Епа ке укинат и да укинат е работава а некој кој навистина би сакал да прошета низ Европа како нормален човек , ке му биде ускратена можноста Јас би ти препорачала Majli.15 да си се вратиш дома , нека не те гледаат како слугинка ..да не те лажат дека може работа да ти најдат ако немаш документи виза или било што работа не добиваш освен на црно ... па сега ти види , размисли си што е добро за твојата понатамошна иднина
да ама јас си продолзив усте 3 месеци да мозам да седам од главниот град од белгија го побарав тоа и ми одобрија исто така и од мк но дали ке имам проблеми дека не седам усте 2 месеци белгија тоа ве прасувам ама ок моја греска дека не ви објаснав добро...
Ама девојче не ми си сватлива воопшто. Последниот твој пост во темата снаи и золви на 1 февруари си напишала дека таа золва во Белгија,те третира како кралица,дека нема ден да не ти купи нешто. Нешто ми си контрадикторна. И за престој во странство макар и 1 ден повеќе од дозволеното,освен парична казна можеш фино лепо да добиеш и црн печат. Свашта
Ако сеуште имаш виза односно дозвола за легален престој нема да имаш никаков проблем да си замениш порано.Ти можеш да имаш виза или престој за 3 месеци,а да седиш 5 дена,проблем е доколку ги поминеш 3те месеци.
Majli.15,ќе го споделам моето искуство со тебе.сега баш странските земји се плашат од безвизниот режим,поточно од негова злоупотреба.јас така минатата година останав повеќе од 3 месеци и немав никакви проблеми,на словенската граница кажав дека сум била болна и затоа сум се задржала,но не значи дека сите поминуваат добро,има санкции и казни и можност да ти удрат црн печат.
епа ке тргам за мк а имам да седам усте 2 месеци ама подобро да си идам сепак ви благодарам многу за советите !
Ќе си земам за право да се вмешам.. Тоа што може да ти се случи е да добиеш парична казна (минимум од 300 евра се таквите казни, зависно од државата) поради непријавен престој. Не дај Боже да имаш поголеми проблеми. Мој совет е, ако треба таму и слугувај, издржи, се додека не те тепаат. Не си пошла за џабе, дај издржи, кога веќе си таму, видите со маж ти да можите да си средите документи. Ама и твоево е чудно. Одиш со него, сега тој сака азил, ти не сакаш. Па не се ова детски играчки.
ох драга да било така лесно да се добивале документи А азил на која основа би и дале ...прогонувана е од својата земја или или .... Џабе и да слугува и да робува кај семејството , што фајде од тоа би имала И иначе и мене не ми е јасно , дали јас не читам убаво или ти не се изрази убаво Викаш дека си како турист влезена во земјата без виза а после следното
Темава забега, но мислам дека е потребно да се разјаснат некои општи работи. Република Македонија има демократски систем на уредување и не се наоѓа во листа на земји во кои што индивидуалните или колективните права на луѓето се загрозени. Поради тоа, граѓаните на Република Македонија не можат да добиваат статуз АЗИЛАНТ во трети земји. Според новите правила, граѓаните на Република Македонија не добиваат право да престојуваат повеќе од 3 месеци или пак да се вработат во Шенген зоната. Доколку планирате да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да студирате во временски период подолг од 90 дена, имајте предвид дека пред вашето заминување, мора да поднесете апликација за виза за долг престој, дозвола за престој или работна дозвола во амбасадата или конзулатот на земјата во која ќе патувате. Не само што процедурата се обавува пред заминување во наведената држава и се добива виза (а ти си кажа дека немаш виза како турист си), туку и Македонскиот конзулат не дава одобрение или потврда за тој продолжен престој. И бидејќи си активна во темите за посетување гинеколог, по пишувањето делува со актуелни посети, со каков вид на осигурување ги обави здравствените прегледи?
