаеш добро што и како.
    А ова со менувањето на партнери пред брак не беше наменето конкретно за тебе, тоа што сакав тебе да ти го посочам јас го цитирав и не знам зошто создавате непотребно материјал за оговарање кој и не постои во таква смисла во која го наведуваш, тоа си беше поврзано со нешто друго, да не се повторувам.(а и прави разлика помеѓу секојдневното кое не сум го рекла а си го цитирала како мое, со честото кое јас го напишав)
    Ако зборуваме за прости коментари јас тебе би требало да те цитирам и да ти речам-"еј ова како баба ми да го напишала" :P :rofl: во твој стил, нели?
    Затоа најдобро да оладиме, кој сака нека се ебе со други за време на брак, кој не сака нека не го прави тоа и нека си води љубов со мажот/жената своја и никој да не се замараме за другиот, зашто штом отвори некој тастатура да напише нешто одма се омаловажува и навредува, се прави заостанат итн...

    Иако форумов е виртуелно место каде си земаме слобода да бидеме "слободни", сепак мислам дека многу е напорно кога се докажуваш со некој за општи и секојдневни работи. Еден вика црно-друг бело е, а пак сивото преовладува. Од стресното секојдневие ова катче го правиме уште по напнато наместо на ова место да се релаксираме и да си споделиме нешто убаво и ново. Мешаме баби и жаби, се правиме кој од кој попаметен, поинтелигентен, поначитан.

    Треба да научиме да се пронаоѓаме на средина.
    Како што испеа Неда Украден (мислам дека беше она) - да се наџемо на пола пута (пола пољупца ти пола пољупца ја :rofl: ).
    Интересна идеја. 8) :geek:
     
    На Glasna, hermosa, danielka0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    А ова со менувањето на партнери пред брак не беше наменето конкретно за тебе, тоа што сакав тебе да ти го посочам јас го цитирав и не знам зошто создавате непотребно материјал за оговарање кој и не постои во таква смисла во која го наведуваш, тоа си беше поврзано со нешто друго, да не се повторувам.(а и прави разлика помеѓу секојдневното кое не сум го рекла а си го цитирала како мое, со честото кое јас го напишав)

    Ова знам и дека неможе да биде наменето за мене бидејќи и неможеш да знаеш дали јас сум имала 100 партнери или пак само еден...Едноставно не е за темата...
    Сите ние овде( а посебно оние кои се во брак) не го оправдуваме неверството...Но факт е дека се случува и тоа често, и не дајбоже никому...Мене ми се случило со долгогодишна врска, знам колку боли, па што треба да правам, да ги нарекувам неморални и да ги вреѓам тие жени кои одат со зафатени мажи...Не, тие и не се криви толку колку партнерот што вара..Фала му на бога што ми ги отворил најпосле очите да видам дека тој човек не е за мене...
    А што според мислењето на Хермоса кое го подржувате , јас сум требала да останам сама, бидејќи веќе сум била со еден... :D ...
     
    На okcenzi, BellaS и Abeja им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Kажав јас да се дискутира ,и кажав дека мислењето е од верски аспект но не со цел некој да останел сам или незнам ти што ниту пак за да го опишам мојот живот.Aман побогу сакав само мислења да чујам како тоа звучи ,а не она македонското демек сите одма мора да се троа морални,секој е приказна за себе.Tуку ,да го оставиме тоа ,само да надополнам мислењето ми е баш затоа што сум се разочарала откако сум дошла до некои лични заклучоци ,но никако не мислев да осудувам никој затоа не се карајте и некој ако мисли дека сум забегана или слично не се лутам зашто не ми беше целта некој да мисли нешто за мене туку како изгледа отстрана мојот став теоретски .Jасно ми е дека да се нема предбрачен секс е тешко,речиси невозможно само ја разгледувам опцијата што ако беше спротивно дали од морален аспект тоа е исправно но ова теоретски ,не некој тука за својот живот да кажува туку ставот да си го искаже.Mислам дека личностите кои имаат многу партнери пред брак веќе се прељубници а да не спомнувам во бракот после,значи мислам дека проблемот е во тоа што во предбрачните односи акцент се става на физичкото задоволство повеќе,но секако се сложувам и дека има разлика од човек до човек.Tоа било отсекогаш така неверство си имало и ќе има секогаш ,а што е со божјата заповед не врши прељуба ,зошто тоа не се почитува ,ете како размислувате кажете .Mногу ви благодарам за сите корисни мислења воопшто на ова тема бидејќи секогаш е добро да знаеш повеќе ,ете посебно на оние кои се брак и како размислуваат тие личности.
     
