Форумџика на годината

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Знаеш како, не дека се брани или барем јас не го сфакам така тоа,но првата реакција му беше на муабетот -Што мајка бараш да комуницираш со нејзе (грубо кажано) неговиот изговор ако така можам да ко наречам е-Па сум имал минато со нејзе и не гледам ништо лошо во тоа што комуницираме. Не е таа странец некој за мене па да ја игнорирам и да не и вракам на пораките и позивите.

    Далеку од тоа дека тој би заминал со нејзе и би оставил се тука .Мене повеке проблем ми е тоа што мајка ми од тогаш е западната во суптилна ако така можам да ја наречам депресија и меланхонија .Ако татко ми смета дека треба да комуницира со нејзе во ред негово си е.Крај крева да не му го знаев пасвордот на меил немаше ни да знам дека ете уште муабети со нејзе.

    Кога станува збор за тие слатки муабети од младоста конкретно и јас имав слушано за госпогава ама никогаш не го сфакав тоа толку сериозно.Онака во ред сите сме имале по некој што ни оставил трага па така и старите. Но работава стана сериозна кога прочитав дека тоа што не се земале односно што госпогата се земала со друг маж на татко ми му паднало многу тешко до тој степен како што тој сам кажува во писмата,почнал да пие го напуштил факултетот и не знаел кај тера. За некој да почне така да се однесува треба сериозен емоционален крах да му се деси а не само некој пролазен раскин.

    Али како што кажав во тој негов сегмент не навлегувам бидејки и онака не можам ништо да направам во врска со тоа. Мене поголем проблем и главоболка ми е однесувањето на мајка ми и грижата за нејзиното здравје...
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.257
    Пол:
    Женски
    Тешка ситуација, навистина. Правилно е родителите да си ги решаваат проблемите но секогаш не може да се остане рамнодушен, заправо никогаш кога станува збор за родители. И да те советувам остај не се мешај, се ставам во твое место и одма си ја замислувам мајка ми. Знам дека е правилно да се тргнам настрана ова си зборам од мој аспект но јас би разговарала со татко ми. Не би сакала да прави работи за кои мајка ми ќе страда. Јас лично на неколку пати на мирен начин имам разговарано со татко ми за работи кои навистина ја повредуваат мајка ми ( неговата преголема љубомора ). Знам некој ќе рече не се мешај, не е твоја работа ама пак не сакам и мајка ми да се нервира и плаче. Не би сакала здравјето да и се сруши поради него. Можеби еден мирен и разумен разговор со него ќе го вразуми, можеби таа е дел од минатото, но таа е личност која го напуштила и се тоа завршило ОДАМНА. Некој ќе рече па тоа се само пораки. Сепак на твојата мајка не и е сеедно а верувам и тебе. Пробај да разговараш со него, можеби ќе помогне. Зошто да ја натажува својата сопруга за нешто што одамна поминало. Таа не се сетила на него додека сопругот бил жив, сега и текнало, би требало да биде свесна дека би можела да створи тензии во едно семејство. Незнам, можеби грешам, тоа е мое мислење. Се најдобро ...
     
  3. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Kade sum si go smenila potpisot?Izvinete za latinskiot od mobilen sum vklucena. A inaku pogresno sum razbrala tel broj bil od lekar koj leci bradavici a inaku trebal da najde del za aftomobilot a mm utrovo mi kaza sinoka sonliv ne ni se sekaval deka sum go prasala
     
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ова не треба да се занемари.
    Според мене може да биде мн. сериозно.

    Еве еден сосема иднетичен пример: иста ситуација, на времето биле голема љубов, арно ама тој додека бил војска, девојката го оставила и се жени со некој на Јадранско приморје.
    Дечково подоцна зе жени и има 1 дете. Поминуаат години и години,
    Жената се разведува, и се враќа во Мк.
    Повторно стапува во конакт со старата и љубов.
    На почеток се е онака неформално, пријателски :P, се разбира се до степен
    кога човеков се разведува со жената со која има дете и се жени со старата му љубов
    која со себе си носи и 2 деца.


    Арно ама по години и години, човеков се разболе (тешка болест) и умре.

