Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.594
    Допаѓања:
    40.031
    Пол:
    Женски
    SuperGirl24- Сум била во истата ситуација само не со мејл туку телефон.
    На него нема да му дојде така лесно паметот.
    Ние како нивни деца немаме некое големо влијание на нивните одлуки, по тоа прашање.
    Главна улога тука има мајка ти, треба да му објасни како стојат работите.
    Ова е на некој начин емоционално неверство, кое што недај боже може да прерасне во нешто повеќе.

    Мајка ти треба да напраи еден добар, здрав муабет со него и да му одржи една добра лекција.
    Треба да му објасни што направила она за него, а што таа никаква, безморална жена.
    Само мајка тии може да го натера да сфати дека греши и дека може да изгуби многу.

    На женава праќајте и пораки можеби не и светне малце во главата ама таа е жена без срам, без чувства, без образ, без лице, без морал.
    Татко ти незнам како може да биде толку наивен...покрај таква жена како што е мајка ти :x
    Многу ме погоди твојава ситуација, затоа што знам како ти е, сум го поминала се тоа.
    П.С сесилија не мора да значи дека секогаш е до жената проблемот кога неможе да се добие дете.
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^^Сесилија ако веќе се гледа од аголот на мајка и на Супергирл тогаш како што има напишано во темата за посвојување татко и имал проблем, не бил проблемот до мајка и.Сега жената може да е потиштена и навредена од постапката на сопругот кој комуницира со бившата а не ја почитува нејзината најголема жртва за него, таа не го оставила кога дознале дека проблемот е до него за немање деца, останала со него си посвоиле иако да била обратна ситуацијата има многу мажи кои ги оставаат сопругите кога ќе дознаат дека нема да можат да родат.
    Иако заедно со Супергирл си створиле семејство таа сепак ја направила најголемата жртва од љубов кон сопругот а тој сега на стари години се будали со некоја бивша која можеби баш од таа причина и го оставила.
    Искрено јас да бев на нејзино место ќе попиздев, ќе го изнесев проблемот на виделина да видам што и како мисли, било што освен тивко патење и молчење иако технички нема направено неверство сепак емоционалното неверство е на некој начин неверство можеби и полошо од физичкото неверство.
     
    На midnight.flower, LilBaby, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^^^ Не се согласувам, самиот чин на раѓање биолошко дете не е единствената врска што ги поврзува родителите, туку сите години поминати во подеми и растови, сите болести, сите среќи, сите први и последни работи поврзани со тоа дете. Нивната врска, од мој аспект, е уште поголема, зошто не е лесно да дознаеш дека не можеш да имаш заедничко дете и да се согласат и двајцата да тргнат во лавиринтот на посвојување. Во денешно време тоа е реткост, паровите после неколку години стресови, болки и разочарувања, најчесто потклекнуваат на притисокот и се разведуваат. Тие што решаваат да посвојат, според мене, се најјаките во сите категории.

    Не би да ги коментирам нив двајцата како пар, тоа СуперГирл си ги знае и знае какви биле пред „ситуацијава“, ама можам да го коментирам мојот бивши, зошто знам како ми се обраќаше, што ми пишуваше, што му беше приоритет во комуникацијата. ТОЈ НЕ ЖАЛИ ЗА МЕНЕ, и искрено многу ми е мило за тоа, зошто можевме најнормален муабет да си направиме. Не беше така во периодот после раскинувањето, едно 3-4-5 години, кога се гледаше дека му е тешко, и затоа го избегнував за да не му создавам дополнителни маки. Ама после 40 години???

    Не дека не постојат такви случаеви, сум читала за неколку, ама тоа е реткост. За жал, никој од нас тука не е 60 годишњак за да каже од искуство, па затоа само карикираме....јас за мојот случај можам да потврдам со сигурност, за другиот претпоставувам и само сакав да и` ги предочам годините и незрелоста во тоа време со целата таа ситуација и „тешко раскинување“. Јас сум скоро 100% сигурна дека тој не би ја побарал неа ако таа не го направеше тоа, и сигурно дека немаше да комуницира со неа секојдневно ако таа не му испраќала мејлови толку често.
    Проблемот во честата комуникација е во жената, која најверојатно си го пополнува слободното време, можеби со умисла да го смени правецот на животот во некоја подобра насока од таа што ја проживеала до сега, можеби само сака на убаво да се сеќава, не на проблемите што ги имала до тогаш....кој знае?

