Можеби некој со леснотија би го направил тоа, ама јас едноставно не можев. Дојдоа луѓето, средени, дотерани, со фризури, дечињата средени цакум пакум... И тие сигурно потрошиле пари. Поклони си имаа... Не се тие криви што имам забегана свекрва. Ќе се изедев жива ако ги вратев. А за плаќањето на свекрва ми, всушност, се искрши вратата Мм и рекол, дај сега пари, а таа му рекла „Луѓето со поклони в раце беа, колку што видов јас. Сами си го платија ручекот“. И уште луд те прави.
Со леснотија, не. Камо да беше лесно такво нешто. Не е лесно ни најмалку, ама е нешто за што мораш да стиснеш заби и мечка страв. Поарно ќе соберам сила во тој момент кога треба да направам што е правилно за мој мир, ќе копам и ќе најдам сила и ќе кажам/направам. Мислиш мојата баба не ме има и зборено и кудено. Легна на брашното. Разбра дека не е командир на сите. Не можеш во животот на сите да им погодиш и угодиш по секоја цена. Кога реков на твое место да сум, нема да ги враќам гостите, таман работа. Или ќе сум ја викнала свеки настрана и ќе и речам ова не беше во план, ама кога си ги викала без да се договориме принеси за мезе и пиење, а ние останати договорените ќе одиме на договореното, или сама ќе ги пречекам, послужам, заблагодарам и ќе се поздравам со седете, уживајте, мезете, свеки ќе остане со вас, а ние ќе одиме на мала приватна прослава. Кој се лути нека му стои. Како ги канила така нека им се срамува она. Да видиш дали друг пат ќе и текне така да ти направи. Ти гарантирам дека нема. Ете така се справуваш со некој кој сака да ти куманди. Скршена врата се поправа, никому ништо. Инаку кога би било веќе било. Чисто онака ти викам, земи си го на ум за друг пат. Кога дојде работа да треба ти да се стискаш, стисни заби и колку и да е надвор од твојот карактер, мечка страв. Ќе се бориш некое време со вина, ама долгорочно ќе си направиш голема услуга.
Гледам дека многу девојки како некој вид на совет коментираат у стил-прави се дека не слушаш, молчи си....бла бла. Да, има моменти кога е попаметно јазикот да не се одврзе премногу, ама свекрвата да ми ја навреди мајката во МОЈОТ дом??? Последно ке и е. или она како беше '' волци самотници? '' ?? Таа здрава е?? Ах како убаво би и вратила ја ! Во врска со претходниот пост на девојката со богатиот свекор и проблем со свекрвата.... Знаеш мене што не ми е јасно во твојот живот-зашто бре девојче не си научила ништо од мајка ти? Убаво раскажа какво детство си имала, мајка ти избегала од кај вујко ти со дете под кирија! Што мислиш, лесно и било? Што мислиш, зашто избрала да работи на две места и да живее под кирија наместо да трпи тортура од вујна ти? М? Што ти мислиш за тоа? Си имала жена борец покрај себе-си требала малку повеке да научиш за животот од неа..... барем да те научела да имаш поголемо мислење за самата себе, и да те научила дека ако не се цениш самата, никој нема да те цени.....Знам, познавам луге како свекрва ти, знам дека е тешко со такви провокатори и за караница родени луге, ама исто и знам дека добиваме однесување какво што НИЕ самите дозволиваме. За жал, со некои луге треба да бидеш безобразна зашто убавото однесување за нив е непознато. Си требала ти тоа уште од старт, она на тебе бавчарка, а ти ке ставиш еден 8 -ка осмех и ке боцнеш кај што НЕА ја боли. Било што искомбинирано со насмевка+цинизам+сарказам. Пр:Колку рековте дека вие придонесовте во фабриката?или од кое село бевте вие?Или мајка ви беше тутнарка така? (не ја знам сега за да знам кај ја боли, али некој '' низок удар''........ја бар така би направила. Очигледно е проста жената, па ке мораш на нејзино ниво да се спушташ.....
Јас од напишаното на р.и.н.а насетувам дека свекрвата си има одредени психички проблеми. Можеби грешам душа, ама така ми делува. Не знам дали климактериум премногу ја дрма или нестабилна си била и предходно, ама звучи како некој на кого му треба психолог\психијатар, некој анксиолитик а можда и нешто јаче. Со такви нестабилни плус во суштина зли и прости луге разбирачка нема.Евентуално сериозно да се збори со свекорот,заедно со сопругот и "мамичка" со негова помош да се стави под контрола. Комплексите,проблемите,стравовите и дилемите на свекрвата ние не ги знаеме кои се,можда и она си има мака, ама ти како снаа не си таа што треба да изиграва боксерска вреќа(фигуративно). Логично е тоа што го правиш-ја избегнуваш максимално. А ако не иде и покрај се, се знае-секој на своја страна(мислам вие и они,не ти и сопругот),па кому иде. Ако ви е страв дека свекорот во бес и останатите богатства ке ги препише на деверот,веројатно сопругот досега изградил некој статус во фирмата на татко си, па нема така лесно да го шутне на улица.А бесот ќе му помине. Успеен бизнисмен или не,колку и да е манипулатор, нема да прави глупости на сметка на внучето. Колку и да си импресионирана од богатството, твојот мир и нерви се поскапи, бар за тебе.
