@cornflakes6556 види сега вака и твоите се контрадикторни, како демек дојди, ама чекај сите да дојдете. Аман жено во 21век нема кој да ти ограничува движење, пасошот они ти го држат или си го имаш ти? Позајми се од некој, ако твоиве не ти даваат и ти викаат да чекаш сите да дојдете назад тука. Дека работава е ем зависиш од нив финансиски, ем сакаш да се тргнеш, ем твоиве ти викаат дојди, ама чекај дојди со нив. Кога ќе заминеш треба да знаеш во што се втурнуваш и што се последиците и да не жалиш ништо. Во брак жената не влегува да губи слобода, слободен избор и воља. Прави како сакаш, не може вечно да играш по туѓи правила, животов е еден да живееш по туѓо. И тој маж ти една чврга за опаметување си тражи, се шалам, ама колку години е вака штом е толку потресителен за мајка му, а не мисли воопшто дека и ти имаш родители кои те мислат и сакаат да те видат?
Да не бидам грешка сфатена ама за момент ставете се на местото на фамилијата на маж и. Мислам дека секој нормален човек во период на пандемија би размислувал вака и би се грижел за снаата, каде сега по аеродроми, граници, карантини, самоизолации, плус сама за на крај и да заглавиш со месеци кај твоите па да не можеш ниту да почнеш со школото. Зошто? Затоа што тебе така ти текнало, на сред вирус да се шеташ. Си ги прашала како им е на нив? На маж ти? Работат да ти обезбедат за школување и околу сите трошоци штом си невработена а ти си запнала твоите, па твоите. Твоите наместо да те советуваат во моментов да не патуваш тие како да те буцкаат. Те разбирам, имаш само 20 год. ти се шета ама за тоа си требала да мислиш на време. И немој да ми кажеш дека од љубов отиде, за да не бидете разделени и прифати да се мажиш уште на 20. И јас имав врска на далечина, бевме 3ипол години заедно кога се разделивме и продолживме уште 3ипол разделени, не се омажив додека не се подоправија работите. Размисли, вреди ли за тоа да се расправаш со мт? Ќе помине и тоа, ќе се видиш со твоите. Сите што сме странство сме во иста ситуација.
За нив ти си само трампа за евентуално потомство и ништо друго. Самиот факт дека си дозволиле да ти кажуваат како, каде, колку и со кој ќе си присутна укажува дека те гледаат како сопственост/додаток во нивната фамилија. Немој да мислиш дека им е гајле нив за твоето школо или планови кои си ги имала со мажот ти, очигледно ќе биде како они ќе кажат, кога ќе се видиш со твоите, кога, каде и дали ќе работиш, кога ќе раѓаш... Корисни совети ти дале членките, веднаш пријави на надлежните каде што се наоѓаш, ќе си останеш во странство без да знаат тие каде си, барем нема да ги мешаш твоите во евентуални конфликти со нив. Можеби е и вака, но како што разбрав по пишаното не ѝ е дозволено ниту со своите да се слуша по телефон. Збориме за полнолетна личност на која ѝ е скратено правото на слободно движење. Можеби и свесно се нашла во ваква ситуација, но секој има право да се предомисли и најважно, да одлучува сам за себе.
Ko prvo , taa ne e retardirana za nekoj da ne i dozvoluva roditelite da si gi vidi, znae i taa deka ima pandemija, ne teba nekoj da i kazhe. Plus toa i rekle, sega si mazhena, zaboravi gi roditelite, kako smeesh mazhot da go ostavish sam 15 dena. Ko ke se izbacite so nekoj sovet. Devojche so problemot, greshka ogromna vi e shto zhiveete vo zaednica so roditelite na maz ti. Oddelete se. Za dozvoluvanje ne treba nikoj da ti dozvoli. Ama kako se nafakjate da zhiveete zaedno so mazh koj e pod ogromno vlijanie na mama, pa ushte zaedno so mama. Ne mozam da sfatam, zarem ne go vide kakov e pred da se omazhish
@Monella Ма дај. Еве јас никако не те разбирам погрешно, но дали ти ја разбра членката? Абе толку многу се грижат за снаата, што со навреди и објасниле дека се загрижени. Да, плус толку многу се грижат за неа, што и рекле да си ги заборави родителите. Пошо коа се мажела цурата, свеки мислела она иде во пакет у бракот и дека родителите на снашката се минато. Сега е она мама. Нормално поддршка тука и од син на мајка, од фустанот на мама подалеку што не гледа. Си најдоа предмет на улица и ќе го играат. Па пошо свеки е сега у брак со снашка нели, се осмелила да се кара и со татко и, па дури и да се заканува дека има видео од него за бла бла не знам што и ќе го дадела на суд. Стварно соодветни зборови и уште посоодветен начин да и кажат, објаснат и покажат дека се грижат за неа. Па уште да ги прашам како се осеќаат у доба корона!? Свашта. Плус, ако таа одлучи да си оди, апсолутно никој нема право да и забрани. А репризи од минати одлуки на членката, исправни или не, не се предмет на дискусија. Проблемот е друг. Патем, по ваква ситуација, нормални родители треба да ја поддржат ќерката.
