Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па добро ајде гледај ја и другата страна а другата страна ако работи исто, дома пазарува, готве, пере, деца чува се.. Ама не бе битно он оде на работа и е изморен. Не дека ние сме многу негативни што пишуваме такви ствари, знам ги совршените бракови како функционираат со доверба, делење на се, нема ваа е моја ваа твоја рабоа, имаат авантури, патувања итн.
     
  2. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    50:50 треба. Ова го зборам имаше една членка пишувано порано на темава како она била домаќинка во странство а маж и возел камион и носел пари и пазар дома ама бил мрза, не ја поставувал масата и бара совет. И ај, шо ќе и одговориме? Развод и пишуваа
     
    На crazylady, buba4e89 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Маж ми не знаеше ништо да прави кога стапивме во брак.
    Развод можеше да следи, ако не беше спремен на адаптација.
    Ако сака да научи домашни обврски и да ги прави, нема зошто да се разведам.
    Еве го.. и пајнци мие, и усисава, и машини пушта, и алишта дипли и бриши прашина, и готви... се'

    Работата е само да сака да учествува еднакво.
    Ако не сака... тогаш, фала-пријатно.
     
    На piksooki, cresa-jagoda, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Добро секој нека прави како што е среќен ако одлучила да е домаќинка тоа е друго, али и двајцата ако работат ако носат пари зошто да не е поделена дома 50 50.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.518
    Заб ако те боли, не одиш одма да го вадиш, не оди тоа така:D
    И за развод, не верувам дека се развеле некои оти така им текнало одредена секунда. Шо знам , можда оние што ги зборат дека карикирам- свекорот ја испсул невестата на свадбата, или толку се скарале за името на бебето што се оставиле одма. Ама тие екстреми се..или ја вара со вработена нејзина.
    Ако жената е самостојна независна и во добра психичка состојба, сама ќе си одлучи. Често е многу комплицирано плус додади љубов, деца, финансии, не е едноставно но не е и нерешливо..
    Во Америка е секој втор брак разведен, ама таму кога е стегнат маж за алиментација, нема мрдање. Мк за сича ќе го прогањаат повеќето. Мада знам случаи деца живеат со ТАТКОТО, а тој и плаќа 1/3 од плата на мајката, јер судот така одредил а децата сакаат со него да живеат малолетни .
     
    На Dalia93, Nevenche26, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Никогаш не може да биде 50 50 и не треба да биде. Замислете се да ви е под конец и совршено,да не се скарате за ништо и за секоја работа да се согласувате. Секој има периоди. Може сега летово мене ми е топло и не трпам и не можам да готвам, ми се врти до шпорет, сакам нешто полесно да јадам. Што треба маж ми да ме остави зашто не готвам? Ќе готви тој (и вака и така он готви кај нас, па фала богу никогаш не направил проблем). Ако тој сака да одмори од работа еден месец и да си лежи дома да го оставам? Или има период кај што сака со другарите да иде на пиво, јас имам период да одам на пиво, а тој да го чува детето? Нема избрзување, само разговор и договор. Ако мажот не ви е најдобар другар според мене тогаш бракот е готов. Тие што гледате црно бело на бракот очигледно не сте во брак и не треба да бидете додека не сте спремни за компромис.
     
    На Bubish26, tessie, buba4e89 и 19 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.544
    Пол:
    Женски
    Мојот маж ми помагаше многу кога бев бремена, одев на работа, после дете дојде, па пак работа и така натаму. Рака на срце.
    Денес не ми помага нешто баш, добро, знае да нарани дете, да му направи јадење, да го игра, да го шета, да го облача, да брише чисти глупости по него итн, ама и не може да ми помага како порано од проста причина што тогаш работеше 9 часа сега работи 13 часа плус минус. И сега он дојден од работа да му викам ејјј ајде бе напрај ручек?
    Ако не напреш ќе се разведам.
    Цк.
    Има секогаш ручек
    Е за тоа јас кога одам на работа, или навечер или рано насабајле тој спаструва се што треба, кога реално имаме потреба од истото.
    Нема шанси да му речам жешко ми е еве готви. Крај краева вадиме од фриз разно разни глупости и амин.
    И да, имам речено дека ми е жешко и ме боли глава и дека ќе јадеме ладен сендвич.
    Има моменти па кога готвам повеќе.
    И така

    Исто сум искачала чувал дете, исто и тој.

    Компромис, подршка, искреност, милост љубов, доверба.. тоа ми е основицата за да живеам мирно. Исто и на него.

    Нема нешто што не сум помислила не пак направила а да не знае. Исто и јас
    Со сите карти сме на маса макар му се доапаѓало на него или не мене тоа.

    Сме имале кризи сме нашле компромис аме се смениле и двајцата таму дека треба и тоа е тоа.

    Се караме и за глупости. А бу. После толку е.

    Како во секој брак впрочем

    Ама прво сме пријатели. Ќе си седнеме ќе муабетиме вака така онака.