  6. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Хермоса, токму оваа страна е за многу од нас да го кажат своето искуство, а и исто има и жени кои се исповедаат дека веќе го направиле неверството и бараат помош и совети од сите нас.
    Тука сме да им советуваме што и како понатака, а не строго да ги осудуваме и најлошо навредуваме... Тука сме и да си кажеме се што ни лежи на срце и душа, а тооа неможеме никаде на друго место...Секоја чест на оние кои без срце и душа растураат семејства, но зар ќе бидат среќни...Но тука има и феминки кои го направиле несвесно тоа, и бараат помош што и како понатака...
    Јас искрено денес сметам дека неверството највеќе произлегува од борбата за егзистенција и..Се скључуваат материјални бракови без љубов...Капка млади убави девојчиња одат со женети мажи за подобар живот, за парче гардероба, за работно место, за финансирање на студии..
     
    На Male4kaE, hermosa, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.471
    Пол:
    Женски
    Ретки се оние кои се исповедаат тука за неверство, а бараат помош и насока. Барем јас ги немам сретнато. Камо тоа да го бараа ...

    Почести се оние кои се фалат со тоа као да се највечи фраери у маало, а нас у моногамни врски/бракови не` праат баби/дедовци/глупи/затуцани, имаше дури еден шо претпоставуеше дека сме ружни и дебели :D па после кога некој ќе им плесне во фаца што всушност прават, се наоѓаат дубоко “увреѓени“ ко шо вика Абеја. :D Или ќе изиграваат Ана Каренина (у мушко или женско издание), правејќи си го партнерот подоле од г**но, во потрага по виртуелно тапкање по рамо за да продолжат понатаму со швалерај. А за развод, ќе ти речат дека не се така слободно воспитани како тебе да си дозволат развод. Па од нивното, послободно васпитање, амин. :D

    A за она погоре што го пиша, да, сум била со некого пред брак и по некоја среќа тоа бил мм (да не ни` одело секако дека ќе сме се разделеле и ќе сум била со друг, не дека сум со крстот на чело) и ја одбранив хермоса затоа што таа никого не осуди (побогу ниту себе не се спомна во која група е), само изинтерпретира одредено религиозно учење кое не знам дали држи вода или не, но дефинитивно не беше предмет за толкава галама и арогантен однос. Мислам да беше и јас ќе осетев потреба да ја нападнам. Ако таквиот стил на живот и` одговара и може да истрае, секоја чест.
     
    На rici.aaaaa, Abeja, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Tеси,ти багодарам на се што кажа :) .Tоа сакав ,да чујам разни мислења за ова и плус како што споменав баш е убаво што има такви бараат совет,мислење и ете многумина кои советуваат,тоа е убаво .Aма,никако не го сфаќам тоа некој ако каже нешто одма да се напаѓа ,како што некои ме сфатија мене но ајде помина и се разбравме.Jас лично не се разликувам од останатите,секако обичен грешник сум,само се преиспитувам себеси што и како би направила во иднина,и многу е лесно кога читам и другите како функционирате во брак ,без разлика дали сте повредени или среќни,јас гледам доста поука во тоа,оти знаеете како се вика едно е како го замислуваш бракот а сосем друго е што ќе се случи во реалноста.
     
    На vinozito1, Abeja и tessie им се допаѓа ова.
  9. zenska007

    zenska007 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Како да дознаам кој ми е полубрат но без да ги прашувам мајка ми и татко ми ?
    Сигурна сум дека постои но како може да дознаам кој е?
    :( :worried:
     
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Прашај го тој што ти ја дал информацијата дека имаш полубрат :)
     
  11. zenska007

    zenska007 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Мајка ми ми кажа коа бев малечка и не обрнав многу внимание, а сега ме е срам да ги прашам ... :(
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Интересна тема! :)

    Еве јас како го сфаќам иневерувањето:
    - Кога изневерува човек, се изневерува сам себе!!! Значи човек не е доволно силен за да може да се контролира, па паѓа на шарм и уништува нешто што се градело со години. Значи градиш куќа цел живот, и ја урнуваш оти ти се свиѓало некое станче под кирија. Баш така ми изгледа. Партнерот ме прифатил онаква каква што сум, ми ги научил мааните, ме поддржувал во тешки моменти, се радувал со мене во среќни моменти, и јас да го изневерам со некој што само што се појавил во мојот живот. И од каде знаеш дека тој е подобар? Што ако по некое време и тој ќе си ги покаже роговите?
    Некој спомна монотонија во бракот. Па ако си монотон човек, ќе биде монотоно, не само со сопругот туку и со швалерот во иднина!!!
    Јас не би изневерила, и верувајте, многу би била повредена ако сум изневерена. Се работи за принципи, за свое ЈАС, за самоконтрола и самопочит.

    А за тие со несреќни бракови - прво развод, па после секс. Кој би сакал да го извалка образот на: самата себе, децата, мажот, родителите!? Зошто воопшто да се мажам ако не сум спремна за моногамија?
     
