Пиши им тука https://www.facebook.com/glasprotivnasilstvo/?__nodl Кажи им дека живееш со потенцијално насилен маж кој во неколку наврати ти се има заканато дека ќе те истепа. Кажи им ја цела ситуација многу се добри и многу помагаат. Под хитно барај работа. Не си свесна со каков болесник живееш. Значи те молам направи план и ако треба и тука пиши финансиски ќе помогнеме кој колку може. Ама пиши им на овие од мрежата не чекај пиши им одма. Не останувај со него во никој случај. Ќе те упропасти ако останеш. Не смееш на работа, не смееш кај роднини, ти се заканува дека ако си заслужиш ќе си добиеш ќотег. Ајде да направиме некаков план. На роднините можеш да им кажеш ситуација и да ти најдат работа странство? Да те подземат? Пасош ако немаш јас ќе ти дадам пари да извадиш, без никој да знае. Ај нешто направи, не можам да се помирам дека имаш само 20 години, знаеш ли колку многу можеш да уживаш во животот, знаеш ли какви прекрасни мажи има? Ај не се откажувај, пиши
Не ми се учеше баш затоа и несакав да одам на факс. Кога учев за вонредно да поминам, имаше еден професор по психолохија, тој ми велеше ако си мажена, не ти е касно за факултет, велеше запиши се, бистра си, ќе го завршиш и ќе си најдеш некоја работа. Мислев тогаш да се запишам ама велам кој ќе уче и толку. Плус немаше мм да дозволе, а и срам ми беше мажена а на факс да одам. Сега кога би кажала крај, би можела, подруго би било. Само уште желба за учење да добијам Се плашам да се јавам или да пишам на тие организации. Не знам зошто, и Вајлд ми прати броеви, пробав да се јавам, ама целата се тресев, немав храброст.. За пасош немам, а роднини имам само не знам сега дали би прифатиле да ми помогнат. Сакаа додека учев да ме земат, ама ништо не бидна. Имам тетка која, кога се омажив ми велеше мала си едно друго, ама сепак велеше сега ќе си го трпиш. Каков е таков е, седи си 'умна', сложувај се со сите и 'добро ќе ти е' . Кога ја слушнав шо кажа, си велам тетка ми е место друго да ме уче, таа види шо кажува. Ми се повраќаше од такви муабети.. Затоа сега не знам овие дали би прифатиле во странство да одам кај нив.. Имам браќа, можам да се вратам кај едниот во било кое време, знам збор нема да ми каже. Ама како шо пишав таму имав лошо детство и затоа не ми се враќа. А другиот можеби ќе ме прибере ама само од корист. Поарно сега на 20 да се осамостојам отколку на некој да му рмбам за џабе, плус секакви муабети има да слушнам во таа околина.... Луѓе не сте свесни колку ми олесна шо ви пишав тука. Ме направивте посилна и похрабра, друго е кога имаш некоја подршка, друго е кога некој те разбира.. Ве сакам многуу Разговарав со една другарка сега за ова и ми вели смири се, период е, ќе помине, немој такви мисли. Мислам дека таа прва ќе се побунеше и ќе кажеше немора да трпиш и ќе ми предложеше кај беа да одам, ама не. И она е од тие шо мислат дека кога ќе се омсжиш и толку 'мора' да трпиш по секоја цена...
Каков примитивец, бегај што подалеку додека си уште со здрав разум и имаш трошка самодоверба ако продужеш со таков сметај дека натам ке се заживееш со улога жртва дури и ке сметаш за нормално дека си подоле од него. Бегај во странство мој совет како в факултет тука какви бакрачи бегај странство ке ти се смене животот од искуство ти зборам друг менталитет, повеке пари се...
