Гледам дека оддамна имаш пишано, ама имам потрееба да ти одговорам, искрено за МЕНЕ, тоа парче хартија, значи, да многу ЗНАЧИ, и целата таа церемонија, и гости, и матично и црква, и се останато. Како тоа едно парче хартија ништо не ви менува? Па и парите се парче хартија, па секој ден работиме за да го имаме тоа парче хартија. Не дека има нешто лошо во тоа детето да се роди, без пеетходно склучен брак, ама те разбирам што си мислиш, можеби ти си имала поразлични видици околу тоа како да изгледа свадбата, и сл. АМА, и парите се парче хартија, како што кажав, исто како и бракот што е "парче хартија" па сега види кое парче хартија ти е поважно, и тебе и на идниот сопруг.
А кој рече дека без пари? Мпжр нема да биде сумата иста, ама пари ќе има, помалце или повеќе, без храна нема да се остане, впрочем без многу пари се живее, со малце исто така, не знам како ги вреднувате работиве, ова било лист, а ова не, без тоа се живее, без ова не, за мене е апсурдно и глупаво се околу пари да ми се врти, со овие до сега ми е супер, не ми треба повеќе, секогаш треба да сме задоволни со тоа што го имаме, и да јас го сакам тој лист и тоа парче хартија, за мене е некаков доказ, дека ете нашата љубов, сплотена со почит и разбирање има некаков доказ, не за другите туку лично за нас, за мене и за него.
Абе апсурдно-неапсурдно, така е поставен глобалниот економски систем. Колку повеќе пари, толку поудобен живот. Многу е полесно да не мислиш секој месец како ќе се прехраниш/лекуваш/платиш сметки/додај по желба
Лани се земавме со маж ми. Годинава почина. И нас не ни значеше тој лист хартија се до сега. Ако го немав ништо немаше да добијам.
Жал ми е за твојата загуба, остани силна. Само што твоето мислење совршено се совпадна со моите погоре, понекогаш (скоро секогаш), парите не се најбитното нешто во животот.
Точно не се. Ама без тоа ливче јас и мојата ќерка сега многу ќе загубевме. Сметки во банка, коли, фирма, стан, пензија. Како да е малку што треба да се борам со неговата загуба па уште да требаше за овие работи да се нервирам.
Bidi silna i istrajna za tvoeto sonce i nadez. Se drugo ke se sredi! Golema e zagubata no moras da si silna zaradi nea,ja imas najgolemata poddrska!
Здраво женски, јас сум веќе член на Фемина, но овој проблем е малце посензитивен па затоа се одлучив да го пишам од нов профил, се надевам ќе ми помогнете. Проблемот не е лично мој, туку моите родители. Да појаснам накратко, бракот не им бил секогаш нај нај, имале испади и караници,сум присуствувала на пожестоки расправии, сум слушнала зборови насочени еден спрема друг, зборови што ниедено дете не смее да ги слушне. Нејсе, се опоравуваа,па имаа добри периоди, и така во круг. Двајцата работат, татко ми има помала плата од мајка ми и нема секогаш стабилен приход, додека таа работи на убава позиција во една приватна фирма. Пред тоа си имаше нејзин бизнис, но исто така со нерегуларни примања, па кога испадна оваа работа се одлучи да ја прифати со оглед на тоа дека примањата се добри, осигурана е на цело работно време итн. И тука почнаа поголемите проблеми. Татко ми е многу терсене човек, многу. Многу е и љубоморен и посесивен, и мислам дека ова што и го прави на мајка ми во последниве две години преминва во психичка тортура. Жената крие и трпи, ама од време на време има испади и ја разбирам. Константно ја контролира каде е, со кого е, дали била вклучена на месинџер,со кого зборвала,со кого е моментално на работа, со кои колеги е на работа, со кого ќе оди и ќе се враќа од таму ( фирмата е на периферија од град па често се организираат заедно да одат ). И тоа слободно време што го има пак и е контролирано, испитувано, каде беше, со кого, зошто, како. Ми зовре крвта кога ми се јави пред една недела расплакана, бидејќи не ја оставил да се враќа со некој колега од на работа, а било полициски час, и сирота таа тргнала по темници пешки да се враќа 10 километри. Мајка ми цел живот го има посветено на мене и на брат ми, сигурна сум дека нема некој трет за да ја оправда оваа љубомора на татко ми. Јас се иселив од МК околу НГ, брат ми е иселен веќе 7 години,и ова ми прави уште потешко. Најтешко ми е кога ќе ми звони навечер, и ја осеќам по гласот дека пак е вознемирена. Веќе ме фаќа страв дека жената од стрес ќе си направи други здравствени проблеми,јас ја осеќам дека е на работ на нервен слом. Сакам да интервенирам и да и помогнам но не знам како? Јас сум многу оштра на јазик, и цело време се спремам да му пишам на татко ми, и да му кажам дека ако не ја остави на мира да ме отпише од ќерка.Од друга страна си викамтатко ми е, мора да има некој начин да се среди. Бракот е нивни, ама во овој случај сакам да си ја заштитам мајка ми од стресови и нервози. Многу ми е тешко и навистина не знам како да постапам, секој совет е добредојден.
