Епа мислам дека сите истото го правиме. Барем во овие мислења кои ги прочитав, никој нема да и каже да се разведе за некој банален проблем.
Не реков дека треба да трпат навреди,ќотек и што ли уште не. Зашто го лупна ова вака безвезе? Не сум ги читала детално коментарите овде, ама ако не можам и не знам како да помогнам, не коментирам. Ми влезе во око ова со разводот на речиси секоја страна. Не може за секоја една проблематика да се советува разведи се.
Немаат искуство како мажените. Не делеле сметки до некој, не делеле обврски во домот, па во брак не делеле имот, немале деца... Не знаат како дете врзува двајца луѓе ... дури се живи...без разлика дали ќе останат заедно, или не.
Епа и јас не лупнав безвезе, прочитај зошто сите напишаа да се разведе. За тоа имам кажано, не се сеќавам дали сум напишала тука или друга тема, ако некој може да живее со тоа и да има доверба, да не го спомнува тоа на партнерот нека продолжи. Индивидуално е.
Не е битно. Амо сакаат да коментираат ќе коментираат. Членките кои ги пишат проблемите треба да се свесни дека на интернет на секаков совет ќе наидат.
А ти цела тема ја прочита, за да донесеш заклучок дека секој совет е ,,разведе се,,. Пошто од март , особено последните не знам колку страни, се коментира само еден случај. Советот е ,,разведи се,, оти не постои тема предбрачен совет- па да советуваме навреме, ич да не се мажи.
Ми се свиѓа ова " предбрачен совет" Нели и тоа има кога ќе стапуваш во брак, одиш во советувалиште за предбрачно советување, ние бевме ама седевме вкупно 10 минути, колку да ни потпишат дека сме биле, а колку што ми кажувале други, исто траело толку и за нив. Да отвориме на фемина " советувачница"
А што е крајниот резултат ако не иде убиство? Ако е некој насилен чао пријатно без разлика на пол или што и да било другарка, другар... 21 век де бре луѓе збираш парталите и кај те воде пато.
Самер што направи човек? Уште само пишуваш... Од почетокот знаев дека ќе остане само на тоа за жал... А би ималанти би имала светла иднина Ах бре девојче
Ај не ми испревртувајте зборови и престанете да цитирате кога не сте дочитале, само да се иде контра реплицирате? Никаде не пишав оправдувам насилство, ало драма кралици без глупости! Убаво си пишав, за секој проблем “советот”е тој ист, а не дека треба да седи и трпи навреди,тепања па и до убиство стигнавте Бреј,чудни жени.
Па реално стварно само развод повеќето го сметате за решение. Не знам дали си мислите дека бракот треба да биде sunshine & rainbows цело време, ама не е така. Сега, не зборувам за тие што се во брак со насилник апсолутно тогаш е повеќе од јасно што треба. Ми текнува назад на темава имаше ептен безвезни причини као „ маж ми дома не ми помага, само јас готвам и мијам садови сама” и одма вие -РАЗВОД.
Луѓето многу често се разведуваат заради домашни обврски, сосем валидна причина е. Има жени што одат на работа, гледаат деца, водат домаќинство и после немаат сила заби да измијат. Ако со години живееш со маж кој со прст не мрднува, не е благодарен за твојот труд, си мисли зошто тој да мие садови за што земал жена, и ти ќе се разведеш. Јас би. Ако со ништо не можам да допрам до него за да го решиме проблемот.
Луѓето денес и се разведуваат така лесно, колку е зголемен бројот на разводи во однос на порано. Не ме напаѓајте, не влегувам во причините за развод. Нормално дека порано трпеле сѐ и сешто, а денес не и тоа е валидна причина за развод, ама има и банални причини (по мене) за проблеми на кои може да се работи заеднички. Ништо не паѓа од небо, на се треба да се работи за да опстане, ама на многу луѓе тоа не им е јасно.
Брако треба да е 50 50 поделен и двајцата да дават 100 проценти од себе за да бидат среќни, ако веке дошло до тај степен јас по форуми да пишувам и да се жалам значи треба да го напуштам тој партнер не гледам никаков проблем, исто како боле ме заб расипан е одам на заболекар и го вадам така и со маж.
Не може да се разведува некој од убаво, така да не судите секој си има проблеми во 4 зида не е така како што изгледа. Фала богу жените почнаа повеќе да се ценат и не дозволуват некои будали цел живот да и го реметат миро.
Не е така. Ај замисли друго све е погодено, добар татко, работи 2 напорни работи, ама не сецка салата и аха ќе се разведам. Што знам, мене ми е смешно.