    И пак, не е толку проблем почетокот на „дружбата“, можеби сакала само да го поздрави, да види до каде е, ама проблем е фреквентноста на истата. Секој ден?! Па јас секој ден не правам толку муабет со мажот ми, иако заедно живееме :D ако се погодиме да сме на пат, со обврски и слично, не па на мејл да му кажувам секојдневни работи на некој кој сум го знаела пред 40 години.

    Разговор, за да се утврди што е тоа што го „натера“ да ја почне и константно одржува комуникацијата со неа. Тој проблем лежи ТУКА, не таму, не во минатото, затоа побргу откријте го и елиминирајте го.
     
    На rainlover, midnight.flower, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Да, да, многу е глупаво да и пишам јас како ќерка на бившата на татко ми од пред 100 години,
    а не е глупаво она на човек со фамилија и толкаво дете секој ден да му пишува. :o

    Супергрл не е мала, колку што видов има дечко и знае што е тоа да се има пред се емоционална врска со некој.

    Во оваа ситуација јас од мајката не очекувам многу, бидејки кога сме повредени сме со изменета состојба на свест. Не дека таа не треба да делува, но добив впечаток дека со ова случување жената е блокирана и и поради емотивната повреда не може многу да делува.

    Секоја активност на луѓето започнува прво со мисла, потоа следува разговор и
    на крај завршува со дело.
    Незнам колку ќе значи податокот, но ние од нашите родители не ѓи наследуваме само материјалните работи туку има рефлексија и од нивното духовно однесување поанатаму во нашиот живот иако станува збор за посвојување, сепак тие луѓе го чувале детето, го огледувале.

    Незнам дали на г-ѓата во Романија ќе и биде сеедно ако секој ден и се јавувам и кажувам да ми го остави семејството на мира.

    Ако ние грешиме во нашата врска, во нашиот емотивен живот кон/со некој партенер нема ли нашите родители да реагираат?
    Па не гледам зошто децата не би превзеле нешто во спротивна ситуација?
    Семејството треба да се брани!
     
    На adrijanka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Битерсвит- сум го пропуштила тој дел каде што е пишано дека проблемот за зачнување е во таткото.
    Штом е така, целосно се согласувам со твојот пост.
    И јас би попиздела, и би седнала отворено да разговарам, не би можела да седам мирна и во меланхолија, додека човекот на кого целосно сум се посветила, евоцира спомени и споделува секојдневија со бишата од пред 40 години.

    И на крај Супергрл, ти лично не можеш ништо да направиш, освен да ја охрабриш мајка ти да седне и најчисто и најисрено да си разговара со татко ти за појавувањето на таа жена, и за чувствата што ги разбудила кај него и кои се нивните планови.
    Само така можат да се издигнат над минатото, па ако толку сака да дојде таа жена, тогаш нека се види со сите вас, седнете сите заедно некаде, или нека дојде кај вас, па да види дека човекот не е истиот од пред 40 години, туку сега си има друг свет, друго семејство.
    Само така може да ја победите.

    А Ква, тоа што ќе и пишува секој ден да се тргне од татко и, само ќе и дава сила на жената- зарем не знаеш дека инаетот е опасна работа, кога некој ни кажува нешто да не правиме, најчесто намерно го правиме обратното, зарем не?
    Подобро да го пуштам непријателот на мој терен, да го проценам, отколку да покажам слабост.
    А и татко и кога ќе види дека никој не го напаѓа, туку дека сакаат да ја чујат неговата приказна и чувства, едноставно ќе се смири, затоа што никој не му забранил ништо, туку го сфатиле.

    Моира, те сфатив после овој пост која ти е поентата, некогаш кога немаме доволно податоци формираме неточна слика, па така и јас мислев дека средбата ви била набрзо после раскинувањето и дека тој во афект влетал во брак и створил деца, а не дека поминал период од 4-5 години и му легнале работите.
    Затоа сметаш дека 40 годишен период е и те како доволен за некои нешта да се преболат.

    Ама ете, секогаш кога некои нешта останале недокажани, некои работи недовршени, луѓето се прашуваат што би било кога би било- па така и татко и` на СуперГрл.

    Да резимирам, после се` што прочитав од сите, јас да сум на твое место Супергрл, ќе ја поттикнам мајка ми да каже што ја мачи, па долго, долго да разговараат- без кавги, без обвинувања, туку да се расчистат работите и нивните чувства за ситуацијата.
    Па после дури и лично мајка ти и ти да ја поканите да дојде и да се видите, да чуете каков бил татко ти порано и сл, само така ќе ја “убиете“ со вашата слога и единство па може и никогаш да не дојде, а ако и пишувате навреди и закани, само и го храните егото и желбата да го придобие татко ти на нејзина страна, а тоа не е вашата цел.