Мајка ти мора да сака прво да преземе чекор, ти да и помогнеш. Што ако се постари, ако нема разбирачка нека се закани со развод. Ако си постар не ти завршил животот. Охрабри ја да превземе нешто. Финансиски помогни и ако треба за кирија на пример. И јас не би ќутела татко ми да ја малтретира мајка ми. И него ќе му се лутам и ќе му кажам дека ќе престанам да комуницирам со него ако не ја остави на мира. Ама не се потресувај премногу до степен секој момент да мислиш на тоа. Пошо се возрасни луѓе и мајка ти е во позавидна позиција со работа и плата и може да направи нешто. Ти само охрабрувај ја и дај и поддршка
Нека се разведе, тоа е психичко малтретирање и не треба никој да го трпи. Има каде да оди? Ако нема, ќе и помогнете со брат ти и готово. А, татко ти е свесен што прави и нема да направи разлика ако му кажеш, само може проблем да направиш. Мајка ми беше во таков брак со човек што не ми беше татко. Се разведе и супер е сега, нема кој да ја малтретира. Греота сама да оди пешки. Каков бил татко ти кога ти беше дома? И јас бев надвор, не можеш ништо, а да се смени он нема. Нека се одвои малку негде ако има барем.
Прочитај за патолошка љубомора, да имаш повеќе претстава за што се работи.. Не можеш да ги решиш туѓите проблеми. Кажи и на мајка ти дека си тука за неа, макар и да ја ислушаш. Психичко малтретирање е, и некогаш преминува и во физичко. Но доволно е лошо и психичкото. Ако тој не сфати дека има проблем, тешко.
Јас финансиски сум спремна да им помогнам на двајцата, само оваа тортура да заврши. Мене ми паѓа ова многу тешко бидејќи не сум таму да им помогнам. Морам да признаам дека мислам на ова цело време, јас иако сум надвор имам супер комуникација со нив, се слушаме секој ден, и ова сега ми паѓа посебно тешко. Сакам да им помогнам и на едниот и на другиот. Татко ми секогаш бил фер спрема мене и спрема брат ми, но спрема неа како да е друг човек. И додека растевме со брат ми имаа периоди кога се беше во ред, периоди кога се караа. Ама некако откако си заминавме двајцата, како да им се изгуби волјата на двајцата да останат заедно....како да биле заедно досега само поради нас. Гледам дека веќе немаат почит еден спрема друг, никаква. Многу ми е тешко, од една страна знам дека разводот им е најдобра опција, од друга страна ми е многу жал што кога конечно стигнаа во години каде ќе можат вистински да уживаат, без финансиски грижи, да си се посветат еден на друг и да се чуваат еден со друг бидејќи ние и двајцата сме надвор, се дешаваат вакви работи. Ми се стега и мене грлото кога ќе помислам дека се она што сум растела и што сум го имала како замисла за дом, сега се руши.