I jas kako i site drugi imam problem vo semejstvoto. Ms imeno koga treba da se odi kaj moite roditeli veli deka kolata e defek deka nema gorivo nema pari. A vo istiot toj den moze da kaze deka ke se odi nekade podaleku od moite ,kako togas ima nafta ,pari i kolata e dobra. Pred nekoj den sedime kaj moite i brat mi se javuva da odi da go zemat od rabota so kolata da ne idi peski ako saka ms. Ama ms ne otide so pricina kolata ne ja bivalo. Utre denta odi za gradot ,odi raznosuva kolegi od edno na dr mesto . Kako be z aniv ima se i e dobra kolata? Utrovo se skaravme za ovaa rabota i ms kutese ne rece nisto . Otidovme kaj moite i tamu kako demek na sala me tresna po grbot vozduh si zedov edvaj. Istrcav vnatre se rasplakav tatko mi se iznervira i mi veli zosto places mu velam vaka i vaka e rabotata i deka toj (tatko mi) cel zivot nema me udreno taka silno kako sega ms. Neznam sto da pravam ,mene ms ne me stava na broj samo za krevet i za dete me ferma za se dr majka zbori maka se slusa. Izvinete za fondot ne mi se pravi nesto na kirilica.
Колку пати неделно одите кај твоите? Брат ти има ли проблем со одењето пешки? Татко ти што рече откако те виде расплакана?
A сама зошто не појдеш до кај твоите кога сакаш? Мора жената само со придружба како пред три века? Дома кај мајка и татко си одиш. Ќе си одиш кога сакаш и колку сакаш ќе седиш (нормално со усул со оглед дека имаш и своја фамилија веќе). На автобус не можеш да се качиш? Собирај во крајна линија по десет-денарки за карта. А тој не е грев ако не сака да оди кај твоите. Не е крај на свет. Мора да сака да се гледа со твоите? Тој не сака - ти сакаш. Ти не можеш, јас сакам и ќе одам и готово.
^^ Не е проблемот само во одењето каj незините, таа напиша дека он само jа гледа кога е до неа во кревет и како маjка на нивното дете, ништо повеќе. Зелено, вие си имате сериозни проблеми со мт, а ќе ги решите само со разговор. Самата знаеш дека не е во ред ова што ти го прави, нема потреба од многу анализи тука. Сѐ што ти треба е трпение и расчистување на сето ѓубре што ви го загадува бракот.
Очигледно е дека мажот ти не е во добри односи со твоите родители, па не настојувај да одите заедно доколку не сака. Зарем сама не можеш да одиш кај родителите, па мора само со мажот? Разговарај, кажи му се што ти смета во врска со неговото однесување и не се потчинувај пред такви постапки и однесување.
Зелено,ниеден брак не е ист ,ниту еден човек не е ист.Она што е заедничко е што треба многу разговор.Со отворен став прашај го зошто не сака да оди кај твоите (можеби нешто замерил,можеби има некое чувство дека го искористуваат).Најдете заедничко решение,ако не сака секогаш да оди барем еднаш во месецот нека оди,треба и тој да попушти сепак се тоа твои родители. А за ова,што велиш дека не ти обрнува внимание,знаеш ,не постои копче кое ќе го кликнеш и ќе створиш идеален партнер.Биди она што си,дај се од себе во секоја смисла,створи топол дом,воспитувај си го детенцето,стави му до знаење што сакаш,што ти годи а што не,дека може во секој момент да смета на тебе. Ако е човек и знае да процени ќе се сврти накај тебе. Ако не е,тогаш едноставно не е вреден за труд и готово.
Не се согласувам дека треба да се помири со фактот дека не сака да оди кај нејзините.Не мора да одите секој ден,нормално дека би било претерано,ама еднаш во недела или две зошто да не одите.Ќе си разговараш со него ,нормално,без карање,сигурно има причина зошто не сака да оди.Ќе го решите проблемот и готово.Зошто не зборувате туку повеќето комплицирате со молчење?(генерално зборам)
Некои работи не ми се јасни. Зошто тој да го зема брат ти од работа? И како тоа никој не виде кога тој те удри така силно по грбот? Разговарај со него ако не му се оди кај твоите па и не мора. Си го знаеш патот можеш и сама да си одиш. И татко ми не оди кај баба ми и дедо ми (од на мајка ми страната) па ништо. Оди еднаш во 3 месеци и толку. Би ти рекла остави го ама ова е брак не е врска плус детенце имате и неможе да си заминеш кога ќе ти текне. Седнете и разговарајте пред се прашај го зошто несака да оди кај твоите и на крај краишта ако несака па и немора.