Знам дека не е ретардирана штом свесно отишла кај нив. Ама пак, не може во секое нејзино слободно време да си бара разонода за прошетка до кај нејзините за да и мине времето. Што има татко и да зборува по тел. со свекрва и и др.да ја пуштат да си оди, небаре во затвор е. Таа седнува со маж и ѝ одлучуваат, што има да ги мешаат другите, туку има изгледа и нешто друго што ние не знаеме. Знае и таа дека најубаво е на страна да живее, сами со мажот и, ама прашај ја дали маж и се осеќа способен да излезе на крај со трошоците. На 22 год. со една плата, стан, факултет, кола, храна, сметки, излегување.... Арно му е него кај мама и тато, затоа си ги слуша.
Значи вака во местото каде што сме има мн заразени на корона, моите сакаат најмн поради тоа да отидам во мак ем ке се видиме ем нема да ми е досадно јас сум сама по цел ден. Инаку јас бев во врска 3 години пред да се омажам. Одлучивме така но јас не знаев дека неговите ке постапуваат така и дека се безчувствителни. Маж ми е 22 години, не сака да се оддели од неговите затоа шѕо повекето од станот тие го плаќаат а тој работи за мене и него инаку школувањето не ми е од него и сега во моментов не даваме пари од феб до сега нема школо и се е прекинато. Нема карантин нема тестови затоа сакам да си одам не дека ми се шета. Додека не отворија скроз граници и јад не помислував а и моите не помислуваа да ми викат да си одам викаа седи да де смири ситуација. Не се омаѓив за да има каде да живеам туку затоа што не сакавме да сме разделени ние двајцата. Работата беше да си одам од порано а сега веќе најак 15 ти ке си одиме заедно затоа моите рекоа седи и офлучи убаво што понатаму. Да ми беше битно токку странството до сега ке отидев во пилиција. Сега ми е битмо само да се смирам да средам мисли и убаво да раџмислам што понатаѓу затоа и пишав овде. Пробувам да разговарам со него тој ја брани мајкаму и ништо не и кажува. Не се плашам ни за документи има тука кој да ги штити правата на жените не ми е проблемот јад да се влечкам по судови за документите сами сакам да сум подалеку од нив. Незнам колку ме разбирате..
Znachi krivi ne ti se negovite. Kriv ti e mazhot shto ja slusha majka mu. I vie dvajca shto ste odluchile da zhiveete vo zaednica so niv. Sega tie vi plakjaat stan i vie mora da se zanimavate so nivnite gluposti. Denes e ova, utre ke e neshto drugo.Reshenieto e da se oddelite i da zhiveete nastrana.
Договорен брак е, и тој не ја зел од љубов туку затоа што сакал мирно Македонче да му раѓа деца, да седи ко бајче со свекрвата и да прави ко што ќе и' кажат. Пошто тие од странство се растурени, не чинат. И нормално дека и таа ќе очекува нешто за возврат, во случајов покрив над глава и финансии. Дали мислиш дека некоја од љубов ќе се мажи со некој што доаѓа на месец со намера да си најде мирно женче, да и' среди документи и да ја затвори со свекрвата? Море убаво и' прават што не ја пуштаат да ги посети нејзите, како само се осмелува.