Нема потреба да се слушате секој ден. Кажи им и на двајцата што мислиш за нивната ситуација, ама кажи им во живо. На нив е после, дали ќе сменат нешто, или не. Исто како што си гледала караници како дете, и сега слушаш караници, само преку телфон.
Си земаш одговорност и товар на грб што не е твоја. Не се мачи толку психички. Мајка ти е возрасна жена, не е мало дете за да не може да си помогне. Те сфаќам дека ти е тешко и мене би ми било претешко, ама не си земај товар што ти не треба да го носиш. Со своите проблеми мајка ти сама мора да се избори. Ако одлучи да направи нешто, ти си тука да помогнеш и поддржиш. Ама ако одлучи дека сака со тоа да живее секој ден, мораш да ја оставиш да живее, секој имаме слободна воља, секој има контрола над својот живот. Јас секогаш велам, никогаш децата не треба да се чувствуваат дека треба да ги спасуваат родителите. Родителите си грижат за децата, не обратно. Секако дека ти ќе си тука за се што треба, ама никако по цена секој ден секој момент да мислиш на тоа. Плус ти кажав, мајка ти е во завидна положба, со плата, ти си спремна да помогнеш на двајцата и тоа е тоа, мајка ти треба само да се одлучи на чекор. И да се разведат, и татко ти да има нестабилна плата едноставно ќе мора да се соочи со последиците на работите што ги правел. Ништо не е бесплатно во животов. Секоја постапка ќе си ја платиме, добра или лоша секогаш има последици. Како инаку ќе научиме. Кога ќе осети самотен живот малку, можеби ќе му дојде памет како и било на мајка ти кога 10 км цапала сама во темници. Немој да се оптеретуваш, не се мали деца, никој не е присилен на ништо.
И така денес го извадив вереничкиот прстен од рака... Не успеавме да најдеме мир и слога... Пред една недела дојдов кај мајка ми со изговор дека ќе поседам 2-3 дена и веќе не се вратив кај него иако завчера дојде по мене... Синојќа вечерта на телефон се расправаше со мене, си кажавме по не знам кој пат монструозни зборови и по не знам кој пат се вознемирив силно, а не смеам бидејќи сум петти месец ризично бремена... Сабајлево мајка ми му се јави и го направи лом, толку силно викаа што седев во истата соба и плачев... На моменти и го жалам многу, го сожалувам бидејќи ми посветуваше многу внимание и љубов и не се двоеше од мене ни ден ни ноќ...Никогаш не ги јадеше зрелите јагоди и не ја пиеше последната чаша сок во пакувањето велејќи дека нејќе за само да има за мене...Кога се туширав стоеше секогаш пред купатилото пазејќи да не се лизнам и паднам...И стотици вакви постапки... Но, за жал ние сме со нашите животи на многу различни фрекфенции... Тоа што ми соопшти дека не може да се регистрира бидејќи ќе ги изгуби примањата од Данска само ги подгреа и така присутните проблеми меѓу нас... Многу компликации излегоа стриктно од негова страна почнувајќи со станбеното прашање кое сеуште не го решил а детето е на пат...Си дозволи да ме однесе да седам на место што не е достојно за бремена жена иако требаше да е привремено тоа... Секој ден имавме расправии... Последниот месец живее со фактот дека јас му работам зад грб и го изневерувам заради порака на Вибер што ми стигна од една јавна личност, мој пријател...Зборам за пристојна порака во која нема ништо љубовно или вулгарно. Криво ми е што ниту еднаш до сега не го изневерив, а живее со сомнеж, стравови и кога се караме ми го префрла тоа на гнасен начин... Мој заклучок е дека за своите животни неуспеси како маж ги криви мајка ми и токму таа личност дека му го растураат бракот, а не го вперува прстот во себе... И затоа бидна ова што бидна... Треба да се видиме да ми ги даде некои мои лични работи и сакам да му го вратам прстенот... А понатаму што ќе правам со дете, Господ знае...
Жл ми е ептен. За детето ќе видиш дека ќе ти е полесно одколку сега што ти се чини, сега изгледа страшно. Нема никакви шанси да ги поправите работите? Спремен е тој да работи на врската, брачно советување?