Ако се прашувам јас.. Мајли и самата не знае што да каже,уствари работата е сакам кажам,нејќам речам. Мајли прво не ми делуваш како озбилна,второ како врска да немаш,а трето и мене ме интересира кој е главен град на Белгија?М?
Живеам во странство веќе 2 години, и никогаш не се осеќам како дома. Секој ден ми се врти во глава дека дома ќе ми биде подобро и мене и на мојата ќерка. Овде имам одлична работа, тие 8 саати на работа се супер, но дома кога ќе си дојдам се осеќам празно...ќерка ми е единствената која делумно ме исполнува (делумно бидејќи јас сум и жена, брачен другар не само мајка), нажалост другите работи не ме исполнуваат, маж ми работи постојано, по цел ден, ако е дома е изморен, контакт имаме само прегратка, бакнеж или мал допир. Заедно не сме иѕлегле не памтам од кога, не сме се дружеле со никој (јас имам неколку пријателки, но заеднички пријатели немаме)....Не чувстувам сеуште млада (25год.) би сакала да излегувам, да имам исполнет социјален живот...Сакам и свој дом, овде под кирија ќе се влечкаме ѕасекогаш, во МК имам куќа.... Размислувам дека ако се вратам дома, исто како сега ќе биде.. итака и сега многу не сме заедно. Но дали ќе биде стварно така? Моите и неговите велат дека брак така не бидува, дека тоа ќе доведе до разделба. Како ќе реагира ќерка ми (има 2 год), во МК ќе биде нонстоп со друштво но татко е еден.... Деновиве добив супер понуда за работа во мојот роден град. Кариерата не ми е загрозена. Но мм не сака да се врати, барем како што вели, сега ѕа сега....
cmokce искрено да ти казам сум била 4 месеци странство и знам како е сум ја гледала золва ми и мм нејзин немаат време ни за една прегратка посто во странство стварно тезок зивот за нас кои сме науцени во мк да зивееме странство е само kuca - posao - posao - kuca така ке ви пројде цел зивот доколку мислис дека во мк ке ти биде подобро и дека ке имас работа и имас своја кука слободно мозес да да идес мк но верви и ако те поцитува сака сопругот твој и тој ке дојде по тебе и на него еден ден ке му дојде преку глва... работа и само работа и јас си мислев дека ке одам сама мк без мм но тој виде дека јас упорна сум за мк ги остај све работите и дојде со мене мк сега од понеделник ке работи па ке видам ако мозам и јас ке се вработам... и имаме време повејке да си посветиме за нас двајца бидејки само работа работа па нормал е тоа дека ке дојде до разделба како сто ти казале твоите или неговите родители бидејки бракот не иде само со една прегратка или бакнези... сепак е твое да си ресис каде ке останес и каде ке ти биде подобро.. јас одма осетив како да се родив од ново кога стигнав во мојотт град..