имам убава вест ! нема да имам никаков проблем во граница само требело да сум платила 150 евра па цетврток тргамм ке се циткамо од мкк
да ке платиш на граница на магарска сигурно а дали ке бидат 100 ,150, или 200 зависи колку души ке бидат и колку ке побараат Друго многу си котрадикторна со размислувањата што ги пишуваш на одредени теми едноставно не ти се поклопуваат али ако мислиш дека некој лажеш грешка си најмногу се лажеш ти самата
Majli.15 информацииве што ги пишуваш малку се чудни. Најважно како што објаснија погоре на македонски граѓани не им се дава азил затоа што Македонија не е на листата земји во кои не се почитуваат човековите права. Тоа важи и за тебе, но исто така и за МАЖ ТИ. И него азил нема да му биде одобрен. Значи сега ти кога ќе си одиш, а тој ќе остане два месеца (како што ти кажуваш) за да ги среди документите, не ќе да се два месеца. Значи ако си отидеш разделеноста помеѓу вас ќе биде доста подолга од два месеци. Извини драга вака дирекно што ти кажувам меѓутоа дај информирај се убаво, да не ти сервираат тие таму од фамилијата половични информации
Па добро бре девојче, знаеш како викаат нашите северни соседи? Svakog gosta tri dana dosta! Ти си им отседнала таму на луѓето со месеци и очекуваш ништо да не работиш? Каде не плаќаш кирија (што во европска земја можам само да замислам колкава е), каде не плаќаш сметки, каде веројатно ни за јадење не трошиш, па проблем било дека ќе потсуредиш и ќе внимаваш на нивните 4 деца . Згора на тоа (сега те прочитав во темата Снаи и золви) си напишала: Ти купувала жената секакви работи (да ти се оддолжи дека и помагаш). Ама проблем било што таа ќе ја земела колата и ќе излегла. Па нормално дека ќе излезе, таа сигурно одамна чека таква прилика да има свој човек таму во туѓина, да и ги причува децата за таа да здивне и да обави некои свои активности. Значи „алал да ти е“! Што се однесува за останатото: азил, не азил, казна или не, црн печат или не - не знам ништо, не сум имала потреба да научам, па нема ни да коментирам.
она си имала бебистерка сто му ги цувала децата а сега му вика оди земи си одмор а она пак вика нне сакам одмор сум имала одмор пред 2 дена само и сакам да ти казаам дека за сметките јас давам и од мој џеп а сто се оденесува за јаденје јас јадам надвор не јадам заедно со нив а ако јадам тоа ретко се слуцува и од мој џеп идем да си пазарам ако јаддам овде несто она се праела ангел ама всуснност гаол била со тоа сто ми купувала сто се однесувала добро со мене се било само да види дали ке зборим јас лосо за сестра и ама јас никад не сум го праела тоа и нема ни да го правам тие две сестри договорени да го свртат мм против мене на кратко казано пред мене добра а зад мене гробот ми го копат.. е извини нема да мозе така имам и довлно пари да седам и под кирија еден месец тука или два... не зависам од никого фала богу... а пак сега таја демек леле снајке теско ке ми е сто ке заминис демек... нејзините политики ама теско некој со мене да си игра си го наслла цоекот со кого да си игра... она плус плајка зена сто му цисти дома и децата сто му ги цува па демек сеа на одмор да иде а само пред 2 дена била и пак му даде плата ај да казам стварно нема кој да цува децата дома или пак немаат пари да платат ок амаа нее она за инет го направи тоа и поради тоа се искара со мазот је... ама како и да е ке одам мк па сто ке биде ке биде ке се циткаме од таму ....
Дете крајот не ти се наоѓа. Еднаш стануваш од сабајле да чистиш, переш на раце и готвиш...се на тебе, а сега ти уствари надвор јадеш и има плус жена/и бебиситерка за децата и жена за чистење. Јас не сум мајка и не знам како одат тие работи со бременост, ама после тој спонтан абортус не отиде ли на лекар? Да прегледаат, да те видат...
