Не, не, ме нема удрено никогаш. Немам пишано такво нешто. Постојано му велам дека сум само негова, ама како само тогаш да важе ѕоа, и после заборава...
Според ова што го напиша и во минатите одговори, се познава дека е љубоморен. А на љубоморен човек колку сакаш објаснувај му дека си негова, дека го сакаш и дека не го лажеш, пак ќе бидеш ти таа лошата, многу работи ќе заборава и 1000 пати да ги повториш. Да има ситуација некој да те замара или да ти пише, ти ќе бидеш крива. И било што да си направи филм, тој ќе биде во право. Не си дозволувај некој таков да те манипулира и навредува, твој живот е и уште си млада. Не дозволувај да останеш без друштво и да зависиш само од него. Јас сум сигурна дека има уште многу работи кои не ги пишуваш тука и во некои моменти го браниш за да не го прикажеш како лош и те сфаќам. Но сè зависи од тебе сега, јас не би можела да трпам цел живот.
@Summer16 Со самото твое споделување на ситуацијата во која се наоѓаш, знаеш дека не мораш да се помириш со вакво секојдневие . Не си го троши времето за двоумење и не барај оправдување за него, само повеќе ќе се измачуваш. Не мораш да делуваш нагло (со оглед на ситуацијава со вирусот), но барем дај си цел кон која ќе работиш упорно да ја постигнеш во ТВОЈ интерес.
Ништо... ќе мораш да се осамостоиш финансиски, за да можеш вистински да преземеш нешто. Мораш да најдеш работа.
Во право си. Ќе најдам работа па што сака нека мисли. Вчера баш со мајка му нешто за работа збореа и баш спомна дека добро би било јас да работам, вели бар осигурена ќе е. Еднаш вака еднаш така.. Фала ти Во право сте сите. Често пати му велам дека премногу е љубоморен, но вели дека е таков бидејчи ме сака. По малку љубомора секаде е оправдано, ама само по малку, во нормала. Човекот што го сакаш најпрво треба да му веруваш, а тој нема доверба во мене. На почетокот нонстоп велеше дека на никој не верува, дека сите се исти.. Имал бивша која во исто време била и со него и со друг. Вели заради неа доверба веќе немал во никого..
Оф леле љубоморен бил затоа што те сакал а бе како се нервирам. Знаеш што значи ноќна морa? Лош сон, кошмар. Љубо мора. Љубовна мора. Кошмар во врската. Кога некого сакаш, правиш да му е убаво. Не го малтретираш. Ако го малтретираш значи си себичен и се сакаш само себе си, а кур те боли за чувствата на другиот. Кога го сакаш некого, работиш на тоа да ги исчистиш сите свои бубачки во главата, а не уште да си го оправдуваш тоа што го правиш. Маж ти е претерано несамоуверен. Немаш ти никаква обврска да ги трпиш последиците од постапките на некои бивши негови во минатото. Никаква обврска. Нека си ги расчисти проблемите во минатото и нека не ја продолжува болеста. А ти вработи се и стани свесна колку повеќе заслужуваш. Немој да трпиш и оправдуваш. Секој на светов си е одговорен за своите постапки.
Остај што зборале со мајка му. Ти ќе одлучиш дали и каде ќе работиш. Оправдувања му се тоа. Сака да те контролира. Гледаш тој сака да одлучува се за тебе? Каде одиш, со кого зборуваш, дали работиш или не, што правиш, како правиш... Жал ми е, ама не е тоа љубов. Домашно насилство е.
Ок не знам веќе што да правам. И веќе се чувствувам виновно што се осеќам вака па ве молам без осуди за дали сум злобна или било што. Со вереникот живееме заедно во стан. Но, не сме сами поради тоа што брат му (17 години) живее со нас веќе 2 месеца. Свекрва ми е почината и пред тоа си живееше со татко му, но тој сега има женска па таа е дојдена и живее со свекор ми. Значи детето е ок, немам ништо лично против него но првично беше да поседи некоја недела кај нас, немав ништо против тоа ама сметам дека веќе е предолго. Да, знам дека му е брат и тоа е огромна љубов, мило ми е што се сакаат и се тоа, знам дека со вереникот треба да сум и во добро и во лошо. али не знам веќе мене не ми е удобно вака, сакам удобност во мој стан, сакам да можам да се опуштам каде сакам итн.. сакам гласен секс бе буквално сум можеби и ради тоа исфрустрирана. И не се осеќам спремно да глумам мајка на 17 годишно дете, колку сурово и да звучам. И пред карантинов одеше во школо, испаѓаше со друштво.. И не е дека имаат некој лош однос со татко му, се гледаат неколку пати неделно, не е дека нешто имаат нарушен однос, баш напротив. Да не беше така немаше ни да се чувствувам вака, се осеќам како обврската за родителство паѓа на наш грб кога си има веќе еден родител кој проаѓа низ втор пубертет. Не знам како да му го кажам ова на вереникот, до сега немам спомнато ништо, ама мислам морам да кажам пошто абер нема од нашиот живот претходно како што беше.