Многу е лошо што си таму а со паметот во Мк. Решете се дали сакате да бидете печалбари, или таму да останете и направите нешто. Секој почеток е тежок. Вие сте жртви кои почнувате од 0 за да има што да оставите на вашето дете утре таму тоа е едната работа а другата е што имаш потешкотија во вклопување на тој систем таму. Незнам колку год. си таму али до сега би требало да ти бидат јасни некои работи. Моментално си во некоја криза во бракот која треба да ја решиш. Лошо е што твојата ,,неизживеаност,, (свати како желна за шетање, журки, пијанки...) го доведува до прашање твојот брак. Извини, ама зошто побрза со брак, дете...Вашите убаво Ве советувале ама кој да слуша. Јас би ти кажала да си го гледаш семејството таму. Детето сака и ,,мама и тато,, и одговорност пред се. Е сега што на сила созреваш пред време јеби га. Клучот е кај тебе, како и да е. Разгори страст и доближи му се на мажот ако сакаш да го спасиш бракот
Домот е таму каде што е примарното семејство, во твојот случај сопругот и ќеркичката. Лошо што и покрај најмилите и најблиските ти не се чуствуваш дома и паметот ти е во испаѓањето. Имаш работа со полно работно време, дом и ќеркичка околу кои има сигурно многу обврски, другарки за да испиеш кафе...девојче тебе да не ти се многу обврски и премалку слободно време за шетање? Добивам впечаток како да сакаш да се вратиш македонија за да ја добиеш помошта од твоите околу сите тие обврски за тогаш да можеш да шеташ, изглегуваш и да го имаш тој исполнет социјален живот кој го кажуваш. Извини но без разлика каде е човек некои работи остануваа исти. Не можеш да имаш исполнета кариера, т.с полно работно време, да бидеш успешна домаќинка која се грижи за домаќинството, мајка која дава љубов, внимание и нега на детенцето и нешто повеќе од пријателка. Тоа што ти фалат некои работи нема врска со тоа каде си ти, туку со фактот што не ти се поклопува со стилот на живот како работник, мајка и домаќинка. Денот е 24 часа. Контрадикторноста со домов исто не ја сваќам. Ако бегаш од сопругот настрана тешко дека ќе имаш топол дом . А делов со кирии во странство е само изговор. Подигањето на кредит за отплата на куќа или стан на икс години е наједноставно решение за да имате нешто свое. Наместо кирии секој месец, ќе си плаќаш рати за свое. Оти нели и ти работиш, и он нон стоп работи...па парите наместо на едно конто на друго ќе одат. Јас не би го лишувала дете од живот во западно европска држава поради свои моментални неуспешни фази на адаптирање. Млада си се омажила, млада дете си родила, не си била спремна на сето ова што те чека. Очигледно имаш потреба да си доизживееш па своите потреби ги ставаш пред оние на целото семејство. Размисли си посериозно за евентуалните последици од таа одлука и дали вреди. Јас би зела детето со мене и секој слободен момент би го користела за уживање со него. Ако дојде сопругот ок, ако не ќе покажам разбирање(оти е уморен и одмара а не оди да ака без мене некаде) и без караници ќе го искористам денот со детето. Базент, ботанички градини, зоолошки, паркови, игротеки, икеа... ехе хе колку само можности има да се пополнат тие моменти на осаменост кога имаш детенце со тебе. Ете ти социјализација
Цмокче јас доаѓам за Словенија. Порачам на македонски, за мене едно бело кафе за маж ми донеси Лашко пиво. Будалата донаса спрајт и пепси! Се зајбавам. Кафе и пиво донесе. Ти и работиш, се мешаш со словенци секој ден, за две години си го совладала и јазикот, бо. Имаш и бурек од каде да си купиш, и ајвар има по продавниците. Климата иста. Не е тешко тоа странство, па уште еден ал македонци околу тебе, нема логика да не можеш овие две години да се навикнеш, да створиш другарства кога веќе си толку аутгоинг карактер, па да те тепа носталгија за мк. Сакаш да си повторно момичка при мама, ама нема тоа. Имаш ќерка. Која и при мама ако седиш ќе ја имаш, па накнадно македонски менталитет да го оставиш маж ти во Словенија, ќерката дома, а ти да бараш момак по ноќни клубови кој ќе ја пополни празнината на жената во тебе, не ми личи како на сонот ќе ти стане јаве. Не знам што те тепа по психа. Некоја монотонија, досада ли е, бесни глисти, депресија. Што и да е, лекот треба да му го бараш таму каде што си. И кажи му на твоето маже што ти е тешко, што сакаш од него, па ајде мали чекори на исправка. Еве, викни една другарка да ја припази малата и излезете еднаш неделно на пица или на ќебапи.