Нема зошто да ти е страв да им пишеш, затоа постојат тие организации. Луѓе што ти велат седи си умна се луѓе што нејќат да се замараат пошо цел живот за себе гледаат и се себични. Како ти рекла другарка ти период е. Не е никаков период некој да ти се заканува со ќотег. Таа не е нормална што збори. Ама треба да знаеш, се дури сама не си помогнеш никој не може. Сама во смисла страв ми е ама ќе се јавам. Ќе барам чаре, ќе прашувам. Пиши на роднини ако имаш доверба. Пиши им на овие горе што ти ги пуштив гарантираат 100 % тајност. Не познавам жена што одлучила да се ослободи и не успеала. Не успеале ако се враќале. И со секое враќање луѓето околу нив се помалку сакаат да им помогнат. Немаш причина да седиш кај него, вака одстрана ние многу порационално можеме да ти кажеме како изгледа ситуацијата. Не мора никого да трпиш по секоја цена. Ни мајка, ни татко, ни маж. Ама се ова само ако ти сакаш. Ако не сакаш џабе збориме. Можеш денес да им пишеш и да превземеш контрола над својот живот и да уживаш или можеш да останеш со него и да се надеваш дека нема да му текне да ти го скрши носот некој ден. Со таков сакаш да живееш? Нејќеш маж што секое сабајле би ти спремал доручек, што ако се дотераш би ти рекол дека си најсекси и би ти рекол убаво поминете си вечерва со другарките, што би те поддржал за работа? Маж ми ми викаше не правиме дете дури не завршиш факултет. Не затоа што чекаше од мене, воопшто не, тој земаше висока плата, ама знаеше дека јас немаше да се откажам од факултетот, а би ми било потешко со дете. Затоа што ме поддржуваше да се усовршам во професијата што ја сакав иако јас некогаш станував емотивна и му велев ајде бебе, а тој беше рационален и ме туркаше да најдам работа во која ќе уживам. Несакаш таков маж? Сакаш некој што нема да те остава да мрднеш со прст? Никој човек не смее да те поседува. Толку си млада со толку потенцијал. Само пиши им порака и сврти еден број. Толку малку за почеток. Нема тој клошарот да дознае. Луѓе со огромни проблеми се извлекуваат, знаеш зошто? Затоа што сакаат, имаат цврста воља. Препаметна девојка си, со толку современи сфаќања, толку зрела за своите години, па како да останеш со таков, свесна ли си со каков потенцијал располагаш? Пиши тука за помош, што можеме ќе помогнеме. Ќе го најдеш решението ако го бараш.
Абе Хелоу ти ја разбирам јас енергијата, ама може не знае јазик, може никој нема да помогне за странство. Инаку фино звучи. Ама таа до соседниот град да се пресели е успех, да најде начин да се тргне па после полесни се големи чекори. Се понудија луѓе, ќе се најдат луѓе од форумов за секаква поддршка, сега на тебе е @Summer16 да решиш што сакаш. Никогаш не е доцна, а за тебе па ич не е доцна. Ама па само од тебе зависи.
Па добро ама има и агенции за посредување работа, беше пишала дека ја викале роднините на 1 месец, странство е најдобар избор, никоја жена не е останала на улица што си отишла не познавам таква
Малку оф топик е муабетов, ама и во странетво, полесно ќе поминеш со повисоко образование. Уствари, особено во странство. Под претпоставка странството да не е Бугарија или Романија Млада е, се може да постигне.
Додека ти го читав ова верувај дека очите ми се исполнија со солзи.. Мило ми е што имаш такво мислење за мене, иако не се знаеме, мило ми е што направи да не се чувствувам сама, што ми влеа желба за живот... Ќе соберам храброст да им пишам. МОРАМ. Претажно е за моите години да имам ваков живот, не заслужив. Денес и пишав на мајка ми. Си велам да и простам, џабе само се нервираме и двете. Ќе му речам да одам кај неа на ден два, да одморам мозок. У меѓувреме ќе барам работа и некоја соба под кирија. Морам за почеток да заштедам некој денар, без пари што би правела.
@Summer16 А сега 20 години имаш? Немој случајно непланирано да останеш бремена! Сега е мн лесно да се реши се ама бремена ќе е потешко. @Mantub Има некоја 100% сигурна ваква група за насилство спрема деца? Сега ја отворив може да се пријави и во оваа значи.