    На Winterborn77, ilipili, pikolino и 6 други им се допаѓа ова.
  13. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Јас сум тазе во брак .. И имам цврст став во врска со оваа тема доколку би поминала 20 години со мм и сум формирала семејство зашто тоа да го уништам за 10 мин уживање со друг маж да би била разведена доколку би имало малтретирања од страна на мм а не да имам етикета се разведе зашо го изневери жена му тоа е мое мислење... Имам чист пример од сестра ми постара е 6 години и е во брак скоро 5 години и го изневери зет ми и тој дозна но сеуште ме чуди како можат заедно да бидат :^) .. Јас дур сум со овој памет не би го направила тоа и нормално ке си го чувам бракот за да не ми го направат тоа на мене и нема да простам никогаш неверство .... :)
     
    На Emotional123 и okcenzi им се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Е ова Брачни неверстваме натера да си напишам за мене.За некој ќе биде глупост но за мене не е...
    ММ после се што претрпевме ме излага со најбедна лага демек ке оди да работи,а тој си се шетал низ"пазар' знаејки колку ми значи неделата еден единствен ден кога сум слободна!Но г-нот сакал сам да шета кога и да му се јавев мислејки дека работи тој или не се јавуваше или ми велеше само миг....
    на крај дознав и го прашав зошто ме лажеш ,дали знаеш дека изневерувањето започнува вака....се изнасмеа и ми рече ти си луда :fubar: ! Добро. :clap:
    Но да знаеш дека ќе ти вратам!
    Тогаш ќе ми кажеш дека сум луда!!!
    така и направив.
    Се собравме пријателки преку ден без да знае тој и си бевме во кафич се дружевме онака кеифски....му кажале колегите каде сум била и г-нот лут ми се дере.... како си замислуваш ти?
    мене ли да ми кажуваат?!
    А што тоа му велам,не разбирам за што се лутиш? Само сакав да бидам сама како и ти бе! виде какво е еб**о чуство е кога некој друг ти кажува а ееее така ми беше и мене!!!
    И сега сфакам зошто доаѓало до брачни неверства баш од вакви банални работи нажалост јас бев таа и се колнев дека мм не ме лаже а тој брате бил како близнак на михаузен....
    Неверството психичко е потешко од она физичкото....нормално за кого како....затоа верба во никој терајте си го животот како вие што сакате не фермај те никој ни под разно....
     
    На eva11, mime87, SimonaTino и 6 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.471
    Пол:
    Женски
    Мила ричи, еве и јас така донекаде можам да гарантирам за мм затоа што токму тоа му е најодвратно нешто на светот, се караме и сме имале кризи за сосема други причини. Но, еве, човекот некогаш знае (и сака) да стане ѓубре и на тоа ние не можеме да влијаеме. Она на што може да влијаеме сме самите себеси. Да си го гледаме здравјето, да се ослониме и да сме им благодарни на оние кои ни` даваат поддршка и не` полнат со позитивна енергија и да се трудиме од петни жили да се дочекаме на нозе од вакви ситуации. Тие што плукнале на сопствениот дом нека се чувствуваaт изгубено вон заедницата со нас, не ние.
     
    На H.VAGA, imelda и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  16. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    На едно друга тема го имав дадено истиов пример:
    издуван момак, поминал све и свашта си бара невина девојчица за да си тера долг и среќен живот до крајот на животот :D , арно ама кога се “договарал“ направил катастрофална грешка, :rofl:
    ј*би га, и најјачи фраер 8) једном греши али занавек.
    Заборавил да праша кои се нејзините намери за после склопување брак.
    Добил гаранција само дека ќе биде прв, али “изумил“ да праша дали ќе биде и последен :D .
    Неизживеана типкица, и то ... за 2-3 години рогови до небо.
    Ај наздравје, многу јак фраер.

    Напомена: :D примеров не е тенденциозен, да се разбереме, само примерче си давам, онака од животната околина што не опкружува :lol:.


    Ако се гледа од верски апект, чистотата треба да биде критериум за двајцата , а не само демек она да била девица. Па џабе е, се соединуваат чисто со нечисто, исто ти е.
     
    На jacqueline.s, Glasna, eva11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Може некоја феминка ке каже дека и овде го трујам форумот навикната сум на тоа но сепак да си ја кажам маката. Денес за прв пат мм скри од мене разговор со пријател прво телефонираше скришно потоа на фб пишуваше со колега и разговорот го избришал но за срека заспал баш кога колегата му напишал порака „НАЈДИ НЕКОЈА ДОБРА„ а мм возвратил „КЕ ВИДИМЕ УТРЕ СЕКАКО ДЕКА КЕ НАЈДЕМЕ ДОБРА„ и на тоа доби одговор тел број кога го прашав ШТО треба да му најдеШ ми реЧе незнам велам како незнаеШ кога му велиШ ке најдеШ утре добра пак ми одговори незнам. Се праШувам дали можеби ме изневерува или погреШно сум сватила бидејки тој се ми кажуваШе на кој што раб му завршил или што ке му заврШи а денес ми одговори со „НЕЗНАМ ШТО ТРЕБА ДА НАЈДАМ„
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Можеби има проблем со памтењето. Прашај си доктор.

