Мислам дека темава би била супер, да си поставуваме проблеми за кои нема тема, или е поделикатно прашањето. Поводот е и моето прашање: Дечко ми (со кој живееме заедно) беше на еднодневен семинар во соседниот крај, каде и оди почесто, работаат нешто на терен. Истиот ден утрото мене ме згази кола и завршив в болница на 3-4 саати, ми даваа инфузија и ми ги санираа гребаниците. За среќа немав нешто посериозно. Уште од болница му кажав на маж ми, и тој ми рече само: добро здравје, чао. Пријателка ме донесе дома и цел ден лежев в кревет, в соба, сама. Касно вечерта дојде мојов, не ме ни погледна како сум, не ме ни праша, само рече: те гледам добро си, не е страшно. Се истушира и си легна. Можно ли е да си во врска со некој, за кој веруваш дека те сака, а тој после вакво нешто да не дотрча до тебе, да не се засекира??? 9 години сме заедно. Не можев да го препознаам. Многу ме разочара и мојот однос се олади кон него веќе неколку недели оттогаш. Се прашувам дали воопшто ме сака? Човек од на пат да беше, повеќе ќе се засекираше.
Те читав и по други теми, навистина имаш толку недоразбирања со тој твојот? Човек е или робот? Може те сака, ама таква љубов не ти треба. Не сум ви брак, за тоа совети ќе ти дадат тие што имаат искуство, ама мое мислење ти е бегај побрзо и спаси се додека не си полудела таму.
normalno li e ili jas preteruvam ? helpp zdravo jas sum tuka nova i sakam mislenja od vas ako neshto izburichkam prostete mi vo brak sum veke 8 meseci. pred da stapime vo brak so partnerot mislam deka poveke se sakavme i poveke vnimanie mi obrnuvashe sega kako da me zapostavuva. cel den e na rab. od 6 do 6. nekogash i do 8/9 i potoa si idi i se razbira so drugarite da se vidi da pie kafe a za mene nema vreme ...... samo koga e praznik ili neraboten den mi obrnuva vnimanie. bremena sum veke 5meseci i se mislam deka me odbegnuva i sekogash koga sakam za toa da razgovarame toj bega od problemot :/ kako da postapam jas shto da napravam za i toj da se pochuvstvuva kako mene. ne mozham samo jas veke da mislam za nego malce neka se zavrti topkata
Oва е само за ставање на игнор,наместо да се труди да што повеќе да е со тебе,и да се радувате заедно на бременоста он те избегнува.Oтворено кажи му оти ти пречи,но немој да го молиш ако е така посветувај се и ти помалку на него белким ќе се досети дека не е убаво чувството така да те понижува :geek:
мила, многу мажи ги фака паника кога жените им се бремени, но ти мораш да му кажеш отворено дека сега ти е многу потребно внимание ( хормони ова она знаеш). Но, прво за да тој може да се поопушти, избегнувај зборови како преглед, папочна врвца, вагина итн ( некаде прочитав дека околу 70% од мажите се “плашат“ од овие зборови и сеа незнам баш медицински да ти го објаснам, ама кога ги слушале овие зборови им бил забележан напад на паника) а и не треба да си психолог за да приметиш ова. Почни да му зборуваш работи за вашето бебе ама за одкако ке се роди и повеке умилкувај се. Мојот братучед, кога снајка ми се породи, ја избегнуваше цел месец и цело време беше во паника, а се почна одкако почна да и се забележува стомачето
Здраво! Пред се би сакала да се извинам доколку прашањето не е поставено во соодветната тема, но сепак не бега од темата брак и семејство. Се работи за маж и жена кои имаат премногу перипетии поминато додека не стапија во брак .. за мажот тоа е втор а за жената прв брак. Мажот има ќерка од првиот брак и би сакала да прашам што мислите вие - дали е нормално 20-годишна ќерка на својот татко да му се обраќа со срце маче љубов моја
Да се доискажам - да го плеснува страсно по задникот да го масира во врат и сочно да го бакнува без оглед дали е дома или во јавност а мажот тоа да го прифаќа како нејзин нормален начин на комуникација? Дали мажот тоа го прави од извесна грижа на совест заради првиот распаднат брак..а ќерката (како што тој тврди) секогаш така се однесувала..со блискост и таков начин на љубов кон татко си...
Silver долго време не сум била вклучена на сајтов па не сум у тек. Може човекот те сака ама зависно од животот кој го живеел не знае тоа да го искажува. Ти со него си 9 години и сигурно знаеш каков човек е и како би реагирал па ова те изненадило. Не мора да значи дека има друга, бидејќи и да има друга пак во самиот човек треба да проработи некој страв да не ти се случило нешто. Еве пример додека ти го читав постов кога прочитав "ме згазна кола", некако ме потресе, а не па за некоја личност со која живеам. Mari-2011- Сите ќерки и татковци имаат посебен однос, некои се поблиски, а некои поладни. Ова некако ги поминува границите ако е така како што ти го претставуваш и малку е болна работа тоа според мене.