@Summer16 вака кога те читам сепак сфаќам дека немаш поим што криеш во себе, а за жал не сфаќаш и немаш доволно храброст бидејки си потисната од цела околина, од околина која што треба да те заштити наместо турка кон дно, не си свесна кој потенцијал го имаш за да се осамостоиш и водиш нормален достоен живот. Ама ете, мека кревка, за жал животот макеа ти бил па многу нормално е вака да се чуствуваш и да збориш и мислиш како што правиш. Не девојче мило, не треба да се помируваш со тој твој маж дека така требало да биде и дека треба да си восок у таа фамилија, треба напротив местото да му го покажеш, односно да му докажеш дека ти можеш, оти он мисли дека уствари ти ништо не можеш, па наместо да добиеш маж си добила стока покварена што мисли дека ќе те поседува, дека ќе си игра со тебе, ќе те вреѓа на сметка на се она што не си добила во животот а бескрајно си заслужила, маж наместо ваква стока. Почни од себе девојче, знам дека нема да ти е лесно, знам дека си утепана и дотепана од цела околина ама треба да се изидгнеш над сите нив, да пробаш денес, веднаш да направиш мал чекор што утре ќе те води кон поголем и поголем и така натаму. Не се откажувај, немој да мислиш дека не можеш да најдеш работа, ќе најдеш и тоа како, млада паметна девојка си што имаш потенцијал во себе зошто да не успееш? Можеш да пробаш да се оддалечиш од копукот за почеток, па работа да најдеш, верувај ама поверувај ми дека ќе се почуствуваш препородено. Од после ако имаш работа ќе си дојдат сите работи на ред. Битбо е дека треба да пробаш од некаде, да почнеш, да собереш храброст да се осамостоиш, макар да побараш помош од некого каде што знаеш дека би имала подршка и надеж а мислам дека би имала, млада си мала си, секако помошта што некој би ти ја дал би ти била клучна за да одиш напред. Имаш многу пред себе, многуууу, ете можеби те очекуваат многу убави работи зошто не пробаш да се осободиш од стегите за да видиш дали така ќе ти е убаво? Знам дека е тешко, многу добро ти ја сфаќам ситуацијата, млада, мала, незгрижена девојка која што треба и мора да се бори. Кога ќе ја собереш оваа сила да почнеш макар од најмала промена кај себе си потоа ќе дознаеш дека можеш и повеќе и т н. Не губи надеж, само собери сила и почни од некаде. Вака кога те читам забележувам потенцијал и забележувам дека растеш и созреваш. Можеш ти!! Сакам да те прочитам дека си пробала да почнеш од некаде!!
Пред да останам трудна најнормално си планиравме и венчавка и свадба и тој тогаш не пријави некаков проблем дека ќе има во врска со тоа...Дури отпосле, во втор месец трудна ми кажа дека ќе ги изгуби примањата од Данска и дека наводно и тој тогаш дознал... Да беше барем тој проблем само... Да бидам искрена јас да сакав и станбеното прашање ќе го решевме брзо и поефтино. Можевме да направиме спрат кај моите од 100 квадрати или евентуално на плацот на моите можеше на ново куќа да се направи и имаше средства за тоа... Со вакви гомнарии да ми извините, што тој ми ги приреди нема шанси да му се дозволи да вложува на имот на моите кои со труд и пот цел живот ствараа, а неговите игла не му даваат и не му дале... Затоа нека се снајде сам како што знаеше дете да направи и по цел ден да лежи пошто има примања од Данска... Јас сум интелектуалец со завршен државен факултет во времетраење од 6 ипол години, работам во образовна институција и сакам да напредувам во животот и покрај тоа што и немам некоја висока плата... Гледам дека тој не е за себе да се среди, да напредува, да создава,а не утре тој куќа ќе отвора и деца ќе одгледува... И уште ме мавта дека ќе сме правеле венчавка во црква и после тоа помала свадба, ама изгледа не му кажале дека црквата не венчава без извод од матично... Тоа е тоа...Разделени сме сега скрос, више не ме допираат неговите жалопојки и пратени селфија како плаче и пие таблети за смирување дома кај мајка му...
Додека не се решиш да избегаш од таму (се надевам нема да чекаш долго) да си одиш на гинеколог и контрацептиви да ти препише. Ќе сони тој дека користиш. Немој наоѓајќи изговори да си залепиш дете, па тек тогаш ќе биде никакво... Тогаш нема да си ја знае силата за уцени неранимајкото.
Фала ти, многу ми значи ова, многу! Ми велиш да се оддалечам од него, тоа и го правам моментално. Се наоѓам изговори, само за да не бидеме како што бевме. Тој веќе ме осети па сега овие денови се труди околу мене, нагалено ме вика нон стоп, повеќе се гриже.. Домашноте мислат дека сме си океј, дека немаме проблеми никакви.. Од мал е таков, разгален, се да е по негово.. Кога ќе се развика за нешто на мене, неговитр место да му кажат не вака, не така, тие ќутат.. И не дај боже нешто да му се згреше на синчето веднаш не требало така, не требало вака...
Самер, еве убави совети ти дале сите жени погоре, сега остани смирена и направи план што ќе правиш. На 20 години се е и лесно и тешко. Лесно оти си млад, свеж, неизгазен многу од животот, а тешко оти без искуство, и генерално си дете, повеќето зависиме од родителите на таа возраст и финансиски и за поддршка. Јас би додала ако имаш веќе роднини надвор, почни да го учиш јазикот во земјата каде што се, полесно ќе се нафати да ти помогне некој ако знаеш јазик. Факултет зависи што сакаш, можеш и вонредно а да работиш во меѓувреме. Ќе има тешки денови, ама сите имаме тешки денови, ако си упорна ќе успееш. И ако им веруваш на жените овде, а и јас исто би рекла, не е битно што мислат неважни луге, битно е што мислиш ТИ за својот живот. Со трпение и упорност, ќе биде.