    И да не се сложиме накрај наоѓаме компромис.

    Некогаш кога насетуваме дека имаме меланхолија променуваме нешто, одиме некаде и така.

    И не, не се согласувам дека за секој проблем решението е развод. Ама ќе се согласам со фактот дека ако едната страна не е заинтересирана за компромис, искреност, разговор или попросто да се обиде да реше било што тогаш како ќе градат брак ? Еден бракот не го прави.
    Насилство и слично се друга димензија која не оправдувам никако.
     
    На fairy88, dayla, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Секој зборо компромис го сваќа и прифаќа на свој начин, иначе секоја чест за таквите разбирливи бракови

    Па зато реков дека секој си знае секој има свои проблеми во 4 ѕида. И затоа не осудувам развод дури и за ситница оти може таа ситница многу да кошта во иднина, женски парфем на кошула, оди ма напуни ми вода и слично, поарно да се прекине од почеток со такви ситници отколку да се одолговлекува и да настане голема. :D
     
    Последна измена од модератор: 30 јуни 2020
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.544
    Пол:
    Женски
    Разбирлив брак ти е уствари компромис.
    Компромисот доаѓа кога и двајцата имаме доблест да попуштиме за да се најде трето решение на пример, што ќе ги опфати и двете различни мислења ли ставови ли околу тоа што не се согласуваме и имаме инакво мислење.
    Компромис е компромис не може да е различно сфатен
    Денес еден попушта утре друг или па се наоѓа трето решение.
    Тоа е тоа.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    За жал не можеме да нарачаме сопруг по каталог, па да ни биде се како во бајка. Да не ни ја заборава годишнината, да знае кога му е роденден на кучето, да не бакнува и прегрнува додека правиме ручек, да брише прашина, да не изненади со патување на Малдиви, да ни носи букет со ружи секој петок.
    Брак, реален живот и реални проблеми. Ќе се скараш, ќе се налутиш, ќе кажеш ствари што не ги мислиш и све тоа.

    Мене на пример многу ме нервира кога некој ми се плетка во кујна кога готвам, или кога ми средува во соба па после ништо не можам да си најдам.
    Кога жената е уморна мажот помага и ќе зготви нешто ништо страшно. Кога маж ми ќе биде уморен јас ќе сменам сијалица дома или гума на колата. Компромис е се.
     
    На honey.11, *Amethyst*, ALISA0000 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Тато, Бог да го прости, се' негово си беше на место и за се' си имаше место...
    За мајка велеше: Мајка ти го има 'суредено' негде, па оди ти сега најди го :D
     
    На st2007, Mami3 и thequeen95 им се допаѓа ова.
  12. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Сакам совет во брак сум 8 месеци а имам 20 години и живеам во странство со маж, свекрва, свекор, золва. Поради оваа ситуација со коронава домашните цело време зборуваат дека не сакаат да си одат а јас сум слободна не одам на работа значи само седам дома по цел ден, не сум ги видела моите веќе 6месеци и сакав ако веќе домашните не си одат за Македононија да си отидам сама. Му го кажав тоа на маж ми и тој рече ке видиме после тоа дома беа свекорот и свекрвата и јас додека седевме и кажаби на нив дека сакам да си одам. Тие рекоа дека не ми дозволубаат дека неможело сама да да патувам една куп навреди и на крајот и на мојот маж истото и тој не ме пушти да си одам.од тој ден свекевата се чошо ми прави не ме остава дамо ореговара по цел ден плачМ а мојот маж не ме разбира тие одлучуваат без мене за нешто што јас треба самата да го одлучувам се јавуваат на моите и и кажуваат како јас не сакам да си одам. Тие се мешаат во се и јас бидејки сум невработена морам да живеам со нив додека овде не завршам пракса што знали уште 3 години. Мојот маж не сака да се преселиме во посебен стан поради мајкаму а јас не сакам некој да ми наредуба и да ми забрануба.
     
  13. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за ситуацијата, но со кој памет прифаќате живот во заедница, па уште со мамино синче? Нема што да ти дозволуваат или забрануваат тие, не си мажена со нив туку со синот, ама во твојата ситуација маж ти нема почит кон тебе кога дозволува тие да се мешаат и да те навредуваат. Јас би те советувала доколку имаш пари, кога ќе се отворат границите да не даваш извештај на никој и да си дојдеш. Доколку немаш, слушни се со своите и договорете се, дали да ти пратат и слично, и кажи им сè што ти се случува (доколку се разумни) и нагласи да не кажуваат ништо. Е сега, за понатаму јас лично не би можела да издржам таква тортура и не би се вратила доколку не се оддели од неговите. Не со зборови и празни ветувања, докази!

    Едит: Не мораш со никој да живееш ако не сакаш, ниедна пракса или работа не е повредна од мир и слобода, така да не мораш никого да трпиш. Некогаш мора и да се жртвуваш.
     