    И се чудиме што денес се разболувале многу луѓето од ракови и незнам какви не болести.
    Па полни сме со гревови, блудства.
    Да се оставело жена со дете, за некоја стара љубов што на времето го оставила , и после
    ја прифаќа со две туѓи деца?

    Девојче, не го занемарувај проблемот.
    Тешко е да се дава совет. Ќе ти кажам јас што би на правила во оваа ситуација.
    Јас како ќерка лично би и се обратила на таа г-жата , старата љубов.

    Инаку кога нема хармонија меѓу родителите дома, тоа се рефлектира и на децата, на несвесно ниво, и после во животот има последици. Не е ништо така безазлено.
    Таткото треба да се потсети дека има одговорност кон децата во смисол зачувување на семејната атмосфера. Не може во семејство секој да се понаша како ќе му текне.

    Откај па да знаеш дека сопругот во Романија и починал?
    Не е Велес или Битола да ја провериш информацијата!
     
    На Hipica, tessie, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Епа конкретно за сопругот на госпогата прочитав во нејзините меилови. Му има пишано дека пред некоја година починал,како наводно имала многу проблеми со него бидејки човекот бил алкохоличар и се разболел многу од тоа.Наводно многу се напатила со него ама ете жали за ништо ко у стил таква и била судбината и се носи со тоа. Таа има 2 деца кои си имаат свои семејства,постари се од мене некоја година.

    Комуникацијата со татко ми сака да и биде на пријателско ниво,свесна е дека си има ново семејство само ете и текнало на него после 40 години па сакала повторно да остварат контакт. Можеби си помислила дека и татко е во ситуација како нејзината па за утре би имала отворена врата за нешто повеке. Барем ја така ја сфакам.

    Иначе летово и пративме порака со мајка ми од мојот маил, се разбира културна порака без вулгарности и препуцавања но не врати ништо на тоа.На татко ми му кажала дека сме и пишале и му рекла демек -Не сакам да ти правам проблеми не ми беше таква намерата само сакам да знам што се дешава во твојот живот. (ова ви го прераскажувам бидејки многу пораки се и некои од нив се на романски јазик а јас мн мн во целост не разбирам)

    Сите муабети им се вртат околу тоа дека не треба да жалат што така испаднале работите мегу нив дека комуникацијата им е чисто пријателска.

    Уствари се започна со тоа што летово таа му имаше пратено разгледница или писмо не знам точно,дека летово ке проага низ Македонија па ваљда да се видат. Ама ја пратила на старата адреса што ни е односно името на улицава од пред 40 години. Бидејки нели ги менуваат имињата на улициве поштарот додека се снашол за која улица станува збор ,писмото стигна многу касно после месец дена и веке нејзиниот одмор и пролаз низ Мк. беше завршен. Најверојатно во разгледницата имаше оставено меил и продолжија така да комуницираат и по тел. Така да се прашувам ако на поштарот не му требаше толку време да ја најде мојата улица и ако татко ми на време ја доби таа разгледни дали ке отидеше до таму повторно да се се сретне со госпогата и да се видат.

    Стварно не знам што кажам.Како што реков јас тие работи не ги гледам толку трагично и сериозно ама па од друга страна гледам дека на мајка тоа и посмета многу и како што вика и сама -Многу сум навредена и повредена.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.474
    Пол:
    Женски
    А да го седнеш татко ти, здрав муабет да направите? Прашај го, ако било толку безазлено, дали би бил тој мирен на местото на мајка ти? И како не сфаќа дека ве повредува вас, луѓето кои во добро и лошо сте биле покрај него заради некоја хировита фуфица која е not quite sure што сака никад у живот? Заради некоја што не чека маж и` да се олади у гробот па да контактира со луѓе и да разорува фамилија. Затоа што тоа го прави, колку и да негира и да се прави со чисти намери. Ако не им се нечисти намерите, кој к***ац пишуваат на романски, демек со шифри?

    Дури јас што читав не останав рамнодушна, баеги ме вознемири случкава, а за тебе и мајка ти што го доживувате за тоа, можам да замислам. Некаде пишуваше за мајка ти дека свекрвата не ја обожавала, па се трудела на сите да угоди. Дали таа госпоѓицата би трпела такви работи? Не би рекла. Штом од врската избегала дури до Романија, во таа ситуација којзнае што би направила.

