Ако му спомнам за психолог, на крајот јас ќе излезам таа што треба да го посетува, според него. Не се случува многу често ова, но сепак се случува. Ако не за песна, тогаш за друго нешто, и ете ти кавга. Во тие случаеви ќе му кажам што мислам и толку после не му зборувам, а ни тој на мене. Ова од сношти му размина, денес ми збореше..
Самер, сум те приметила наоколу. Не знам каква ситуација имаш со родители, работа, образование ама браков не ти го бива. Ако немаш дете, бегај дури можеш.
И се останато не ми бива. Промашен живот За бебе мечтаеме и двајцата, не знам зошто ама мислам дека кога би имале дете, не би правел вака...
Имам нешто такво прочитано. Јок, се лажеш, полошо ќе биде. Млада си, не си го коцкај животот. Како на ќерка ти кажувам, теоретски би можела да ми бидеш.
Се друго ни е во ред. Ме сака, се грижи за мене, ми угодува, ми помага по дома и сл. Само оваквите испади понекогаш се проблем...
Абе имам читано, такви испади завршиле во темата ме удри и развод, не зборам од што ми е досадно. И не те читам првпат овде, затоа реагирам. Вакви испади не се показател на љубов и разбирање. Прочитај што имаш пишувано наназад, личи ли тоа на љубов и разбирање. Да не копирам, сама си знаеш, јас само да посочам. Секое добро.
Да научиш што е љубов, оти тоа не е љубов Или си како што треба и сакаш да растеш и да поправаш грешки, или не си и чекаш магично да дојде некој (бебе) и да те смени без да го мрднеш газот. Ова за маж ти
Те разбирам. Не мислам воопшто дека од досада тоа го напиша. Сите овде сте повозрасни од мене можеби, знаете како да гледате на животот а јас сум сеуште "дете" што прерано заплива во брачните води... Не беше ваков додека бевме во врска. Или не сум го познавала доволно.
Такви глупости да прашува божеее........ Извини али ми звучиш многу наивно твое си е не дека го сваќај дека е провокација.
Уште си дете и ново дете нема да поправи тоа што чкрипи. За другото, во друга прилика, не е сега идеално време за кревање тензии.
Луѓето мислат дека бракот е гаранција, демек нема назад и можат да се опуштат да се понашаат гадно. Кај многу се дешава ова и затоа едниот има издувен вентил во секое време, а другиот ги трпи сите глупости. Кога стапуваат во брак ги земаат здраво за готово сопружниците. Зошто да не уживаш во животов? Ти си знаеш најдобро како ти е, но бракот треба да биде прослава на љубовта, да растете двајцата заедно, а не да се помириш. Не велам дека нема кавги, кој нема, сите имаат. Ама млада си. Луѓето променуваат животи на 60 години. А не па на твоја возраст.
Во врска и во брак, не е исто. Во врска, колку често бевте заедно? Неколку пати во неделата, по некој саат? Е во брак е 24/7, 365 дена во годината и делиш се'. И пари и обврски, и болести, и радости. Не можеш од врска да процениш, каков би бил некој доколку живеете зедно. Прво, би ти препорачала да го одложиш правењето бебе. Скроз! Бебе се прави кога сте задоволни, вљубени и среќни со партнерот, а не кога мислиш дека со бебе ќе си ги решиш брачните проблеми. Оти не се решаваат така. Имањето дете, сите лоши и сите добри работи ги интензивира. Значи, се' што не чини во бракот, со имање дете, ќе стане 100 пати полошо. Второ, отселете се од таму и дајте си шанса да видите како ќе функционирате ако сте сами двајцата. Ако и со отселување се' си е по старо, тогаш време е за развод. Ќе му ги кажеш овие две работи на маж ти, уште денес! И ако не се согласува, парталите и оди кај твоите (се надевам има услови кај нив). И нема враќање, додека не преземе конкретни мерки за исселувањето. А за дете, ќе мислите кога(ако) се подобри односот меѓу вас. И те молам, најди си работа, штом помине кризава со вирусов.
За работа сакав ама мм вели што ќе одиш да работиш на некој за 15000. Дома вели повеќе ќе спечалиме. За кај моите тоа отпаѓа бидејќи со мајка ми веќе 2 месеци немам никаков контакт. Премажена е, маж и е голем идиот и не не сака. Татко немам... Тоа е тоа. Едноставно немам подршка од никој. Само мм беше до мене кога ми беше најтешко.. Тој ми беше единствената подршка...
Подобро 15 000 отколку ич, некои и за помалку работат. Млада си, не се затворај дома за да му угодиш, уште дете фали во ситуацијата. Со работата ќе бидеш барем 7-8 часа излезена. Вајлд ти објасни многу убаво.
Не сака да оди на работа оти ќе биде самостојна и нема да зависи од него, не ќе може да ја доминира и контролира. Значи токму тоа треба да направиш @Summer16 да станеш независна од него. Ниедна жена не треба да биде зависна од маж. Инаку нема ни слобода ни љубов ни ништо.
Нека помине ова со вирѕсот како што кажа Вајлд, па ќе барам некоја работа, без разлика дали ќе се противи или не. Вчера баш зборевме зошто така изреагира некни. Рече сум го изнервирала бидејќи со ќеф сум ја пеела песната. Како да сум се пронаоѓала..
Не можеш ти да го изнервираш. Тој се нервира самиот. Не си ти одговорна за неговите психички проблеми. Те молам те молам најди работа и не дозволувај да те премисли. Негде прочитав те удрил? Животов е убав, не го пропуштај со таков идиот. Интернационална мрежа против насилство врз жени и деца нудат помош, од Скопје се ама контактирај ги ако сакаш од било каде да си. И сместување нудат. Идиот најголем. Треба да ти прави да се осеќаш ко најсакана личност на светов, а не да те малтретира
Мажот ти има проблем со самодоверба. Кажи му дека нема потреба да се чувствува толку несигурно. Дека си негова, и дека треба да се цени себе си, како што ти го цениш.