Ни во него, ни во тебе е проблемот... за ова барем... Едноставно, сте пораснале во различен правец. Мораш да одлучиш дали сакаш вака да живееш, или сакаш поинаку? Така ќе знаеш дали да останеш со него, или не.
Имам само 20 години, на 17 се омажив мислев дека се што лета се се јаде ама ете не било така.. Јас сум од оние личности што се грижат за тоа што би рекле другите. Можеби затоа и не можам да ставам крај...
Го мислев ова. Си велам 3 години сме заедно и уште сега празнина, а што би било после 5, 10 години? Дали би дочекале и толку не знам..Викам период е можеби ќе помине, ама не мине. Премногу е нервозен, избувлив, љубоморен, нема доверба во мене и тоа ми смета најмногу... Инаку ниту пие, ниту по други оде, ниту со друштво излегува, ама психички ме уби мислам... Плус последниов месец нон стоп мислам на бившиот и ногу ми фале.. А и мм осети дека не е како што беше. Ми вели не ме сакаш веќе, ти го нема сјајот во очите, а јас упорно му велам дека го сакам. Не знам дали него или себеси се залажувам...
Сите се грижиме што ќе речат другите. Учени сме така, затоа што сме социјални битија, и зависиме од општеството околу нас. Никој не вика дека е лесно, затоа ќе мораш сама да одлучиш што вреди повеќе. Стај на кантар (хипотетички), лоштите и добрите страни ако останеш; лошите и добрите страни ако заминеш... и 'премери'. Мораш сама да одлучиш.
Жено смири страсти. Работите се прават со ладна глава. Било каква одлука човек носи трезвено и средено. Пред се психички. Жената треба да се среди. Факт. И ја има уништено самодовербата, страв и има набиено. За да го надмине тоа треба да се избори. За да се избори треба да се среди. Не бустајте некој што се осеќа кревок.
Во право си. Меѓутоа сега во овој момент не знам дали и постојат добри страни за да останам. А немам каде да одам, имам ама како да немам. Во сиромашно семејство пораснав, туку барем малку подобар ми беше животот во тој поглед, можеби само тоа е добрата страна.. Ме сака, бар така мислам и си велам што после него ако не најдам некој шѕо така ќе ме сака. Што ако западнам со некој алкохоличар.. Е овие мисли ме кочат за да кажам крај..Сакав да бидам самостојна, да најдам работа амс мм нели е многу љубоморен не успеав. Сакам слобода, а од него ја немам.. Не сум направила ништо со што би ја разнишала неговата доверба, ама сепак пак ме гледа со сомнеж...
Кога ќе ти рече не ме сакаш веќе кажи му љубомората твоја си го прави своето. Не можеш да живееш во кафез цел живот заради него. Како може да не те пушта на работа. Кој е тој во 21 век да одлучува дали ти ќе одиш на работа. Те загушил на само 20 години. Знаеш ли што се 20 години? Како тоа ќе завршиш со алкохоличар? Тоа не е така случајно. Ако внимаваш нема да завршиш, тоа не е во контрола на некој друг, не може никој сосила да ти наметне алкохоличар ако ти си внимателна со каков одиш. Немој на 20 години да дозволиш да си го упропастуваш животот заради глупостите на други луѓе.
Бабите мои оделе на работа пред 50 години а во 2020 година да ми забранува некој да се остварувам финансиски и социјално не бее. Ти си знаеш ама токсично е друго е да си го отсакала онака да нема страст друго е забрани, неверства, затварање, робување на некој и слично..
Многи си млада и незрела а со тоа и не знаеш да расудуваш врз база на искуство туку само по чувства се водиш. Многу ми е жал што ти се случило ама кога не сакаш да послушаш совети од некој што се постари од тебе и сакаат да ти помогнат не знам зашто бараш помош. Мислам сакаш да знаеш што ќе кажеме ама само сакаш да знаеш. Од тоа немаш корист.
Прочитав претходно што имаш поминато и тоа не е баш одамна и не требало веднаш да стапуваш во брак со друг. Кратко време за да запознаеш некого, копија на оној претходниот. На почеток сите фини, прифаќаат, ветуваат и чекаат жртва. Рано ти било за втор брак, требало да почекаш да си најдеш некој постабилен, поискусен и спремен за брак и за фамилија, а не уште едно дете за чување.
После се, не ни знам што значи љубов... Да, не сакав да ве послушам за развод 'на времето' кога пишев овде, бидејќи сакав да му дадам шанса, сакав да не се откажеме толку лесно, сакав да успееме. Ама кога нешто не бива, не бива, залудно е колку и да се труде некој кога другата страна праве како што намислила.. Велат различностите се привлекуваат, ама ете не било така. Нас нашите разлики само не оддалечија. Тој вели црно, јас бело. И така.. А и немам повеќе страст кон него. Си велам период е можеби само, ќе ми размине, ама не е. Се убедувам себеси дека го сакам, ама не знам колку е точно тоа.. Се ми е испомешано, немам искуство не знам како да постапам. Прв ми беше и ајде со него и брак. Тоа ми е огромна грешка. Пред него само со еден се видов неколку пати и освен мување немаше ништо друго, сега овој период ссмо мислам на него, и ми е криво што немавме секс а толку многу сакаше.. Можеби поубаво ќе ми беше со него, којзнае... Можеби немаше да се мажам толку мала, него да го одберев...