    Се надевам дека се ќе биде добро- ти ја пуштам целата среќа да се средат работите.
     
    На Annath, Bozica1980, Sweetheart87 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.472
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тој со кого требаат супер и мајка и` да разговараат е татко и`.
    А тој кој треба да пресече комуникација со таа жена без никаков образ и срам е ТОЈ самиот.
    Во спротивно, никогаш нема да бидете целосно мирни. И пак ќе останат недокажани работите.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642

    Низ животот научив дека некои мажи сакаат само еднаш во животот. Не дека нема да ги сакаат и другите после неа, но нема да ја заборават љубовта, ниту некогаш ќе останат рамнодушни. Можеби ова е еден таков случај.
    Според она што го читав во другите теми, мајка ти и татко ти поминале многу заедно. Тоа вреди да се чува. Мајка ти заслужува да биде спокојна. Јас ти советувам да разговараш со татко ти за кој сум сигурна дека неизмерно те сака, повеќе не само од таа жена туку и од се друго на овој свет. Дај му шанса да ти објасни зошто продолжува да и пишува, а потоа објасни му го твојот став и дека те боли тоа што мајка ти веќе го нема истиот сјај. Замоли го, нека ти вети дека тие допишувања ќе престанат, заради тебе, заради мајка ти, заради жената со која поминал толку години заедно, за жената со која се држеле за рака во сите тие тешки години. Кажи му колку ги сакаш и дека сакаш да ги гледаш заедно среќни додека Бог не ги раздели, затоа што, сигурна сум дека ти ова и подлабоко од мене го чувствуваш, овие луѓе толку многу го заслужуваат тоа. Сигурна сум дека ќе размисли, дека ќе те разбере.
    Ти си неговата сила, ти си му се на светов. Ти можеш да му помогнеш, верувај ми
     
    На Mayyya, Hipica, simply-red и 4 други им се допаѓа ова.
  8. adrijanka

    adrijanka Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Се согласувам со девојките кои мислат дека ќерката може многу да влијае и да помогне да се разреши ситуацијата во која се наоѓа семејството. Скоро сите родители за своите деца прават работи кои никогаш во животот не би ги направиле. Колку што можев да заклучам од текстот на девојчето , станува збор за едно семејство во кое односите меѓу родителите биле нормални се до поајавата на третата личност. Значи семејството не било дисфункционално туку функционирало. Овој податок е добра основа да се направи обид кој ќе даде позитивен резултат.
    На една моја постара колешка од работа бракот и го спасија токму децата. Во годините кога машките ги фака криза, тој почнал да посетува друга жена, дури и дома не се враќал. Женава цела изгубена, после 25 години брак, не знаеше умот кај и е, реченица не можеше да склопи кутрата.Почна седативи да пие. Од се најмногу патеше заради децата да не бидат деца на разведени родители. Не можеше да оствари никаков контакт со него бидејки тој се затворал кон неа.
    Тука ќерката одиграла гоелма улога, еден ден го чекала пред врата кај другата и му стои гледајки го немо. Човекот многу се засрамил, немал што да каже. Тоа бил крај на неговата авантура.

    Убаво е да се подржуваат луѓето во неволја, но треба и од опит да се збори, не треба да се негира ниту еден добронамерен предлог.
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  9. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Кога ќе се замислам, ни мене не би ми било лесно, по повеќе од 30 и кусур години брак, да разберам дека мојот сопруг се допишува со својата голема (а очигледно и непреболена) љубов од младоста. За мене тоа би било страшна навреда и големо разочарување. Ниту еден човек не може да биде заљубен во две жени, како што не може да седи истовремено на две столчиња. А да разберам дека 30 и кусур години јас сум пополнувала нечија празнина, сум била само резервен дел (додека да се врати онаа вистинската), колку да не остане сам... не депресија, не меланхолија, не знам што ќе ми се случи. Ќе ми се искине срцето.

    Претпоставувам, некако слично се чувствува и мајка и‘ на SuperGirl24.

    Прекинување на комуникацијата со таа жена, на иницијатива на татко и‘ на SuperGirl24 би било идеално решение. Но, тоа не е доволно за да се реши проблемот (меланхолијата и депресијата) со кој се соочува мајка и‘ на SuperGirl24. Проблемот би се решил кога татко и‘ ќе разговара со својата сопруга и кога ќе ја убеди дека бившата е само бивша и дека не му значи ништо, туку е само еден од многуте спомени од младоста. Дека ТАА (сопругата) е онаа вистинската, која му значи СЕ во животот (заедно со ќерката) и дека за нив двете (семејството) и планини би поместил. Само вакво едно извинување и убедување од негова страна може да го врати сјајот во очите на мајка и‘.