    Потписот секој ден си го менуваш или сам си оди автоматски? :D
     
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Немам обичај да зборувам за проблемите но ете некако вечерва ми натежнаа .

    Станува збор за емоционално неверство. Сите викаме дека и тоа е доста сериозна состојба ама ете се тешам со тоа дека низ памет секојдневно ни поминуваат многу мисли па не ги земаме за сериозно па тогаш зошто емоционалното неверство би зеле како такво.

    Летово пред месец дена дома дознавме дека татко ми контактира со поранешна девојка. На телефон и на меил. Госпогата е од Романија така да барем тоа е оленителна околсност што знаеме со мајка ми дека неможат така лесно очи во очи да се сретнат. Нивната врска била доста сериозна и татко ми бил многу вљубен во нејзе. Требало да се земат но таа со друг се земала. Нејзиниот сопруг е сега починат па почнала да го контактира татко ми ,наводно затоа што летово кога одела на одмор во Грција поминала од Македонија и помислила на него.

    Мене лично не ми смета контактот иако сметам дека некои врати треба да останат затворени за секогаш особено кога поминале толку години и сега имаат нови семејства. Проблемот што ме мачи е следен. Имам чувство дека татко ми во целост ја нема преболено госпогата. Му го имам пасводот на меил( и ужасно лошо се осекам што зад грб му роварам), и секојдневно читам пораки од нив двајца. На татко ми пораките се со доза на каење по минатото и нивната неуспешна врска. Како што кажав осекам доза на непреболеност од негова страна и тоа многу ми смета бидејки сметам дека половично е присутен на емотивен план во мојот животот и во животот на мајка ми.

    А мајка ми ,што да кажам ... Дозна за пораките.Првите реакции беа бурни со развод и сл, но ете не дојде до тоа. Сепак ја приметувам жената не е тоа-тоа. Има некоја меланхонија и незаинтересираност во нејзините очи. Тага и очај. Вели -Ипод част ми е да мислам и да се замарам со тоа ,ама гледам дека се замара. Некако постојано е нервозна и со душевен немир. Некни нешто се скара со мене па ми вика -Пази што правиш во животот,јас мојот го заглавив со оној (татко ми) ама ти гледај правилно да одлучиш со кој ке бидеш.

    Дома функционираме ко и предходно.Нема тензија мегу нив двајца и расправии ама од друга страна ја осекам таа тензија во душата на мајка ми. Знаете она кога ке погледнете некого во очи и свесни сте дека пати ?!? Ете тоа е мајка ми. Да бидам искрена страв ми е .И двајцата се во години луге кога навасуваат болестите и здравјето. Страв ми е недај боже да не ја удри инфаркт некој бидејки знаете како викаат за него дека тивок убиец. Јас можам многу да поднесам ама старите....

    Свесна сум дека до развод нема да дојде а не ни сакам да дојде до такво нешто. Најчето молчам и оставам они да си ги решат проблемите. Се трудам да не завземам страна и да не критикувам.

    Сепак осекам немир и неспокој.Во главно за мајка ми.Страв ми е тој душевен немир да не се манифестира преку физичкото здравје.Сепак едни родители имаме. Не знам како да и помогнам,што да направам. Често ја викам да излеземе да идеме на сладолед до Палма да прошетаме да ја фати воздух,но некако нема желба. Всушност осекам ко да нема желба за ништо.

    Добро би ми дошол совет од некој попаметен од мене како да и помогнам и како да и го ублажам тој душевен немир.
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Желбата да се вкуси дел од старите добри времиња после толку долго време не е страна за многумина.
    И моите ги имам слушано како со задоволство зборуваат за нивната младост, па и за некои нивни врски и додека збореле блага насмевка им се разлевала низ лице. Интересни ми биле, не сум сфаќала трагично туку како повремено евоцирање фини спомени.
    Но кај вас е друго, некој добил храброст да проба да спроведе на дело. На госпожата од Романија и е полесно оти сопругот и починал, па нема што да изгуби. Татко ти е друга сторија, веројатно е на искушение, но што и да направи тој веќе ве повредил, а дали ќе оди до крај или е ова една фантазија за која полесно му е преку нет да ја тера тој си знае. Се надевам ќе се свести со време, ќе сфати како стојат работите (ако е паметен човек) и дека она што било нема да е исто сега...
    Тој што вели, се брани?
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.