е ова ги поминува сите граници да го плескам татко ми по задник? ова е болна работа според мене и ни најмалку не е во ред, и јас со таткоми сум премногу блиска верувај ми ептен ама ептен блиска но никогаш не сум му се обратила со љубов моја или срце мое, си има граница и се знае каков е односот на тАтко и ќерка и се знае на кој начин се искажува љубов и почит спрема родителот а не со плескање по газ и сочно бакнување, ццц што се нема да сретне човек во животот
Божеее, едно е да се има блискост, а сосем друго е да се има вакво нешто. ЦЦЦЦ што се не ке види и прочита човек. Жалосноо
Luge ako ova e vistina,stvarno se zgroziv...c c c... Pleskanje po gaz i socno baknuvanje?! Kako da citam vo kategorija sex za sado mazo,a ne za semejstvo,tatko i kerka.Da ne gresam dusa,ama ova veke mi lici na blaga forma na incest
А мене на јака форма на инцест,ќеркава треба да се лечи Не можам да замислам да го фатам татко ми за газ
Сигурно кога веќе си му го сопмнала зборот ме удри кола се има засекирано и исплашено, па кога си му кажала дека се е во ред, само гребнатинки ова она, му има олеснато. Се работи за цврстината на карактерот, тој е цврст човек по карактер што во моменти на паника, ќе се соземи и ќе ги свати работите вака, таа е во ред, нема зошто да се грижам, се е во ред со неа, нема зошто да паничам, имам многу работа овде, како да излезам сега и да се враќам дома, кога ќе си појдам дома ќе ја видам. Немој да му се лутиш за тоа, тоа не значи дека тебе не те сака. И јас сум таква по карактер, кога сите ќе откачат во моменти јас останувам присебна колку што можам, тоа не ме прави мене безчуствителна, туку реална, кога има потреба да се грижам за некои работи се грижам, кога нема голема причина останувам присебна
Таа ќерката ко недорасната ми изгледа, има 20 години а уште се однесува како мала, можи заради пропаднатиот брак, па има некои потреби за грижа и љубов, но сепак на 20 години треба да ги свати работите какви се. Можи од инает тоа го прави, за да ја нервира новата жена на татко му.
Вистина е, и ми е жал што никој од блиските не се обиде да реагира на недоличното однесување на девојката - не знам дали од непријатност или небрежност.. почитувам близок однос родител-дете, но се знае до кој степен може да оди. Најтрагично од се е ако јас на пр.се обидам да изреагирам во стил на што личи ова, ќе бидам остро осудена и на крај ќе испаднам јас ненормална...као демек однесувањево на ќеркава е ок- на 20год да му седнуваш туку речи во скут на татко си, да вкрстуваш прсти со него и ред слични недоличности.. Одамна ова ме измачува и еве се решив од една објективна страна да побарам мислење зашто само ме загрижува до каде може да оди тој однос..човек да анализира не е само за згрозување- може да биде и страшно...
Можеби имаат ептен близок и слободен однос, каде поголемиот дел од времето се зезаат, а ти не си имала некоја близина или не си видела нешто слично па сега ова ти е шок. Можеби плескање по газ и сочен бакнеж ги преувеличуваш, познавам татко кој често се бакнува со ќерките, на шала ги плеснува по задник, седат гушнати додека гледаат филм, се масираат, и не делува воопшто безобразно, напротив баш симпатично. Можеби и ќерка му малку претерува пред тебе, за да знаеш кој е на прво место во неговиот живот, ништо чудно да не те обожава. А и што има недолично во вкрстување на прсти на пример? Кога таа се однесува така дали него му е непријатно?
Ама очигледно не и' е само на неа шок, туку на сите што го прочитаа нејзиниот пост. Не знам како може да ти биде симпатично татко да плесне ќерка по газ. Не знам што има симпатично во тоа. Јас разбирам близок однос, ама ова веќе не е близок однос, туку е помината границата на нормалното, и тоа одамна е помината. Штознам, мене ми е ова некакво благо пореметување, најсериозно. Психолозите сигурно можат да дадат постручно објаснување.
Напишав можеби преувеличува некои работи, можеби сум грешка, каков е тој сочен бакнеж на пример? Се гледа разлика кога некој се однесува како да сака да заведе некој, и онаа невина детска близина. Има разлика од плескање по задник и плескање по задник. Не секое плескање по задник е безобразно и аларм за инцест во фамилија. Многумина оговараат и ако видат како татко се бакнува во уста со ќерка и тоа им е ненормално. Можеби девојката вистина си има проблем, но од неколку напишани реченици не можеме да знаеме. А и многу кај нас своите татковци ги бакнале неколку пати во животот, за матура, дипломска и свадба, и тоа со срам и нелагодност, па нормално дека ова им е шок.
Ај тоа татко ќе плесне ќерка.. Ама ќеркава да го плеска таткото?? И притоа да "стенка"- уф маче мое и сл.?