    На bibiiii и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Мојата се прави дека е добра а со керкаи зад грб по дома си шепотат намерно прави збрки, ми ги остава моите садови нејзините ги мие а керкаи ништо не фаќа и пак не и зборува. Јас кога и да си дошле од работа сум зготвила нешто садови средени се средено. Она ссмо да јаде и да си одмара и пак не е погодено. Од некни ми префрлуваше јас гледам да имаме контакт она само еден збор ке каже и ке се намрди сама се нејќе не комуницира со никој мн е нервозна и јас како помлада гледав да не и обраќам внимание ама не бива мора да го упропасти она денот мора да и засмета нешто. Свекорот не знае дека она со мене тскс се зафркава а јас не сум таква да се жалам и он некни осетил и и орегоборил онс бика јас сум се жалела. Јас сум сакала син и да го одделам од неа јас сум била инает а јас ја оставам пробувам да ја игнорирам ама претерува. Најинтересно ми е кога ке си дојде мм од раб она ке му каже се што си измислилс и после јас имам проблеми пошто нели мама се нервира
     
  15. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Моите ме подржуваат некни тато се слушна со негобите викс целта е само да се видиме 20 дена повеке со неа она ни е дете тие не развираат такви се безчуствителни. Што ке кажел народот вика тато не сме во турско ропство па да ти заврануваат они. А и маж ми нема глас овде што каѓе мамичка тоа. Си доаѓа вика таткои се заканува и почна она да се тресе и на него толку му фали со моите се скара викам не сужи чул дали тато е кажал нешто или твоите лажат. После му реков браво мама ке се затресе еднаш и нема селење понатаму пошто маама се тресе. Сите се пидржубаат 4цата моите му виксст подржувсј јс мслку сама е таму тој мама што ке каже тоа.и сметало што сум прошетувала па кога ке сме се симнеле дс немало спиење кај моите само 2 часа можело викам на мм тие ли ке ми наредуваат. Незнам што да правам моите викат седи сега ако кажат не се симнуваме ке најдеш оребоз ако не симни се со нив ама размисли што понатаму...

    Јас да сум ги забравела родителите веќе на нив да не ми текнували маж ми бил тука да сум го остабела 15 дена сам и слични глуписти се кажавна моите до пред 3 недели молчев за сите проблеми за да не се секираат далеку сме и не сакав да ги секирам амс и моите гледаат сега како е ситуацијата и се на моја страна...
     
    Последна измена од модератор: 3 јули 2020
  16. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Те читав и во другата тема, не ја бива работата. Дојди си и не се враќај таму повеќе, ако не сака да се оддели од мамичка нека си живее сам. Колку мразам такви свекрви, како може да се љубоморни на снаа, синот треба вечно со нив да биде? Страшно!
    Сепак проблемот барај го кај маж ти, свекрвата е крива за нејзиното однесување но тој треба да пресече и да биде на твоја страна.
     
    На tessie, tinka-mace и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Извини, јас не те разбрав убаво. Каде се наоѓаат твоите?
    Девојче, знам дека многу ќе се спротивстават и ќе речат ете одма развод и такви совети, но живот со ваков човек е многу тежок.
    Неговите премногу си земаат право да ти кажуваат ти што да правиш. Ако сакаш и со месеци ќе бидеш кај твоите и не смеат а да речат.
     
    На Larahappy, bibiiii и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Во македонија се тие

    Инаку тие се чуле на телефон тато втор пат сакал да ги замоли да ме пуштат вика он да ми каѓеше некој дека ке се молам за моето дете да си го видам, пропаст и по пат тато и зборел и кога си дојдос свекрвата направи драма и рече тато де заканувал имала снимки викам дај да видам вика ке покажам на суд се тресе драми за синчети да и верува жалнооо 3 недели плачАм тука безчивствителни се
     
    Последна измена од модератор: 3 јули 2020
  19. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Добро е што имаш нивна поддршка.
    Е сега ситуацијата е малку лоша, но би те советувала веќе да не спомнуваш за доаѓање во Македонија. Прави се дека си се премислила, не се расправај ни со нив ни со него. Ако не мијат и за тебе, нема и ти за нив. Издржи додека да се отворат границите. А кога ќе се отворат, куферот и дома. И не се враќај по никоја цена, тоа што таа го кажува е за да те заплаши.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Пробав да му кажам и на него да се преселиме вила дидека не завршиш со школото (јас најмн заради школото дојдов и се мажев за овде да завршам ама сеа нема заради коронава и седам така ивде 5 месеци додека не го укинас карантимоб нд ни спомнав да си одам нема тест нема карантин мдѓа пречки за да не отидам да ги видам моите најѓногу ке ми е мака ке ги затворст границите по изборите и во фекември дури ке ги видам..), и тој не прифака да се селиме и не не брани мајкаму се кара со мене тој само слуша не е на моја страна. Моите дс му кажат нешто јад ке рипнам да го одбранам но тој не..