Чисто за информација, и на Росалинда свекрвата беше како твојата, душата и ја изеде на кутрата а она кај сиромашна плус слепа. Додека да дојде до тоа среќно си живееа низ какви не чуда помина, лудница, пожари, што не. Ти сакаш одма со рози да те пречекаат, гледаш тоа ни во шпански серии го нема. Да донесел синот снаа по нивен мерак, може куќа ќе му изградеа да си живеат како треба, сега ќе го притискаат и уценуваат, тебе ќе те понижуваат и убедуваат да си одиш. Ако сте си битни само вие двајца како семејство, нема да се плаши да им се спротистави па што биде нека биде. А ако ги гледате како спонзори за вашите луксузи од кои не би се откажале, ќе трпите, ќутите, и ќе се правите како ништо да не е. Таква е, си збори, не ја слушај. Епа ќе се преправаш дека не ја слушаш. Во раце ве има и што сака ќе си прави, бајки очигледно не ја интересираат.
Не се обраќа со бавчарка пред мм туку пред син ми. Погрешно сте прочитале. Син ми кој има две години под бавчарка подразбира мама и тоа се поради неа. Имам свекор, девер и јатрва кои се прекрасни луѓе. Свекор ми е богатиот во фамилијата. Тој е онај кој генерациски потекнува од богато семејство и не рани сите. Феноменален човек е. Мене и на јатрва ми ни се обраќа со "пиле". Мм не е толку врзан за фустанот на свекрва ми колку за панталоните на свекор ми. И мене тоа ми е јасно бидејќи и јас му се дивам на човекот. Кога девер ми се оженил, свекор ми направил делба на имотот на два дела. Куќата во Охрид, три станови во Ск и куќата каде што живеат му ги препишал на девер ми. Вториот дел односно објекти кои им носат месечни приходи ги задржал за себе. Не прашувам многу и се дознавам од јатрва ми. Не сум сигурна колку и каде деловни објекти има и фабрика за мебел. Ги задржал за себе со тестамент дека тоа што е во негова сопственост ќе го наследи мм после неговата смрт. Мислам дека се плаши да не заминеме и ние. Со повишен тон сум го слушнала само кога се отвори тема за наше заминување. Мм зема плата од фабриката и има кредитни картички кои преку фактура се плаќаат од месечниот профит на ф- иката. Ни се закани дека ако заминеме ќе го остави и без плата. Се тоа под изговор дека мм си ја знаел мајка си од дете. Тие ја трпат таква каква што е. Тоа е факт. Отсекогаш била таква. Ама на свекор ми му е сопруга тој си ја избрал, на мм и девер ми им е мајка и ќе ја поднесат како таква. Јатрва ми прашува дали е тука кога сака да дојде на кафе. Само јас сум приморана да ја трпам по цел ден. Се трудам да ја одбегнам ама тешко е кога си во иста куќа. Мм крвнички се караше првите две години од бракот. Првиот пат кога ме избрка од дома , мм дојде да ме земе назад. Кога влегов беше се искршено. Не се осудив ни да прашам што се случило а и мм не сакаше да зборува. Ме избрка уште еднаш и пак истото. После тоа кога ќе одеше мм на саеми се заклучував во спалната за да не доаѓам во контакт со неа. Ама тоа не е решение. Мм сега воопшто не ни комуницира со неа. На пример пред некој ден син ми јадеше во детската соба и јас тргнав да го тресам чаршафот. Не го истресов бидејќии таа беше надвор и го зеде мм така ладнокрвно си го истресе. Таа почна да вика (вика за се и сешто) и мм воопшто не ја ни погледна. Пред да дојдам ја во куќата имале жена која еднаш неделно ја чистела цела кука, пеглала, перела и сли. Сега јас го правам тоа. На сестра и и вика зошто да плаќам жена кога син ми најде измеќарка без пари. Ако земат пак жена за чистење ќе се запне дека јас сум немала леб да јадам ама ете сум ја кренала цената и ми било мака да чистам. Поточно боцка а ако и вратиш нешто, ќе плаче, ќе куба коса, ќе каже и дека сум сакала да ја истепам. Не можам психички да издржам. Мм ми вика ако таа ти вика, или искарај се или заврти си се и излези си со детето ама не е се така едноставно.