То шо било, поминало. Глеј сега шо ќе прајш. Јави се во социјалното, и по невладини кои се занимаваат со жени жртви на насилство. Ќе те посоветуваат и правно, и технички, како можеш полесно да се осамостоиш. Сигурно има начин и како работа да најдеш полесно. Распрашај се. Ништо не те кошта да се распрашаш.
Знаеш каков е тој? Директно не ми кажува да не правам нешто. Вели направи го, ако сакам да одам некаде вели оди, кој ти забранил, никој.. И после ако одам веднаш мрчи, се луте и приговара а ако самиот ми кажал така да направам. Секој пат му велам поарно кажи не, отколку да кажеш да и после душата да ми а извадиш. А тој уште и виновна сака да ме направи. Еднаш така се видов со најдобрата другарка тој ништо не кажа, ама после тоа лом беше.. И знсе оти ми фале ама кога одиме во мојот град не вели оди види ја. Јас не се ни осудувам да му кажам дека сакам да а видам оти знам после што ќе збори.. Тој откако се ожени ептен се оддалечи од неговите другари, никој од нив не е женет и не ни е згодно заедно да одиме. Ама му велам оди седи сам со нив, не сум му забранила никогаш, ама не сака. Сака и јас така моите другарки да ги отпишам, ама неможам.. Гледав по интернет да најдам некоја работа но не можев. Тука кај нас во градот можеби ќе се најде некаде работа, не сум се распрашувала. Имаше еднаш оглас за касиерка му велев еве овде да се вработам, а тој не ти одговара, далеку сме, нема со што да доаѓаш и така.. А кога и да му кажев за работа дека сакам, вели како да не ќе одиш на некој да му печалиш, да немаш ни одмор ништо. Велеше ние овде дома да работиме како што треба ти 2 плати ќе извадиш и ем кога сакаш ќе работиш, кога не нема. А не оти е така.. Еве заработуваме и тука, не велам не, ама имаме долгови многу и секој месец парите таму одат, не ги ни осетуваме. Кажав оти во посиромашно семејство пораснав, ама тсму колку толку бар посреќна бев и немавме долгови.. Сега тука се е џабе, кога среќата како да ми фале...
Остај шо вели тој. Ти викам за да го напуштиш, ама претходно да се консултираш со овие и да најдеш работа. И не мукажувај се' што планираш и мислиш. Бркај си работа. Ко ќе си спремна, едноставно замини си. И немој да си одиш кога е тој дома. Не му ни кажувај дека ќе си одиш. Да не фати да те изнатепа. Ќутенката. Распрашај се.
Ќе се распрашам. Читав овде по форумот дека некаде во социјалното изгледа беше дека згрижувале ако нема каде да одиш, додека да најдеш работа.. Некни баш разговаравме нешто и тој самиот ми вели ти ваков како мене нема никаде да најдиш. Нели дека е верен, дека не шета, не се коцка.. Ама упорно мисле дека само овие работи се лоши. Не размислува за неговите постспки, дали се арни или не. И баш нешто спомна декс има секакви мажи и шо си ги тепат жените дури. И му велам колку и да нема каде да одам не би трпела насилство и дека не би останала во таков брак. И вели не викај два пати, не знаеш шо може да се десе во животот. И му велам не сум јас како мајка ми. А иначе немам татко, кога се омажив јас, веднаш и таа се премажи по мене. Ама тој нејзиниот не се погоди. Ја малтретираше, ја тепаше, многу пиеше, таа два пати си одеше и пак му се врати.. Сега вториот пат откако му се врати, во јануари беше тоа, ја немам видено и и кажав крај. Затоа му велам нема како неа да трпам.. А психичкото мслтретирање повеќе боли отколку физичкото..
Абе шооо... сите посесивни мажи истиот муабет го прат: Никој нема да те сака ко мене. бла-бла Во врска бев со насилник кој ми бранеше се' и сешто, ме изневеруваше и удираше. Толкава бев колку тебе. Не ќе сум најдела друг. Жими стапов. Уште сто други најдов после него, и сите беа поарни од него. Со овој со кој се омажив, е за 180степени различен од насилников и ме сака вистински. Не повеќе, туку вистински. Пошто оној претходниот не ме сакаше мене, сакаше да ме поседува. Епа извини брат, ама не сум јас предмет па да ме поседуваш и употребуваш како шо ти е ќеиф! Чоек сум
И мојот е таков, како да сака да ме поседува. Што ќе кажи тој, тоа да биди. Сака да се плашам од него, некој пат на заебанција ќе кажам нешто и веднаш лоши погледи. Се плашев нс почетокот од тие погледи, оти бев глупава, сега не се плашам веќе. Некогаш виновен е а упорно прави јас да се чувствувам виновна... Ногу трчав по него, сама му дозволив вака да се понаша со мене.. А ти, ти си една силна личност и затоа некни пишав во една тема дека од тебе има многу работи шо би ги научила. Да си тука до мене, би те гушнала.
Devojce imas li ti roditeli da im kazes deka ke se vratis doma zatoa sto zivotot ti e horor? Ili da odis kaj nekoi drugi rodnini dodeka najdes rabota?