    Во целава ситуација, SuperGirl24 единствено може да разговара со својот татко, со цел да го поттикне да и‘ се извини на сопругата доколку ја повредил со ова негово однесување. И потполно се согласувам со овој дел од постот на Indonea:
     
    На Daydream, Hipica и Moira им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    супер грл што направи? Разговараше со татко ти? Дај пиши ни да знаеме како се одвива ситуацијава, па може ке ни покористи некад во иднина
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Па да ви кажам веке 10тина дена нема абер од госпоѓата,последно она му има пратено меил но татко ми ништо нема вратено на тоа. Од тогаш никаква комуникација нема. Се надевам дека така и ке остане. Дома сме ок,нема тензии и напети ситуции во главно сите сме ко тоа да не ни било воопшто. Ако видам пак да почнат да се допишуваат деф ке ве послушам и ке се вмешам и јас колку и да не сакам да им се мешам во манџата на возрасните.

    Благодарам на сите што одвоивте време да споделите совет и да напишете збор во врска со мојата ситуација.
     
    На mimiiiii, midnight.flower, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. stivenhoking

    stivenhoking Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    9
    особа Х - се жали на форумов дека муж и, ја изневерува
    особа У - се исповеда на форумов, дека има љубавник кој ја вара жена му

    и двете си помагаат со одговори, реплики......

    чудесна земја - Македонија
     
    На ariela09, HeidiDiWalt, delvi и 6 други им се допаѓа ова.
  13. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    oooo умрела темава беее :D :D

    Ај да ја живнам малку .Читам и повекето случаеви беа кога партенрот е женет а девојчето си е слободна.
    Но не ретко гледам ,читам, слушам за паралелни врски на мажена жена со женет маж.
    Знаци и двајцата си имаат фамилии свои со деца а они си одржаваат паралелна врска ?????
    Како е тоа кај нас го има често или пак редко ,што ги натерало и едните и другите на ваков чекор ????????
     
  14. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Еве јас ке ви кажам пример дека во мојот град има пар во кој и двајцата имаат фамилии и се гледаат :^)
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    Знам и јас за такви врски кај што двајцата си имаат фамилии а они си се гледаат и јас искрено нит осудувам нит оправдувам незнам едноставно сметам дека секој си прави како што мисли дека треба и која сум јас да го судам или подржавам
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    10 ФАКТИ ЗА НЕВЕРСТВОТО КОИ СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДАТ!

    Кога мажот изневерува автоматски помислуваме дека тој е несреќен со својата сопруга. Но можеби тоа не е така. Всушност истражувањата покажуваат дека 56% од мажите кои имаат вонбрачна афера тврдат дека се среќни во бракот. Но покрај тоа што се среќни во љубовта, многу од мажите завршуваат во кревет со друга жена. И се прашуваме зошто?

    Потпирајќи се на повеќе студии посветени на темата, експертите стигнуваат до следниве факти за неверството:

    Кога изневеруваат повеќето мажи се сеуште вљубени во својата сопруга!

    Мажите најчесто изневеруваат со жени кои ги познаваат – 60% од аферите се раѓаат на работното место.

    Мажите изневеруваат со цел да го спасат бракот?! Мажите ги сакаат своите жени, но не знаат како да се справат со проблемите во врската. Затоа далеку од бракот ги пополнуваат празнините и недостатоците кои ги чувствуваат.

    Мажите се мразат себе си после неверството!

    Мажите стануваат поактивни во односите со сопругата после неверството!

    Многу често жените знаат кога нивниот маж има вонбрачна врска! Претпочитаат да премолчат поради децата или да го избегнат понижувањето или евентуалното распаѓање на бракот.

    Жените изневеруваат исто колку и мажите и нивните неверства се многу поопасни!

    Неверството може да го спаси бракот?! Не секогаш но се случува. Мажите сваќаат со кого сакаат да го поминат остатокот од својот живот и дека новата врска не е толку добра колку што мислеле во почетокот.

    Дури и после спасувањето на бракот, на мажот може да му недостасува врската со друга жена! Генетика!

    Жената не е виновна ако мажот ја изневерува! Кога тој изневерува, тоа е свесен избор што сам го направил.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Ова дури ќе почне и утешно да звучи :rofl:
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ова сигурно го има пишувано жена
    мене не ми изгледа логичо
     
  19. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
     

    Прикачени фајлови:

    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Темава ептен замрела...Нема повеќе неверство...