    Тоа е, постојат мажи кои повеќе ги привлекува извисување отколку ли угодување.

    Затоа ти препорачувам, не се впуштај во ветувачки врски со никој пред убаво да му го дознаеш минатото. Дали има расчистено некои работи и сл. Тие недовршени работи и по 30год знаат да праат бељи.
     
    На Emotional123, anggell, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Не можам да го сфатам татко ти- го извисиле, го оставила типката за друг, и сега после толку години пошто и е досадно и сака да си го задоволи егото и пак го контактира, да види дали уште е загреан за неа и може да го има, и он одма се фаќа на јадицата. |(

    Затоа во некои моменти (читај во многу моменти) ми е срам што сум женско, што го делам полот со вакви курвишта, манипулаторки.
    Гледаш каква е, не ви вратила на меилот, туку му кажала на татко ти, демек сака да се тргне, да не смета- аха и јас така мислам.
    Ако сакала да се тргне и да не смета едноставно ќе измисли нешто за татко ти да не и пишува повеќе и готово, ама таа го сака спротивното, сака да види дали уште може да го има него.

    А татко ти зарем нема гордост и достоинство веднаш да пресече, аман.
    Требало да и каже- што има да зборуваме, за што да се потсетиме, за времето кога ме остави? :devil:

    Немој да мислиш дека е несериозна работа, да не се изненадиш ако типката одеднаш се појави во Скопје или татко ти отиде до Романија, чисто да се потсетат на минатото |( :@
     
    На Hipster, senza.parole, De-lovely и 12 други им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Можам да разберам вакви глупости од млади неиживеани личности,прерано застанати на лудиот камен ,неостварени и не задоволни ама од старци од по 60 години.... Да не беше волку трагично навистина ке беше смешно да гледаш како некој на тие години ко небаре е тинејџер си прака пораки и се допишува.

    Благодарам на сите што одвоите време да напишете по некој збор и да споделите мислење.
     
    На MacenceEna и tessie им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    малку офф топик ке отидам ама морам да кажам
    секогаш мажите трчаат по тие што ги шутнале, за нив е тоа неосвоена територија. Една моја постара комшивка секогаш викаше дека мажите се како кучиња. Таа жена што ги сака и што ги почитува, таа е секогаш неинтересна за нив, зошто нема за што да се борат. Затоа жени никогаш не се предавајте лесно и немојте да бидете на “дугме“ па и макар и после 50 год во брак. Незнам како ке ме разберете, можеби глупо се искажав, но реалноста е таква
     
    На gothchick, butterfly.mk, TipTop и 2 други им се допаѓа ова.
  10. TipTop

    TipTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    54
    Потсети го дека повреденото его зборува од него,а не љубовта.Ако требало да биде среќен со неа,ќе бил со неа,но ете таа се омажила за друг,а животот му дал прилика навистина да биде среќен со мајка ти,со тебе,со своето семејство,а тоа што пак им се вкрстиле патиштата,можеби и тоа не е случајно, ете животот му дал прилика да и „врати“ со тоа што ќе и покаже дека е среќен со своето семејство и ќе го прекине секој контакт со неа.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не дека сум попаметна ама сигурно повозрасна од тебе...
    Очигледно дека нешто не е во ред со татко ти и мајка ти (што ти најверојатно не си ги воочила) па сега му годат вакви екскурзии на мозок. Свати го како втор пубертет на татко ти кој ќе му помине. Престани да ги читаш неговите мејлови и дај потполна и целосна подршка на мајка ти. Таа е таа која треба да превземе иницијатива и решавање на проблемот. Знам дека имаш изгубено доверба во татко ти и сега го гледаш со други очи ама навистина тоа не е твој проблем туку на мајка ти и татко ти, и сега малку потешко ќе биде за да ја вратиш првобитната слика за него. Верувам дека и тој е свесен за тоа.
    Мајка ти треба да се избори сама и да го надмине ова. И ја гледаш тагата во очите затоа што е во меланхолија и не знае што да прави и и` треба рамо за ,,плачење,,. Не е твое да го осудуваш и да му судиш а најмалку да го седнеш и да разговараш со него за таков пронблем. Не велам дека не си зрела или слично ама мајка ти е таа која треба да го реши проблемот.
    Биди уз неа и охрабрувај ја да не ги фрла така во вода поминатите години со татко ти, затоа што се само нивни и како такви ќе останат убави спомени. Не дај боже, ама има и побетер да запали кола и да оди да ја бара по светот. Мајка ти, а не таа госпоѓа била изборот на татко ти тогаш и така и ќе остане....со малку труд ќе ја врати во живот искрата на љубов меѓу нив дваица
     