Девојче, во една тема не можеш да се снајдеш па да земеме сите теми да ти ги читаме кај ти е крајот? Боже, боже, дајбоже да сум во право и девојчево време само да си тепа со нас. На почеткот кога почна да пишуваш се посомневав дека си една друга која има пишувано дека мажот од золвата (читај живеат во Белгија исто така) ја тера на сексуални однос против нејзина воља, малку побарав низ твоите мислења и не го најдов, а стилот, начинот на пишување и се тоа, абе тотално исти (слично како случајот со Еленика и Неџла) но си реков нејсе, може грешам, се повеќе се мислам дека не сум грешела. Но ко што кажав, дајбоже девојчево да не лаже, да не мафтосува, да си го прави интересен животот пошто нејќам да сум и во кожа во друга држава со ваков однос, со фамилија на сопругот кој не може да ја смисли, со золви кои и го загорчуваат животот, со сомнителен престој во друга држава, со ваква замрсена приказна. Дајбоже и да грешам за сомневањата дека таа е истата девојка која имаше афера со мажот од золвата кој ја уценува, но мене се ми се чини дека има нешто гнило во државата Данска на Мајли А сеа да ти кажам нешто, ти пат под ноге и дома да си дојдеш, но не кај другата золва, не ка свекрва ти, кај мајка ти, од таков маж подалеку. Маж кој дозволува жената да слугува кај родена сестра, кој и вели барај си чарето сама во МК, па јас ќе се вратам назад по тебе, е тој маж мила не е маж. И каков е тој план, тој бара азил во Белгија за да се врати после назад во МК кај тебе? Мислиш ќе се врати? Ти толку си моќна спроти неговите сестри па да успееш да го отргнеш од нив, да не го премислат и му го исперат умот? Приказнава ми личи на една книга што ја читав последно, ама буквално, да не си ја читала и ти а? Ајде бери памет во глава оти се ми се чини дека си зелена до толку многу што никогаш нема да узрееш, лесно те вртат на мало прсте, те мотаат како знаат и умеат
И,Мајли сега всушност што е проблемот што го имаш ти во твојот брак и живот. Ја читам твојата тема често,гледам девојкиве сериозно си ја сфатија работата да те советуваат и да ти помогнат,но од друга страна како читам се повеке ги заврзуваш и ги заврзуваш ситуацииве. Прво велиш убаво ти е те тинтра сестрата на маж ти,после тоа викаш дека слугуваш таму. Јас пак ке кажам за мене не е слугување ако чистам и чувам деца. Како немам некое внуче да седам со него ,да го прошетам, да си поиграм со него ... Ама ете.. Па и дома од кога станав земав средив кујна,извадив садови чисти од машина ставив прљави,средив дневната ,собрав алишта од балкон од жица..Па зарем мајка ми кога ке дојде од работа во 3 да и кажам жено ти мене ме тераш да ти слугувам затоа што сум го направила тоа. Велиш маж ти сака азил да земе во друга земја. Освен ако нема оправдани причини ,односно да постои основан страв дека ако се врати во земјава ке биде загрозен неговиот живот,азил во туга земја неможе да земе. Да не мислиш случајно на работна виза ?? Па да остане таму да работи?? Освен ако не земе некоја тамошна за жена тој нивно државјанство ни под разно неможе да земе . Очигледно или ти не се разбираш убаво во овие работи,или не знаеш убаво да објасниш каков проблем имаш ако воопшто имаш проблем. Велиш за сметки даваш од твој џеп.Па нормално да дадеш со оглед на тоа дека со месеци квачите во туга кука,иако верувам дека тоа што го давате е некоја симболична сума колку да не е без ич. Ако ме прашува мене некој,јас мислам дека ти многу ги преувеличуваш работите во твојот живот и дека ни одблиску не е така како што ти раскажуваш на форумов.Али ајде да не си грешам душа .....