Игнорирај ја бре девојко. Кога маж ти и деверти не ја регистрираат за жива тогаш немој ни ти. Можеби ипак синовите најдобро ја познаваат, па затоа се однесуваат така со неа. Тешко е да се живее со г-ѓа Игбал ама истрпи кога се друго ти е средено. По муабетов мислам дека имаш добар однос со сите освен со свекрва ти. Предложете му на свекор ти барем да имате друга дневна соба на другиот спрат каде ќе можеш раат да си седиш кога си сама со неа. Не мора официјално да се делите. А тоа што пред син ти те нарекува бавчарка е страшно. Семејството во кое си се родила не е по твој избор. Твој избор е уствари начинот на кој сега функционираш и размислуваш, а мене ми делува супер. Кога веќе имаш „дозвола“ од маж ти да се караш слободно со неа, прави така. Некогаш кога ќе биде подалеку, направи се дека не ја гледаш па прашај го син ти „Каде е вештерката“ . Можеби ќе се подзамисли малку. Враќај и со иста мера. Не дека на 50-60 години ќе ја смениш туку за да си се олесниш ти
Свекорот кој се заканува дека ќе го остави син му без плата ако си замине е прекрасен, феноменален човек и ти му се дивиш? Океј, диви му се и понатаму на многу богатиот свекор додека си ја трпиш свекрвата во наредните 20, 30 години зошто златна избор немаш. Свекорот и свекрвата ве имаат во рака а и маж ти очигледно многу, многу и не ти се замара. Убаво пиша Окензи, јас не би дозволила некој да го навредува оној кој јас го сакам па зашто да биде во ред тебе некој да те вреѓа па уште и пред син ти? Твојот проблем е со маж ти, не со свекрва ти ама ти тоа изгледа не сакаш да го согледаш... А и `феноменалниот` свекор кој сигурно гледа како жена му се изживува врз тебе, зошто не ти помага, зошто не ја опоменува? Знае дека ти е тешко, знае дека неговата жена те брка од дома, те вреѓа секојдневно а притоа не дозволува да се отселите? Или галје му е како ти е на тебе, важно син му и внучето да му се дома а и тоа што им ја чистиш куќата не му е на одмет...
Ми ги зеде зборовите од уста. Или и свекоров е дувнат од тоа ветре па си молчи додека има слугинка, или пак нека седне со свекорот на само и нека зборува. Нека му каже дека и таа сака да работи и да придонесува, а не да биде готованка. Нека му рече дека детето ке го прати во градинка, за да таа може да напредува во кариерата исто како свекорот, па така ем ке му ласка нему, ем тој ке мора да се подзамисли. Едноставно нека си бара свое катче каде може во мир да го израсне синот. И цело време нека го нагласува внукот во приказнава, за да не испадне дека таа се разгалува.
Така е! Свекорот кој е за ВОСХИТ,очигледно зошто е многу богат,створил СИН ТРУТ...а трутот само во кошничка опстојува...е нема и јаре и паре...ИЛИ ФИНАНСИСКО ЛУКСУЗИРАЊЕ ИЛИ НА УЛИЦА...што друго да се каже кога секој сака лесна пара...зошто другите сами си ги плаќаме ратите од картичките и кредитите,ама затоа не дозволуваме некој да не третира ко своина.
Мажот ти си го решил проблемот, не разговара, игнорира, службен пат, работа, а ти слугинка. Зошто? За пари, за наследство кое ќе го добие можеби после 20 години (мора жртва да падне). Во таква средина каде што постојано те навредуваат, мислиш дека син ти ќе те цени. Нема. Кога ќе потпорасне и тој ќе се изживува со тебе, зошто мисли дека така треба, така функционира. Феминките убаво ти кажаа. Зошто го цениш свекорот? Ти се обраќа со пиле мое големо чудо, а од друга страна дозволува да те малтретираат. Во целокупнава состојба мажот ти е крив, никој друг. Искршил се, бре бре и те заштитил НЕ. Подбери го убаво, ако му значиш ќе најде решение. Со уцена го држат покрај себе или нему така му чини зошто треба да се откаже од луксузот, очигледно не е способен сам да се грижи за себе, а не пак и за вас.
Далерон истото сакав да го напишам. Утре детето ќе го има тој начин на однесување према својата мајка затоа што секојдневно го гледа тоа и нормално ќе мисли така треба.Самата кажа за начинот на кој те нарекува свекрвата, детето мисли дека тоа е нормално и прифатливо. За трпење ќе истрпиш секакви омаловажувања ама тоа ќе ти повлече големи последици во растот на детето. Пробај со овие аргументи да разговараш со мажот. Немора драстични промени, туку ако е куќа на спрат да бидете башка или штом имаат многу пари некој стан во близина. Со овие аргументи нека он разговара со свекорот. И знаеш што, кај старите луге многу лесно им искачаат заканите од уста, ама ретко ги реализираат. И мојот дедо вујко ми кога се двоеше тврдеше (а беше многу строг човек) дека веќе нема да го погледне, дека во таа куќа нема да стапне, дека за него нема да постојат и слично. па ништо од тоа и одеше и внуците ги чуваше.