Вака кажи му го, ко шо ни го кажа нас. А за злобна, не си злобна. Ти кога му рече на: 'Да', не беше договорот и брат му со вас да живее. Многу е лошо еден кога носи одлуки за парот, во случајов вереникот. Како без да се консултира со тебе населува нов човек со вас?
Се консултираше и на почетокот беше да било само да седи две недели, да се растеретел свекорот и јас бев океј со тоа. Ама сега веќе не сум, бидејќи не ни има потреба веќе да живее тука. Си има способен родител.
Јас само ќе ја претставам страната на тоа младо момче. Има 17 години, цел живот му е веќе променет, од една страна хормоните го притискаат, а од друга можеби тешко прифаќа татко му да ја замени мајка му со друга личност, можеби уште не може да се помири со фактот дека мајка му ја нема. Не сака да живее со татко му затоа што вториот пубертет на татко му, му става сол на рана. Сака да живее со брат му затоа што со него се чуствува најсигурно, а особено периодов кога надвор владее стравот од вирусот, да тоа не е решение, но веројатно не му е лесно на детево, татко му со неговата постапка индиректно го отфрлил, сега и брат му, многу емоции ќе му се создадат низ глава нa ова дете, затоа најдобро решение е да причекате да наполни 18 години да стане полнолетен и татко му и брат му да му помогнат да се осамостои и да започне да живее самостојно но да не го оставате уште од сам почеток скроз сам, но сега за сега додека трае оваа криза нека живее со вас или гледајте татко му да паузира со вториот пубертет за да се врати таму, со дете на овие години и при трауми кои ги преживеал треба многу внимателно за да не го испуштите од колосек, со други зборови дајте му на знаење дека секогаш ќе бидете покрај него, но и дека вие имате право на приватен живот, сигурен сум ќе ве разбере, пак ќе кажам само немојте индиректно да го отфрлате тоа ќе го уништи.
Тоа де, не се консултираше за трајно да се пресели. Ако рекол две недели, две недели треба да бидат, а не уште е кај вас, а маж ти не те информирал што и зошто се сменало во планот.
@Forca јасно ми е се тоа, не би го отфрлила детето целосно во никој случај, може кога сака да дојде да поседи на гости. Ама не вака да се пресели целосно. Не ми е удобно и не се согласив на тоа. @WildMk не знам, му се уарни на свекорот а и на брат му. Вереникот е ок со тоа, не му смета. Не е дека од негова фамилија или нешто, мене не би ми било удобно ни член од мојата фамилија да ми дојде или било кој близок. Ама не знам на кој начин да го кажам ова без да звучам сурово.
Ќе се јавиш на свекор ти и ќе го прашаш кога ќе си го прибере малолетниот син. Доколку не ти дадат позитивен одговор ќе му објасниш како не е во ред тоа што се случува.
“Ние кога се договаравме да живееме заедно, не стана збор за додатни членови на семејството. Те разбирам дека ти е жал, но ние не му сме родители на брат ти. А и сакам приватност и да си створиме свој дом, во кој ќе можеме да бидеме целосно слободни, како што и планиравме претходно. Не е во ред, во од да ги менуваш условите. И тебе не би ти се допаднало да населам некој од мојата фамилија со нас.“
Младото момче има здрав и прав родител. Нема никој обврска да се грижи за некого без да сака. Реално не се прави огромна промена од 17 на 18 години, ништо не значи тоа. Ќе му кажеш јасно, ми смета тоа што брат ти седи со нас подолго одколку што се договоривме. Стварно тешко да ја изгубиш мајка си толку млад и татко ти да не ти обрнува внимание. Да не си му во кожата на детето.
Здраво јас сум нова членка имам една молба за ваше мислење во брак сум 4 години пред 3 месеци добивме детенце прво но ношто не е коако порано веке 3 месеци немаме односи кога ке му речам ме одбива се вели дека е уморен и дека неможе ве молам за совет??