    На imelda и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    ...
    Мислам дека ова е проблем меѓу твоите родители,и тие треба да си го решат.Ти можеш да дадеш само подршка која се кладам дека знам за кого ќе биде.
    Од друга страна да го разгледаме проблемов со други очи.
    Значи татко ти бил многу заљубен во неа,таа раскинала со него но очигледно не и тој со неа.Или пак можеби поради далечината останале некои работи недокажани,некои чувства неразберени ,некои постапки несфатени.Мислам дека треба да прифатиш дека тој имал живот и пред вас,а сега кога дотичната се вратила него го копка што би било кога би било.Ја разбирам и мајка ти дека е во теснец,ја разбирам и нејзината меланхолија.Само знаеш што е различно,што сега постоите ВИЕ.Не верувам дека ќе сака да продолжи со неа,или да има нешто повеќе зашто таа игра може да биде меч со две острици.И не верувам дека ова му е втор пубертет ,туку едноставно оживување на минатото.Најголемиот товар го носи татко ти,и мислам дека не е фер да чепкаш по неговиот мејл ,понекогаш кога помалку знаеш полесно е .Зашто нема да бидеш заслепена од бес ,лутина...и не го осудувај човекот зашто не знаеш како и колку ја сакал неа.Кога двајца луѓе ќе влезат во врска во која пршти од емоции,не размислуваш за утре размислуваш само за денес.И тој така живеел очигледно се надевал...и останал сам.Да,сега е во брак со мајка ти,те има тебе а тоа е една сосема нова љубов и одговорност.И јас да сум на твое место, наместо да излегувам само со мајка ми ќе ти натерам двајцата да излезат со тебе.Затоа на неа не и се излегува,зашто тој не е присутен со вас.Не го оддалечувајте човекот со сила,дајте му шанса да повторно сфати какво богатство има дома.Некогаш е потребно да дојдеш до ивицата на карпата за да во последен момент некој те повлече назад.Играј паметно и внимателно,значи семејството заедно ,без нервози,без викања и осудувања.
    За крај би кажала сепак се е во рацете на татко ти,ама и вашата подршка игра голема улога.Ако му го свртите грбот за него тоа можеби ќе биде подстрек да направи нешто непромислено.Значи семејството заедно,без оддалечување и без осудување.Секоја бура има своја јачина и свое затишје.И се поминува.
    Само семејството останува.
     
    На senza.parole, midnight.flower, artemidis и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ги прочитав сите постови на СуперГирл, ама некако не оформив слика за тоа како татко и` се однесува спрема Романката.....што пишува во мејловите, освен тоа дека „нема потреба да се каеме за минатото“?
    Реченицата погоре е малце замрсена....тоа сигурно прво потекнува од неа, зошто сака да се испери за гревовите спрема татко ти, па работата е „Јас не се каам за тоа што го направив, иако (пази!) немав убав живот со мажот ми оти беше алкохоличар, а не треба ни да се каеме за тоа што (не) го направивме јас и ти заедно“. Ем го фаќа на картата „лош живот без тебе“, ем „да го избришиме минатото и да сме сега пријатели, за добра стара времена“.

    Ништо од ова не е страшно ако татко ти е смирен и знае што сака, затоа ми фалат податоци за тоа како ТОЈ се однесува во ситуацијава. Не е тешко да се забележи човек кој не е присутен со мислите, кој има друга/друго нешто на ум, кој се кае или уште полошо - нешто планира....