Исто и кај мене дома, Брат ми отиде кај снаа ми да живее. Татко ми побудале, куќа ќе продава, ќе се откажува, ама не било лесно. Виде не виде се помири со тоа. Кај неа проблемот е во мажот и. Тој е ТРУТ и нема храброст да замине зошто ќе го изгуби комодитетот за некое време. Единствено таа треба да кути и трпи или да му каже: Јас заминав ,а ти ако си маж снајди се да живееме во мир, јас веќе не можам да поднесам. Се додека молчи и не ги уцени на некој начин и нема спас, ќе ја уништат.
Со повеќето од ставовите на темава целосно се согласувам со тоа што сакам да додадам нешто коешто од искуство го знам кај овие парови, oсобено оние коишто не се бунат и нејќат да се делат по никоја цена. Многу често се „вадат“ со иднината на децата. Трпеле за децата да имаат утре покомотен живот. А мене во меѓувреме додека да пораснат децата не ми е на одмет таквиот комодитет. Жртва за дете не е трпење на понижувања за да уживаш во луксуз спечален од друг. Жртва за дете е на пример, да одиш под кирија, на своја режија, да се откажеш од сите луксузи, да менуваш три парталчиња 15 години, да пребираш од најефтиното дури и за храна, за да се осигураш дека тоа дете ќе живее во дом полн со љубов во кој нема материјално многу да се разликува од другите деца. ____________________________________________________________________________________________ И да додадам нешто за оние коишто се бунат оти свекрвите не им ги чувале децата. Детето е одлука, плод и одговорност на мајката и таткото. Фино би било доколку имате помош, но ако немате не е крај на светот. Кога ве гледаат како слугинката во куќата се буните, така и свекрвата со доаѓањето на снашката автоматски не станува бебиситерка и помошничка на снаата. Тешко ви е на 25 години (за пример ги зедов бројкиве), а нејзе како и` е на 52?
Незнам зошто но мислам дека р.и.н.а. се алчни по парите. Може не сум во право ама така мислам. Исто така и маж и на кој очигледно му се побитни парите од жената и детето. Иначе до сега зошто не отишле да живеат на друго место туку седат таму кај што се и дозволува некој да ја навреудва и понижува жена му? Мажот и ако ја сакал и почитувал ќе си најдел друга работа и ќе заминеле под кирија. Знам дека е тешко под кирија плус сметки и храна но мирот и спокојот кој ќе го има во свој дом е тоа неможат ниту едни пари да го купат. А сеа изгледа оваа рина се правда со изговори дека тоа поради детето го трпи но детето ќе си порасне и нема вооопшто да ја почитува поради односот на нејзината свекрва кон неа. Подобро би било да почне и Рина да работи и ако не сега по година две да се иселат. Да си земат кредит и купат некој стан па со тек на време ќе го исплаќаат. А таа му се восхитува на свекорот оти има пари не за друго тој да ја почитувал немало да дозволи свекрва и да ја навредува. Џабе ќе и бидат и пари и се и пет наследства да добијат кога ќе нема мир постојано ќе биде омаловажувана и понижувана и навредувана и каков живот ќе има нејзиното дете таму? Никаков.
А на кого не му се важни парите на крајот од краиштата?! ...ама мпра да се има граница на толеранција,посебно е лошк кога некој сака со пари да те купи и да те гази.Такви примери на богати возрасни луѓе како свекорот на рина има многу по Скопјево,на нив само им треба некој среброљубец и ќе го газат.Имам пријател кој се ожени за МНОГУ БОГАТА МАМИНА МАЗАкоја ако не е татко и ,ќе нема ни леб да купи.И ок што е богата,ама е многу мрзлива и разгалена,па последниот пат кога бевме заедно на роденден таа го вреѓаше маж и пред свекрва и.А свекрвата ќути,зошто ако се спротистави синчето и,кое е исто така мрзливо,ќе иде на улица.
Јас ќе бидам песимист. И ќе речам , дека сопругот никогаш нема да се откаже од луксузот на кој е навикнат. Да бил со маж со карактер на кој најважна му е фамилијата, одамна ќе ја заштител сопругата. Мислам и дека и без проблем би можеле да живеат скромен живот сами ако сакаат ама нема да биде со луксузот на кој е навикнат. Само што од коњ тешко се симнува на магаре. Сметам дека залудни ќе бидат обидите да го натера маж и да се преселат, а свекрвата доправа нема да се менува. Или трпи, игнорирај, привикни се... Или куферите па кој дојде по тебе дојде.