Се сложувам со danichap Животот во странство е тежок , ама во МК верувај е уште потежок . Велиш имаш работа , па ако со сопругот заедно заработувате тие пари за кирија што ги давате ќе ги даваш за отплаќање кредит за стан . Може ке треба долг временски период да се исплати ама кога тогаш ке си имаш нешто свое, кое потоа ке остане и на детето *по мое размисливање* Ако се вратиш во Мк, ке имаш друштво повеќе од сега што имаш , работа велиш исто ке имаш ама колку и како ке ти е платена знаеме колкави се платите во Македонијата Би требало да размсилуваш за детето , за неговата иднина дали ке му биде подобро да расте во Мк ,или сега каде што си со татко и Би ти предложила да отидеш некој временски период во Мк , неколку недели со детето да се одмориш , прошеташ со другарки ,семејство и слично Да се издуваш и потоа ке видиш дека подолго нема ни да ти се останува
Не знам дали цмокче ја тепа психата , или навистина сака да си се врати дали сака помош од мама и сл. Но можам да зборувам за мене отидов во странство со мноштво македонци на само 4 дена и верувал или не од се повеќе сакав д аси се вратам дома ми недостгиаше тоа моето мојата позната улица и паркинг и мојот маркет од каде си го купував лебот тогаш не бев ни мажена ни деца имав па ни дечко во тој момент и сакав во македонија не заради мама туку заради себе . сега сум во мк имам дете и сопруг пристојна работа и просечна платаи не би се иселила за ниедни пари на светот нормално моите ми помагаат материјално затоа што сакаат и колку они сакаат не затоа што мораат а за бебче никогаш не е доста сами се гледаме бидејќи и моите и неговите се инвалиди за гледање мало бебе ни шише не знаат како се држи т.е заборавиле и сами сиго признаваат тоа. На крајот ќе ја прашам било која феминка што е во мк и која има дете која нема помош од родителите нејзините или од сопругот никаква ама баш никаква или не ја прифаќа ?
проблемот е.. што се малди а немаат помош .. никаква од никој оставени сами на себе .. им треба простор за нив двајцата а нема на кој да го остават детето . ја сфакам потполно ги гледа другаките на ф.б излегуванје ова она .. таа се едно исто дома работа .. но верувај тоа е минливо.. словенија е 12 часа возенје .. ке ти дојдат твоите на гости па неговите .. едноставно .. словенија е да речеме сепак наш менталитет народ.. наши луге нз. ама 2 години се малку за да кажеш дека сакаш да се вратиш назад.. и мислам дека не го сакаш повеке маж ти повеке сакаш да се чуствуваш само слободна и едне куп време за шетканје додека друг ти го гледа детето.. да се вратиш дома кај твоите друграки.. даааааа.. бидеш.. од оние мајки што детето им служи само за шетанје со него не мајчинско.. гледанје .. извини што бев дирекна ама тоа е тоа.. што те влече толку. дружи се малку повеке таму ..створи си социјален живот.. точно дека во мк е добро таму сме се родиле израснале школо сме изучиле а потоа да доагаш во друга држава каде што си неписмен .никој и ништо си. но сепак.... кога веке се одлучуваме да имаме семсјство.. тоа треба и да бидеме. па понатаму можеби ке се одлучите да се преселите никогаш не се знае ...само потруди таму да ти биде поднослив животот
vi blagodaram na site za sovetite, znaev deka tuka ke go najdam toa sto go baram , dobri soveti, nekoi postrogi direktni no toa e dobro. Barem malku mi se razjasnija nekoi raboti, za istiot ´problem´poveke različni mislenja. Ne možam da go ignoriram faktot što povećeto okolu mene (vie tuka, moite bliski i prijateli) imate isto mislenje, deka vo MK ne e sjajno, дeka bi napravila greska dokolku se vratami mestoto kade sto si roden sekogaš ke ti ostane vo srce, no treba da se prodolži ponatamu so generaciite koi se pred nas. . A i za rabotata vo Mk denes dobiv email, so plata kolku bi dobivala i za tolkava sum ne bi se vratila. Tocno e toa, blisku e, sestra mi doaga 2 pati vo godinata, roditelite po ednaš doagaat, a i nie bevme sega vo Januari na gosit 2 nedeli. Ke si počnam da si cenam toa što imam, a ne da se trudam bezveze za nekoi raboti samo zatoa što gi nemam. Planiram da si smenam stanot, doaga i prolet, kako sto nabroja danichap, ima opcii za aktivnosti nadvor od domot.