    Јас сум релативно феминистка кога станува збор за машко-женските односи, секогаш велев „Е зошто јас да му угодувам и да бидам смирена, а тој е тој што е на чекор од глупост?!“, ама сега мислам дека на мајка ти е редот да остане смирена...никој не бега од убаво, тоа сите го знаеме. Мајка ти и татко ти имаат нешто што тој, и СЕГА да замине со другата, нема до крај на животот да го доживее, и тука треба да е нејзината карта.
    Не сум паметна да кажам дали ти треба да се мешаш или не....знам случај каде синот спаси развод зошто расплакан застана пред неговите и им рече „Мене ми требаат и мајка и татко, не да чукам на 2 различни врати за да ве видам“, што за нив беше ШАМАР од кој се освестија и се оправија. Можеби и на татко ти му треба такво нешто, ама НЕ во непријателска средина или со обвинувачки тон, зошто тој реално нема ништо направено нели, туку смирено, со разбирање за „пријателството“, со „наивно“ нафрлување на сите ваши убави и значајни моменти и целокупно окупирање на неговото внимание.

    Ти секако застануваш зад мајка ти, нормална е таа реакција, ама не го отфрлајте татко ти предвреме....

    Колкава е зачестеноста на комуникацијата?
     
    На Hipica, NoellePage и imelda им се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Точно до збор и најдобар начин да и врати, но сепак не сите луѓе ставаат крај на некоја работа од минатото. Јас мислам дека освен разговор со него, треба да се направат и др работи: како на пример да го потсетува татко и кога била мала што тој направил за неа, што сега прави за неа/ нив инт, за да може да му ја прекине таа жед за изгубената љубов. Сепак и тој е човек и има чувства, но сега е само збунет. Некои жени ( вампирки) се поспособни и затоа нетреба да го остави татко и сега сам а цело време да биде до мајка и, зошто така ке се почуствува отфрлен и како да и го даваат на поклон на таа ..... но тоа никако. Ако нема мајка и снага да се бори, тогаш треба таа да превземе повеке, зошто керките се миленичките и повеке може да влијае од било кој.
     
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Мојра комуникацијата им е секојдневна ,секој ден се допишуваат раскажуваат каков бил нивниот живот во изминатите години. Како што кажав дома нема нарушени односи,караници и префрлувања.Функционираме како и порано со тоа што се приметува дека мајка ми е длабоко повредена од таа постапка на татко ми. Нема поделба и презир.Јас секогаш сум била многу блиска со татко ми и тоа така ке остане засекогаш. Дури и во тие моменти јас не свртев грб туку му покажав дека за мене пак е истиот човек со најбанални работи од типот -Тато ај да гледаме филм,или ај заедно да работиме економија пошто полагам сега во септември...Значи се трудам да му покажам дека тоа не мења ништо во нашиот однос. Сеуште навечер коа ке се вратам у ниедно време му прераскажувам што сум правела и кај сум била,едноставно не сакам да го исклучам од мојот живот и да му кажам -Е сеа пошто ти така направи јас ке почнам друга песна со тебе да пеам.

    Како што кажав комуникацијата мегу нив во главно е евоцирање спомени со доза за носталгија за тоа време. Госпогата си ја раскажа нејзината животна приказна за сопругот алкохоличар за проблемите што ги имала со него за неговата смрт како резултат на тие проблеми. Се се сведува на тоа -Свесна сум дека имаш ново семејство дека имаш жена и дете кои многу те сакаат но сметам дека нема ништо чудно и грешно во тоа што јас и ти контактираме како стари пријатели и познаници.

    Како што кажав страна не завземам бидејки иако сум девојче од секогаш сум била многу блиска со татко ми.Без разлика што и да биде и каков и да е тој мене ми е татко и секогаш ке остане тоа. Но ете проблемот ми е што мајка ми е толку повредена од таа негова постапка па ми е страв да не се манифестира тоа врз нејзиното здравје. Како што кажав постари се имаат 60тина години кога здравјето почнува да се разнишува и секој стрес може да има и тек како погубно влијание.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Секојдневно е веќе многу.....мој личен совет е да го „натерате“ со убаво да прекине секаква комуникација со неа, зошто долгорочно проблемот може само да се зголемува.
    Лошо ќе стане ако почне на неа да и` кажува мисли, проблеми и да бара совети наместо од мајка ти, а натаму оди работата ако секојдневно комуницираат. Живот ко живот, до сега сигурно го прераскажале целосно, сега веќе ќе почнат да ја делат сегашноста, а тоа е лошо зошто така мајка ти може да падне во 2 план и да почне да се губи емотивната блискост меѓу нив...