^ Јас мислам дека за ударот по грбот претерува. Сигурно е бидено на шала во стилот на "еее кај си бее", може те удрил посилно и во ред е да му кажеш, ама да трчаш во кујна, да плачиш, да се жалиш на татко ти никаде не води. Само си направила непотребни нервози. Сигурно не би те удрил без причина и тоа кај твоите.
Многу често се случува ова. Често во бракот, на самиот почеток има многу 'рчки и закачки за ситници, и неправедни обвинувања, недоволно согледување на сопствените пропусти. Периодот на нивно надминување, јас го нарекувам растење и созревање во рамките на бракот. Колку ќе сакате да си каснете од задникот еден ден кога ќе ви текне за какви глупости се имате страшно замерено со партнерот. Затоа што бракот носи се`: слабости, проблеми, па и потреба од не-замерување и простување и разбирање за многу поголеми работи. Вашето ново семејство се состои од вас, вашиот партнер и вашите деца. End of story. Никој не мора да обожава да се гледа со вашите родители, да им прави услуги коишто не сака да ги прави, секој од партнерите има обврска да не ги повредува другите членови и да ги почитува од тој аспект, макар и на дистанца ако му е полесно. Но, тоа не значи дека мора да оди кога не сака да оди кај нив, да им врши услуги коишто не сака да ги врши. На крајот ќе сфатите дека (доколку не прави реални проблеми туку едноставно се држи резервирано) најважното е како постапува со вас и со вашите деца.
ова ептен детски ми личи и мене исто ко децана кога сакаат да привлечат внимание !!!! Во самиот момент ке му кажеш дека силно те удрил,дека ти си женско и си осетлива не си како машките да те лупа по грб и готово. А ова што ги развозува колегите лично јас сум многу против,од општа причина што татко ми беше таков па нон стоп се караа со мама дома ама човек тешко се менува,мораш да зборуваш со него,да му наведуваш примери дека не се праи така,дека го користат само за да увиди дека треба семејството да си го гледа. Тоа што викаш те гледа само за во кревет и деца ке си седнеш и ке си направиш муабет ке му кажеш тоа што ти пречи кај него,ке го прашаш дали има нешто што нему му пречи кај тебе и така двајцата ке се потрудите малку за да се сменат работите.
Кај моите одиме еднаш во месецот едвај со молби и кавга.Мс несака воопшто да оди кај нив ради тоа што мајка му не ја сака мајка ми па да не ја навреди. Па и јас не ги сакам нив ама секој ден ги трпам и сум со нив ,не сум се пожалила до сега од нив. Мс откако се роди нашето дете 1 година веќе кога ке речам кај моите да одам да поседам за да ми даде пари за такси или да ме однесе ми вели да одам без дете ...
Извини, зелено, ама тука има една разлика. Ти кај неговите живееш, од нивна куќа се раниш. Додека да бидеш во состојба да не мораш да бараш пари од никого ќе си ги трпиш неговите. Тоа ти е живот во заедница. И аман, ако не сака, оди си сама кај твоите. Поубаво ќе си поминеш кога не ти врши некој притисок. А мораш со такси да одиш? Градски автобуси нема за кај твоите? И нема што тој да ти брани да го однесеш детето или не. Тие му се баба и дедо и твое дете. Мораш да му рапортираш и да му се најавиш. Додека е на работа оди, сигурно не е до толку за 30 денари за автобус да не можеш некако да ги собереш. Собирај ситни од кусурот од пазарење у крајна линија. Такси е скапичко и јас избегавам, иако немам дете и трошоци околу него.
А си пробала да разговараш со него за ова? Значи мораш да му објасниш дека тоа се твои родители и дека како што он сака да си поседи со мајка и татко, така сакаш и ти. Внучето нема само едни баба и дедо и твоите сакаат да се порадуваат. На крај на денот, не го прашувај дали да одиш со детето, следниот пат само извести го. Ќе одиме кај моите, ќе дојдеш? За такси пари зборувај со мајка ти она да плати кога ќе стасаш. Јас се можам да простам, ама да ме делат од мајка ми и татко ми што цел живот за мене се жртвувале, двоеле од уста да ми дадат?! Мајка му не ја сака мајка ти. Што има он со тоа, а уште повеќе твоето дете?! Татко ми што ме разнесуваше секој ден, де на танц, де на англиски јас да го ставам во втор план за некој кој нема респект за мене и моите родител НЕМА ШАНСИ.
Спојлер Мислам дека живеат во различни села или град село така некако, па поради тоа вели такси, сигурно нема некоја си автобуска комуникација.
се согласувам со се освен со делот дека треба да ги трпи неговите бидејќи живее во нивна куќа. Никој не е должен никој да трпи. Животот во заедница е тежок и бара компромиси од двете страни. Муабетот моја е куќата и она е дојдена не држи. Па не дошла на гости она па ќе ги истрпи за саат, два. Чим родителите им отвориле врата да живеат заедно, значи дека им понудиле дом. Фер однос од двете страни е потребен за секој да се осеќа како дома, а не она да трпи и подклекнува за се.