А што треба да се толерира тука? Свекрва која те навредува пред детето? Свекрва која те брка од дома? Или пак сакаш да кажеш за нејзиниот маж? Ако е за него тогаш во право си, а за свекрвата тешко.
Морам да кажам само едно нешто, многупати сум се уверила дека е точно: Сами си сте криви за се што ви се случува!! Можете да се жалите цел живот по форуми, ама ако сте решиле да живеете таков живот ни една девојка од форумов нема да ве спаси. Има работа колку да сакаш, најмалку што може да направите е да бидете финансиски независни и да си заминете од таму кај што не можете да живеете. А за мажите, а заедно со нив, свекрвите и свекорите и слично, првите сами сте си бирале, колку памет имаат вие си знаете, а вторите дали ке дојдат во комплет со се мажот или не, зависи од вас. Толку.
Гледам дека се уште го коментирате постот на Р.И.Н.А. Мислам дека не секогаш се криви сопружниците. Едноставно постојат такви личности кои и малку да ги гледате, можат да ве збудалат. Свекрва ми е слична на свекрвата на девојкава. Потенцирам, слична, бидејќи никогаш лично во очи не ми рекла ништо. Доаѓа мајка ми пред некој ден на кафе дома и кога си одеше ете ја свекрвата во дворот и ме праша дали ќе сварам и за неа едно кафе. Седиме, нешто општо разговараме и оп го сврте муабетот во таа насока дека жени кои на 50 години носат фармерки изгледале курвински . Тоа беше наменето за мајка ми. Жената си беше со фармерчиња, маичка и балетанки. Цицки или голотија немаше никаде. Ама таа мора да боцне. Ете ние сме од Охрид преселени во Ск поради работата на татко ми. Нормално дека немаме роднини тука. Не доаѓаат луѓето од Ох постојано. Татко ми имаше 47 години кога дојдовме тука, така да останаа и без семејните пријатели. Ама нон стоп мојата свекрвица мора да набоцка, како сме биле сами како пустински волци. И сега јас што да правам? Или па мм? Треба да ја истепа? Не зависам финансиски од неа. Живеам во друга куќа ама ете делиме ист двор. И дворот да не беше, преку телефон ќе кажеше што има да каже. Не ми треба воопшто ама и покрај се си боцка. Јас едноставно во поглед на боцкањето, си се правам дека не слушам или дека не знам за што зборува. Ете кога правевме крштевка за синот. Се договараме јас и мм да биде само со најблиските. Мајка, татко, брат, сестра и кумот, секако. Јас се јавив во ресторан да резерворам маса за толку и толку особи. И си мислиш крај на муабетот. Ете ги 15 минути пред да тргнуваме сите роднини на мм. Вујни, стрини, тетки... Со се деца. Дотеранни со поклони. Свекрва ми ги поканила сите без да каже Се усрамив во ресторанот. Дојде огромна сметка. Пари толку немавме. Ајде трчај картички, ова, она се снајдовме. После ми беше глупаво што ни еден мој роднина не дојде. Сите слики се со најзините. Ме присети Р.И.Н.А. дека тогаш мм ја скрши влезната врата кај свекрва ми. Ама се е за џабе. Пак си го тера истото.
Анина, жими се, јас би и ја однела сметката и би си барала она да си плати за гостите кои сама си ги викнала. Ако сака да глуми широкограда госпоѓа пред роднините, нека си го прави тоа на свој трошок.
Анина, леле ме потсети на баба ми Со маж ми бевме задно на одмор во МК, и ни се погоди на нас годишнина баш тоа време. Не викна на вечера женава, дојдете, фамилијарно дека не сум ти била на свадба, да прославиме сите. Под збор сите јас разбирам, моите мајка и татко, брат, снаа, сестра, зет и нивните деца, со чичо и стрина оти баба ми таму живее со нив. Како изминуваше денот, а вечер треба да одиме, се јавила на мајка ми така чисто уз муабет и се испушти и овие ги викнала, и оние ги викнала, едно десетина други луѓе кои јас не ни познавам кои се Фино. Кратко и јасно, им најавив на сите наши дека час ќе одиме во тој и тој ресторан на јадење и пиење, лично и се јавив на баба ми и, и кажав дека на нас оваа прослава ни е интимна работа и не сакаме да ја делиме со било која седенка. Дали со тие зборови и дали и фала на покана и реков не знам, ми фучеше, ама поентата и ја презентирав, а ние супер си поминавме. Бааги време не ми има правено муабет Ама да ти кажам, да сум била на твое место, дотераниве ќе и ги оставев на свекрвата дома да си ги гоштева, а ти со канетите да си ја истераш прославата по твое. Без кршење врати.