    Зависноста, посебно умислена емотивно, е многу лоша работа....секако дека тој ќе комуницира со тебе, ти си му засекогаш ќерка, ама жена ко жена, утре може да ја смени, така? Мора да направите некако таа комуникација да прекине на неодредено време, додека му се избие „навиката“, а вие во меѓувреме ќе го обработувате во своја полза.

    И искрено, не би се потресувала многу дека разум изгубил кога таа жена го оставила и се омажила со друг, зошто сигурно се работи за период кога биле мноооогу млади, во раните 20те, а тогаш е нормално така да се доживуваат тие бродоломи....и мене истото ми се случи,па ене го дечкото женет е со 2 деца, комунициравме кога побара помош од мене за вработување. И се видовме, и муабет си направивме, и мејлови ми испраќаше со слики од децата, но во ниеден момент не го спомнавме минатото, немаше потреба од такво нешто, очигледно е дека и двајцата си продолживме со животот иако тогаш ќе се самоубиваше.
    Ми ја сфаќаш поентата? Татко ти е сега возрасен, не верувам дека него го води „изгубеното и пропуштеното“, зошто тој си проживеал, и се` уште живее, супер живот, ама НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ таа да му стане секојдневна навика!

    Исклучи го интернетот дома на неодредено, кажи дека има проблем, нека се одмори малце од се`...
     
    На tessie, Glasna и MacenceEna им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Mojра и да не е дома интернетот има интернет на работа во канцеларија.Впрочем тој од дома и не се допишува со нејзе него напротив на работа кога е ги пракаат пораките . Се додека тој сам не сфати дека од муабети за минатото си ја уништува сегашноста а можеби и иднината ,џабе и во Пуста Брезница да го пуштиш без интернет ,мобилен или било што друго.

    Како и да е ти ја сфакам поентата ,уште еднаш благодарам на сите што одвоија време да напишат по некој збор.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Јас пак ќе се повторам, дефинитивно на женава обраќај и се.
    Ако треба секој ден.
    Се додека не се откаже.
    И нека му кажува на татко ти колку сака.
    Татко ти ништо нема да ти стори тебе.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Според мене е глупаво и ниско Супергрл да и` пишува на жената.

    Моира, не можеш никогаш да знаеш со сигурност дали му е веќе сеедно на бившиот, иако има семејство и сте комуницирале најнормално- можеби само добро ги контролирал чувствата, т.е. добро глумел.

    А инаку Супергрл, да не ме сфатиш погрешно, пробувам да ја анализирам мајка ти, и мислам дека најмногу ја погодува тоа дека со татко ти никогаш не се поврзале во оној највисок степен, не створиле нивно, биолошко, дете.
    Те читав во темите за посвојување, верувам и сигурна сум дека те сакаат многу, исто и ти нив, и немам никаква намера да ти направам да се чувствуваш лошо или да те навредам, само анализирам што толку ја тишти мајка ти.
    Едноставно не се осеќа доволно вредно, не му подарила негово дете- мисли дека во неа е проблемот што татко ти пак си пишува со таа и пак го копка минатото, едноставно дека не го врзала доволно цврсто за да му ги избрише тие траги.
    Си мисли едноставно дека другата е повредна од неа, и тоа ја уништува.

    Тоа е само мое мислење и знај дека немав намера да те повредувам, само го разгледувам проблемот од аголот на мајка ти.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Kако што кажав во таа тема проблемот бил во татко ми што не можеле да имаат дете,па по таа логика тој би требало е личноста на која би и било тешко затоа што не можел да створи свое биолошко дете.

    Не се навредувам ниту ме повредува тој факт така да не сфакам никого погрешно на таа тема дека ете сака да ме навреди или нешто сл. :)