Таткоми е разумен човек пробал и со нив да се разбере сакал да знае зошто не ме пуштаат да нема проблем и тие пичнале да го навредуваат а свекрвата пошто е главна го зела телефонот од рацете на свекирот и поччнала дс се кара со тато и така когс си докфе дома пред маж ми почнала да глуми да е тресе одам јад накај собата и почна да ми се заканува на мене. Тој се јаби на тато се скара со мего и викам јас утре мајкати коа ке се одделиме малку ке се потреде и ке си останиѓе со нив заедно оти се тресе. Инаку сакаат да купат стан на мијит маж на договорот и да бидеме заробеени до нив цдк живот. Таа се мн меша тој мн е дозволува. Некни ми преговори и за картичката била во мене и и ја донедов на масата и вика на маж ти ја дај не ма меме и му кажав јас пари повеќе не зимам оф тебе таа де меша во се. Мора да помине прво контрола за што ке трошам па после да ми де даде а картичката е на маж ми не е нејзина. Мене ми требаше за на забно само и беше во мене случајно и кога преговори оф тој ден не сум ја зела имам јас пари на страма и од тие зимам ама картичката не.
Имаше кој да ме храни и да ми обезбедува се јас само бев искрена зошто избрав странство. Еден ден кога ке се омажев за него со фах од мак не го признаваат и ке работев чистачка затоа си дојдов на време за да не учам и не препилагам испити. Тоа ти како ја гледаш ситуацијата е др. А границите не се затворени мене не ми текна да си одам додека беа затворени сега одиш во мак без тест без карантин слободно си се шеташ плус јас пари од маж ми зимам а не од нив тој кажа најди превоз ке се договориме од кога неговите забранија тој си смени одлука. Со маж ми заедно се качивме тука беше во Македонија додека бев и јас значи не се гледавме на месец. Така одлучивме и така направивме неговите беа тука и понудија така се договоривме тој да почне да раноти јас да учам. Не сме биле одделени ниту е бил во странство пред мене.
Можете или не можете финансиски да опстаните без нив? Ако не можете, чаре е или твоите да ве помагаат дури да завршиш или да си најдеш работа и паралелно да учиш. Ако можете, чао пријатно Како да ти кажам, не е многу комплицирано.
Претходниот коментар беше даден за стереотипот на девојка од кај нас што се мажи странство од корист, и на тој коментар одговорив со стереотипот на мажи што бараат такви девојки. Затоа што семејствата од странство бараат такви мирни снаи и потоа ги затвораат ако покажат карактер, па крива е зашто се омажила за да избега од сиромаштија. Не се само жени, всушност, познавам маж кој се врати психички болен од Австралија зашто го затвориле жена му и мајка и' и не му дозволувале да се види со своите роднини. Со истиве аргументи дека се оженил за пари па сега ќе слуша ко што ќе му кажат. Пошо таа од голема љубов го зеде него таму после месец познанство. Ништо лично кон тебе не беше, не ти ја знаев ситуацијата. Ако ти сакаш да патуваш и можеш да си обезбедиш финансии сама, нема што свекрвица да ти дозволува. Зошто се прашува воопшто во случајов? Може да разговарате со маж ти, ако не му се допаѓа идејата разбирам, опасно е. Тоа би било разговор, а не забрана или дозвола. Ама кој фактор е мајка му? Па уште со твоите родители да се убедуваат дали ќе те пуштат или не. Абре не сте мали деца!
Не се криви родителите, до мажот е. Исто и за картичката. Од кај знае свекрвата во кој е картичката? Ај ти наивна си ја однела да ја дадеш на свекрвата, еми мт? Треба да и рече не е твоја работа, ние се договоривме така... Нема што да зборувам, 50% од нашите во странство функционираат така, има и бетер, живеат по повеќе браќа со жени, деца и родителите сите ка куп за да заштедат повеќе. Важно во Мк имаат куќи/станови за да ги фалаат низ комшии.
Незнам веќе што да кажам мајкаму зборовите што ги кажуваше вечертс истите од него ги слушнав и му рекоб брсво главата е наполнета и излегов од собата. Ке пробам пак да разговарсм ама тешко да ме разбере...
Картичката беше во свекорот моѓеби 3 недели никако не јс даваше бо меме јас ја побарам тој пари ке ти извадам колку ти требаат, кога свекрбата некни спомна викам не е минала на контрола 3 недели сега си вика у банкрот ке сме ♀️. Маж ми ништоо само си седи и слуша, чека мајкаму да се претресе малку
Ти не си мажена со маж ти само изгледа, туку и со неговите... Маж ти е лигле вака по муабети, а мајка му некоја нарцисоидна караконџула. Свекор ти капаче. Сте се нашле ко во ситком некој.